Јас колку што сфатив она сакала да ги забрза работите. Не е битно на крајот кој кому понудил, кога веќе не идело требало на време да ги отворат картите а не тој да ја навредува, таа да го притиска зошто време и било. Не требало и да го трпи ама што е тука е. Доста незрело и од двајцата.
Граница за мажење/женење нема. Има само подготвеност за брак, без притисок. Тоа што тој не сакал е негово право и треба да го почитуваш во иднина. Тоа што тој е идиот - батали го. Живеј го животот сега, затоа што очигледно не си го проживеала во студентските години.
Сепак можеби и понудил брак ама откако ќе заврши факултет. Како и роднините мои што рекоа дека ќе ме земат во Австралија кога ќе завршам факултет, па кога завршив веќе во Австралија немало пари и иднина па да не сум одела. (Пример за споредба дека нештото може да е понудено, но со услов, од негова страна). На крај краева, без разлика кој понудил брак, јас веќе заборавив што бара членката @herbst-girl од нас, ако може да не потсетиш, наше мислење, наше можно решение или само сакаше да си ја искажеш маката? За деца, ако е можно замрзнување на јајце клетки барем за тоа не чекај, ако ептен сакаш деца да имаш и подобро е млада, ете сепак постојат начини, за среќа.
така е но не е се до годините .треба да ја најдеш правата особа за тоа а тоа не е тој .му пречел твојот успех и напредок а таков гад не е дораснат на нешто свето како формирање семејство и дете да гледа.
Јас не знам каде прочитавте дека се знаеле само 2 месеци кога се запознале две години претходно,а само 2 месеци биле во врска. Сепак се познавале доволно за да осознаат што сакаат, и две години не се малку,а два месеци веројатно се пробале да бидат поблиски. Но, се си мислам дека тој ја посакувал долго време но не сакал да го расипе пријателството или пак мислел дека таа не сака со него. Но, добил што добил и си фатил магла. И сметам дека сите ние ако сме биле претходно пријатели па во врска би помислиле на брак и на крај памет не би ни паднало дека некој прави филмови.
Не се „продавај“ (фигуративно) евтино, макар и да ти е последно. Ако знаат дека немаш избор, (или дека мислиш дека немаш избор, или те убедиле дека немаш избор), тогаш наредно ќе пробаат да те злоупотребат ако сметаат дека имаш што да понудиш, или ќе те сметаат за непостоечка. Искреноста и пред се отвореноста, треба да бидат постепени, слоевити и само по заслуга. Женско си, секогаш ќе имаш избор, најди си некој што ќе те третира со почит.
Добро само јас разбрав дека само 2 месеца живееле заедно?! 2 години врска на даличина од кои 1 година тој бил ладен спрема неа. Што значи врската им била само една година. Па што треба да очекувам од дечко кој се оладил од мене. Ако он не бил заинтерсиран а ти бараш да те земе за жена па се знае дека на крај ќе се зафркава со тебе. Ниту си стара, ниту си во сериозни години. А не ти ни требало да го бараш за маж. Некој кога не те сака, не те сака. Што сега, мора да те земе за жена оти ти го сакаш и ти така си испланирала?! Џабе бараш совет кога во твојата врска нема веќе обострана љубов.
Не ги читам сите коментари, ми изгледа дека некому му е досадно дома поради ладново, али ај. Мислам дека тебе ти го испрале мозокот баби и тетки во опкружувањето и затоа имаш фиксација кон бракот и мајчинството. А типчево или си играло играчки со тебе од почеток, или со тек на време се осетил искористено, како средство да дојдеш до целта, оттаму одбивноста и зајадливиот коментар да ти направел дете. Реално, секој сака да биде сакан заради себе самиот, тебе убаво ќе ти биде некој да те гледа како некоја со задача да роди? Не застанувам на негова страна, од прочитаново јасно ми е за каков профил станува збор, ама и ти треба да промениш работи кај тебе.
Зошто бе мора млади мајки да бидете и млади да ве ЗЕМАТ? Немате самопочитување, да молам некој за дете со него, што да учекувам утре јас да трчам по детето а тој да му е изговор ти го сакаше ова јас не и цел живот да го преколкуваш денот кога си го запознала? Не бе џабе ти се и сите факултети на свето ако немас свес и не си изграден како личност.. Наместо да тражеш работа после факултетот да се осамостоиш ти молеш некој да те земе за жена...
Дури и да не биде една жена мајка не е крај на свет. Моја подалечна роднина на 15 години имаше рак, и мораа да ги отстранат јајниците, така што нема да биде мајка, но животот продолжува...Нејзините се среќни што болеста не се прошири. Не е убаво, но не е ниту крај на свет ако една жена не роди дете.
Никој не рече дека е крај на свет, ама ете девојката има желба и тоа преголема да се оствари како мајка, и тоа не е погрешно или лошо, ама не треба по секоја цена да прифаќа се само за да дојде до тоа.
Немора да има маж за да праве дете има многу технологии во денешно време.. Што сега ајде со сила со некој ке одам само за да ми напрае дете..
Не постои граница за стапување во брак и основање семејство. На 26 години ти си се' уште млада и не, не ти треба таков партнер. Во ред е да сакаш порано да стапиш во брак, ама тоа да го сториш со стабилна, зрела, изградена и добра личност, но и да бидеш подготвена за тоа, а не затоа што сите твои другарки се мажени. Јас имам 22 години, имам братучетки што на таа возраст, ако не и порано, па тоа воопшто не допираше до мене. И мене ми имаат правено притисоци, ама јас си ветив дека нема да стапам во брак пред 25 години, а сега се' повеќе ми се поместува таа граница. Сакам да ти кажам да не се заморуваш со некој што те вртел на малиот прст и со тоа дали сите твои другарки се мажени или не.
Како може фаќате дечковци, се знаете само два месеци, ама знаете дека тој е тој, одма сакате брак и правење деца. И не си само ти ваков случај, многу има вакви случаи, секој втора, во главата на девојчињава им е ставено дека брзо мораат што побрзо да се во врска, да фатат дечко за кој треба да се мажат и да раѓаат деца. Па не е се во животот партнерот и раѓањето деца. Си дипломирала, наместо да се гордееш со тоа, да си бараш работа на струка, да прошеташ, да видиш свет, живот, жалиш за дечко со кој си поминала се на се само два месеца заедно. Како тој дечко да сака да е со тебе кога уште од старт го гушиш со прашањето за брак и деца, а при тоа не се познавате воопшто и мене некој да ми ги прави тие муабети само од два месеца познавање одма во старт ќе го откачам. Оставете работите да се одвиваат спонтано, бидете со некој со кој ќе сакате да бидете, некој со кој ќе се сложувате, ќе имате заеднички интереси, некој кој ќе ти го исполнува денот, ќе се запознавате спонтано, без притисок а постепено ќе дојдете и до заеднички живот и формирање на потомство, а не фаќање дечко и уште првата ден носење пред олтар.
"Во сериозни години 26" - кхм, 28 и далеку од сериизни години иостареност. Мислам дека не е проблемот раскинувањето. Ти си сакала по секоја цена редослед факс, брак и дете. Си нашла партнер и си зацртала тој е па макар и што го познаваш два факинг месеца. За два месеца не му ја знаев адресата на дечко ми. Ханимун фаза било на почеток, нормално ама на 26 подобро треба да ги преценуваш работите. Се оладил пошо не бил на иста бранова должина, не сака брак и дете. Да, да спомнал ама тогаш бил во ханимун фазата. Да ми каже сега дечкото од два месеци врска дека сака дете и брак ќе трчам колку ме држат нозе. А размислувањето "без партнер на овие сериозни години" ќе те наведе да завршиш со најпогрешната личност и најутнат брак. Дај им простор на работите природно да се случуваат не форсирај. Има и други задоволства во животот.
Како машко, не знам како да помогнам освен да го заборавиш. Реално, не вреди да се вложува повеќе време, нерви, енергија за имбецил. Она што ми останува неодговорено а поставено од случувањата наоколу е, како воопшто вакви златни девојки завршуваат кај имбецили