Бев одбиена поради предлог за брак

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од herbst-girl, 13 февруари 2021.

  1. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Ако е толку решена може да направи вештачко оплодување. Ни лук јал, ни на лук мирисал. Подобро така отколку да ја искористи некој и ја боли душата. А ако се замара со рекла казала ќе си пати цел живот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Во ред, фала за предлогот. Ама за жал не постои можност за ин витро кај мене.

    Проблемот е од трета природа.
     
  3. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Не знам друго што да ти кажам освен да бидеш внимателна и со среќа понатаму.
     
    На Tanjamm и herbst-girl им се допаѓа ова.
  4. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Девојки, научете да се почитувате себеси. Дечково добил ненормален притисок од тебе и барал изговор да се спаси, не те почитува воопшто, а ти сакаш да се мажиш.
    Извини ама со тоа размислување воопшто не ми изгледа дека си озбилна како што тврдиш ти самата.
    Брак е озбилна работа тоа не се одлучува туку-така и не се мисли на дете само со два месеца врска.
     
    На *Amethyst*, MayDiamonds, Trxmx и 7 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Девојкава како што разбрав најмногу ја боли тоа што тој не си го одржал зборот.
    @herbst-girl Ќе помине.:nod: Како што велат старите секое зло за добро. И подобро што сте се разделиле, ќе си најдеш сопатник каков што бараш. Ако еден човек не е способен да одржи ветување, тогаш што останува во бракот кога работите нема да се секогаш сјајни. И тогаш ли ќе побегне?!
     
    На thelittle17, mode-kristina и herbst-girl им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Девојче дечково никогаш немал намера да се жени со тебе, само ти кажувал што сакаш да слушнеш, дури му било убаво со тебе ти ги подгревал лажно надежите.

    Toa e тоа, животот продолжува верувај дека си во најдобрите години за пронаоѓање животен партнер и ништо не е изгубено. Мој совет ти е да одиш на гинеколог и да разговараш кои се опциите што ги нуди медицината за да не бидеш оптоварена со притисокот дека треба да родиш па да завршиш со некој ропак.
     
    На oblace1, tina2018, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  7. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87
    Благодарам за убавите зборови и разбирањето. Многу убаво од твоја страна. Тој го испланира цел наш живот. Кога дојде време да се потполно реализираме ми го сврте грбот. Со намера да си најдам друг .

    Јас знам дека не сум во право, можеби грешам ама со вакви озбилни теми заебанции нема.

    Му напоменав дека сум спремна за брак дека сум на некој начин засега физички и психички во добра состојба, образована и финансиски независна.


    Ама за жал ништо
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Фала срцка за убавите зборови и советот, многу ми значат.
    Сменив неколку лекари и гинеколози и се што е во моја моќ ќе направам да имам свое дете. Тоа ми е најбитно
     
    На tina2018, thelittle17 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    9.427
    Малку офф топик.
    Побарај си второ, трето мислење за здравствениот проблем.
    Ако можеш природно да забремениш (што си го планирала со дечкото по твојот муабет) зошто да можеш и со донирана сперма преку ИВФ или инсеминација? Не би сакала да ти навлегувам во интима, ама осигурај се дека си на јасно со сопствената состојба/дијагноза.(освен ако не си трол)
    Не се чувствувај дека те гони биолошкиот саат, на секое дете му е потребен родител што го родил од што сакал а не од што брзал.

    Едит: Ти ги прочитав старите мислења. Шансата за брак ти била излез од средината. Првпат си заживеала сама со некого, плус странство и слобода.
    Истата таа средина ти прави притисок дека си престара, во озбилни години, мора да се мажиш. Кога си се вратила си гаела надеж дека ќе отидеш пак.
    Најди си работа подалеку од тоа село и почувствај што е слобода и самостојност. Тоа е тоа што ти треба и се чувствуваш лишена од него моментално, а не брак.
     
    Последна измена: 16 февруари 2021
    На *Amethyst*, oblace1, Milobebence и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Herbst, твојата емотивна состојба, ко што велиш - анксиозно депресивна е нормална кога си во ваква ситуација. Не значи дека така и ќе остане, не се плаши во тој поглед. Непријатното искуство мора да го процесираш, да го искусиш, да го изџвакаш пред да го плукнеш, разбираш? Мораш да си дадеш малку време ама имај на ум дека емоциите се менуваат и нема да си вечно во таква емотивна состојба. Од ова непријатно искуство ќе излезеш со појасна слика не само за тоа кој бил тој вистина, туку пред се која си ти навистина. Сега си револтирана заради потрошеното време, инвестираниот труд и љубов кон некој што не заслужувал. Мислиш дека си останала без ништо... Јас пак мислам дека баш ти лично си добила многу. Не знам колку си свесна во моментов ама чекајќи го него, ти се покажа како личност која е обзирна, лојална, трпелива, целосно посветена на другиот, упорна во остварувањето на своите цели. Ова не е мала лекција што си ја добила пред се ЗА СЕБЕ. Немора никој друг да го знае или разбира ова, важно е ти да го знаеш ова. А утре ќе сретнеш некој кој сето тоа ќе го препознае кај тебе и ќе го засака. Убаво е да се има и амбиција и цел која ќе те води низ животот и работи колку можеш на остварување на своите лични планови, но животот не функционира на тој принцип -по права линија. Мораш да научиш да прифаќаш случајности, хаос, непланирани ситуации, па и пандемија. Фруристирачки е да, за сите е така. Но кога во иднина ќе си во можност да ги тргнеш настрана емоциите и ќе ти остане само споменот, ќе можеш да ја видиш правата вредност на тие искуства. Некои работи и не МОРАМЕ. Некои работи не зависат од нас. И тоа е ок. Некои работи едноставно треба да се остават да се случат сами по себе.
     
    На raww, *Amethyst*, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    6.687
    Пол:
    Женски
    Зошто не тражеш работа после факултетот одма си се фатила за мажачка? Твое си е секако ама со која амбиција отиде на факултет исто што ке кажат комшиите оваа е без факултет како што е за мажачка после 25тата си стара мома...
     
    На tina2018, cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Работев досега. Сега минувам низ административна голгота. Ама започнуваме најскоро свој бизнис најдоцна до јуни. Да ќе го работам тоа за што се школував
     
    На tina2018, Cosmic Girl и honey.11 им се допаѓа ова.
  13. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.364
    Пол:
    Машки
    САкам повеќе работи да кажам за досегашната ситуација што ја раскажа ама нема, поради тоа што ќе бидам печен на ражен од скоро сите тука.

    Затоа вака ќе ти кажам, не бери гајле за ништо, тоа што треба да биде твое ќе си дојде, ако се избрзаш ќе се каеш, живеј си го животот. Со здравје и во ум и во тело, со нервоза ништо не се постигнува, така само се самоуништуваш.
     
    На raww, eliesaab, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    Читам и ме можам да поверувам што читам, а колку повеќе читам the worse it gets..
    Прво во очи ми запна тоа сериозни 26 години, па врската од 2 месеци, па понудата за брак, па тетките и страните, па трпење исмејување.

    Едно да ти кажам девојко, ти најпрво имаш проблем со себеси а потоа со дечкото, всушност немаш проблем со него воопшто.
    И јас сум на иста возраст но многу различно гледаме на нештата.

    Прво како можеш со некој за 2 месеци да бидеш сигурна дека тоа е тој човек со кој сакаш да го поминеш целиот живот?
    Јас за 2 месеци неможам да стигнам да запомнам што јадење сака а не па животните видувања и цели.
    А она што ме запрепасти најмногу е неговото однесување спрема тебе и покрај тоа што те третирал како ај да не се изразам некултурно, го сакаш за свој сопруг? само поради дете? каков татко би бил тој кога тебе те третира така? Згора на се и сама си му понудила брак?
    Hold your damn horses!!!

    Тоа што ќе кажат другите воопшто не треба да те засега, и да си единствена немажена во друштвото па што? Не е ова трка и не доделуваат орден ако се омажиш.

    Не секој што ти вели те сака - вистински те сака, може да ти ветува кули и планини и да сака само забава, ти сама си изградила некоја илузија за него и сега кога откри дека тој не е тоа што си го замислила - се разочара.
    Престани да имаш очекувања од другите, само затоа што ти правиш нешта за нив и се жртвуваш не е нужно и тие да го сторат истото, секој сам одлучува за своите постапки.

    You cannot love someone into loving you. НЕ очекувајте сите да имаат исто срце како твоето, луѓето лажат за да го добијат она што го сакаат што во твојот случај било пополнување на време и секс.

    Многу нешта си пропуштила во животот кои сеуште не е доцна да ги направиш, прво е да почнеш да работиш на својата самодоверба која ми се чини во твојот случај е крајно ниска. Codependecy е страшно нешто, несигурност манифестирана преку ставање ултиматуми и вршење притисок, јас од таква личност која би постапувала како тебе би бегала колку што ме држат нозете.
    Треба да научиш да бидеш самостојна и да функционираш самостојно, твојата вредност не ја одредува мажот туку самата ти.
    И искрено, не ми делуваш нити баш како да си во добра ментална состојба да бидеш родител. Лесно е да родиш дете но да го одгледаш е тешко, ако на овој начин пристапуваат со толкава несигурност во себе носи сите животни ситуации тешко дека тоа дете ќе може да израсне во здрава особа.
    Ако продолжиш вака уште многу ќе се разочаруваш.
     
    Последна измена: 17 февруари 2021
    На Splendor., FVP, raww и 12 други им се допаѓа ова.
  15. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Доколку немаш храброст да напишеш, во тој случај пиши ми приватна порака. Секој совет е добредојден и го ценам сето ова.
     
  16. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Почитувана ,

    не мораш овде да се правиш многу паметна, бидејќи гледам не си ги разбрала моите барања и потреби од наведениот пост.

    Прво не сум била во врска 2 месеци, туку 2 години.

    Второ и двајцата одлучивме да склучиме брак во тој временски период. Па јас кога бев подготвена имајќи во предвид фактот што долго се подготвував за тој чекор, тој го поништи ветеното.

    Трето, бракот наш според мене не беше од некој интерес туку исклучително од љубов, сакавме да сме близу еден до друг во услови како овие кога пандемијата тоа го оневозможува.

    Четврто, дете ми е битно да имам, ама не и по секоја цена, ако ништо друго барем можам да се надевам или кој знае еден ден да си поствојам. Во секој случај ниту сум прва ниту последна и не ми беше баш тоа најбитно.

    Точно е дека сакав да забременам, ама љубовта кон него од самиот почеток е главната причина.
    Ако ми е само дете тогаш јас можам да најдам некој набрзина да ме забремени и на крај да не склучам брак, ме сфаќаш нели? Очигледно пак не...

    Петто, баш ме интересира како размислуваш кога денес секоја втора се мажи кога е трудна. Чест на исклучоците ама случките од типот, кажав да, па што ќе кажеш во 6 - ти месец.

    И мене некој да ми дојде на врат да ме угуши дека сака да се земеме и да имаме дете и јас би рекла не. Ама нешто многу битно, јас не се обеќам пред време доколу не го испочитувам тоа. Секој пат си седам на зборот и го одржувам. Или да ми кажеше венчавката еве ќе ја пролонгираме за малку подоцна, ми треба малце време, ќе сфатив. Аман луѓе сме.

    Мојот сакам не ме сака како успешна и самостојна, имав среќа па пред време си го покажа правото лице. Мене сега тоа ми е сосема јасно.

    Шесто, велиш за самодоверба нели, ми изгледа дека се замислуваш дека си нешто вонсериски посебно. Изгледа не си изгубила партнер па да знаеш што значи бес, и тага. Доколку да, тогаш што те мачи?
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    @herbst-girl
    Мислам дека дечкото не е залужен за цела тема на Форумов. Јас да сум на твое место и да ме запроси сега не прифаќам.
     
    На raww, crimson, lovemme и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.377
    Допаѓања:
    182.844
    Пол:
    Женски
    Дали ти тоа не убедуваш дека би била со човек што му испариле чувствата за тебе, ама битно си го одржал зборот? Би живеела со човек што не те сака, ама ти ветил некогаш некаде нешто и го одржал истото? Зарем ти би била со некој за кој веќе немаш чувства, ама си ветила дека ќе бидеш со него? Како па да не.

    Чувствата се менуваат драга моја. Во врска и во брак. Замисли, оние чии партнери смениле чувства во врска се дури посреќни од оние што тоа им се случило во брак.

    Можеш да пишуваш есеи, фактот што се чита во секоја реченица е дека ти си го испонапнала, поради погрешни перцепции од наметнат мајндсет.

    Да тешко е кога плановите ќе пропаднат и сите некогаш сме имале скршено срце. Ама скроз нереално е очекувањето кое нон стоп го повторуваш да биде исполнето секое ветување. Во брак сум, па кристално јасно ми е дека еден ден, било кој од нас може да го прекрши ветувањето за "додека смртта не не раздели".
     
    На Splendor., Kaja991, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    16.916
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl
    Зошто бараш мислење на форум, ако не можеш да прифатиш мислење и критика од некој друг, што секако се добронамерни и да ние реално го согледуваме твојот проблем бидејќи не те познаваме размислуваме со празна глава, а од тоа што си го напишала така делуваш, не знам зошто вистина те навредува. Каква ти е таа врска од 2 години, кога заедно сте биле се на се само два месеца, а преостанатиот период врска на далечина, ако воопшто тоа може да се нарече врска. Не сте се договориле да склучите брак туку тој само ти спомнал, ноо додека не завршиш факултет, од кога заврши факултет, дечкото со кој си имала виртуелна врска се повлекол. а ти си губеше време седејќи дома, како верна женичка вереница. Спомнуваш брак од љубов со личност со која не се гледаш и се обедуваш да останеш во контакт аман заман, дечко кој свесно почнал да те одбегнува, ама бракот ќе ви бил од љубов.
    Се гледа според мислењево последно дека размислувањата ти се премногу конзервативни, особено за брак и деца, така да не вреди да ти реплицирам на секоја реченица.


    Што ти е со мислењето?
    Како тебе тоа те секира секоја втора што се мажи дека е бремена, секој си живее свој живот што ти е тебе гајле тоа.
    Факт е дека сама си имаш направено филм дека дечкото сака брак со тебе, препрочитај си го првото мислење и се ќе ти биде јасно што си пишала.
     
    На Splendor., Annath, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  20. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87

    Чувствата се менуваат, плановите се менуваат, желбите се менуваат, се тече се се менува, ама и не преку ноќ.

    Што се однесува до тебе, јас знам дека сите ветувања не можат да се исполнат, поготово ветувања од типот дали ќе имаме секс вечерва или главата ме боли. Или решив да те носам на одмор годинава на малдиви или на хаваи ама завршивме во преспа.
    Или би сакала на зимување на Хималаите, ама ме одведе на Пелистер.

    Мене да ми кажеше ги немам истите чувства се предомислив или да ја пролпнгираме мажачката дај ми малку време, би се согласила. Сметам дека со вакви озбилно работи заебанции нема.

    Одлуката за брак е заедничка, повторувам по кој знае кој пат, а кога дојде време да се реализираме тогаш никаков приговор не доаѓа, пу пу било веќе ништо не се важи.