2 години бевме во врска. Не 2 месеци. Не сме единствени што имавме врска на далечина. Ние одбравме колку да бидеме блиски со денешната технологија.
Се обидувам да ја разберам девојката. Oк, не е важно. Нит ја подржувам нит ја критикувам, едина грешка и е што го молела и толерирала. Е сега да ве прашам луѓе, вам никад не ви било повредено егото, не сте анализирале кога сте раскинувале? Не ви биле повредени чувствата или се ви е мед и млеко? Никад ама никад не сте побарале совет од некој трет? Го сакала, се надевала дека ќе го одржи ветувањето, а и не е битно веќе кој што планирал, таа не морала да се понижи, тој не требал да ја навредува. И двајцата се виновни. Не треба по секоја цена да се влезе во брак само зошто другите од друштвото се во брак и се оствариле како родители, ама од очај знаеме некогаш да правиме непромислени и избрзани одлуки. Требало на зрел начин да го решат проблемот, да се разделат ако едниот не бил подготвен или се уплашил или некоја трета икс причина. Чувства се менуваат, планови се менуваат, ќе научи од грешките, еден ден ќе се смее на ова, ќе и биде дешавкава ко вид лекција и така. Што сте се запнале ептен по неа.
Епа поради тоа што сеуште ги имаш тие конзервативни размислување, ќе бидеш повредена. Да бидеме реални ама ретко која е таа врска од далечна што може да опстои толку долго, ти си му верувала слепо на еден негов збор, да бидете заедно да бидете во брак и си го земала тоа здраво за готово. Дечкото ти давал многу знаци дека веќе не е заинтересиран за тебе, по сите навреди што ти ги упатувал бара рачка само за да се скарате, па уште и дипломирање не ти честитал. Ти си ја проголтала гордоста и покрај тоа повторно уште неколку пати си го напнала за брак, за кој очигледно тој не го ни посакувал, ниту бил спремен на таков чекор и нормално е да е крајот таков каков што е. Самата си пишала јас му понудив брак, тој ме одби. Си му верувала океј е, се чуствуваш разочарано, депресивно, изневерено, се тоа е во ред, но мораш да продолжиш со животот, да излегуваш, да се дружиш. Си запоставила се заради една виртуелна врска, другарки, дружби што реално никогаш нема да се врати тоа време.
Која си ти да кажуваш правила кога и како се менуваат чувства? Колку смешно тоа звучи, што можело да се смени, а што не можело, а всушност единствено правило е дека нема правила. Да и преку ноќ се менуваат чувства иначе. Кај дотичниот не било преку ноќ. Почнал да ти игнорира повици, па пак си напињала, па почнал и да те вреѓа, и покрај тоа си била упорна и на крај прекинал комуникација. Само затоа што ти не си ги читала знаците, не значи дека било преку ноќ. Тебе ти е тешко, и тоа е во ред. Иако сега ти изгледа дека ти е најтешко, во животот се дешаваат доста поголеми срања на други луѓе. Имаш право да ти е тешко. Ама побара мислење, имаме право да ти кажеме како звучиш од наша перспектива. Одбра да ги следиш оние што ти одговараат. И тоа е ок.
Мене на почеток на врска да ми кажува планови за брак, дека ќе ме зема за жена, ќе избегам. Мене тоа не ми е воопшто нормално.
Се согласувам. Тоа ми сугрерира дека сака по секоја цена да се ожени ради родители, околина, притисок, шоидае. Мислам се познавам себеси, не е лесно оваа креатура некој за кратко да ја засака Шала на страна, мислам дека најпогрешна работа е одма стапување во брак, од мое лично опкружување сите што трчаа горко се разочараа после. И тоа завршило или со развод, или со изневерување на страна и брак колку за пред народ, или со максимална емоционална апатија. Пак ќе речам, ова е од примери јас лично што ги знам. @herbst-girl многу пофер е некој да раскине затоа што не сака нешто веќе отколку да остане во нешто ради некое ветување, за да не те повреди, да не биде сам и слично... Олабави се малку затоа што колку повеќе се секираш за брачен статус и пронаоѓање партнер толку повеќе ќе се разочаруваш. Уживај, ќе ти се отворат прилики.
@deskarada @KateKane муабети за брак уште во прв месец се само за да покаже колку е сериозен, за во иднина да прај шо сака, ама нели сериозен е па не му се лутиш. Е на таквите ова му е добредојдено ако најдат некој понаивен. Во случајов јас би бегала и од него, бидејќи дели комплименти од типот: глупава, смотана и шо имаше друго не знам. Ама би бегала и од неа, која и да е причината ако моите планови не вклучуваат дете, не би сакала некој нон стоп да ми зборува за тоа. Меѓу другото, згрешил шо отворено не си ги кажал плановите.
Дечково искрено можеш само да го сметаш како ѓубре што само се фрлило во канта. Јас стварно не ја сфаќам потребата да враќаш во животот твој, човек кој упорно и јасно не сака да биде дел од него. Па уште за голема жал, си дипломирала???? Како е тоа жално ? Демек ако не дипломираше он ќе сакаше уште да те земе за жена, вака твојата диплома го премислила. Јас те разбирам дека си исфрустрирана, нервозна, повредена, целата иднина ти била замислена со него , picture perfect, ама типот покажувал последните мигови јасни знаци дека се оддалечува и дека не сака ништо такво со тебе. Проблемот тука не е неговата постапка, туку твојата непомирливост со фактот дека не те гледа повеќе како дел од неговиот живот, односно нема чувства за тебе. На таков човек ќе му родиш дете? И после се пак е тој човекот што треба да е татко на твоите деца? Помири се дека не те сака, дека е во ред што имаш 26 и си немажена и не си мајка. Има мноштво млади што склучуваат брак на 30, раѓаат деца на 34-35, па медицината не е тоа што била порано да не можеш воопшто деца да родиш поради гинеколошки проблеми, какви се техники не постојат. Земи си време за себе, научи си да не зависиш од друг, зошто се дур зависиш од друг на крајот ти ќе бидеш извисена и оставена. Не мора се во животот да ти се случува по терк, што се вика by the book. Прифати го мислењето на другите членки, колку и да не ти е добро да го читаш или слушнеш тоа е суровата вистина. За тапкање по рамо секој знае и може. *Надополнување: Врска на далечина што само 2 месеци била физичка, не е некоја преповрзана и врска со блискост и интимни моменти. Вие каква конекција сакате имајте, ништо не може да го замени физичкото присуство,прегратката и советот на човекот што го сакаш, кога е до тебе физички и ментално присутен и вложен во она што вас ви се случува и како пар, и засебно.
Кога некој јасно ви укажува дека не сака да биде дел од вашиот живот, што совет понатака да се даде?! Животот може да биде прекрасен ако си сингл, ако си во врска, ако си во брак со или без деца. Не значи дека сликата која ја формира општеството за среќа, треба слепо да се следи и гледа. Ти понудил брак, ти си му понудила, нема никаква врска. Факт е дека е крај и таа е моменталната ситуација и вистина. Move on.
Имаш проблем со себе си дефинитивно. Членката е во право и ништо злонамерно не те советуваше. Чувства,интерес се тоа може преку ноќ да се смени,а може и претходно се смениле а ти од заљубеност не си видела. Ако сте сакале да бидете заедно до крајот на животот зошто плачеш на форум?! Очигледно е дека ти си сакала,ти си иницијаторот за тоа,а тој само ветил да не го гњавиш постојано. Тоа се празни ветувања. Тој што сака да те запроси тој нема ни да ти каже,ќе те изненади кога најмалку очекуваш. Пак ќе кажам мора да расчистиш со себе си.
Ке ти кажам само едно! После се ова напипаново сфајка дека на некој начин си имала голема среќа. ТОЈ навреме се одкажал од тебе, а замисли сте во брак и имате деца и покрај се тој те омаловажува, што ке правиш тогаш? Уште потешко ке ти беше кога кд видиш дека пред децата тој те прави "Смотана" Имате деца и тешко ке биде да се разведеш од тоа ѓубре, а и не е секогаш тоа решението(зборувам како би изгледало кога би биле во брак) Е сега оке сте поминале заедно долг период сега не знам како ти било тебе, верувам дека не ти било се едно. Али сошто не му раскина уште кога виде како се понаша со тебе? И ти самата си кажа никогаш не ти упатил убави зборови, што е очигледно дека уште на почетокот на врската те омаловажувал. Е сеа пак те прапувам Зошто не му раскина? Туку му се предаде и си дозволи да се навикнеш на него толку лесно. Лесно е било да, е сега ке биде тешко да го преболиш... знам не ти е лесно сите имаме/ке поминеме низ таков период во животот. Сите имаме направено грешка, погрешен избор. Али треба да научиш да живееш без него. И никогаш не си вели "Време ми е за мажење" или " Сите од друштвото се омажија само јас останав" со тоа правиш друга грешка, ти си во најубавите години од животот каде што треба да излегуваш, да пијеш, да пробаш нови работи, да го правиш она што после не можеш да го правиш. Што сака нека зборат другите, ти живееш за себе не за другите. Што има везе ако си 26-27 год никаде не пишува дека ти е време за мажење. Душо прифати ја реалноста како што е, направи се себе си среќна. А да го заборавиш оној ке ти треба време знам но биди силна.
Благодарам срцка многу за овој коментар, навистина многу ме утеши и ми даде сила. Да одлучив дека ако можеби некогаш ме побара за да се смириме, не дај боже, е тогаш има "дебело да плати "
@herbst-girl добро а според тебе дечково требаше да те земе за жена иако не те сака, само затоа што ти ветил? Или требало да те земе од сожалување поради твојата здравствена состојба?
А како па вака си дозволувате да кажувате кој какви приоритети треба да има??Ако тебе не ти е сега во план дете и маж не ги прави другите да се осеќаат виновно за таква желба. @herbst-girl не ги прочитав сите мислења, само првото и уште некое уз пат, и морам да ти кажам дека најмногу што ти треба е да стекнеш повеќе самопочит и да не дозволуваш вакви да си играат со тебе а ти да замижуваш пред секој лош збор и постапка.Замисли, ако ти е ваква врската, каков ќе ти биде остатокот од животот понатаму во брак? Одбирај внимателно и биди среќна што си завршила со овој и не сте направиле дете.Нормално е да си повредена, ама мислам дека најдобро нешто е сега да се посветиш на себе си и да го оставиш во минатото, а со памет да не се затрчуваш по било кого само за да не си сама.
Ти благодарам за прекрасните зборови. Ќе поработам и на самодовербата тоа очигледно е дека е потребно и неопходно. Да мене ми е приоритет брак и дете. Не по секоја цена. Но сепак сакам на тоа поле да се реализирам.