1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бев одбиена поради предлог за брак

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од herbst-girl, 13 февруари 2021.

  1. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86

    Се извинувам, а имаш нешто против?
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е сега, одбирај со широко отворени очи.
    И не троши на друг ваков 2 години.
    Чим видиш дека се однесува некој лошо со тебе, веднаш прекинувај.

    Ќе го сретнеш тој што е за тебе... не се секирај.
     
    На Tanjamm, Осе, hermosa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Она на што повеќето целат е дека не треба да го гледаш животот само низ призма на брак и деца. Имаш некоја мисла за среќа и дека тоа е она вистинското за тебе, кога реалноста е дека моментално ништо од тоа немаш. Тоа не го кажувам во негативна конотација, туку од аспект дека треба пред се да се вреднуваш себе си како самостојна индивидуа. Не знаеш дека нештото ќе те усреќи ако не си го искусила. Пушти го животот да тече, не го форсирај.
    Приоритетот е твој и само твој, никој не ти го зима. Но, мој совет, за секој нареден дечко, не мора да ги елаборираш своите приоритети, повеќето ќе избегаат на мисла за брак и деца од сам старт. Тоа доаѓа спонтано, не според план и визија.
    Колку повеќе те читам, толку повеќе сметам дека не ти е до дечкото, туку до руинираната идеја за брак.
    Млада си, има време за се. Ако треба нешто да се случи, ќе се случи, ти на тоа не можеш да влијаеш и инсистираш. Колку повеќе притисок на себе ставаш, толку ќе ставаш и на секој нареден партнер, што само ќе создаде револт.
    Ако ме разбра, разбра, ако не со среќа нека ти е.
     
    На eliesaab, baby-star, KateKane и 17 други им се допаѓа ова.
  4. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86
    Фала ти од срце ❤
    Ми значи твојот совет и коментар. Бракот ми е приоритет ама ете ќе поставам други приоритети, па кога дојде време за тоа ќе биде..
     
    На WildMk и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Против девојчињата што се мажени или против тебе што не си?
     
  6. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86

    Не знам ти одбери си на што си, јас тебе те прашав...
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Вака со инат ништо нема да постигнеш девојко. Многу јасно е зошто те напуштил ако си го преоптоварила со идејата да имате деца уште на почеток од врска или пак си се понашала вака надмено како тука.
    Ниту една членка (барем јас колку што прочитав) не те нападна, од сите доби совети и утеха дека што е твое ќе си дојде и подобро што сега сте сфатиле дека имате различни цели во животот отколку подоцна.
    Своето лично незадоволство и фрустрација не го вади тука врз девојки кои потрошиле време да ти помогнат со совет.
     
    На Splendor., baby-star, Guns N` Roses и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    @herbst-girl Не знам зошто сите коментари ги сфаќаш како некаков атак. Повеќето членки не ти кажаа ништо погрешно, на скоро истото напишано, на едни враќаш дрско и дефанзивно, на други срциња и благодарности.

    Во суштина истиот совет го доби од сите, сега твое е да го примениш. Не сметам дека има смисла да се навлегува подлабоко и дополнително, зошто истото се пишува веќе страници и страници наназад.
     
    На baby-star, KateKane, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И вие инат и' терате.
     
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Ок :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Малку само, а? :lol:
     
  12. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.239
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl пробувам да те сфатам дека ти е криво и тешко што типот не си стоел на збор и бев на твоја страна ама еве штом толку ти е приоритет брак и деца доколку сакаш омажи се со првиот што ќе го видиш на улица кога ќе излезеш иако воопшто можеби не би ти одговарал ама да не те читаме по година две во темите за развод, важи?

    Со среќа.
     
    На MayDiamonds, Guns N` Roses, Jana06 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86

    Да ми бил бракот приоритет, ми е и ќе ми биде уште. Ама не и по секоја цена.

    Побарав мислење, ама не и да ми ставате ред и контрола во животот.Јасно е, изгледам виновна и сфатив што сакате да кажете. 99% од коментарите се осуди, и насочено со негативизам кон мене.
    Јас никому притисок не сум вршела, ниту сум гњавела, наводно кажано, туку севкупно само 3 пати ја имав изразено горенаведената желба, не кон било кој туку кон личноста што сум ја сметала за особено блиска.. Моето време целосно е исполнето, па така ако немате нешто конкретно, ве молам да престанете да пишувате било што колку да има што да напишате. Јас знам во која насока ќе се движам, и кои се мои животни вредности.
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Тотално погрешно си сфатила страници и страници наназад.

    Брак како појава не може да ти биде приоритет без да имаш соодветна личност. Оти веројатно не ти е поентата да се потпишеш само? Сфаќаш дека звучиш вака малку очајно? Не може да ти е приоритет да бидеш мажена. Може да ти е приоритет да најдеш партнер, ама брак сам по себе да ти е приоритет е чудно најмалку кажано.
    Најдобронамерно ти кажувам дека со ваков став ќе најдеш само некој кој сака да се ожени колку да има жена по дома да му ги пере ѓаќите, а останатите кои и да бараат нешто сериозно само ќе ги исплашиш, зошто никој не сака настојување за брак веднаш. Ни мажи ни жени, повеќето барем.

    И те молам следен пат пред да бараш совет имај предвид дека ова е форум и немаш право да кажуваш на некој дали ти го трошел времето. Ако немаш нешто да додадеш едноставно не пишувај.
     
    На baby-star, strangewoman, simona_baby и 16 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.239
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl сите добро ти мислат а ти како сакаш.
     
    На cresa-jagoda и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Можеш да бркаш кариера, можеш да шеташ и додека си во брак со деца. Не знам ти како го замислуваш бракот. Се земаш, раѓаш, напушташ работа, седиш дома и толку. Дека животот тука завршува и цела енергија ја вложуваш кон семејството, твоите потреби и ти небитни.
    Можеш да се однесуваш како да имаш 30-40 години цел живот. 20тите не се враќаат. Годините на експериментирање, лудување, каење, бунтување, срамење, слобода без граници.
    Зошто брзаш да ,,пораснеш"? На цела технологија за забременување и патем дали воопшто си побарала второ, трето, четврто мислење за твојата состојба. Не значи дека сега ако пробаш да имаш деца, ќе ти успее по 100 обиди, но не значи дека и на 35 да пробаш, од прв пат ќе успее.
    И врска на далечина за мене е глупост жива. Што знаеш за него, што знае за тебе? За да формираш некакво мислење е барем некој период да живеете заедно, да си сигурна во себе дека вашите животни патишта, навики се исти или идентични.
    Најверојатно и затоа врската пропаднала. Сте пробале да поодите, посериозно да пристапите и некој од вас сфатил дека не е на иста бранова должина.
    Јас кога имав 20тина години, сакав да се омажам за еден бивши, сега 3 пати тропам на глава, попљукувам и се мрдам од место. Боже сачувај, свашта, врагови. Може сега во некој дол ќе ме најдеа, или на психијатрија како блеам во една тачка.
    Прво запознај го партнерот, колку год и време да треба, па после следи останатото. Размисли добро дали сакаш детето да слуша погрдни зборови упатени кон својата мајка. Дури твојата идеја ми е премногу себична. Што ако личноста нема да биде добар татко? Зарем тоа не е побитно, отколку силната желба за потомство?!
     
    На baby-star, Tanjamm, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  17. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86
    Да сфаќам се добронамерно. Но дали можеби имате право да пишувате да барам работа и да не мислам само на мажачка.
    Јас сум вработена, финансиски независна и наскоро ќе имам свој бизнис. Да и тоа се за мои 26 години.

    Јас сум конзервативна, не толку современа и затоа што имам желба за брак кон некоја личност што повеќе не е дел од мојот живот.
     
  18. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.239
    Пол:
    Женски
    Ама се е тоа океј, твоја желба ама не по секоја цена.
    Имав другарка која размислуваше како тебе, целта и беше да се омажи и да има бебе.
    При една посета кај мене додека беше бремена ми велеше - Јас се омажив вие сега мислете му ја.
    Не помина ниту 3 месеци откако се породи, маж и ја остави а таа едвај се снајде.
    Сама си знае низ што помина.
    Најди партнер, со кој ќе си одговарате, ќе се согласувате, кој ќе те сака и во добро и зло а не само ради реда.
    Брак не е само за пред луѓе, како да ти кажам.
    Со него ќе делиш животот, се и сешто...
    Ама со некој кој навистина е спремен за таков чекор а не со личност која ќе ја молиш.
    Не ти одговарал и биди среќна што завршило така наместо подоцна да си ја акаш главата од зид или па можеби не би бил добар татко со оглед на тоа како се однесувал со тебе.

    Дадена ти е подршка ваму, по некоја критика и совет, научи и да се цениш себе повеќе и да се сакаш повеќе.
    Сакам и јас некој со кој ќе ги делам убавите моменти, некој со кој ќе оформам фамилија ама не по секоја цена.

    Натака ти си знаеш.
    Ти посакувам да си ја оствариш желбата и да бидеш среќна.
     
    На Tanjamm, Snowflake97, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  19. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    86

    Јасно сфаќам. Сите коментари ги прочитав, колку можев пишував и одговори.
    Сите коментари ги зедов во обзир, но за жал дел од нив мислат дека јас сум вршела притисок, сум напнувала и сум била крајно неподнослива и нефер кон него. Што навистина не е точно.
    Знаеш кога се поништи договорот за брак, кога завршив факултет, се вработив и станав далеку поуспешна од него. Тогаш почнаа нашите љубовни турбуленции и дури тогаш си ја симна маската. Баш на време.
    Сфатив дека ме сакал слаба, немоќна и неуспешна покрај себе за да може полесно да ме манипулира, тоа ми стана јасно уште од почетокот.

    Од друга страна треба да бидам среќна што така завршило, и дека не сум оштетена, но некој пат и многу ми е мака што ете така се завршило.

    Да лошо се однесувал без причина ама убавите работи се паметат.

    Повеќето овде мислат дека сум оставена поради тоа што сум напнала, но за жал тоа не е така. Никој не сфати што стои во позадина. Лесно е да се каже самата си виновна.
     
    Последна измена: 20 февруари 2021
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.689
    :clap::clap::clap:

    После мислењево, мислам дека темава треба да оди под клуч.

    @herbst-girl а што е тоа конкретно што сакаш да го слушнеш? Да ти кажеме да му се јавиш на бившиот, да се смирите, венчате и дека ќе живеете среќно засекогаш?
    Затоа што сите други разумни совети и мислења веќе ги доби, а ти упорно плукаш по истите.
    Сакаш да го вреѓаме бившиот твој, да викаме дека е не знам што само затоа што се предомислил и го прекршил ветувањето дека ќе те жени?
    Епа извини вака, има право во било кој момент да се предомисли, негов живот.

    Темата од ‘ти ја одбил понудата за брак’, се претвори во тема ‘дали ти си задоцнила со мажачка’.
    Со тоа што ти викаме дека си млада и дека имаш време да се оствариш и како мајка и како сопруга, не мислиме ништо лошо туку сакаме да те охрабриме, не значи дека сме несериозни или како и да не нарече веќе.
    Ти го скршил некој срцето, многу ми е жал за неубавото искуство, ама има многу пострашни работи во светот како болест, смрт, сиромаштија, глад, насилства, војни... Get over with!
     
    На Tanjamm, KateKane, neno0o и 10 други им се допаѓа ова.