Нај голема грешка ти е одма да најдеш друг, макар да си мислиш дека е и за авантура. Ќе заглавиш може и во полошо. Опушти се, посвети си се само себе си. А кога ќе дојде време, кога најмалце очекуваш ќе го сретнеш вистинскиот. Јас повеќе од година излагав и се дружев, не најдов никој, за на крај да бидам во прескреќна врска со мојот другар. Размисли и не брзај, сепак тоа си е твое. Но ,мој совет ти е, не си ја мачи душичката.
Ма каква врска? Едвај ,,завршив'' една, и доста ми е. Мислев за мување, вамте - тамте. Има време за врски, како немало. На 28-30 години што ќе правам? Не, шала на страна, нема шанси да заглавувам пак со некој тип и да се гледаме секој втор-трет ден. Што поретко, тоа подобро. Па, после ако бидне нешто сериозно, нека бидне. Ако не, бар нема да се каам. А овој веќе го заборавив. Се гледаме речиси на секое излегување, ниту јас го избегнувам а ниту пак тој мене. Бидејки практично и невозможно е да се случи тоа бидејки делиме ист друштвен круг. И каде ни оди друштвото, автоматски и ние одиме со нив во пакет. Башка не ми пречи воопшто. Имаме најнормална комуникација, иако истата е сведена на минимум, бар од моја страна бидејки сепак треба да се задржат некои принципи, нели? И се додека повторно не му текне да ја донесе НЕА, мене ќе ми биде се рамно. Не бидејки ќе бидам љубоморна, туку едноставно не сакам некој да ме омаловажува, и да мисли дека сум наивна. Бидејки во спротивно подготвена сум или да се повлечам или да направам скандал. А познавајки се себе си тоа првото ќе да биде, што е добро.
Ве молаааааам за совет!!! откако таа престана да му звони почнаа титкања со скриени броеви кога сме заедно.... да биде иронијата поголема на нашата годишнина тој ми призна дека кога сме почнале да се гледаме на почетоткот тој бил само уште еднаш со неа и прекинал се бидејки наводно ме засакал мене и ме сакал па затоа ми го казал тогаш баш тоа за да не сум се налутела а несакал ништо да крие од мене.... зарем е можно нормално ова да се прифати ко ништо да небило??? зарем нетреба да се сомневам дека сеуште нешто има со неа???
Ќе ја скратам оваа траги - комедија. Накратко..Дечкото со кој одев некое време пред еден месец, и се допаѓа на една моја другаркa, со која се гледам речиси секој ден. Немам поим дали тој знае, но имам чувство дека наскоро ќе дознае со оглед на тоа што цело женско друштво таа веќе го има известено. Јас веке незнам како да се однесувам со неа, само знам дека нема да ја гледам со исти очи ако ми го направи тоа. Иако тоа меѓу нас е минато и таму ќе си остане. ..За него мање више. Не очекувам нешто подобро, нити сум имала некад некои посебни чувства нити ќе имам. Ама нејзиното однесување ми докажува дека не ме почитува воопшто како личност, ако го земеме во обзир фактот дека тој многу ќе ме омаловажи со неговата постапка која беше главната за нашето прекинување. Што да правам ако дојде до такво нешто и како да постапам? Несакам да ме советувате да стојам на страна и ако е тоа неизбежно да се однесувам како се да е во ред кога реално неможам. Се плашам дека моето друштво ќе ги поддржи во идејата и двајцата и нема ниту еден од нив да ме разбере и да ми помогне во тие тешки моменти. Чаре?
^ Јас според постот те сфатив дека ти него нит си го сакала нит го сакаш. Единствено што ти е проблем е што он ти го повредил егото, заради кое сте раскинале. Незнам колку време се биле заедно со дечкото ама напиша дека сте раскинале пред еден месец. Јас незнам другарка ти што бара и што трча одма по него. Навистина не ми е јасна, ајде да поминале неколку години ќе разберев некако, ама одма? А дали воопшто она те праша дали на тебе ти смета тоа? Можеби ти си имаш план да се смириш со него или па можеби он има таков план. Ништо не се знае, а другарка ти да побрза одма да не случајно и' избега. Јас мислам дека уште од претходно она си имала чувства за него само си ќутела и чекала вие да прекинете. Мој совет, доколку си сигурна дека со него е завршено и најбитно, доколку немаш чувства за него, остави. Јас да сум на твое место само ќе и' го плеснам еднаш така убаво и од мерак во лице дека не ми е вистинска другарка и дека требало најпрво со мене да разговара ама дека сега може да си прави тоа што веќе го започнала и дека мене не ме занимаат ни двајцата. Како и да е, не се замарај, не вреди. И да бидат и да не бидат заедно тебе лично тоа и онака не ти менува ништо. Само добро е што она самата си покажала каква другарка е и каква личност е пред се.
Daydream со неа имаме толку нерасчистени работи од минатото што дури незнам ниту од каде да почнам. Ама еве ќе почнам со тоа дека со двајца нејзини поранешни останав најдобра другарка. Од кои едниот воопшто не ни може да се нарече поранешен. Значи таа го сакаше, тој неа незнам, но не е ни важно бидејки никогаш не ни се муваа, а уште помалку беа во врска. Јас сакајки да ѓи спојам повторно после една година и да го убедам другаров си го извлеков најдебелиот крај со тоа што бев убедена дека јас сум сакала да го заведам а немаше врска. Проблемот настана тогаш кога тој се заљуби во мене. Ама што сум јас виновна? Неможам некому да одземам чувства. Таа никогаш не дозна бидејки несакав да ја повредам и така се заврши нашето пријателство, воглавно по негова иницијатива бидејки наводно неможел да ме гледа повеќе како другарка. А колку само милион пати му кажав дека со тек на време ако сака да останам дел од неговиот живот ќе го надминеме тоа. Но, што да очекуваш..Машко како машко..Нели го добие она што го сака, најчесто заминува. Не ми е јасно зошто мислев дека ќе биде поинаку со него. Со вториот јас си бев другарка уште пред они двајца да се смуваат, и ден денес сме. Не се дружиме за жал, и дури пробувам контактот да го сведам на минимум. Во кратки црти се е во нејзината глава. Јас ништо не направив, таа си замислува дека е тоа така бидејки веројатно не е способна да гаи пријателска љубов кон машко. Што сум јас виновна што им бев симпатична на сите оние кои на неа и се допаѓаа? Бевме во исто друштво, па скоро и неизбежно беше тоа. Иначе со овој дотичниов со кој прекинав пред околу еден месец (точно толку и излегувавме), па според тоа тешко дека може да се нарече врска. Ама сепак, од неа очигледно дека не можам да очекувам нешто подборо. Само да се надевам дека има малку совест и знае до каде е границата. Истото го очекувам и од него. Мислам дека не би го сторил тоа. Се надевам дека не грешам.
Јас мислам дека во ова погоре е проблемот. Таа ми изгледа на личност која сака се да се' врти околу неа и ти е љубоморна заради тоа што се случувало претходно. Интересното е тоа што изгледа сега на неа и' се погодила шанса за твојот бивши и на некој начин сака да ти врати. Очајно од нејзина страна, ама пак ќе ти кажам не се замарај, не вреди. Се гледа дека е личност која целта како другарка и' е да се натпреварува со тебе која повеќе ќе им се допадне на машките. Штом тебе дечкото не ти значи ништо, тогаш немаш проблем. Имаш само лоша другарка која не ги знае вистинските вредности.
Princess5,бидејќи никој не пишал ништо,прво кажи што се случи оттогаш кога ти призна?Tреба убаво да испиташ што мотка овој настрана може и друга да има,нели?
Princess5,бидејќи никој не пишал ништо,прво кажи што се случи оттогаш кога ти призна?Tреба убаво да испиташ што мотка овој настрана може и друга да има,нели?[/quote] Од тогаш ни почнаа проблемите.... јас не му верувам ко порано почнаа и кавги за глупоссти и сега незнам ни на што сме бидејки господинот го нервира мојот инает а мене фактот што ако има друга или сака да е со друга нека ми каже во лице и нека го снема но тој се колкне и ме уверува дека друга нема не ни имало од тогаш и дека немало да има уште ме сакал и посакувал како порано и не му се сменети чуствата кон мене и дека некрие ништо но упорно се караме ради тој телефон скриени броеви и слицно и вака неиде до тој заклуцок дојдовме и 2та а се слушаме секој ден но незнам каде води тоа...