1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бивша или сепак не

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од TheSecret, 21 јануари 2011.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    7.865
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Нова сум на форумов така да незнам дали има ваква тема :?: па затоа ја отворив оваа со надеж дека ќе ми помогнете
    Вака..заедно сме еден месец, поминавме убави заеднички моменти, беше толку внимателен со мене, ми кажуваше дека ме сака итн итн..ми раскажа за неговиот живот, за неговите бивши ... е тука е проблемот наводно бившата со која што неодамна раскинале сеуште го сака, цело време му ѕвони, му титка, му досаѓа, му прави љубоморни сцени, сеуште го има на facebook :@ мене сето тоа ме вади од такт..нормално на почетокот не покажував ништо, но кога му открив нов профил на facebook за кој незнаев дека постои, а погодете кој му беше прв во листата на пријатели :!: ..она.. колку се изнервирав :@ раскинавме...многу боли, цело време мислам на него, го сакам, сакајќи или не секогаш се потсетувам на моментите поминати заедно ;( едноставно неможам да го преболам..а сум преболела и потешки моменти :doh: но овој пат немам веќе сила....неколку дена воопшто не комуницираме..сега тој почна да ми титка, да ми пишува дека мисли на мене, дека ме сака :o стварно незнам што да правам..да му дадам ли втора шанса под услов да го прекине секој контакт со неа и тоа пред мене :?: или незнам :?: стварно незнам што да направам ...сеуште го сакам :worried: знам дека целава ситуација звучи малку глупаво, но мене многу ми е тешко...ве молам за совет
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Заедно сте еден месец, а веќе знаеш дека го сакаш?ОК. ти најдобро знаеш за своите чувства, туку вистинското мое прашање и што тој чувствува за тебе? Дали е тој сигурен во неговите чувства кон тебе, прво нека расчисти сам со себе, а потоа и со тебе.
    Значи распрашај го убаво за неговата бивша девојка, зошто има скриен профил на ф.б., дали сака да седи на две столчиња. И зошто ти раскажал за неговите девојки, што ти е гајле за неговото минато со други девојки, јас мислам дека е битна иднината со тебе.
    Разговарајте и потоа ти сама одлучи дали заслужува втора шанса. Дали тебе те сака, дали сака со неа да се само пријатели или со тебе е за да ја повреди неа? Тука има некои нејасни работи....
     
  3. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сигурна ли си дека доволно се познавате и дека се сакате, после само еден месец? Како и да е, мислам дека ќе биде добро малку да се одалечиш од него, да оставиш тој да те побара. И кога тоа ќе се случи, продолжи да бидеш ладна, и не прифаќај да бидеш со него се додека комплетно не расчисти со таа девојка. Па нема ти на него да му изираваш златна резерва. Нека си одлучи прво дека стварно сака да е само со тебе, да не си игра мајтап лево-десно, па дури тогаш дај му втора шанса. Се најдобро :)
     
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    тешко ти е затоа што си искусила некој да те одбие на еден начин и да си поигра со тебе....ај запрашај се дали ова што го чувствуваш е поради тоа што те повредил, или поради тоа што СТВАРНО го сакаш....а да засакаш некој за 1 месец незнам? не си мала, 21 година си, како што ти пишува во профилот, се е можно, но незнам колку добро се познавате итн итн итн....Преиспитај си ја причината зашто сакаш да сте заедно? заради тоа што стварно го сакаш или заради тоа што ти е повредено егото, имаш некаква скриена желба да не речам, потсвесна, што со самото тоа од кога ќе го вратиш, нема да ти е веќе интересен, зашто ќе си докажеш самата на себе дека си го вратила и толку....постави си го тоа прашање, па после одлучи што и како
     
  5. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Дај му шанса да ти објасни. Но се да ти ојасни и за неа и за лажниот филм.
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    7.865
    Пол:
    Женски
    Фала ви на советите :*
    Знам дека тоа е премногу кратко време да засакаш некој..но во суштина јас сум личност што брзо се вљубува (за жал) :?: Знаете како викаат: Кога ќе изгубиш некој тогаш сваќаш колку ти значел и колку си го сакал :$
    Сепак мислам дека најдобро е некое време да бидеме само пријатели, малку да се одалечиме, така и јас и он ќе си ги преиспитаме чувствата, подобро ќе се запознаеме, а и он ќе има време да среди со неа..времето ќе покаже :?:
     
  7. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Што има врска еден,месец или една година.. јас кога го запознав сопругот го засакав одма првиот ден и знаев дека тој е вистинскиот, за кратко време стапивме во брак па функционираме како што секој брачен пар би посакал...Тоа воопшто не е битно колку време се заедно..
    Јас ке ти речам остави времето да покажи и немој се да си ставаш на срце, ако те сака никој нема да ти го земе, ако не ќе дојде друг кој ќе го сакаш уште поќе а за ова само ќе се смееш кога ќе ти текни..
    Се надевам дека ќе се реши ситуацијата набрзо..и среќно :*
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    |-) |-) |-) :geek: |( |( :?: :^) :^) :^)
    На 20 и кусур години уште титка??? веќе ми е јасно за што чоек станува збор!
     
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Најверојатно тука треба да ја поднесам мојата молба за совет од вас... :)
    Со дечко ми сме во врска веќе 1год и 3 месеци,можам да кажам дека функционираме многу добро,дека немаме некои нерешливи проблеми,у главно се е ок...освен една работа...тој имал двегодишна врска што завршила една година пред да почне нашата...и јас имав...што се однесува до мене јас сум на чисто,знам дека заврши,не чувстувам ништо за бившиот,не зборувам за него пред сегашниот дечко,од проста причина што не сакам да се чувствува лошо,ама немам проблем ако ме праша нешто или ако паднеме на муабет за тоа...си зборувам отворено и ништо не ме боли веке...додека кај него е поразлично,вика дека е се завршено,ама ако некогаш го прашам случајно нешто,несака да ми одговори...значи да разјаснам,не сум љубоморна особа и никогаш не прашувам од љубомора,па да сака да го избегне разговорот поради тоа,едноставно некогаш ме интересираат некои општи работи,сепак со неа поминал 2 год од неговиот живот...и секогаш кога ке дојде до некоја споредба помегу мене и бившата негова,тој ја бира нејзината страна...не директно,али сепак,ниту еднаш не застанал на моја страна...и ако преречам некогаш за тоа,ми вика дека јас сум само љубоморна,дека нема вистина во тоа што го зборам...незнам што да мислам,несакам да имам вакви неодговорени прашања во себе,сакам да си бидеме на чисто...али неможам да разговарам со него на таа тема...почнувам да станувам несигурна во себе,да се споредувам со девојка што не ја познавам...синока се зезавме нешто,дека он сака високи девојки,и јас сум 175 додуша,ама ете бившата била повисока и онака на зезање го прашав-поубава ти беше од мене? и само си закуте,после се правеше на три и пол,демек незнае за што зборам... :(
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Уф у тешка ситуација си, нема да лажам. Ретко се случува да незнам од кај да почнам за совет, али кај тебе малце се замислив. Како и да е јас би ти кажал дека нема потреба од некоја ОГРОМНА тревога. Ова ти го кажувам од едноставна причина дека он моментално е со тебе !!!! Значи како и да е, он е со тебе. Ваљда не е толку глуп да е со личност со која што не сака да биде. Постои можност он уште да се држи до некои спомени и чувства поврзани со бившата. Не ни ја кажа причината поради која што раскинале они за да се процени неговата реакција во врска со бившата негова, но како и да е сепак не е многу релевантно. Би ти препорачал малце од страна да ја гледаш ситуацијата, како некое трето лице би ја гледало. Како тоа исто трето лице ве гледа вас како двојка...Функционирате добро? се разбирате? Има компромис, толеранција итн итн итн? Одговорот дали да преземеш некаков чекор или не сепак лежи во тебе и во твојата проценка дали дечко ти те сака или не. Ако твојот одговор е ДА, дека те сака, мислам дека нема потреба да го напињаш за тоа. А ако не си сигурна, ако не ти покажува на некаков начин, сепак најдобро би било да седнете двајцата и да поразговарате отворено, зашто секој проблем доколку го одолговечуваш, на крајот има многу поголеми последици од колку што би имал доколку би се решил на почеток. А и од друга страна ти ќе се измачуваш....Значи во кратки црти, процени дали дечко ти те сака, дали ти го покажува тоа, итн....Ако е да, остави го на мира не го напињај, а ако не не или не знаеш, седни и разговарај, кажи му отворено што те мачи али со смирен тон и без викање... ;)

    гуд лак
     
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Прво,Мистери фала што одвои време за мене...Синоќа сакав да ја наведам причината за нивното раскинување,ама бев лута и нервозна и некако сум пропуштила тоа да го кажам...они двајца раскинале поради изневерување од страна на девојката,значи он не и раскинал затоа што престанал да ја сака или му здосадило со неа,туку на некој начин бил принуден да раскине,и навистина понекогаш мислам дека уште и е лут,дека е бесен на тоа што му го направила,дека ја мрази...а омразата е чувство...чувство кое покажува дека не е баш на чисто со претходната врска...а инаку имаме ок врска,знам дека ме сака,ме сака најмногу на цел свет,ми го покажал тоа милион пати,од таа страна сум сигурна и не се сомневам,но сепак...несакам некоја друга да биде пред мене во неговиот свет и да биде побитна од мене...и морам пак да напоменам дека не сум љубоморна,немам против кога се зеза за други девојки дури и ја коментирам со него за некоја згодна девојка,немам против да се дружи со бившите мувачици и девојки(кратки врски),ама од неа се чувствувам загрозено...
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Што се замараш со причина за која раскинал со бившата?? И зошто копаш по минатато??? Било и завршило сега си ти на сцена.
    Ако несакаш да биде друга пред тебе во неговиот свет, докажи му дека си различна од бившата и не си како неа, избори си се за свое место . Ако си сигурна дека те сака, е тогаш треба ти да си одговориш на прашањето за твоите сомнежи и загрозеноста од бившата.
     
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Не копам по минатото,не сум девојка која е опседната со бившите на дечкото и го напнува поради тоа...не се замарам со причината,само сакав да наведам дека него уште го болат некои работи очигледно,а тоа ме боли мене...јас си го имам моето место во врската,само на моменти се запашувам дали е прво или второ...нема што да му докажувам дека сум различна од некој,јас сум таа што сум и не се натпреварувам со некој...и јас сум сигурна дека ме сака,не викам дека ја сака неа,но не сум сигурна дали расчистил во себе со неа...и само сакав да побарам совет дали треба да паничам или не.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не треба да паничиш. Ако си сигурна дека него уште го болат некои работи, а тој негира, тогаш нека ти докаже дека не е така. Нека ти посочи минимум 2-3 причини зошто е со тебе за да не се сомневаш повеќе на кое место си ти и едноставно прашај го дали расчистил во себе за неа.
    Нема ништо поубаво и крај на тупења од еден искрен одговор.
     
  15. M.a.k.i

    M.a.k.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    А мене пак ми е ушт потешко и јас сум во слична ситуација нзнам дали да ја прекинам врската поради тоа во врска сум 2 години знам се за неговата бивша иако е веке омажена и ја знам целата приказна за нив двајца што ја зборат сите што го познаваат пасвордот на фејс бук му беше со нејзиното име до пред една година кога дознав и се вадеше на тоа дека го ставил некој негов другар што не верувам нејзината слика дури вчера ми каза дека ја чувал и дури вчера ја искина а од кога не се заедно поминаа 3 години со мене е 2 години а незнам зашто но мислам дека сеуште пати за неа имам 20 години и мислам дека треба да раскинам со него додека е време,никогаш не сум посакувала да му бидам на некој играчка за да не биде сам или пак да заборави некого но кога ке разговарам со него на таа тема и кога ке му кажам дека ми е тешко и неможам да го поднесам тој товар и дека не е тоа што јас сум си го посакувала плаче и мми вели дека ме сака и дека несака да раскинеме јас нсакам да го повредувам ако го повредувам или само глуми пред мене ама усте потеско ми е кога некој негов близок ке ја спомне неа а тоа често се случува:(
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    не ми е јасно како е можно вие да сте две години заедно, тој да е разделен од неа цели три години, а негови блиски да ја спомнуваат се уште неа и тоа често....
    или тој тебе не те претставува ко озбилна девојка пред нив и ти го мати само умот или јас озбилно не знам што да кажам... можда некој попаметен од мене ќе му е јасно што е работата. ама ако јас некого сакам и сакам да сум со него и згора на се две години сум со тој човек и се ми е убаво со тој човек го држам толку време, сигурно уште првиот пат кога било кој од моите близки, другарки, другари, па и фамилија ќе спомне било што за мој бивш дечко ќе реагирам тоа да не се повтори... али би го направила ако озбилно сакам да сум со дечкото... не знам попамтени има од мене нека кажат мене сево ова не ми е јасно :)
     
  17. M.a.k.i

    M.a.k.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    па мои другарки не ни го направиле тоа а мозеле некогас дури и ја сум сакала да направам пред него муабет за мој бивси као слуцајно да испровоцирам некоја другарка да го спомне за да го направам и ја малку лјубоморен аама не се контролираат и пазат за разлика од негови другари па цак и неговата помала сестра ми ја расказа цела приказна како он плацел по неа и сваста дури и ја така разбрав дека имал слика од неа незнам ни ја стварно само ме цуди тоа со плаце коа ке сакам да раскинам и тоа сто ми збори дека бил дете тогас и дека не му знацела нист и дека он не го имал ставено пасс него негов другар и бла бла незнам дали да верувам на тој муабет засо и не ми е мн сигурен
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Па целата приказна мириса на тоа дека тој сеуште ја сака-колку и да те боли :doh:
    Сигурно неколку госини,или месеци биле заедно,а причината не ја знаеме поради која раскинале,како и да е,и на машките не им е лесно откако ќе излезат од долга врска,и веднаш си го лечат егото со некоја друга..
    Тоа што ја има на листата на пријатели прва на новиот профил можеби кажува дека ја сака уште,можеби не кажува ништо-но прашањето е -зошто ти не си знаела за тој профил,и не си била прва негова пријателка-неговата девојка,секако :!:
    Мој совет ти е да го прашај дали уште чувствува нешто за неа,иако тешко ќе биде да извлечеш-по ова кажаното-мислам дека ја сака сеуште бившата,едноставно не му давај втора шанса,после може ќе се смири со неа а тебе ќе ти биде уште потешко :doh: затоа,остави го-ако му е тешко и те засакал тој ќе настојува да те бара и да ти докаже дека те сака :)
     
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Нема да имаш мирна глава и здрава врска освен ако тој не ја шутне таа нападната од својот живот. Јас лично не верувам во комуникација со бивши додека си имаш тековна врска, едноставно нема шо да го предизвикуваш Ѓаволот таму. Редовна комуникација со бивши додека е човек во врска е само знак дека работата од минатото сеуште не е целосно расчистена/преболена. Кој шо сака нека каже, така си е. Мој совет ти е да се обидеш да го преболиш бидејќи најверојатно дечкото си има "сенки" од минатото што треба да си ги расчисти (тајни профили, па ја има како пријател неа, мислам seriously?). Дај му шут со полна копачка
     
  20. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Разговарајте за тоа што чувствува, ако не чувствува ништо нема зошто да има уште еден профил во кој ја има за пријател..