Ако не чувствувал ништо немало ни да има друг профил А штом веќе има јасно е дека тука нешто се мати, ни муабет ни ништо тука не помага. Можеш да си правиш муабет ама дали ќе биде искрен со тебе или ќе ти го каже она што сакаш да го слушнеш? Не можеш да знаеш.
Значи секој ден се повеќе се разочарувам од машките ...цц не ми е јасно зошто ако се уште ја сака на бившата и раскинува поради глупи причини на пример љубомора ,оди се мува со некоја , и после некое време пак се враќа со неа а таа будалата па пак му се враќа само затоа што го сака..Имав таква случка па фала богу од сега натаму само строго никаков контакт со бивши и да ја чува за пријател..И кога веќе си имаш работа со ФБ,лозинката да ја знаеш па ќе гледаш што прави..
Е ова е веќе на мој терен!Баш сега сум во ваква ситуација....Сум бивша или сепак не? Ми раскина зашто нејќел да е у врска и сега као сме другари а он си има мувачица(не сака сеуште да е во врска) и јас имам мувач но сепак сме другари.Често збориме на фб а еднаш и се видовме со причина одамна не сме се виделе...и плус ми се пушташе на видувањето... Е кој е луд сега? :geek:
Јас мислам дека треба да си со него зошто тој се труди да ти докаже дека му значиш.... седнете разбоварајте за се, а бившата биди сигурна дека ќе се труди да ви расипе работа....за неа најубаво блок на фб и од него и од тебе.... значи разговарај со дечкото
Ако не разговараш со него, никогаш нема да дознаеш како навистина стојат работите, само ќе погодуваш, ќе се сомневаш и нема да бидеш мирна. Седнете и разговарајте сериозно, прашај го кои му се намерите со тебе, а таа девојка ако му е навистина бивша, и ако тој нема никакви чувства кон неа. нема да ви расипе ништо затоа што и тој самиот нема да го дозволи тоа.
Со дечко ми одиме 9 месеци и во овие 9 месеци бившата на дечко ми неколку пати се потрудва да не скара...порано на секое му титкаше дури и во ноќните часови, јас пукав од нерви тоа го сети и дечко ми и зеде ми пиша порака да не му звони повејќе дека ми смета мене...едно време ја снема и сега пак почна да досадва му пушта пријателство на фб на дечко ми тој ја игнорираше ама таја пак почна да пушта и зедов ја ставив на блок, сега пак почна да му титка пак иту пак навечер ко ќе знае дека јас сум со него, овај пат му пишав јас порака дека несакам да му ѕвони...страв ми е да не има уште контакт со неја, го прашав дечко ми и ми вели ти си будалче со се нервираш таја е проста зинает вака ти прави...леле многу ми е страв да не почнат да се гледаат тајно или овај мојот да му се јавува насамо
Па продолжи ти да го замараш за неа па може ќе почнат да се гледаат, што има ти да се мешаш кој му титка на него и зашто тоа тебе да ти пречи? Па нека титка што ти е гајле, ти си со него не таа. И престани да се плашиш, ако сака да ти раскине и да се глеа тајно ќе се гледа, а ти нема ни да приметиш. Уживај во врската не се замарај со непотребни работи, колку повеќе ти смета тоа и се напињаш и ти и дечко ти за неа толку повеќе и он мисли на неа, остајте ја нека титка
Не и се замарј бе, остај ја нека титка..Ти си со него, таа не .. Тоа нека ти е најбитното И немој да му зборуваш на него за неа , ниту пак да ја искажуваш својата љубомора пред него..зошо колку повеќе ќе зборуваш за неа пред него, толку повеќе таа ќе му се плетка во мисли и тогаш стварно може да и обрати внимание..остај ја шо сака нека прави, кажи му на дечко ти дека таа не те занима и дека најбитно ти е он шо е со тебе не со неа..А она нека крши главче
И јас бев во слична ситуација само што тој немаше два профила..Искрено тешко е да се оддалечиш од некој што го сакаш..никаде не пишува дали се заљубуваш за 1 ден или за година тоа доаѓа само од себе .Според мене ако вели дека те сака прави муабет со него да ја избрише бившата од ФБ и да ти докаже дека те сака,сепак секој заслужува 2 шанса..