Бившиот или сегашниот?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од teddygirl, 2 октомври 2010.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    614
    Се наоѓам во многу тешка,барем за мене,ситуација.Од една страна е мојот бивши дечко со кого одев цела година а од друга страна е сегашниот дечко.Ќе се обидам во кратки црти да ви ја опишам ситуацијата па ако ми дадете некој совет би ви била благодарна.Со бившиот дечко раскинав кон крајот на мај и тоа за апсурдна работа,на почеток се закаравме за некои обични банални работи а потоа по извесен период прекинавме да комуницираме.Иако причината за раскинуванјето јас сум сигурна дека беше тоа што јас не сакав да имам односи со него.Можеби и тој беше во право кога викаше дека не сум мала и дека и тој има потреба од тоа (јас имам 21 а он 24) но ете јас не се чувствував доволно спремна да го направам тоа.Само што раскинавме по недела дена други почнаа д аму пишуваат и јас од љубомора се ставив во врска со типот кој што ме молеше да бидам со него дури бев и со другиот.Јас тоа го направив од инает али ете дечкото(типот со кој што сум сега)си го сфати тоа сериозно.Но проблемот е што бившиот повторно сега ми се навраќа,ми пишува и сака да се видиме,а уште полошо е тоа што јас сеуште него го сакам.За дечкото со кого што сум сега неможам да се пожалам многу повеке ми посветува и внимание од бившиот и се.но ете неможам да бидам опуштена со него.Се обидов да му кажам дека ја не го гледам на ист начин како тој мене но тој почнува веднаш со тоа немој не ме оставај не ми го прави тоа.Повеќе чувствувам дека одам со него од жал,затоа што е факт дека сеуште го сакам бившиот.Да сте на мое место што би направиле би се вратиле на бившиот или би продолжиле со сегашниот обидувајќи се да го засакате???
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    бившиот или сегашниот?????

    ако општо земено(без периодот пред раскинување) со бившиот ти било убаво и си била задоволна од тоа како се сложувате,јас мислам да се смириш со него.само не му давај веднаш многу на значење,не му признавај веднаш колку го сакаш и слично,биди малку на почеток резервирана.
    како и да е,на овој сегачниот раскини му,зашто сигурно нема да го засакаш ;)
     
  3. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    614
    бившиот или сегашниот?????

    па да ми беше премногу убаво со него.иако неможеше секогаш д абиде како јас што сакам сепак уживав во времето што го поминував со него.
     
  4. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    бившиот или сегашниот?????

    Раскини му на сегашниов и не му давај лажна надеж на детето и не го измачувај него и себеси. А понатаму види се со бившиот и ќе видиш како ќе се одвиваат работите.
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.333
    бившиот или сегашниот?????

    Секоја фина девојка заслужува да биде третирана како кралица. Ако така те третира сегашниот дечко нека не ти мрда га*ето, да му се враќаш на другиот, оти во иднина можеби ќе ти биде криво. Од друга страна ако толку го сакаш и си сигурна во себеси, и дека ќе ти биде убаво, ке му разјасниш на сегашниот, и ќе си се смириш со другиот. Само да ти кажам, љубовта не е само чувства, туку почит, разбирање, поддршка. Што ако некој го сакаш и секој ден те нервира, секој ден да се трескаш за него? :worried:
    Размисли убаво :*
     
    На alex.7, sea-star и veri им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    бившиот или сегашниот?????

    aко го сакаш бившиот, врати му се. сепак сте се скарале за апсурдна работа :?: а и со сила убавина не бидува. до кога ќе бидеш од сожалување со овој? додека не го повредиш? така уште полошо ќе биде, затоа што ете и сама кажуваш дека дечково е супер.... не заслужува да го повредиш :x
    убаво кажи му дека си пробала вака така... ама не бидува.
    сепак послушај си го срцето. тоа знае најдобро ;)
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    814
    бившиот или сегашниот?????

    Сегашниот е жртвено јагне овде според мене. Многу не фер е што си ги искористила неговите чувства за да го направиш љубоморен бившиот. Ти и сама си одговори со кој сакаш да бидеш. Врати му се на бившиот па времето ќе покаже дали сте еден за друг. Ама вака друг пат играње :tmi: Греота е :(
     
  8. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    бившиот или сегашниот?????

    не си играј со чувствите на другите... ако си сигурна дека го сакаш бившиот,смири се со него, кажи му на другиов, иако те сака ќе те заборави некогаш, вака го повредуваш повеќе :$
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Ако го сакаш сеуште и плус тој те моли да се смирите, што чекаш!? Раскини му на сегашниот и врати му се на бившиот! Не е фер спрема сегашниот да го залажуваш ако не го сакаш, како што не било фер што си го искористила само заради одмазда, ама тоа не е важно. Важна е твојата среќа а ако мислиш дека ќе ја најдеш покрај првиот, смири се со него. Ти посакувам среќа :)
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Никогаш немој да бидиш со некого затоа што ти е жал,искрен совет од мене! Јас сум се нашла во таква ситуација,воопшто не го сакав,а тој ме молеше и ме преколнуваше,плачеше пред мене,само заради тоа продолжував да се гледам со него,само жал ми беше,ништо друго...По некое време прекинав,само се измачував.Тој ми викаше и да не ме сакаш биди со мене...Некоја болна љубов беше,којзнае...Еве го сега,има нова девојка,среќен е,а исто и јас :) Кажи му на сегашниот дечко дека не чувствуваш ништо спрема него,не е фер така да се измачуваш и ти и тој.Мораш да ја прекиниш таа врска и да бидиш со оној кој вистински го сакаш.И да...Не си мала за сексуални односи ;)
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    609
    Многу ме нервираат муабети од типот ,,од жал одам со дечкото, како да му раскинам, не го сакам ама не можам да се оделам од него,, Зарем во животот не научивте како се става конечно крај на работите кои не чинат несреќни?? сеуште ли постојат наивни луѓе кои би си ја жртвувале сопствена среќа со изговор дека не можат да стават крај на некоја врска! Иксрено не верувам дека не има такви по денешниов свет!
    Значи нема што да му се мислиш, љубовта му припаѓа на твојот бивш дечко а сегашниот си го чуваш како џокер во ракав! Врати му се на бившиот за кој имаш силни чувства ако сметаш дека и тој сеуште те сака! на сегашниот раскини му и не дозволувај да те предомислува... едноставно ќе му кажеш дека не го сакаш и не верувам дека некој ќе те моли да бидеш со него ако отворено се изјасниш дека воопшто немаш љубов за него!
    Пред било која твоја постапка размисли си убаво како би ви било повторно со бившиот ако обновите врска, размисли убаво дали тој сеуште сака врска со тебе! Не избрзувај, немој од двајца (бивш и сегашен) да си останеш сама! Претпоставувам тоа не го сакаш!
     
  12. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Никогаш..ама баш никогаш немој да бидеш во врска со некого од сожалување.Строго сум против тоа!
    Па сега размисли дали сакаш да останеш со бившиот или сегашниот.
    Но и самата би требало да бидеш свесна дека ти си го сакаш бившиот и треба да си со него,бидејќи со сегашниот си само од жал.
    Позз и кажи што ќе направиш.
     
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    jas na tvoe mesto bi go izbrala segasniot. i go izbrav pred tri godini. nikogas ne se pokajav. nekoja pred mene ubavo rece: ljubovta e mnogu poveke od zaljubenost, ljubovta e pocit, podrska, sigurnost....ako bivsiot bil nestrpliv vo vrska so seksot-ne e vistinskiot. vistinskiot ke te ceka kolku sto tebe ti e potrebno. mene me cekase povise od 9 meseci, a niednas ne napravi da se cuvstvuvam neprijatno poradi toa. taa prikaznata ima 24 i ima potreba-ostavi....ne pagaj na toa. ako ima potreba-ima i desna raka ;) Zenata e sakana onolku kolku sto e pocituvana. jas imav 3 vrski pred segasniot vo koi poveke sakav,poveke se trudev i poveke vlozuvav. sega imam 3godisna vrska vo koja dolg period poveke dobivav t.e pocetokot ni bese kako tvojot sega-veruvaj posrekna sum . treba samo da razmislis so ladna glava. da ja poglednes situacijava so ladna glava i od druga perspektiva. neznam......ja veruvam deka posrekni se zenite koi vo vrskata se posakani.toa e poradi faktot sto zenata e stalno zelna za ljubov, vnimanie, stalno saka da e centarot i prioritetot. a toa veruvaj ke go dobies samo od maz koj iskreno te saka.....
    se nadevam uspeav nekako da ti pomognam pa pisi kako si ;)
     
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    614
    Како прво да ви се заблагодарам што одвоивте време и ми дадовте по некој совет.Јас сеуште не сум одлучила дали да останам со сегашниот или да продолжам со бившиот ке оставам да помине уште малку време да видам што тој искрено сака(бившиот) од мене, дали врска или само онака да му помине време.Ако навистина докаже дека му значам би му се вратила нему а ако не ке останам со сегашниот.Па со тек на време можеби и јас ке го засакам него.А и некои напишале погоре подобро е да си сакан, да би се сложила но сепак според мене и двајцата треба да чувствуваат љубов за да функционира една врска.
    позз па ќе ви пишам што ке се случи на крајот...ако има и некои други што се нашле во ваква или слична ситуација нека споделат некое искуство
     
  15. m-i-l-a

    m-i-l-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Cesto pati poradi taa ljubomora samite si go odbirame pogresniot pat za koj nekogas bi se kaele, pred da trgnes po toj pat. predhodno zaprasaj se dali toa e vistinskata pateka na tvojot zivot, pateka na koja se nasadeni celata sreka i ljubov so sakaniot...no poradi laznata pomisla deka sekogas mozeme da naideme na nesto podobro od ona sto go imame, taa pateka ne ja poglednuvame zatoa kaenjeto naiduva vo onie momenti koga srceto kopnee po onie naviki sto bile od taka nareceniot vistinski covek koj sto bil do nas,koj tolku brzo i lesno sme go ispustile, poradi najcestata ljubomora no i pomislata za nesto podobro...
    Iskreno ljubomorata e samo nedoverba, proizleguva od samite sebe, zosto ednostavno ne bide se taka ubavo? da zosto da ne bide??? pa bi rekla ke bide samo ako vrskata se potpira na dogovori, iskrenost,emocii...
    Ako mislite deka srceto pripaga samo na edna licnost a taa spaga vo kategorija "bivsi" a vie ste so segasniot, samo sebe si se zalazuvate... od druga strana go izmacuvate toj sto e do vas, zaprasajte se kako bi bilo da ste na nego mesto?? ednostavno otvorete si gi ocite i srceto poglednete naokolu, prebrojte si gi cuvstvata,ke vidite deka sami ke dojdete do konecniot odgovor, nikoj od stranava ne znae kako vie se cuvstvuvate i tesko ke bide da gi svatite nivnite mislenja, samite si ucime od greskite .... :* :*
    [mod-kirilica:2m0ghtur][/mod-kirilica:2m0ghtur]
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.459
    Твое си е во врска со сексот, ама јас ќе ти кажам од моја гледна точка. Имаш 21 година, тој 24 и немате односи :o Несакам некоја да почне да ми глуми Дева Марија после коментаров ама мислам дека е претерано во врска во која и двајцата партнери се зрели изградени личности со по над 20 години да се нема односи. Една година не е малку време :!: И верувам како му било на твојот бивши и сочувствувам со него, една година да нема односи, а до себе има девојка која веќе треба да биде подготвена за тој чекор! Незнам од кои причини ти несакаш тој чекор да го направиш, велиш дека не си подготвена. Не си, ама некогаш мора да биде, а тој неможе да чека, има 24 години и има потреби што е нормално да ги има. Не сте по 15-16 години па само да има бакнежи и допири. Сметам дека неговата реакција е на место и дека практично полудел за да има односи, посебно ако предходно имал редовно.

    За сегашниот незнам, би ти советувала исто како и другите, да му раскинеш затоа што не е фер, ќе му досади и него колку и да те сака да биде одбиван. Си се впуштила во еден вид на сериозна врска со човек кој не го сакаш. Не дека си стара мома па неможеш да најдеш, ама многу од девојките веќе имаат сериозни врски на твоите години со личности кои ги сакаат и нормално, си имаат односи што е и ред.

    Можеби сексот не е клучен во една врска, ама игра и те како голема улога. Јас тврдам дека нема машко на 24 години, што може да издржи без секс 1 година и само да се самозадоволува. Па види ти поради твојата скептичност во врска со сексот до каква ситуација можеш да се доведеш. Потоа ќе плачете дека ве изневеруваат. Нема да речам машко е има потреби, туку ќе речам човек е, има потреби.

    Друга работа во врска со сегашниот што си ја направила е толку незрела и глупава, што си се ставила во врска со него само колку твојот бивш да изреагира некако. Колку е глупаво стварно, на годините што ги имаш да правиш толку непромислени работи, што ги прават деца на 14-15 години.
     
    На crazylady, OzzyAngel, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. virgin88

    virgin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Драги девојки, и јас сум во слична ситуација како teddygirl, па би сакала да прочитам некој совет од вас. Значи вака би опишала на кратко: Имав дечко 6 месеци, се разделивме пред да одиме на факултет, јас овде тој надвор од земјава. Причината беше тоа што и двајцата не знаевме да се понашаме бидејќи и на двајцата ова ни беше прва врска, а бевме премногу експонирани во градот, сите знае за нас (впрочем така и почнавме, кога на неговиот роденден пред сите ме побара за девојка), и мене ми беше неубаво тоа што по неколку месеци беше многу ладен и незаинтересиран, а од друга страна јас сакам малку внимание. Исто така беше и многу затворен, па никогаш не кажуваше што чувствува и во каква ситуација е, ниту пак за неговите проблеми. Потоа малце контактиравме на нет,ама после престана и тоа. По изесен период јас си фатив друг (сегашниот) дечко и со него сум веќе 3 год. На почетокот беше прекрасно, се чувствував како принцеза, ми посветуваше големо внимание, го засакав (или барем така сум мислела), за прв пат со него имав интимни моменти, се запознав и јас со неговите и тој со моите, ептен се зближивме. Но дојде период кога имавме многу кавги, најчесто тој беше виновен, се беше подоладил, е тогаш јас бев таа која трчеше по него ден и ноќ, која плачеше по цели денови, која ослабна 5-6 кг за краток период, која стана нерозна и се живо и диво и сметаше. Стапивме во контакт со бившиот, дури и на роденден му отидов,ама пак после ништо. Си течеше врската со сегашниот, се смени, пак почна да покажува љубов, и сега е мирен период кога сме доволно време заедно, се разбираме и сл. Меѓутоа ако се скараме дури и малце или кога и да го видам бившиот, пак се јавуваат емоции. Дури еднаш и се видовме, бевме заедно (се се сведе на мување :P ), и тоа дечко ми исто беше во градот, ама јас бев останата до покасно во диско со друштво. И сега сум ептен во недоумица. Многу моменти имаме поминато со дечко ми, дури во последно време најголем дел од муабетите му се: кога ке се земеме, кај ќе живееме, колку деца ќе имаме??? А јас секогаш се наоѓам во незгодна ситуација :doh:
    Не знам дали е ова заради тоа што врската ни е по малце монотона, или пак затоа што сеуште имам чувства кон бившиот? И уште кога се сретнав таа вечер со него, ми рече дека не сака да се врзува, но дека уште има надеж за нас, дека ме сака, но не како порано. И нависина, за разлика од тогаш, сега е сосема друг човек (созреан :P ).

    Ако може за совет?
    Поздрав
     
  18. UnknownAM

    UnknownAM Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Веднаш раскини му на бившиот. Грев е да си играш со чувствата на детево. Објасни му убаво што е работата , ако те сака ќе сфати. Но немој веднаш да се смириш со бившиот. Тој тогаш ке си помисли дека може да те контролира , и може да почне да си поигрува со тебе. Уживај малку сингл , но држи го бившиот блиску до тебе. Со среќа :*
     
  19. UnknownAM

    UnknownAM Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    virgin88 ... Моето мислење е да го оставиш бившиот зад себе. Гледај што помалку да доаѓаш во близина со него. Сепак веќе имаш нов живот , нов озбилен дечко , како што и самата рече разговарате за заеднички живот. Ако продолжиш да контактираш со бившиот можеш да го изгубиш овој што ти е сега , а верувај дека тогаш ќе ти биде мн потешко одколку кога си го изгубила бившиот. Бидејќи сепак со овој си поминала поголем дел од твојот живот , а бившиот ти бил само една детска љубов , која нормално дека не може да се заборави. Немој да продолжиш со ова темпо , зошто можеш да го пресолиш јадењето. Good luck :*
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.086

    Реши што сакаш во животот и што сакаш да правиш. Мора да расчистиш со минатото. Послушај си го срцето и трезвено си размисли. Можеби е само некоја криза во врската што ја имаш со сегашниот дечко па веднаш лечиш комплекси со бившиот. Отвараш стари рани а ги забораваш среќните моменти со сегашниот. Ама стави се во обратна ситуација тебе да ти прават така...а и каде е бившиот последните години кога си имаш дечко, да сакал да биде со тебе ќе биде упорен и ке те освои. Не ти солам памет, ти си најубаво знаеш само ке ти кажам дека треба убаво да си размислиш што сакаш во животот.
    Понекогаш самите си ја кроиме судбината и комплицираме - зошто да биде просто кога може сложено.