Да те прашам јас девојко тебе нешто...Дали сакаш некој со тебе да биде од сожалување?Одговорот нормално дека е јасен ко ден... Туку мене друго ме копкаше да си го кажам.Не си мала,значи и физички а богами и психички си подготвена за секс,што е сосема нормална работа која врската ќе ти ја направи уште поубава.Што сакаш ти да докажуваш дека си светица и до првата брачна ноќ само ќе зјапате еден во друг...ма дааај Факт е дека сексот е многу битен сегмент во една врска,зошто воопшто се лишуваш од тоа задоволство?Очекуваш дека некој ќе ти каже фала што се чуваше за мене ?-не би рекла. Потполно го сваќам дечкото те сака,убаво му е со тебе,сака да води љубов со тебе што е грешно тука? Мој совет ти е под итно да ја раскинеш врскава во која се наоѓаш и да не се измачуваш ни ти ниту пак особата кој според тоа што го кажа не заслужува да живее во лага.Остави го да си ја најде среќата. А бившиот...ако навистина се сакате не знам што чекаш,дај си уште една шанса и овој пат опушти се и уживај во врската баш како што треба,не можеш да знаеш дали ќе биде тоа правилен избор ако не искусиш
мој совет ти е прво расчисти си со сегашниот, оти замислисе ти на негово место, некој да сакаш, а тој со тебе да е само од жал па не е баш убаво.а 2-ро ако толку си го сакала бившиот шо си трчала друг да фаќаш и така велиш дека него само му пишеле, а не дека фатил друга. во секој случај пробај си ја среќата и објасни му зошто си фатила друг, дека се каеш и сл. па можи ќе се смириш. среќно
Вака еве еден мој совет.Остави го бифшиот,гледај го оној со кој што си сега.Ако тој те сакал немало да раскинете и да ти биде бифш туку ќе сте биле заедно и ќе ти бил сегашен. Биди си со детето верувај со тек на време ќе го засакаш Започни од почеток,па можи детево повеќе те сака,и ќе имаш повеќе среќа со него Едно нека ти биде јасно Старо се више не носи (незнам како ја сваќаш реченицава,ама прочитај ја неколку пати и ќе ти биде појасно) позз до тебе
Мој совет ни со едниот ни со другиот... Бившиот ти е прочитана книга и да се смириш со него пак ќе биде истото нема ништо да се смени... А овој новиов ако не го сакаш, нема зошто да бидеш со него, вака само му даваш лажна надеж, подобро прекини и биди сама некој период. Ќе се појави некој трет со ќе те направи среќна
На твое место,не би се мачела себе си покрај некој кој не го сакам а тој е премногу заљубен во мене-бев во ИСТА СИТУАЦИЈА,недела дена раскината со дечко ми со кој бев 2 години,причината само не беше иста,јас наслушнување дека бил виден во кафич со некоја и оппп од инат со еден дечко кој беше премногу заљубен во мене иако знаеше дека имам дечко кој најмногу го сакам.Се бацив 3 пати со него се на се,од инат или од незнам ни јас сама што,за да се чувствувам подобро,но не ми беше подобро.Кога ќе ме допреше за рака,ми беше гадно,кога ќе ме фатеше за рака се плашев бившиот да не ме види..тоа беше пекол кој траеше пола година,на никој не му го препорачувам.Срцето не ти е слободно за да се вљубиш колку и да е сегашниот дечко фин,нежен,прекрасен,бидејќи и тој што беше со мене ме чуваше како капка вода на дланка,му кажав дека го сакам другиот а тој пола година се газеше себеси и беше со мене знаејќи дека можеби ќе добие еден бакнеж од мене,а може и не за цел тој период но дека јас во очите ќе ја немам љубовта за него..Се трудеше да ме освои,но на крај се повлече,така беше најдобро. Ако ти е убаво со него,ако е добро друштво за тебе нека биде до тебе,но кажи му што чувствуваш,да не те форсира и да те остави емоциите сами да ти се средат.После тазе раскинување,неможе ништо да се развие меѓу двајцата бидејќи мора да го преболиш.А ВРАЌАЊЕ НА БИВШИОТ СПОРЕД МЕНЕ-НИКАКО.Поздрав.
Уште нешто-ИНСПИРИРАНА ОД ЕДЕН КОМЕНТАР ПОГОРЕ МОРАМ ДА ТИ ПРУЖАМ ПОДДРШКА,ИМА ПРИЧИНА ШТО ТИ НЕ СИ ПОДГОТВЕНА ДА БИДЕШ ИНТИМНА СО НЕГО,ИМАШ ИЛЈАДА БРАВО ОД МЕНЕ ШТО СИ ДОСТОЈНА НА СВОИТЕ ПРИНЦИПИ И НЕ ПРАВИШ НЕШТО БИДЕЈЌИ ТАКА ТРЕБА И СЛИЧНО. ДА СИ ЧУВСТВУВАЛА БЛИСКОСТ И ДОВЕРБА ВО НЕГО,ЌЕ СИ БИЛА ИНТИМНА-ТОА Е НАЈУБАВОТО НЕШТО НА СВЕТОТ,НО САМО ТОГАШ КОГА ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАШ ПОДГОТВЕНА ДА ГО ВКУСИШ. А АКО ТОЈ ТЕ САКА ВИСТИНСКИ,НЕ БИ ТЕ ФОРСИРАЛ-ИСТОТО БЕШЕ И КАЈ МЕНЕ,И ЈАС КО ТЕБЕ,СО ПРИНЦИПИ И ВОСПИТУВАЊЕ НЕМОЖЕВ ДА БИДАМ ИНТИМНА СЕ ДОДЕКА НЕ ГО ПОЧУВСТВУВАВ БЛИЗОК.МИ ТРЕБАШЕ ДОСТА ВРЕМЕ А МИ БЕШЕ МИЛО ШТО МЕ ПОЧИТУВАШЕ,ИМАШЕ МАКИ НО СИ НАОЃАШЕ НАЧИН ДА ГИ СРЕДИ И ИСКОНТРОЛИРА СЕ БИДЕЈЌИ МЕ САКАШЕ И МИ КАЖА ДЕКА КОГА ЌЕ БИДАМ СПРЕМНА ТОГАШ ЌЕ ВОДИМЕ ЉУБОВ. Модератор: Користете големи букви само доколку сакате да потенцирате нешто.
ми треба ваше мислење бидејки јас веке незнам што да правам..... во врска сум веке 1 ипол година се беше во ред се до моментот кога јас го изневерив сегашниот со бившиот во кој бев во врска 5 години. И од тој момент се се смени и имам премногу измешани чувства. Скоро секој ден сум во контакт со бившиот ми кажува како сака да сме заедно ми зборува за иднината и се некој такви работи кој ме креваат во облаци. И тоа ме тера пак да се заљубам во него. Да сте вие на мое место што би направиле во ваа ситуација?
Vrajkanje na bivsi nikako Sega kaj vas stom e takva situacijata vrati mu se na bivsiot poarno e, taka samo ke se izmacuvas I sebe a I nepravedno se odnesuvas kon segasniot.
Штом си го изневерила значи дека не го сакаш сегашниот....раскини му со време и после прави што сакаш, ако сакаш врати се кај бившиот или кај друг бивши или кај трет бивши битно кажи му на сегашниот да си брка работа а не да губи време со тебе
И јас се наоѓав на ваквата ситуација не знам дали си ми ги читала моите постови а.. но би ти дала најдобар совет кај бифшите враќање нема едноставно ако се вратиш кај бифшиот истото ќе ти биде како да си читала иста книга а го знаеш крајоот... Остави го бифшиот тој да беше за тебе сега немаше да е така нарекуван бивши туку ке бевте еднен совршен пар ... не се впуштај на нивото на бифшиот сигурно гледа дека си среќна со негоо сега за сега само прекини ги сите контакти со него и продолжи си со новата врска и ќе видиш дека со тек на време ќе го засакаш само на Времеето дај му времее... и остави бифшите нека си останаат во минатото од твојот живот .. !
Ако еднаш си раскинала со бившиот зошто сакаш да си во контакт со него. Јас никогаш не би се враќала на некоја пропадната врска. Немој да контактираш со бившиот, повеќе внимание посветувај си на сегашниот дечко Ако врската еднаш пропаднала сигурно дека и вториот пат ќе пропадне
Треба самата убаво да размислиш за ова.. Јас на твое место би раскинала со сегашниот, одредено време би била сама, можеби би излегла да разговарам со бившиот, но нема веднаш да се смирам. Твоја грешка е што веднаш си се препуштила на друга врска, но не те обвинувам, знам дека во такви моменти не можеш да размислуваш нормално поради љубомората Ова што го правиш сега е нефер однесување кон тој што те сака и се надева на иднина со тебе, подобро да раскините кога не го сакаш. А за бившиот ќе видиш со тек на време. Прво види дали ќе биде упорен или брзо ќе се откажи. Ако инсистира да бидете заедно и ако ти го сакаш тоа и ти недостасува времето кое сте го поминале заедно, значи вреди да му се вратиш. Размисли си убаво, јас стегам палци да испадне се во ред Поздрав!
Оф проблемот е во тоа што јас и он се разделивме без никаква кавга туку се беше судбина со далечина. Разделени сме веке 4 години а во тие 4 години се имаме видено некој 10 пати со рок во трање од месец дена кој биле преубави.... едноставно не можевме а да не се видиме. И сега судбината не врака на ист пат повторно и тоа е тоа што ме мачи и незнам како да направам како да постапам. а сега веке далечината не прави проблеми си ги оставривме целите кој ги имавме замислено...
Па ако не го сакаш тој што си сега и ако тооолку многу мечтаеш за тој бившиот пробај пак, само внимавај да не се каеш
Ќе кажам моја случка како пример во ваква ситуација во најкратка верзија... Со бившиот со кој сум веќе скарана 7 месеци одевме 4 и пол години,многу работи се случија и убави и неубави но работите некои кои му ги простив ќе ми бидат животна лекција како грешки кои ги направив,пред него бев во врска 2 и пол години лудо вљубена се разделивме поради што живеевме во различни градови и љубомората беше голема пропратена со некои работи кој јас одлучив да не ги простам,и продолжив понатаму ама длабоко во мене за него останаја некои чуства ги закопав и со овај другиот продолжив... Ме бараше детето ме молеше да се смириме да прифатив му реков јас имам друг и крај требаше порано да се бориш за мене не се откажваше па морав да го избришам и блокирам од секаде... Ок јас продолжив ама тогашната врска во 3тата година не одеше баш најдобро (причините да не ги објаснувам),и во тој период ме побара бившиот на фб незнам зошто ама мн се израдвав и му вратив,тогашната врска беше како на пауза па со бившиот продолжив да контактирам знаете што?ми се врати насмевката на лицето,почна и да се јавува и све,ме молеше да се видиме и за влакно тоа не бидна, и не не беше работата за секс туку за да бидиме повторно заедно,но тогашниот дечко и тој бараше простување дека некои работи нема да се пофторат ова она,и на крај попуштив и се вратив со него,а бившиот го извисив во оследен момент,во моментот ок ми беше ама по неколку дена се чуствував ужасно и се прашував правилната одлука дали ја донесов...Помина тоа овај почнува да си се враќа на старите навики,а сепак бившиот пак ме бараше и бевме на некоја пријателска база,и сватив дека тоа не оди така и несакав да повредам никој,ги прекинав повторно контактите со бившиот со тешко срце... И што се случи дами и господа,останав со човек во врска каде што претходно со негови постапки ја имав изгубено довербата во него а сепак му простував и останав со него давав можам да речам 100% во врската иако длабоко во мене не бев вистински среќна бидејќи бев повредена неколку пати,и за што за на крај да бидам изневерена (а можи и порано бев а незнаев),бившиот тотално се откажа од мене и си фати женска нормално и му посакувам све најубаво но тогаш плачев неколку дена од што ми беше тешко,иако не бев скарана со тогашниот дечко јас бев скршена на некој начин,останав со едно ѓубре слободно можам така да го наречам и ја направив најголемата грешка...Затоа размисли и не ја прави мојата грешка. Сега некој ќе речи да требало да биде ќе беше ама мислам дека не е секогаш само судбината во прашање туку и нашите одлуки...
Буквално те разбирам за се јас мислам дека живеам за тој момент кога ке ми пише, кога ке ми се јави да ме праша само што правам не можам да го опишам тоа чувство. Со него ми била првата врска, првата љубов едноставно се што беше прво беше со него. уште кога се разделивме кажав на другарки дека никој нема да можам да го сакам како него што сум го сакала и еве сега пак се појавува во мојот живот а со сегашниот не го осеќам тоа што беше .. сепак сами си ја правиме судбината се надевам ке донесам правилна одлука....фала
Сегашниот, зошто некој работи не се менуваат никогаш колку и некој да ве убедува дека се сменил. Секој втор обид за успевање и сапсување на врската која веќе тоне е тежок според мене, после одредено разочарување и чувствата се делумно избледени не се со ист интензитет на јачина. И не се сложувам дека секогаш треба да се слуша срцето, тоа е потикнато од емоциите кои ги осеќаме и може не се најправилниот избор.
Јас бев во слична ситѕација од твојата. И бев во дилема што да направам. но сепак на крајот се одлучив да останам со дечко ми. а бившиот да го ставан настрана зосшто сепак ако вредел немало да биди бифши. полесно е некој да те сака и да те гледа како капка во дланка. А од друга страна незнаеш и тој како ќе се понаша со тебе што ако после 1 месец те остави, и му била целта да те искористи. мој совет се што било остави го во минатото гледај напред и продожи како и до сега со сегашниот! поздрав