Se razdelivme so poranesniot decko no posle nekoe vreme toj pak pocna da mi pisuva ,da kontaktirame no ne saka vo javnost tuku samo na vecer i nikoj da ne ne vidi ,a I toj ne sum slusnala da ima nekoja dolgo vreme, sto mislite se cusvstuvaam na nekoj nacin ponizena
Не си слушнала пошо можеби и со нив се гледа само навечер. Нареден чекор да блокираш, да си научиш лекција и да се цениш себе си
Само едно ќе ти кажам, бегај од таквите личности во животот, освен ако и ти не сакаш нешто 'тајно' и имате и двајцата сериозни и дебели причини за тоа.
Немам причини за тајност јас,премногу сум разочарана не знам што се случува имавме супер врска и наеднаш се се сврте наопаку премногу сум повредена и понижена!
Нема зошто ти да бидеш понижена и така да се чувствуваш. Очигледно не си ти таа која е проблемот. Да си била ти проблемот, немало ни да продужи он било какава комуникација. А ако немаш, како што кажа, причини за нештото да биде во тајност, тогаш, стави крај. Луѓето сколни и со историја на криење и тајни врски, се луѓе во кои никогаш не смееш да имаш доверба, па колку и да имаш емоции кон нив. Не си се лажи, не анализирај, може да дојдеш до уште поболни вистини, затоа батали и иди даље.
Zdravo na site. Mi treba sovet od nekoj od strana, oti nema so koj da razgovaram na ovaa tema od moite bliski… Na kratko, so bivsiot bevme 3 godini zaedno vo koi bevme epten povrzani, celo vreme zaedno. Veke 7 godini sme raskinati od koi prvata bevme vo kontakt, potoa jas se preseliv vo stranstvo i nitu ednas povtorno se nemame nitu slucajno sretnatno, ni nisto. Ne se razdelivme skarani, tuku se oddalecivme ferski od dvete strani. Bevme mn. bliski familijarno i slusnav vest deka eden clen od negovata familija pocinal so koj isto taka bev bliska dodeka bevme zaedno. Vesta me mnogu potrese zatoa sto imav golema pocit sprema licnosta, i cela nedela ne mozam da spijam i funkcioniram normalno.. na moment sakam da mu pisam, da se olesnam i da mu izrazam socustvo, no neznam dali e pravilna odlukata.. imam grutka vo srceto. Od edna strana si velam, ne znam kakvo mislenje ima sega za mene i da ne mu otvaram pogolema rana vo ovoj tezok period, od druga strana ne bi trebalo da me sfati pogresno zatoa sto ne zaboravil sigurno kolku ja sakav taa licnost. Eve ne znam sto da pravam… ke poludam denovive…
Немаш потреба да пишуваш. Остави го минатото и минатото. Не знаеш како ќе сфати а можеби па и нема ни да му значи после толку време.
Пиши му и изрази сочувство. Ништо не губиш, покажуваш дека си доблесно човечко суштество и дека не си заглавена и фиксирана на негативните настани од минатото. За тоа треба храброст и доблест. Не го гледам ни како слабост ниту пак како нешто погрешно, ни пак како потреба повторно да се разгори стариот оган, едноставно е сочувство на многу елементарно човечко ниво. Јас сум бил во слична ситуација, но, немав храброст. Ако ти имаш, go for it. Не мислам дека одеднаш целото минато ќе се „врати“, поминало време, само твојата човечност останала или се надградила..И ако е малку барем зрел човек и тој ќе разбере. Во секој случај, не мислам дека ТИ лично нешто би изгубила или би направила погрешно.