@BrokenWings16 Не заслужува да му вратиш на пораката, а не па да му ги откриваш чувствата. Не се понижувај. Не те сака. Да те сакал немало да ти раскине.
Ми е страв дека пак ќе те повреди баш поради тоа што знае дека уште имаш чувства. Само одолговлекуваш вака, гледај брзо да се опоравиш и не се навраќај на минатото.
Ќе му речам дека ме заболе онааа ствар за него И капак...Иако е тешко, ама доста тагував сега глуми загрижен..
Дечкото стварно е загрижен и тоа автоматски не значи дека сака да се смири со тебе, него се поставил најчовечки. И мене да ми кажат дека му се случило нешто (не Дај Боже) на мој бивши ќе се загрижам без разлика што сме раскрстиле и тоа не значи дека сакам да се смириме или го сакам, туку општа култура
@BrokenWings16 Дај повеќе детали околу раскинувањето, зошто сте раскинале, со што те повредил толку нормално ако сакаш за да знам да ти дадам совет.
2 месеци го плачеш овој што си го молела да се смирите и што немал чувства за тебе? Сега случајно ја сретнал другарка ти и дознал, па ти пишал од култура. Да не се сретнеле, немал ни да ти пише. Уште еднаш ќе му се отвараш, а веќе еднаш тоа си го направила. Душо, најди си занимација или некое хоби не си ги троши нервите. За неколку години пресмешно ќе ти биде ова.
3 месеци не можам никако да дојдам у нормала...Он ми беше како прва љубов, до сега само мувачи, и не било тоа тоа било ладење..Ова почна вистински, се грижеше за мене, пред сите ме гушкаше, секоа вечер заедно, неговите дознаа за мене и моите за него и на крај ништо..Јесте дека он е дете, у разлика за мене ја сум постара година и неколку месеци а уште малку сум полнолетна..Мислев ако е мал ќе ме сака повеќе, ќе се врземе заедно, ама ете што бидна..Може и далечината е крива..Или па до него е..Ама јас стварно го сакам, не можам да го заборавам..Он ми беше и брат и другар..Посакувам да му се отворам, али ист си е не се менува, и на почеток нејќеше врска, далечина било, па посака па пак ме остави
Во ред е. Јас те разбирам дека ти е тешко, сте раскинале и ќе треба време за да го преболиш. Муабетот ми е дека треба да се соочиш дека сте раскинале и да престанеш да се надеваш. Да престанеш да размислуваш дека има надеж. Освен депресија, од оваа ситуација ништо друго нема да излезе. Многу си млада, ќе имаш уште многу врски во животот. Се ти бил и брат и другар, пред него сама беше во животов? Другарки немаш? Некој да те посоветува? Да види дека плачеш? Родител да те посоветува? Во животот мора да научиш да се кренеш кога ќе паднеш. Постојат многу полоши работи од тоа да ти раскине дечко, верувај ми.
Уште колку пати ќе прашуваш за истиов дечко како да го вратиш? Уште колку пати ќе прашуваш тука за совети и нема да применуваш ниту еден? Каков совет сакаш да ти дадеме кога ти си решена да се понижуваш и да молиш за љубов? Можеби тој е дете по години, ама очигледно многу позрел од тебе. Сфатил дека врска на далечина тешко функционира и дека не ви се годините за такво нешто. Ти кажал јасно и гласно уште на почеток не сака врска, можеби не му се допаѓаш колку што ти си мислиш, можеби немате никакви сличности иако ти во глава си правиш филмови дека сте совршени за заедно, можеби не се чувствува подготвен за нешто посериозно од мување, можеби има друга со која сака да биде. Која и да е причината, тој бил доволно фер да ти каже дека НЕ САКА да биде со тебе. Ти тука упорно па упорно, ама како да го задржам? Врзи го ако не, така најсигурно ќе остане со тебе. Си плачела 3 месеци? Океј, сите сме плачеле после прва врска. Јасно дека ти изгледа како најстрашното нешто сега, ама поминува. Но ако продолжиш да одолговлекуваш целосно прекинување на комуникацијата, ќе трае подолго. Сега се загрижил океј, ете нека му пренесе порака другарка ти дека си добро. Немаш потреба ти да стапуваш во контакт со него, за твој бенефит. Тапшање по рамо дека е во ред да го молиш, тука нема да добиеш. Советите тука се за тебе да ти биде подобро. Дали ќе послушаш, ти си знаеш. Ама во иднина ако немаш намера да слушаш ниту еден совет, воопшто не пишувај.
Така и ќе постапам фала од се срце...Амааа на братучетка му викал декааа сеуште ме сака, ама џабе да ме сакаше ќе ми пишуваше.. Тоа ее не се борам веќе за ништо..Он ми рече да бидеме и другари, ама не би можела...И мислам дека не беше Фер со мене..Прво ми ветуваше се и сешто кога бевме у врска, дека премногу ме сака, загрижен за мене, ии на крај ми раскина, да си најдам друг, немал чуства ни чуства а знаеше дека кога замина мн плачев и секој ден без него ми е дно не може да ми испадне од мисли, солзите сами течат...Сепак ако не сум му доволно привлечна не требало да ме лаже...Јас сум многу емотивна, и лесно се врзувам тоа. е се...
Дали плачењето треба да биде причина некој да остане со тебе? Не можеш да очекуваш дека сите во животот ќе се грижат за ти да не си повредена. Да, од една страна ти предизвикал болка со тоа што ти раскинал, ама од друга испаднал многу фер. Во денешно време повеќето само ќе се заебаваат со тебе кога ќе се слободни, додека зад грб ќе оди со други девојки, а ти ќе се мислиш зошто повремено се однесува кон тебе како да те сака, а друг пат оладува. Раскинувањето не може да е лесно. Но бил доволно човек да ти каже дека не сте за заедно.
Он ми викаше како јас сум била многу секси, не знам што прекрасна се фалеше со мене на сите, можеби и само сакал да му дадам си рекол поголема. еод мене, среќа такво нешто немаше..Али боље би сфатела да рече не ми се допаѓаш отколку лажна надеж..Тоа е ќе се дигнам на нозе, и изборам знам дека ќе се врати некад ама ќе биде касно..
@BrokenWings16 Си ми пишала ЛП, но ќе напишам овде мислење. Прво да ти кажам - се' поминува и времето лечи се', и да не лечи едноставно и да сакаш после одреден период не ни можеш да се сетиш на некои работи и поединости од она што те боли. А особено кога се работи за вакви работи, плус и на твоја возраст. Еве, јас ќе ти кажам кога бев средно колку пропаднати кратки врски имав и guess what, на секоја мислев дека е крај на светот, дека тој некој бил најдобар на светот, дека наредниот нема да биде подобар од него, нема да биде истиот. Ама, знаеш што? Не е крај на светот. Кога имав 17 години (ете како тебе нешто) ја доживеав првата "вистинска" љубов, типот ми направи ептен психопатска работа, и јас плачев и патев и мислев дека нема утре, ама имаше. Знаеш со колку момци сум била после него, и подобри и полоши ехее. Јас и до ден денес се сеќавам на таа љубов, го паметам до негде чувството што го имав со него, но емоциите за него како личност секако не се тука. Конкретно за твојава ситуација, гледај да не си поставуваш милион прашања, ама зошто он се однесуваше вака а сега онака зошто никогаш нема да ги добиеш тие одговори и само ќе се измачуваш. Тоа што ти пишал верувам дека било чисто човечки, од култура, и ако веќе до сега не си му вратила веќе нема ни смисла да му враќаш. А и да му вратиш, нека биде тоа само: Фала ти на загриженоста, но сега сум добра. Ако се обиде да ти иницира некој муабет, пресечи го и кажи му дека сметаш дека немате повеќе за што да разговарате. Така ќе бидеш јака и над ситуацијата, нема да се омаловажуваш сама себе молејќи го. Да беше друга ситуацијата, други причините за раскинувањето, да не ти се однесувал дечкото онака како што ти се однесувал при разделбата, можеби ќе ти дадев друг совет, и да пишеш и да разговарате пак, но вака не.
@BrokenWings16 Те разбирам, млади сте и двајцата. Ама најдобронамерен совет - место на плачење, фокусирај се на себе. Прави работи што те исполнуваат и работи на самодовербата, штом си била многу љубоморна. Љубомората не е знак на љубов, туку рецепт за гушење и убивање на врска.
Па почна да се грижи да не сум се понашала така, како да сум умрела сум можела, зошто сум се онесвестила..Ако сум имала проблем да разговарам со тој што имам .И не издржав реков да со тебе имам и се му се искажав сеуште не видел дали добро направив??