@BrokenWings16 Ох бе девојче... Види, да не се правам паметна и јас сум го направила истото, не сум можела да додржам да си се изнакажам на некој што ми значи и ме повредил, но на крај на ден сум сфатила дека сум се омаловажила себе. Едно е еднаш да му пишеш и да му се искажеш се што ти лежи на срце, ама не сто пати така си само смешна и досадна во неговите очи. Требаше да си бидеш воздржана во овој случај, и сега кога ќе ти врати пробај некако да ја свртиш ситуацијата во своја корист колку што можеш и да прекратиш со муабетот и не му пишувај веќе. Фокусирај си се на себе, учи си, гледај се со другарки, вежбај дома, едноставно исполни си го времето со други нешта.
Ова е најмалку што требаше да направиш. И се смиривте? Ти кажа дека те сака и едвај чекал да бидете заедно?
Па избегнав од ситуацијава, ко демек не ми треба за врска, за онака ми еА и реално после тоа што ми го кажа оладив скроз мртва ладна сум
@BrokenWings16 кога јас бев на твоја возраст, па и помала, имав еден симпатија, ама тој ги немаше истите чувства што јас ги имав кон него. Колку сум се потресувала, сум плачела и не знам што сум правела. Тоа траеше прилично долго, арно ама одеднаш ми помина тоа чувство. Млада си, животот е пред тебе. Ехее, јас во февруари 22 ќе полнам, па сè уште немам дечко. И да, не треба да му се враќаш. Ако еднаш те повредил, пак ќе те повреди. Бившите се бивши со причина. Треба да почнеш ново поглавје, а не можеш да почнеш ако му се враќаш на старото.
Никогаш не би се вратила со бивши. Завршило со причина. Нема потреба пак да се враќаме. Не, фала. Секој може да се преболи. Само треба време. Ќе дојде ден кога ќе е сеедно. И мене првите три месеци ми беа ко не можам без него. Сега послободно не сум се осеќала. @BrokenAngel97
Е вака дечки затоа што мислам поради далечината не успеавме, и на почеток на врската бевме Friends with benefits И одлучивме за тоа само....Може ќе ме карате ама тоа е..Битно изгубив чуства и ми се покачи желбата за со него онака..
Јас сум емотивна како нејзе многу и многу добро знам што значи да те водат чувствата и да пробаш да си олесниш себе си. Да,јас кога раскинував си пишував реферати да си олеснам,а од кога ќе си олеснев продолжував понатака и некако така научив да ги потиснувам чувствата и многу ретко да ги искажам затоа што ако ме понесат можам да ме контролираат. Тоа е опасна зона затоа што знаат да ги преминат границите и да доведат до депресија. Лошото е што сама ако не се избориш истите уште подлабоко ќе заглавиш. Затоа колку и да велите дека “ти не направи добро” некому многу значи тоа олеснување. После тоа може да се изгради во уште појака личност, да ги гази предизвиците,да знае да процени. Затоа @BrokenWings16 ти воопшто не си оладена,ти уште гориш по него,да ти пише, да те побара прва ќе отрчаш затоа што ти сеуште го сакаш. Ти сега си во една фаза во која се бориш против чувствата, да ти е полесно и се што ќе ти каже тој контра го користиш ко оружје да се избориш со твоите емоции и да го заборавиш. Кога една особа ќе ти каже дека не те сака послушај го, научи да не ги искажуваш своите чувства на машко. Научи да процениш кој го заслужува твоето срце, тоа е долга стаза низ која мораш да поминеш. Емотивната личност пати долго време а зад “скроз оладена сум” се крие длабока горчина. Тебе уште ти стои грутката во грло што посакуваш да ја голтнеш и ќе ти стои уште долго се додека ти затреперува срцето за него. Дај си време за себе,тоа е многу важно во спротивно можеш да настрадаш од сопствените чувства.
Ова веќе е друг муабет. Ти 3мес плачеше и ти се изгубија чувствата преку ноќ? Или целава поента на твојот муабет е дека ти фалеше за "онака"? Има разлика во сакање и потребата за некој за "онака"... Зошто ние мислевме дека испаднал селјак па баравме начини да те утешиме али ок. Како мислиш терај штом не го сакаш веќе.
Мојот проблем е можам да речам голем...Од кај да почнам.. Веќе сум верена и имам бебенце, дали поради постпородилната депресија или нешто друго влијае, јас неможам од глава да го извадам бившиот со кој завршивме пред 9 години. Незнам што ми се случува, ќе збудалам... Иако веќе и двајцата имаме фамилија јас понекогаш помислувам на него, тоа не ми се случуваше досега... што да правам нзн. Сакајте критикувајте ме, сакате правете ме немајка, јас морав да се искажам некаде..
Не си сама.Два пати се породив и два пати ми се враќаа некои спомени пред 10год ако не и повеќе,дури се чудев како е можно да се сеќавам на некои луѓе и моменти што ми се случувале после толку време.Дека се породив царски викам анестезијата ме удрила во глава ќе помине со тек на време не се секирај
Јас мислев дека само јас сум така и дека полудувам полека добро е има надеж и за мене. Ајде што мислам на него, па и се кривам себеси што завршило. Ајде нека помине оти веќе небива вака. Ваљда е нормално..којзнае.
јас со мојот бивши сум од исто место и постојано ме гледа се додека не си заминам и кога поминувам помрај него дури и не трепка ме гледа буквално ме зјапа ко да не ме видел и премногу ми е глупо пред некој ден одев на дуќан и стое така се додека не влегов дома ме зјапа боже сачувај е дали ме нема преболено уште.... бруки...
Раскинсвме поради тоа што многу лошо ја навредив неговата фамилија. Иако бев во право сепак ги одбра нив што донекаде можам да разберам, но сега повторно ме бара. Ваше мислење за ова
Ако сега ги одбрал нив до крајот на животот ќе ги одбира нив на прво место а ти во позадина. Ако сакаш таков живот врати му се и прости му, ама јас не познавам девојка која сака дечко и да ја става на второ, трето, последно место. Не се потценувај, ќе си најдеш подобар на кого нема да му биде проблем да те избере тебе наместо семејството.