1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бивши на другарка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Stojanovska456, 20 јануари 2013.

  1. Stojanovska456

    Stojanovska456 Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не ми се веруваа... се заљубив во бивши на моја другарка.. незнам како се случи.. за нова година бевме заедно се запознавме и така испадна се, се мував и со него .. другарка ми незнае, никој незнае, само јас и он .. незнам штод а правам .. незнам како дозволив да се случи тоа, ама знам дека не беше до мене.. многу ми е тешко, ама веќе нема назад...
     
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Е ако де не уби човек :!: , Нечиј бивши, на друг може да биди богатство ;) Грешки сме луѓе прајме.. :rofl: Кажи и само да не испадни апла, ако сметаш дека ќе продолжи понатаму нешто. 8)
     
  3. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Колку сте блиски со таа другарка ?
    Ако сте поблиски разговарај си неа и објасни и ја ситуацијата. Во секој случај е подобро да дознае од тебе отколку од други..

    Ако сте што се вика другарка од другарка на другарка, не мисли многу и уживај си со него..
     
    На dorina31 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    па најдобро е да и признаеш на другарка ти и мислам нема ти се љути ако тој бивш сега ништо не и значи.сепак ке испаднеш предавник во нејзини очи ако ти лично не и речеш :!:
     
  5. rhapsodia

    rhapsodia Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Јас сум моментално во врска со на најдобрата другарка бившиот :lol: Нејзи не и пречи, фала Богу. Да и пречеше сигурно не би била со него. Не се откажувам од другарка заради машко :!:
     
  6. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    Па ако ти е многу блиска другарка кажи и вака се деси бла бла..сигурно ќе прифати. Неможе само она да оди со него. :!:
     
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Па ако ти е блиска другарка би требало да и кажеш што се случило меѓу вас.
    Не би требало да се лути...нели нејзе и е БИВШИ...освен ако сеуште не го сака :/ Не би требало да биде проблем.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    НИКОГАШ , АМА БАШ НИКОГАШ НЕ СЕ МУВАЈ, ФАЌАЈ,МАЖИ СО БИФШ ДЕЧКО, МУВАЧ, МАЖ НА ТВОЈА БЛИСКА ДРУГАРКА!!!! Ова е според мене непишано, златно правило има доволно мажи на светот , ама не доволно жени да бидат вистински пријателки. Затоа кажи и што побрзо или добро размисли каква иднина имаш со него. Дури не се мажам , семејството , кариерата, пријателите , па било кое машко, ко ќе се омажам, моето семејство, пошироко смејство,пријатели, кариера. :)
     
    На okcenzi, mjauculence, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Ништо страшно емоциите ве повеле па млади сте и сте поминале некој убав момент и да и кажеш на другаркати нема потреба да ти се лути тој е само бивши нели освен ако има сеуште емоции кон него и никаков грев не си напрвила тој е слободен исто така и ти не гледам проблем, но би имало проблем ако си се смувала со дечко кој е зафатен и и е дечко на другаркати во исто време тогаш има проблем,вака не.
     
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Има разлика од бивши до бивши, тој некој мој бивши доколку сум била јас во врска со него неколку месеци нема ни да ми пречи доколку утре моја другарка има нешто со него. Но со сегашниот мој доколку раскинам после речиси 4 години и јутре моја другарка да е со негоо абе нема шанси да дозволам. Јас да поминам толко години со тој човек па утре моја другарка да е со него како да нема доволно мажи во никој случај. Ке ја бришам од список на другарки :rofl:
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Златно правило-не чепкај по бившите на другарка,макар и подалечна.
    Конкретно јас не сум се најдела во таква ситуација,но се надевам ни дека не да се најдам.
    Ако моја другарка излегува со некој мој бивши,нема да ми биде драго.
    Најверојатно ако и јас изгегувам со некој нивн,и нив нема да им биде.
     
    На okcenzi и Goddest им се допаѓа ова.
  12. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    Јас лично не би отишла со бивши дечко на моја другарка, најнапред од почит. Но, секој нели различно размилува и има различни сфаќања за се, а и плус тоа не е крај на светот ако ти си била со него чисто онака. Најдобро е да позборуваш со нејзе, зошто сепак ти е другарка, а машко како машко баш го гајле дали се смувал со другарка на неговата бивша или некоја од таму некаде.
    И се согласувам со dushiche бидејќи ако моја другарка има нешто со мој бивши без разлика дали јас сум била со него 1 месец или 3 години ја бришам од список на другарки. Сепак има многу други, зошто ова излегува како да чекала одвај јас да раскинам со него за она да му се тутне во скут :)
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Не би одела со бившиот на другарками оти сакаме сосем различен тип на машки :)

    Но сепак и од почит не би одела, сепак сум практична во тој дел, можам да си ги контрилирам емоциите и не би правлела нешто што знам дека би ја повредило
    Колку толку но барем малку би и било непријатно да не види :^)
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Не знаев каде да пишам,моја дугарка најверојатно ќе се гледа со мој бивши

    Мојата ситуација е следна:

    Моја другарка со која не комуницирам многу често, си пишувала сега со мојот бивши, а тој ми ѕвони понекогаш и вели: ми пишува твоја другарка и не кажа која,помислив се зеза, и седеле цело женско друштво и другаркава рекла ќе оди кај него во Италија и таму нашла работа преку посредник иако биле далеку се договориле да се видат, но таа беше единствена што ми преговори: Еј не одите што се случи а тој е добар многу?, а таа да знае само каков скот е
    Една другарка ми вели кажи и да не се меша,а овој бившиот еднач сака да е со мене потоа не, но јас не сакам да се вратам со него,насилен е не е мој тип.
    И другаркава што си го пика носот почна на фб лајкува на бившиов а мене срциња-она реактед.

    Дали вие би пишале/комуницирале на другарката/бившиот?

    Ја никогаш нема да одам со некој на другарка макар да биле заедно и 3 месеца, мене ми нема логика тоа. Но тоа е мој став,гледам таа си има друг став за тоа :)
     
    Последна измена: 20 декември 2016
  15. Writersmind7

    Writersmind7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Офф ситуацијата ми е да седнеш и да плачеш..
    Значи вака..(имам 18 г) Таа(17) ми беше најдобра другарка од детство, пораснавме заедно, ама некако со време се оддалечивме и сега речиси и не се видуваме, еднаш во неколку месеци обично на родендени и сл, ама сепак порано бевме многу блиски, секој ден бевме заедно. Таа одеше со еден дечко (18 ) кој сега ми е школски, го сакаше долго време, прво беа другари (така и го запознав, на едно излегување) и на крај се фатија ама одеа многу кратко, бидејки и тој и таа одеа со други, не беа сериозни, иако таа го сакаше, за него не знам. Тоа беше пред околу 4 години. Сега тој ми е школски и на екскурзијата што е во трета ми се додворуваше.. Тоа е пак посебна приказна. Тој инаку е женскар, има излегувано со многу и не му е грижа за девојки, ама со мене се однесува поинаку. Значи навистина поинаку, се гледа дури и во зборењето кога збори со мене некако несигурно, како да има трема, со други девојки е поопуштен, со мене некако пази како се однесува што ке каже, несигурно некако што е навистина необично за некој како него.. И тоа веке повеќе од година, се труди да ми пријде, ми дава знаци, ама јас се трудев да се држам настрана и се однесував ладно и незаинтересирано. Проблемот е што.. неможам повеќе, секој ден се повеќе и повеќе ми се допаѓа и неможам да се држам настрана од него уште долго, а ми се чини дека тој само тоа и го чека, изгледа е доста сериозно од негова страна. А и од моја полека почнува да станува.. И се ќе беше добро да не беше она во минатото, таа доста долго време го сакаше, после него имаше повеќе врски, скоро излезе од една ептен сериозна(заради љубомора), и многу време помина од тогаш ама незнам... Од една страна, тоа беше одамна, и двајцата продожија понатаму, таа не го спомнуваше од тогаш и еднаш во еден разговор имаше таа самата кажано дека е нормално да ни се поклопуваат момчињата понекогаш, бидејки е мал градот и ги има малку. Од друга страна, можеби уште чувствуваат нешто еден спрема друг, останале другари, пред некој ден тој и коментираше на слика, и сега незнам.. Дури и да е се сосема готово меѓу нив, мене пак ќе ми биде непријатно ако еден ден се уозбилиме со него и се сретнеме тројцата на едно место( а тоа секако ќе се случи, матурската ми се ближи), и иако не сме блиски со неа сега, сепак пораснавме заедно, знаеме речиси се една за друга, делевме се, буквално. Бев одлучна дека ќе се држам настрана, така немаше да има проблеми, ама неможам бе да му се сневиди. Нешто неверојатно многу ме привлекува кај него, и не е само неодоливиот изглед. А стравот дека барем еден од нив сеуште чувствува нешто за другиот неможам да го игнорирам.. Како плус е и ситуацијата дека морам секојдневно да го гледам и тоа ќе ме полуди. Незнам, ама навистина незнам што би требало да правам. Секогаш кога тој ќе ми пријде јас изреагирувам незаинтересирано, а потоа премногу се каам што не сум возвратила. Ќе полудам. Ве молаам дајте некој совет или барем мислење, што би направиле, што да праваам??
     
    Последна измена: 12 февруари 2017
  16. Writersmind7

    Writersmind7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Може и во чат, само дајте помагајте некако..
     
  17. Nora♡

    Nora♡ Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакаш да се заборават нема да може бидејќи веќе имале врска и секогаш ќе го има тој црв меѓу нив на привлечност.
    И таа да сака друг и тој друга , сепак мислите се тие и некогаш и да ја сретни на разминување несакајќи ќе се потсети што имал со неа.. мислам дека треба да се отргниш од него но сепак тоа е само мое мислење да не навлегувам во детали не би сакала да анализирам веќе да пишувам
     
  18. Writersmind7

    Writersmind7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Абе камо да можев, и јас си велев дека така е најдобро, ама неможам да си ги контролирам чувствата повеќе...
     
  19. charlotte_0000

    charlotte_0000 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    42
    Од толку машки, ко последен на свет да е..
    Не знам, јас многу не ги оправдувам овие ситуации, бидејќи се имам пронајдено во ваква ко другарка ти сега што е и да знаеш боли многу.
     
  20. Writersmind7

    Writersmind7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Знам, сум била и јас и знам колку боли.. Баш затоа и се трудам да се држам настрана.. Ама ете..
    Ви благодарам девојки на мислењето..