Болката полека ме уништува

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од palavoto.devojce, 12 февруари 2011.

  1. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    здраво девојќи долго време се мислев да ја отворам оваа тема зошто навистина ми треба помош од вас и сум сигурна дека ке ја добијам ...имав дечко со кој бев многу среќна имаме поминато многу убави моменти,секогаш бевме заедно и во добро и во лошо тој ми беше прв дечко по 1 година некаде се скаравме имавме проблеми во врската од страна на една моја бивша другарка која исто така беше многу затрескана во него но тој не и обрануваше внимание ...по неколку месеци ние повторно се смиривме се беше ок,но почнав да забележувам дека тој ги оладува односите спрема мене не е оној човек со кој јас одев и со кој делев се ...и така нашата врска заврши беше многу тешка разделба потоа тој мене ме молеше да се смириме но јас одговарав со не ...помина време тој си фати девојка јас си фатив дечко и така ние малку се одалечивме,и сега најтажното што ни нашата разделба не успеа да не одалечи еден од друг бевме блиски еден со друг си останавме другари....И така едно утро тргнав на училиште ме качи еден комшија и ме однесе до школото а по патот ја слушнав најлошата вест дека тој загинал во сообраќајна несреќа,после тоа ништо не се сеќавам,седнав во школскиот двор погледнав околу себе видов неколку личности со солзи во очите да не заборавам дека другарките беа со мене не знам што би правела без нив и си реков точно е тогаш загинал го нема повеке :( почнав да викам на цел глас мислејки дека ќе се врати, но за зал не успеав тоа да го направам ја немав таа сила да го вратам плачев со денови болката никој не ја знаеше срцево ми плачеше а јас неможам да го вратам тој анѓел ...сеуште не ми се верува секој ден пролевам солзи за него сега сваќам колку многу ми недостига колку ми значеше неговото присуство ...незнам како ке издражам но болката полека ме уништува незнам што да правам премногу ми е тешко ... :'(
     
  2. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Болката полека ме уништува !!!

    ;( ;( ;( Премногу ми е жал што ти се случило тоа, сигурно ни едни зборови не би можеле да те утешат... Јас исто така имам изгубено личност што ми значела премногу и од искуство можам да ти кажам дека единствено што можеш, е да си дадеш дадеш време. Времето најубаво ги лечи раните, и сега можеби ти изгледа ко да е крај на свет но верувај ми дека ке ти биде подобро со секој изминат ден. Нема да го заборавиш но ке научиш да живееш со тоа што тој повеќе не е тука, а јас сум сигурна дека од некаде те гледа и не би сакал да бидеш тажна... Времето ги лечи сите рани :hug:
     
    На lloovvee и palavoto.devojce им се допаѓа ова.
  3. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    Таму горе на небото од височините ме гледа сигурно...а јас гледајќи во небото ја барам најсветлата звезда и така со влажниот поглед гледајќи и разговарам со неа... ми останаа само сеќавањата да живеам со таа болка која неверувам дека некогаш ќе престане...секој ден поминувајќи до неговиот вечен дом јас му кажувам неколку зборови со кои си ја олеснувам душава а си ги полнам очите :(
     
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Болката полека ме уништува !!!

    Навистина е тажно :( , нормално дека ќе чувстуваш болка тоа бил човек што бил покрај тебе, али види немој да дозволиш да се "уништиш" и "удавиш" во солзи... свесна си, он повеќе не е тука и ти неможеш ништо да направиш околу тоа! Јас ќе ти кажам биди среќна што си имала поминато убави моменти со него, дека бил покрај тебе и во добро и во лошо, сеќавај се на убавите спомени и отфрли ги тие моменти кои и не биле најсовршени (како да не постоеле).. ТИ мораш да продолжиш понатака, секоја загуба на близок е многу тешка но немој да останеш сама со солзите, почни да правиш работи кои ќе те развеселат. Викаат времето лечи се... Биди храбра и сеќавај се како на убав спомен.
     
  5. Colors

    Colors Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Болката полека ме уништува !!!

    Жално е кога некој млад ќе се соочи со смртта, е девојче мое таа е крајна цел на секој живот, се она што некогаш сме замислувале дека им се случува само на непознати и стари луѓе, за жал се случува и на млади и тоа на почеток на животот.
    Секој ќе ти каже "жал ми е" и навистина им е жал но, никој не може да те разбере како навистина ти се чувствуваш и низ што поминуваш. Прочитав одиш кај него уште и се олеснуваш, твој избор ако така ти е полесно нема можеби ништо лошо во тоа. Ако навистина сте биле поврзани и блиски не зависно дали станува збор за интимна или пријателска врска твојата болка (ако има нешто после смртта, а полесно ни е да мислиме дека има) допира до него и нема потреба да одиш кај него, што има таму сега, само грст земја. Можеби ова ќе ти звучи сурово но, така е, одиме на вечните почивалишта да оддадеме почит со генерации наназад и речиси секоја култура тоа го практикува но, за нивен помен, не за наше олеснување. Тие што заминале не се враќаат, МОЖЕБИ Е ПОДОБРО ТАМУ, а и заслужуваат да бидат слободни од нашите земни болки, биди искрена кон самата себе, по што тагуваш, по неговиот пред време скратен живот или по празнината што ја оставило неговото отсуство.
    Исплачи се ако можеш да плачеш солзите и времето полека, полека ќе залекуваат дел по дел од раната, не очекувај да исчезне, секогаш ќе си ја имаш. Најди си начин да си олесниш сама на себе, читај, шетај, немој да се затвараш дома сама, тежок е отпечатокот што го остава смртта, а уште потешко е да продолжиш понатаму, кога тогаш ќе мораш. Пушти го и него да биде слободен и обиди се да си го најдеш својот пат без него, кривини, кратери, провалии, тука и таму рамнини и лединки за кои вреди да се живее.

    Поздрав, секој се обидува, а ретко кој успева навистина да живее ако нашите ограничени човечки умови умеат да го дефинираат животот
     
    На Diamond, 2409, Alanna и 3 други им се допаѓа ова.
  6. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    ви благодарам многу за подршката која ми ја давате многу ми знчат вашите зборови знам дека морам да се помирам со тој факт дека него повеке го нема ...дека ке живеам со убавите сеќавања од него среќна сум што сум била со него ...како што велиш таму сега има само грутка земја која создава немир но над таа грутка земја многу солзи паднале многу и ташка болка оставиле...како и да е ќе се потрудам да не мислам толку на тоа да заборавам верувајте неможам но ветувам дека ќе се исправам од тој пад што ненадајно ми дојде ,ме чекаат уште многу тешки денови морам да собирам сили,зошто јас одамна ги потрошив ...но ете ветувам дека лажнта насмевка ќе биде на лицето нека мислат лиѓето дека се сум заборавила ќе ги лажам сите околу мене освен еден дел од мене СРЦЕТО само тоа знае како сум сега јас што чуствувам ...но ке продолжам секој ден само тоа го зборувам имам семејство имам другарки кои ми значат многу ....да не беа тиа незнам што ке бидеше со мене ...има една нешто што можеби ке остане вечно во паркот близу црквата има многу дрва а на едно од нив ги има напишано наште ИМИЊА тој спомен останува со мене ...но него иако го нема знам дека од небото сега ме гледа ме пази аххх па можеби таму е и посреќен од овде кога би знаела дека е така можеби и мојта болка ке се намали,ќе бидам многу среќна кога еден ден пак ке се сретнеме и ке продолжиме таму кај што застанавме ...зошто сватив дека кога некој изгубиме тогаш сваќаме колку многу сме го скакале уште еднаш ви благодарам многу што одвоивте време за темава и ме утешивте малку, многу ми значи тоа бакнежиии
     
  7. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    Болката полека ме уништува !!!

    само почни нова книга во твојот живот....... исполни ја со радост и среќа.... старата книга ќе ти остане засекогаш во сеќавање но дали твојот ангел сака да страдаш? исполни си го животот со среќа сигурно и тој го сака тоа..... доживеј се што не успеал ТОЈ..... што и да ти кажам и јас и другите нема да ти помогне многу ти треба да бидеш јака и да сватиш дека животот продолжува понатаму а тие што се горе на небото не сакаат да им страдаат најблиските на земјата.... :( :( :(
     
    На budal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Болката полека ме уништува !!!

    Не дозволувај болката да те совлада.
    Сеќавај се на него кога таа ќе те нападне. Мисли на убаво поминатото време со него, на се што сте доживеале, на неговите зборови. Нека твоите спомени со него бидат штит со кој ќе се одбраниш од таа болка. Остави да си тече животот, ќе помине некое време - раните ќе се залечат, болката ќе стане минлива - нема да ти речам дека ќе заборавиш зошто тоа не се заборава, но спомените нема да си заминат. Ниту лошите ниту добрите. Пробај да живееш со тие поубавите и исплачи се. Не е лошо да плачеш. Така уште една доза болка излегува од твојата душа. :hai:
     
  9. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    ќе се потрудам да почнам нова книга ќе се потрудам да сменам многу работи ... болката можеби ќе биде со мене но сепак ќе знам дека се е залудно дека него повеке го нема како и да е животот продолжува како што рече тие од небото не сакаат да страдаат оние кои се доле ..така е се трудам да го задоволам од овде со НАСМЕВКАТА....да се сеќавам ќе се сеќавам секогаш не е лесно да се заборават такви работи но се што неможевме да доживееме заедно сега ке продолжиме по неколку време кога повторно некогаш и некде се сретнеме и ги размениме тие топли погледи и тие насмевќи ... за плачење незнам дали веке останаа солзи како и да е животот продолжува неможам да застанам и да талкам во место одам понатаму со времето одам понатаму со борабата со болката еден ден можеби се ке помине....ке го доживувам она што тој неможел имам многу за доживувања зошто тој многу остави на мене имаше проживеано само мал дел а оној поголемиот јас ќе го живеам за него со насмевка а тој нека гледа и нека се горедее со мене зошто знам дека каде и да е тој сепак мисли барем малку на мене ....
    ЗНАМ СЕ ЌЕ ПОМИНЕ И ДАЛЕЧНИ КЕ СМЕ И КЕ ОСТАНЕМЕ ДВАЈЦА ШТО СЕ САКАЛЕ !!! |(
     
  10. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    Болката полека ме уништува !!!

    Мила кога почнав да го читам напишаното верувај дека целата се наежив и се расплакав. Навистина тажно. Кога го губиме оној што навистина го сакаме оној кој ни значел многуе многу тешко и грозно, но сепак твојот живот мора да продолжи понатаму. Знам твојата болка е голема, твоите очи се полни со солзи исплачи се искажи се пред твоите блиски не се затворај во себе, биди силна преброди го најкризниот период во твојот живот затоа што мораш да продолжиш понатаму. Секој од нас мора да замине на неповратниот пат кога тогаш кој порано кој подоцна. :hug:
     
  11. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Болката полека ме уништува !!!

    И мене ме расплака, сега се е доцна нема што да сториш, сега ме потсети на еден другар, кој ми се додворуваше долго време а јас го одбивав заради другарките, потоа јас си фатив дечко тој повторно ми се јавуваше и после 6 месеци загина....
    Многу ми е жал за тоа што се случило, нема што да се направи, јас би сакала да постои некој направа со која би се враќало времето, но за жал не постои.
    Само немој да си мислиш кога би бил тој што би направила, така уште повеќе ќе се измачуваш самата себеси...
     
  12. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    ambasadorka навистина е тажно но овде се опфатени само најмалите нешта за него ...велиш да се искажам пред своите,тоа и го правев мојата сестра беше со мене кога мојот живот беше пропаднат плачевме заедно плачевме за болката која ја делиме и благодарам многу што таа ме исправи на нозе да продолжам нејзините зборови секогаш допираат до мене и сега е со мене и покрај нејзините семејни обврски секогаш наога време да ме ислуша и пак да плачеме заедно да не беше таа што ке бидеше со мене незнам ....кога ми беше најтешко другарките дојдоа кај мене дома зошто јас немав воља да излегувам ме тешеа тие бие во секој час со мене како да ги заборавам тие денови незнам како да им се одужам....

    Lovely: можам да замислам кога си ја слушнала таа грозна вест како си се чуствувала,ахх кој не би сакал да има таква направа,но за жал нема овде сме на овој свет гости неможеме да имаме се затоа мораме да одиме напред,времето нема да застане и нас да не чека да ја заборавиме болката тоа е невозможно ...тоа е животот !!!! Навистина ми е жал што вака ве расплакав од еден мал текст можете да го замилите доживувањто :hug: :hug: :hug:
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.929
    Допаѓања:
    6.399
    Пол:
    Женски
    Болката полека ме уништува !!!

    не го дочитав постот и солзички почнаа да ми паѓаат ;( од срце мн.ми е жал...
    не ја чувај болката во себе кога ти се плаче плачи кога ти се вика викај испразни све исфрли све од тебе кога ти е тешко нема ништо лошо да одеш и да поразговараш со него (ме разбираш) времето полека ќе почне да ги лечи твоите рани болката ќе се намалува со секој нов ден се раѓа нова надеж и за тебе ќе биде така времето ќе ти даде нова љубов нова среќа
    знаеш дека споменот негов засекогаш ќе остане во твоето срце и така треба но немој да дозволиш болката да те совлада и да те фрли во очај уште еднаш мн.ми е жал и кога ти е мн.тешко читајси ги овие совети од девојките верувам дека на некој начин ќе ти ја олеснеме болката...
     
  14. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    624
    Болката полека ме уништува !!!

    Кога почнав да го чита текстот се наежив и почнаја солзи да ми течат но тоа е тоа животот продолжува понатаму биди силна и преброди го овај најтежок перио од твојот живот со радос сеќавај се на спомените било да се лоши било да се добри .... забалагодари му се на господ што барем за момент ти дал таква прекрасна личнос како што бил тој.... кога ти се плачи исплачи се не ги чувај чуствата во себе ти посакувам од срце и понатаму да бидиш среќна и да го пребродиш овај најтежок период во твојот живот позз
     
  15. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    mime87: солзички кај мене често се но ги имаше и на срцето :( често разговарам со него некој можеби ке рече таа е луда но така е поминувајки таму му кажувам неколку зборови .... инаку секој ден како што велиш и не е ист на претходниот некои денови сум расположена а некои многу тажна моето распложение е променливо ...не би дозволила болката да ме совлада знам дека сум силна и дека ќе успеам ќе го издражам и ова ...морам да продолжам понатаму


    vlubena : секој ден се ежам кога нешто се наога да ме потесети на него,инаку многу сум среќна што сум била со него сум почуствувала топлина во неговите прегратки ахх леле но сега сето тоа е само дел од минатото како што кажав морам да се исправам да продолжам со животот и да барам човек со кој би можела сега оваа болка да ја споделам и нова среќа да изградам ...се трудам се да пребродам и знам дека ке успеам ...

    ВИ благодарам многу кога ги прочитам вашите совети се чуствувам за момент охрабрена и подготвена за да продолжам понатаму :hug: :hug: :hug: :hug: :*
     
  16. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    здраво девојќи еве ме мене повторно ,бидејќи денес е денот на вљубените сите на некој нешто подаруваат јас решив да подарам едно мало меченце на моето анѓелче Да денес бев таму му подарив со љубов едно мало нешто што за мене вреди многу,сликата малку ме потресе кога го видов неговиот лик кога виснав таму најблиску до него кога помислив дека тој е под мене многу се растажив ....затоа решив сето тоа да го споделам со вас ... многу ми беше тешко ... еве и тоа помина :(
     
  17. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Болката полека ме уништува !!!

    премногу тажно... :(
    за секоја работа човек може да најде зборови и дела што ќе го утешат...ама за ова...прашање е само време...не дека ќе го заборавиш, ти нема никогаш да го заборавиш времето поминато со него...сите дешавки, сите добри и лоши работи кои ти биле споделени со него, но ќе се научиш да живееш без него.Знам дека ти е тешко од самата помисла дека не постои веќе, ама биди среќна што си запознала таква личност како него, што бил присутен и дел од твојот живот, што те сакал и си го сакала, што ти бил се...ќе помине време и ќе се средиш ;) и ќе бидеш среќна што ти пружал моменти кои ќе си останат вечно со тебе
     
    На palavoto.devojce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Болката полека ме уништува !!!

    секако дека ќе бидам среќна знам дека после секој дожд се крие прекрасното сонце кое одвај го чекаме да изгрее и да не стопли ;) ШТО И ДА Е ЌЕ ПОМИНЕ !!! среќните мигови со тој човек никогаш нема да се заборават среќата што ја имаш споделено со некого тешко дека се заборава ...а уште и ти бил прв дечко затоа несакам јас тој да биде тажен и таму на небото јас ќе го задоволувам од овде со насмевка и кажувајки му неколку зборови :( како и да е покрај мене сум опкружена со личности кои ме сакаат ( барем јас мислам дека е така) а и не се сомневам покрај нив знам дека ќе успеам...се случи тоа што мораше да се случи ...животот е вреден неможам да дозволам да ми помине во тага и болка вечните сеќавања се овде со мене сите спомени на едно место солзи ке пролевам но тага пред секого веке нема да откривам :*
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.668
    Болката полека ме уништува !!!

    Јас не би рекла дека времето ги лечи раните,вакви рани не се лечат-од искуство,јас татко ми го изгубив на сличен начин и знам како е.едноставно ќе се научиш да живееш со болката,со тек на време,и секогаш имај на ум дека тој е секогаш до тебе,те гледа и е тажен што си тажна,ти посакува се најубаво и би бил среќен кога и ти би била,значи секој твој успех посвети му го нему! тој секогаш ке ти остане во срцето,со тек на време ќе ти прати некој ,а тој секогаш ќе те чува! ;( премногу боли,нема утеха,но сепак млада си ,и само ти знаеш кој начин да го пронајдеш за да си ја ублажиш болката.сакаш -несакаш,животот продолжува,а тој е само еден...
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.008
    Болката полека ме уништува !!!

    Времето е она кое може да ти ги залечи раните, но спомените на него ќе останат во тебе. Со текот на времето помалку ќе боли, но не можеш да очекуваш се да биде како некогаш. Труди се да ги запомниш убавите моменти кои сте ги имале и да се насмевнуваш кога се сеќаваш на нив, потсетувајќи се дека си разубавила дел од неговиот прекраток живот,и каде и да е те чува во себе.... Животот продолжува, млада си и мора да му покажеш дека зад себе не оставил слаба, туку силна девојка која се бори во животот! Среќно :*