За да се добие плава коса, од црна, треба да се бланшира. Од кога ќе ја избланшираш веројатно ќе има портокалов пигмент, така да оваа нијанса нема шанси да ја добиеш од одма. Поготово не ако се фарбаш сама дома. И јас бев црна на времето, решив да правам омбре и мораше да ми го бланшираат долниот дел едно 2-3 пати. И пак ми беше одвратно жолта. На крај ја ишишав до рамена. Така да не ти препорачувам да експериментираш.
@IvanovaAnce и јас сум да идеш на фризер, дома се големи шансите да ти излезе жолта/портокалова. Од плави бои дома, не е убаво да се ризикува со бои кои имаат топол (златен, жолт, потрокалов) подтон
Разгледај низ супермаркетиве, баш денес и во DM и во Ramstore видов, ама не ми текнува од која марка. Но, штом имаш црна коса, нема шанси да ти фати вака светло, ептен темно бордо ќе ти излезе, да знаеш.
Конечно ја најдов Гарниер Олиа, само сега страв ми е да не ми фати случајно пошо без амонијак е. @CrazyGirl15
Најдобро е на фризер да одиш , најсигурна варијанта ти е . Земи ја фарбата со себе и распрашај се , дали ќе ти фати одма или треба бланширање , шатирање и сл . Мене ваква слична боја ми беше мојата коса и не ми фати плава освен на бебешките влакна , и што ми ја осветли . За плава најдобро е на фризер . А црна ако се фарбаш сигурно ќе ти фати .
Црвена се фарбам и таква ми е основата мислам дека нема потреба од бланширање не планирам да си ја горам косата. Ја зедов 6,66 многу ме бендиса девојката на сликата Штом ти била плава основата и не ти фатила тогаш и мене тешко дека ќе ми фати.
Епа ако ти е основата црвена , мислам дека ќе ти фати . Штом мене на смеѓа коса ми ми даде подтон на плаво чувај ја малку повеќе од вообичаено ( јас ја чував 25 мин ) потоа ја измив бојата со шампон и и ставив од маската што доаѓа заедно со фарбата . П . С . Погорното мислење не ми се прикачила сликата . Да се редактирам овде : Еве ваква ми беше . Можеби нијанса потемна . Во коренот бев малку како портокалова , ама само на сонце се приметуваше . Малку подолу , бебешките од пола до крај ми беа плави скроз , а остатокот од косата посветла боја од мојата . Потоа ја исфарбав црна . Не се ниту обидов да ја фарбам плава пак . Ми помина мерак за плава коса
Девојки пред 2 месеци се фарбав црна, сега сакам да ја осветлам малце. Купив ваква фарба, дали мислите дека ке излезе посветла или да почекам?
Сакам црна да се фарбам ама не сум сиг дали ќе ми стои..и сакам да пробам со колор шампон прво да видам како ќе ми стои има во ДМ за 60 ден видов И за колку време паѓа бојата?
Имав долга коса до половина некаде смеѓа ми беше плава како мала амо со тек на време ми потемни светло смеѓа да речам.. најпрво ја шатирав, потоа плава бев цела.. Се исшишав кратко рамно до над раменици лани и фризеркава многу ти е изгорена косата од фарбите ми вели, а ја шишам на 2 месеци и башка што ја пеглам ( мајка ми плава е цел живот, ама жената не ја преболе косата што ја имав исто и сестра и после 4 години тие уште косата ми ја зборат) и некако што знам во последно време сакам да си ја вратам.. Е сега дали да правам омбре и да оставам да расте мојата или да ми препорачате некоја добра фарба со која ке ја добијам таа боја, зошто плава сум баш плава се фарбав прво со еволушан 11.11 и хидроген 9% и ми ја расипаа таа фарба и потоа со гарниер 111 сега скоро 3 месеци боја немам ставено. И се мислам дали омбре или фарбање цела да направам?
@SunnyGirl2 https://forum.femina.mk/threads/Олаплекс-третман.25491/ Во салоните во Скопје осветлуваат со арганово масло?
Здраво, некој да ми препорача фарба која би можела да го матира, односно неутрализира портокаловиот сјај во косата?На фризер многу скапо ми бараат, а и после секое бојадисување пак треба да одам. Сакам да ми биде светло смеѓа оваква нешто
@koritsaki знам дека често експериментираш со косата,плис хелп ми Веќе година дена сум со Лореал,ама како да ми се засити косава.Нијансава е браун блек ама браунот не се забележуваа не е ни баш блек ама ти опишавСакам да ја сменам ама некако не можам да најдам некоја светлоцрна нијанса.Се смеам на изразиве Ги меркав во Космо овие Пиши збор,два ако ги имаш употребувано или препорачај ми некоја светло црнаако си употребувала.Од тоа што видов на нет оваа Ил салоне има само темно црна нијанса 1.0 ама си мислам дека таа ќе ми биде многу темна.Иако не сум ги разгледала нијансите што се достапни кај нас
@kala21 , ниедна од овие две фарби немам пробано да ти кажам, во последно време јас ги користам фарбите на Гарниер колор сензејшн , овие фарби ми се ептен 'нежни' да кажам , не ја оштетуваат косата од моја гледна точка , бидејќи имам осетлив скалп ме пржи кога ставам одредени фарби. Види ја оваа нијанса , мислам е таква ко што бараш. Нијансата е 2.0 јас ја користам 1.0 , мојата е скроз црна
Нијансиве на Гарниер се веројатно исти како Лореалот само што 2 на Лореал ја нема низ Ск,па морав со 3 да почнам,инаку да важно ми е и да биде нежнаФала ти ќе разгледам
@kala21 јас би ти ја препорачала оваа. Кај АУРА нијанса потемна од оваа оди црна, така да мислам дека е ова тоа што го бараш. Испробана и задоволна од резултатите. Ако не можеш да ја најдеш по маркети побарај во аптеки.