Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. jovana583111

    jovana583111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    5
    Сакам да правам омбре, ама ептен ми е осетлива косата, еднаш многу ми ја изгореа на фризер и ми паднаа некои делови, препорака за добар фризер во Скопје?
     
  2. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Има посебна тема за фризери, таму можеш повеќе инфо да најдеш.
    Фризерско-студио
     
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    5.619
    @koritsaki како го користиш ехотонот? Мислев да земам ама прочитав на него дека ја стврднува косата па се премислив. Последно се фарбав со еволушн 11.11 супер ми испадна ама сега по 2 недели од фарбањето пожолте иако користам провоке виолетов шампон од дм. Не знам дали со ехотонот ќе издржи барем уште малку?
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.086
    Допаѓања:
    108.955
    Пол:
    Женски

    @violetblue јас сребрениот ехотон го користев на коса мокра, не ми ја здрвуваше косата но воопшто немав резултат некој со неговото користење. На фризер , фризерката друга нијанса ми стави , голуб сиво мислам така се викаше, и беше баш сивкасто. Нареден пат ќе пробам од таа нијанса фризерката што ми ја стави.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Посигурно и подобро е бланш, отколку box dye( оние од супермаркет во кутија што се продаваат)
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    58.202
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова е соодветна тема, ми треба мислење од некој што повеќе се разбира.

    Имам темно златно руса коса (можеби ми ја имате видено во темата за слики од коса), пред некое време добив идеја да се направам омбре со розева боја. Е сега, за тоа ќе треба да ја бланширам прво пред да се стави розева фарба за убаво да испадни бојата. Тоа секако на фризер ќе треба да се прави оти ич не сум стручна.

    Само има еден проблем. Мислам дека со неколку миења ќе ми падни брзо розевата фарба и ќе остани само бланшираното. Пред скоро 3 години се имав така направено но со сива фарба што ми падна по неколку миења. Ми беше светла на врвовите од бланшот и дури лани ми падна целосно со текот на стрижењето.

    Дали има начин подолго време да ми стои розевата фарба? Оти не се исплаќа да дадам толку пари за по 3-4 миења да ми падни целосно. Плус сама не знам да се фарбам, особено омбре.

    Можеби е глупаво прашањево, ама не се разбирам многу од ова.

    Во спојлер има слика што најдов што е најблиску до мојата замисла.
    978b6d1c8d3b75c6be494af5ea4e7722.jpg
     
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    18.627
    Пол:
    Женски
    Некој да знае каде да најдам баш сива фарба ,како на сликава? Screenshot_20200203-160932_Chrome.jpg
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ќе ти падне, не се тоа трајни бои.
    Да видиш со колор шампон во таа боја или со прелив од фарба да си правиш па да ја освежуваш.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Има трајни фарби во боја што се, другарка моја сама се прави. Секако дека бојата ќе ја снема за некое време ама не 3 4 миења. Можеш сама после дома да се правиш лесно е. Само не знам име на фарбите, ама поскапички се околу 15 евра.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Дечки пред некое време бев на фризер вадев прамени и косата ми изгледа баш како на првата слика... но воопшто не се бендисав, како прво работата на фризерката испадна катастрофална а како второ не ми стои..
    Е сега сакам да се исфарбам сама дома да добијам боја како на втората слика нешто како чоколадна/светло кафена.. со кои фарби би ми препорачале да се исфарбам и кој број? Страв ми е дека прамените се со бланш дане не фати убаво на нив или дане излезам шарена или портокалова:|
     

    Прикачени фајлови:

  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.138
    Пол:
    Женски
    Ќе ти падне брзо да знаеш, само џабе ќе даваш пари за џабе . Земи си колор шампон или од тие фарбите розеви во дм што паѓаат на 15 миења . Јас имав розов прамен со бланш и многу брзо испадна розевото беше некоја бледа лоша боја после неколку миења .
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    58.202
    Пол:
    Женски
    Ми кажаа имало трајни фарби што траат 6 недели најмалку. Ама ќе видам и во дм ко ќе појдам.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас оваа фарба ја ставив на бланширани врвови. Ама дека коренот лила го правев па го блендав надоле неможам со сигурност да ти кажам каква боја само со розевава ќе се постигне пошто јас малце ги измешав. Врвовите ми беа темно розеви. Кога избледна фарбата беше некоја rose gold нијанса...не беше лоша искрено ама веројатно или таква или во праска боја ќе избледне. Инаку е перманентна фарба со хидроген и се тоа ама пак релативно брзо падна.

    77676_800_GARNIER_-_COLOR_SENSATION_THE_VIVIDS_-_Krem_do_trwa_ej_koloryzacji_-_PASTEL_PINK.jpg
     
    На koritsaki и Amellie13 им се допаѓа ова.
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми треба совет
    Ја имам нијансирано косата, плава но имам и сиви-бело нијанси, не е класична плава со жолти тонови. И бојата како да ми опадна.. сега воопшто не е сивкаста туку медова нијанса :(
    Ставав силвер шампон и мислам полошо е, љиљакова ми дојде..мн потемни.
    Има ли нешто од козметика за коса да ја осветлам малку? Да си ја вратам сиво-белата нијанса?
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.400
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady е мака мачиме со сива коса!

    Девојки ако знае некоја да ме просветли малце, ја имам бланширано косата и после сива фарба, па на крај и сив ехотон, сива боја секогаш ми фаќа само на 70% од косата, другото е плаво, користам и силвер, ама џабе.Прашав фризерка да ми ја направи ми вика релативно брзо ќе ти падне, а долга и густа ти е мн пари ќе ти земам.Е сега како некои имаат сива коса, која е тајната, некоја идеа нешто како да ја направам да не е шарена и да трае месец дена сивото?:?:
     
  16. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Цела ти е избланширана или само прамени? Тајната е само воедначено да ти е осветлена, добар фризер би знаел тоа да го направи. Незнам која ти е историјата на косата ама ако претходно била фарбана со потемна боја тогаш знае така неуедначено да искочи, па после треба корекции чуда, а тоа веќе е доста комплицирано и не се нафаќа секој тоа да го прави. Сама можеш да се офарбаш евентуално. Еволушн 11.11 е сива и трае повеќе од месец обично. Јас последно ставив гарниер 111 ама не го користев хидрогенот од фарбата туку друг 3% као да не ја оштетувам мн и ептен сиво искочи ама убаво... се изненадив. Претходно ја имав користено таа со хидрогенот што е во фарбата и ја направи баш светла плава ама мн ми ја изгори косата мислам дека некој јак хидроген ставаат... незнам колку пошто не пишуваат. Мене ми е исто косата избланширана ама редовно ја фарбам за да задржам убава нијанса. Така со 3% ич не се оштетува а врши работа. Друго има од оние на база на регенератор фарби arctic fox, manic panic тие такви, ама тие ги нема кај нас.
    @Oscar Lady ова и за тебе, само ако нејќеш да се фарбаш може пак да одиш на фризер да ти стават тонер само ко што ти ставиле иницијално...може фризерката да има поубав тонер за разлика од фарбите што се во продавници.
     
    Последна измена: 7 февруари 2020
    На koritsaki, Oscar Lady и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  17. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбав со evolution 11.11. Многу убава сива ми излегуваше ама јас и редовно ја фарбав. Баш кога правевме свадба малку повеќе ми беше подрасната и не ми излезе убаво и уште еднаш ја префарбав и тогаш ми беше ептен сива. Јас сум задоволна како ми испаѓаше со таа фарба, во бременост и додека доев не ми фаќаше ич убаво, дури кафеаво. Сега престанав да дојам и после некој период ќе пробам пак да видам дали ќе фаќа или веќе нема ни да фаќа убаво фарба на мојава коса. Ако не фаќа се откажувам од сива коса дефинитивно. :D
     
    На koritsaki и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  18. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.400
    Пол:
    Женски
    @~Allure~ @Watermelon96
    Моја грешка што не ја објаснив убаво моменталната состојба на бојата.Имам црна коса со бланш и фарбата што ми ја препорачавте еволушн 11.11 со хидроген 12% и на крајот ехотон голубје сиво успеав пола коса да ја направам сива по мој вкус.Ама со другата половина што е како жолта нз што да правам за да испадне сиво дали пак цела процедура од почеток?Некои ми даваат совет дека сивата коса бара мн бланш, фарби, преливи, се на се, многу пари и време и ме советуваат да се направам чоколадна нијанса.Според вас дали вреди се за сива коса и дали е толку ИН или тоа е како специфична боја што се прави само за специјални настани?Помешана ми е главата па барам совет бидејќи оваа недела одам на фризер, а нз што ќе правам со косата воопшто..
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    08DE81B2-E7B7-4C9D-841F-C55D410DED38.jpeg
    FDEADE85-4EC6-440A-A31C-B2F24D012EF1.jpeg
    2DE8B556-CEF0-469F-95E5-86503F835F5C.jpeg
    Девојки која ви е најубава? Закажав да ја правам косата и никако да се одлучам како. Дали за да се постигне ваков ефект треба бланш? Никогаш не сум фарбана до сега, бојата ми е темно кафеава.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    @Принцезичка1 Прво процени колку ти е оштетена, дали ќе ти истрпи пак бланш да не ја оштетиш мн. Ако се претера ќе ти се искине. Ако ти останале флеки од црната, ќе треба пак бланш ама пази да не ја утепаш. Кога веќе си се измачила да се бланшираш греота да се враќаш пак на темна. Пошто фарбата секако паѓа пак ќе треба да ја фарбаш цело време. Можеш барем некоја медова, смеѓа ...односно боја што би прошла на тие потемни делови. Така да ја поносиш, да живне или малку да шишнеш, па после некое време да пробаш пак со бланш. Од медова лесно е да се вратиш на плава. Инаку да, плава бара оддржување. Тешка е транзицијата, ама после бар мене ми е веќе рутина да си ја фарбам еднаш во месецот, не ми е некој терет дури забавно ми е. За да не се притресувам за коренот си правам shadow root потемна како смеѓа сива боја ставам на коренот поточно еволушн 8.1, а доле некоја плава ги менувам ги тестирам. Гледај само да не ја изгориш мн, тоа е зезнато пошто што фајде да си плава ако си како метла хаха. Инаку си ја сакам плавава, што сакаш можеш да правиш со плава розева, лила, црвена, кафена... blank canvas. Јас еве тој совет го имам за тебе, па со среќа :)
     
    Последна измена: 7 февруари 2020
    На Принцезичка1 и koritsaki им се допаѓа ова.