1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брат му е опседнат со мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Redrosses, 11 октомври 2017.

  1. Redrosses

    Redrosses Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Веќе многу време редовно ве читам, а никогаш не сум се зачленила. Можеби проблемот кој го имам беше причина да го направам тоа. Како и да е се надевам дека сум добредојдена. :wasntme:
    Значи вака со дечко ми идеме 3 години. Првата година се беше супер, ама во последно време се измешаа работите. Мислам дека брат му не ме поднесува.. За НИШТО текне му вади ме од инстаграм, фб, па нема да ми збори и сл.. јас ништо, го игнорирав и не му се лутев од почит спрема дечко ми. Но случката пред некое време прели се.. за банална причина што се раскарале тие двајца, типот ми врти мене на мобилен и се кара со мене. Јас сум била виновна за се, јас сум сакала да ги раздвојам, да се караат и ред др глупости... И јас не кјутев не останав должна, се бранев но секако во граници на нормален разговор без навреди.
    После тоа, со дечко ми како ништо да не било, си збореме и се, тој си го знае, знае дека е виновен ама не реагира. Луѓе немам проблем со дечко ми ама така срцето не ми е на место..душичката не ми е мирна. Си велам јас сум со дечко ми не со брат му ама многу ми е криво нз што да правам.. Размислувам да му раскинам..си викам не е виновен ама од др страна и виновен е..не презема ништо да ја реши ситуацијата.. тој си се смири пак со брат му а јас сум таа што патам.. Помош нз како да постапам...;(;(
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Колку години има братот на дечко ти ? Ова однесување ми личи на тинејџерско , но верувам дека ти си зрела личност и би разбрала тинејџер .. од друга страна , невкусно е ова однесување од страна на брат му , но разговарај со дечко ти , објасни му ја целата работа , нека преземе нешто , нека разговара со брат му , сепак нема право брат му на дечкото да ти се извикува на тебе ако имаат меѓусебни проблеми . Не раскинувај веднаш , прво објасни му на дечко ти дека се нервираш за оваа ситуација , и кажи му да разговара со брат му , нека го потпраша што е проблемот , зошто се кара тој со тебе сепак не си му ништо нему , ниту си му згрешила нешто .

    П . С . Секако дека си добредојдена . Се надевам на квалитетна дискусија на сите теми :hai:
     
    На SunnyGirl2, crimson, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Redrosses

    Redrosses Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Да беше тинејџер немаше да му замерувам..25 години е, очигледно друго му е зацртено ...
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    А да не е тој заљубен во тебе?
    Па од љубомора прави вакви работи.
     
    На aleksandra4444, joy1, MamacitaBuena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Која и да е причината поради неговото вакво однесување, не заслужува дечко ти да страда за тоа. Неможи да го контролира да не ти јавува братот и да се кара со тебе, но тој е доволно свесен каков е братот и знај дека тој е виновен кога вие би се карале. Замисли, ако е брат му ваков каков што е, ако тој плус му речи „еј немој ти вака на женска ми“, братот уште повеќе ќе почни да се кара со тебе, па паралелно со него. Што би требало да ти е важно е, да имаш здрава врска со дечко ти. Колку што сфатив тој ти верува, знај дека ти си во право, и не се карате, имате здрава врска. Тоа е важно во една врска. Сите околни личности се препреки кои ќе ги премините заедно.
    Се најдобро. :)
     
    На Redrosses и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  6. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Продолжи си ја врската и со брат му на дистанца најубаво да останете и дечко ти ќе свати дека е брат му е виновен а ако бидете блиски ќе мисли дека ти си му дала некоја причина за да се однесува тој така...Гледај повеќето да сте сами или со друштво секако не да испадне дека ти го делиш од брат му ама на дистанца на вас двајца ако ви е убаво не треба да страдате двајцата за некој си трет. Уште долго да си одите <3
     
    На Redrosses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Машки
    Си го сака она и брат му.
     
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.311
    Да му каеш на девер ти да иде да е*е нешто...:^)
     
    На Shalitra, blackwave, aleksandra4444 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Како се опседнуваат луѓе со вас?
    И дечкото, и другарката, и братот на дечкото, и свекорот... Значи светот се врти околу некои поединци.

    Демек не може да те поднесе ама всушност брат му гори од љубов по тебе.
    Сфаќаш?

    Па не е фер... Со мене никој не е опседнат :( суров живот.
     
    На Yowannty, aleksandra4444, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Срцка, до некаде те разбирам зошто се нервираш. Слична ситуација имав и јас до пред скоро кај што испаднав виновна, а немаше врска. Очигледно брат му си има некој проблем и знаеш како оди онаа народната... не можеш по магарето, удри по самарот.
    Слушај сеа што ќе ти кажам: Дечко ти не е виновен и ако убаво се разбирате нема причина да му раскинуваш и да си жртвуваш убава врска заради туѓи фрустрации. Нека те брише брат му од кај сака, ти не го аднувај пак. Нека не ти збори, што ако?
    Штом гледаш дека не е во ред, држете си се на дистанца од него и готово. Дечко ти не реагира оти нејќе да се кара, а може и подобро е така. На луѓето како брат му колку и да се трудиш, нема да можеш да им објасниш дека нештото не е така како што мислат, уште па и на крај ти ќе испаднеш лош, а твојот тоа го знае. Се дури тој не дозволува испадите на брат му да влијаат врз вас, се е океј :)
    Затоа релакс, уживај, види колку убав ден е надвор, излезете си и сакајте се :)
     
  11. Redrosses

    Redrosses Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Секако за доверба немам проблем. Тој отворено ми кажува дека он е крив и дека не може да забрани на некој да врти .. сам ми вика да го игнорирам.. душа моја е