Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Генерално се слагам со постов освен во делот дека причината за неверството е дека му се надрвил.
    Ако било за тоа можел со жена му да има секс, си имале нормален сексуален живот колку што разбрав.
    Иам приметено дека некои мажи генерално не знаат да се носат со промени во животот, од типот бременост, добивање дете, не знам, губење работа, преселби и слично и во тие ситуации, како типични недоквакани слабаци најлесно им е да си побараат утеха во швалерка.
    Со ова ни најмалку не мислам да го оправдувам идиотот, да вараш трудна жена стварно е дно дна, само сакам да посочам дека не секогаш причината е секс.
     
    На Gosh, Tinaaa и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.819
    Допаѓања:
    176.352
    Пол:
    Женски
    Ама жената мора да е крива. Ако жената вара ондак е крива. Ако мажот вара онда пак е крива. Немало комуникација, не се средувала, се здебелила, не му “давала”, била уморна. А говедото што не знае ни навреме да го извади и да ја заглави покрај работа, па дома се на неа, па деца, па термини, па суперматкет, не, тој е жртва. ]:) Секогаш мажот е жртва. Леле што се нервирам вака, кај влегов во темава кај се запустев.
     
    На Mother of 2boys, SpiritRoux, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.243
    Допаѓања:
    125.690
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Извини, ама ова "once a cheater - always a cheater" е вистина.
    Човек кој навистина си ја/го сака партнерот/ката никогаш не изневерува.
    Кој веќе еднаш изневерил, ќе го повтори тоа. Само можеби ќе биде повнимателен следниот пат за луѓето околу него да не го фатат и да му веруваат дека се кае.
    Изневерувачите не се каат, туку глумат дека се каат. Само изневерените се каат ако останат во врска/брак.
    Покажал дека е склон кон тоа. Да не е, ни првиот пат немало да се случи.
    И емоционалното неверство е неверство. Во случајов на членката и да нема физичко неверство, ете има емоционално. И да не направил, склон е да го направи.
    Од нејзина страна супер е што е свесна дека не е до неа и дека не треба да го трпи. Тој е изневерувач и лош пример за децата.
    И да му прости, може да испадне будала. Он да си тера со тоа, а она да се кае што останала.
    Поради тоа подобро е да си замине веднаш штом ќе стане можно за неа.
    Класично понашање. Не му верувај.
    Арно си решила. Не се премислувај.
     
    На SpiritRoux, CoverGirl10, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    А те сакаше ли тебе?Види по принцип не е може толку тргнат по женски,но ако е изневерувач таков и ќе остане.Мене највеќе ме нервира што се дрзнал да те лаже ,и себеси како се лаже.Ти уништи се во бременост ,гледај да се спасиш ти,а него остави го ,има милион мажи надвор кои те ќе сакаат еден ден како што заслужуваш.Сега е приоритет здравјето твое и на дечињата .За неговите глупости не вреди да се нервираш ,а што со неверството го растурил домот кој го изградил си е сам виновен и еден ден горко ќе се покае ,верувај ми на зборот.Ти остани присебна заради твој мир и заради децата .
     
    Последна измена: 24 август 2024
  5. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Не само што не треба да се забрани, туку е и добредојдено, и неговиот коментар е убедливо највоздржан и најпромислен. Throw him to the lions!
     
  6. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Pick me до максимум
     
    На Bezimenka90, crimson, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Јас знам добра адвокатка.Пиши ми порака ако сакаш,таа е специјализирана за разводи.
    А да,на недокваканиов никако да не му подлегнуваш.
    А тој што ти правел КАРМАТА ке му врати не се секирај.
     
    На Mumoftwo30 и Tony92 им се допаѓа ова.
  8. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Throw HER to the lions ондак!
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    20.746
    Сериозна си?
    Кажи дека не...
     
    На Angie1432, Mumoftwo30 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    1. Не ја манипулирам.

    2. Таман работа дека она e крива.

    3. Не му чувам грб на нејзиниот сопруг. Воопшто не се застапувам за него. Се застапувам за нивниот брак додека е тоа можно. Се застапувам за надежта дека можеби типот навистина немал никаква средба со третата личност, дека искрено се кае и дека има шанси да се поправи бракот. Истото ќе го кажев и да стануваше збор за жена која направила емоционално неверство. Едноставно јас сум про-брак и на разводот гледам како на последна опција.

    Најлесно е да се каже на некој друг разведи се. И обично тоа со најголема леснотија го велат:

    • Луѓе што се веќе разведени
    • Луѓе што трпат тортури дома во бракот, ама немаат храброст дома да пресечат, па гневот го истураат навивајќи за некој друг да се разведе.
    • Луѓе кои и самите биле изневерени и сега го имаат замразено спротивниот пол и затоа навиваат за разводи.
    • Луѓе што се forever signle или несреќно оженети/омужени па не им е мило кога некоја врска/брак успева или се поправа.

    Ама тука збориме под претпоставка дека немало ебање. Затоа и мојот коментар го почнав со „ако немал физички контакт со неа“.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.568
    Пол:
    Женски
    Од ваквите про браковни луѓе, ни пати цела генерација на жени.
    И јас гледав на разводот како последна опција и си трпев, си викав ајде да го спасам бракот. И накрај го изедов најдебелиот стап, психички бев уништена, не само физички.

    Затоа жени, на првото повишување на тон, заминувајте. На првиот шамар, заминувајте. Ако окото некаде на друго место му загледа, заминувајте. Развод, под итно.
    Мажи има да ги ринеш со лопата, едниот нема да се погоди, другиот нема да се погоди, третиот четвртиот.... ама десетиот или некој друг ќе се погоди.
    Само не дозволувајте да ви сеат страв во коските и да ви го поматуваат умот овие про браковните.
     
    На deasmamas, Lavender13, iloveyou29 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Сега го гледам првичното мислење, и само сакам да кажам дека сум горда на тебе, иако сме анонимуси на форумов. Ова е клуч за донесување одлуки во животот. Не се останува во брак поради деца, баш се раскинува бракот за да знаат што не е љубов. Твојата ќерка и бебето во стомакот (ќе) се среќни што си им мајка, браво. Мило ми е што си донела оваква одлука и што имаш поддршка од твоите родители. Остани силна. :l:
     
    На Mother of 2boys, Skorpija25, Bezimenka90 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    @EvAngelos Не, најлесно е да кажат не на развод религиозни мужи, и тоа на трудни жени кои мажот им ги варал додека му го носеле детето у стомакот.

    Да фаќаат на патетики и манипулации жени, оти требало да си го чуваат бракот и семејство, шо јадниот им маж си ги продал за 200 грама пичка.

    Исто и за абортус, нели? Али што трпи мајката и плодот стресови од неверството и понижувањето, па и понатака во животот траумите и исмејувањето, покажувањето на неа и на нејзините деца со прст, тоа нема везе, нели. Мушката солидарност нема граници, едино само ако со муж не ја извара де.

    И околу непосредните мислења кон мене - прво, некој да дознаам дека ме вара, ќе ме пишуе у црна хроника, и друго, место да ви смета да ве мрзам, боље нека ви сметаат постапките поради кои ве мрзам, а кои ги правдате и ги нормализирате. Али толку ви е капацитетот...
     
    На Bezimenka90, Purelove92, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.243
    Допаѓања:
    125.690
    Пол:
    Женски
    Ни една форма на неверство не може да се поправи. Тоа е само залажување, а штетата ќе продолжи.
     
    На baby-star, Mumoftwo30 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Замисли кога истово би го правеле и мажите, на секое повишување на тон да си заминуваат. Ќе треба секој месец да се разведуваат :D

    Уфф да те потсетам дека на форумов има тема „Денес сакам да имам секс со...“ и на таа тема постираат слики и мажени жени. Дали ќе им препорачаш на нивните сопрузи да се разведат под итно од нив, бидејќи ете се загледале во некој и можеби си пофантазирале неколку секунди м?

    Ако се водиме само по овие два критериуми погоре, тогаш не 10-от, туку луѓето ќе треба да се разведат 4 милијарди пати - колку што има луѓе од спротивниот пол на планетава.
     
    На eliesaab, Lanna89 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.568
    Пол:
    Женски
    Нека се разведуваат.
    Ма најнакрај поарно сама отколку со човек шо те варал или те правел несреќна.
     
    На Skorpija25, baby-star и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Непредвидлив е животот за жал.Не се замарај многу со тоа што мислат тие двајца за тебе.Почни си нов живот колку и да е тешко јас сум убедена дека ќе успееш.Ќе дојде ден кога ќе те моли идиотот,ама не му простувај туку еднаш засекогаш стави крај.И ако е заеднички станот да си бараш половина од него ако веќе си убедена дека ќе одиш под ќирија, иако мислам дека најдобро ќе е ти и децата да останете во станот тој да оди под ќирија.
     
    Последна измена: 25 август 2024
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредуваш неверство со повишување на тонот?
    Веќе небулози пишуваш.
     
    На simoncelicius и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    И?
    Што менува ако имало физички контакт или не?
    НЕВЕРСТВО Е НЕВЕРСТВО, БЕЗ РАЗЛИКА ВО КОЈА ФОРМА СЕ ИЗВРШУВА.
    Не е најлесно да се разведе, најлесно е да остане во брак ск него и при очи да се прави слепа и при уши глува.
     
    На theowndemon, baby-star, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    60.165
    Пол:
    Женски
    Ќе го тргнам фактот дека ја тебе не можам органски да те поднесам и ќе се пробам да имам нормална дискусија со тебе.

    1. Жениве не сме родени за да оправаме емоционално нестабилни и незрели мажи. Значи еден ни е животот, ако некое говедо не научило дека сопруга (па кај тоа и бремена) не се изневерува, нема зошто тоа да е работа на жената. Нема зошто да го едуцира, да го поправа, да му дава втори шанси. Затоа што кога еднаш ќе се скрши нештото толку е, после нема назад.

    2. Не секој маж е способен да биде сопруг. Ниту пак треба бракот да е нешто на кое што секој маж треба да се нафати. Затоа што ако не сакаш моногамија, тогаш не земај некого на душа. Ама не, од една страна сакаат сопруги дома за друштво, секс, извршување на домашни обврски, ама сакаат и да ебат нешто на страна. Епа не бива. И јаре и паре нема.

    3. На фемина сум од јули 2018, што значи дека 6 полни години, ниедна, 0, со зборови нула жени не се вратиле да кажат дека бракот им е океј после неверство. Може останале, ради деца, ради финансии, итн, ама дека се среќни - не. Секој ден има по некоја разочарана жена од мажот тука, ама ниедна не се вратила после неверство со рајат во душата и среќна. Едноставно тоа не постои.

    4. Човечки е после таква грешка да и се извини. Него не му е жал што и го прави ова, жал му е што го фатила. Да се кае и да сака да му прости ќе ја преврти земјата дури не ја освои пак назад. Овој уште и се сили, ја прави будала (а ниедна жена не е будала и знае да ги провали сите лаги) и уште толку и ја пореметува бременоста и го загрозува здравјето на неговото неродено дете.

    Така што освен ние тука да и помогнеме да се истуши и да си најде добар адвокат, нема што да и правиме притисок да остане во нешто што е мртво.
     
    На tanjita, Mazegin, WhiteCat33 и 29 други им се допаѓа ова.