Па и флертот води кон неврство,инаку зошто би пишувал и флертувал.Можеби јас сум конзервативна ама не разбирам која е потребата во брак да пишуваш други.Ти очигледно со право немаш доверба.Колку години има мажот ти?
Мене бракот ми се држи, оти не размислувам дека ако умрам, мажот ми може да најде друга, што е исто потенцијално неверство. Вистината е дека немаме вишок слободно време ниту социјални мрежи, ама главно, да, не размислуваме што ако некому се укаже прилика... уствари знаеме дека не постои таква ,,прилика,, За себе знам и за него знам исто така
Значи и ти сепак “потенцијално” си сигурна или осигурана дека и твојот партнер не би пристапил кон флерт, а на членката и велиш дека флертот не е здраворазумна причина за разделба?! Демек као ако таа не размислува за неговото “потенцијално неверство” тоа нема да се случи?! Ок, до нејзините мисли е дали тој ќе ја изневери или не! Дали исто вака би размислувала кога и твојот партнер “невино” ќе флертува само?
Сакаш објаснување или оправдување? Објаснување: досадно му/и' е во бракот/врската. Оправдување, нема.
Оти не знаете да читате како што е пишано? Кажав немаме социјални мрежи и да, осигурани сме, сме влегле во брак со целосна одговорност, не како дооел. Што значи флерт во реален живот? Погледнал некоја? Разговарале? Имаме ли контрола на целокупниот живот врз некого и дали ни е тоа потребно? Во реален живот флерт не е неверство. Ама многу е јасно што е што. Каков ви е тој флерт со пишување не разбирам, еве почнав да барам и ништо - https://forum.femina.mk/threads/флерт-по-социјалните-мрежи.8426/ темата не поттикнувала дискусија. Дедлок јбг
Ако се допишуваш со некоја личност што на некој начин ти ја надополнува празнината во бракот, без разлика дали од емотивна природа или можност за интеракција во живо т.е. сексуално најчесто.... е мизерно. Значи одовде може да заклучиме дека тие се се само не пријателки или пријатели, криеш од партнерот со кого се допишуваш, значи лажиш и криеш и со тоа се крши довербата. Ако не можам на партнерот да му верувам и почнува да се глупира на интернет со тоа на некој начин колку е достапен за авантури, ме срами мене, а после тоа таа самата себе си и нашиот брак претставен како циркус, а ние кловнови, односно најчесто изневерениот, тој најскапо плаќа. Јас така гледам на врска, поточно брак.
Нико није сигуран, ја знајш паролата? 90% од браковите влегуваат во брак со целосна одговорност, па шо било понатаму е знак прашалник. За тебе е океј во живо да си флертува чоекот, битно социјални мрежи немате А каков им е флертот со пишување, дојди во инбокс ќе ти покажам. Понекогаш се правиме слепи за да не ја видиме реалноста, зш така ни е полесно. Не зборам за твојот случај, општо…
За мене флерт не е нужно неверство и оставање. Но факт е дека флертот доведува до неверство. Некој флертува од досада при искачање пример, некој да си поплни време, а некој не ни зна дека флертува. Но кога веќе тоа ќе ги премине границите и видно е дека изискува нешто повеќе it’s a no no for me. Е сега секоја ситуација е различна и зависи што е пишувано во ситуацијава и како е пишувано. Ако имало и слики праќање и покани за кафе и сл тоа веќе е некст левел.
А како започнува една интеракција ако не со флерт? Значи ти немаш проблем доколку мажот ти флертува со рандом девојки. Не е никаква сигурност немањето на социјални мрежи…
Абе јас не сум тема на темава, не знам оти не знаете да дискутирате. Не, со рандом девојки не смее, само со познати Реков флерт не е неверство. Што е флерт на социјални мрежи и како изгледа сето тоа, и кон што води - тоа е веројатно предмет на некоја друга тема, пошто е културолошки, општествен феномен. Ако имам вишок слободно време, може ќе ја отворам, а веројатно не.