Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ова отсекогаш ми било несфатливо! Ќе се вратиш со временска машина и таму во минатото ќе го погазиш? Или како? :^)
    Сакам да речам нели тие веќе не се живи, па не гледам како на нив би можела да влиае одлуката на некој-а од сегашната генерација.

    Инаку незнам дали спомнав веќе во темава, немам бугарски пасош ниту ми е потребен, но многу ми се интересни овие теми околу двојни и повеќекратни државјанства (можеби треба да се отвори засебна тема) и мислам дека ако некој сака и може да земе уште еден пасош, без разлика дали е австралијански, шведски, српкси, грчки и тн. не треба никој да го спречува во тоа.

    p.s. Дали навистина почнале да тестираат и познавање на б`лгарски јазик за тие кои бараат бугарско државјанство?
     
    На tosic92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Не ги разбирам луѓето што мислат дека со земање на бугарски пасош ќе ги погазеле и навределе предците?! :?:
    Извинете но која корист од тоа? Предците биле што биле и поминале, тоа никој не може да го смени сега. И така на крај краева тоа е само чуство во вас и никој друг не го интересира :)
    Не ми е јасно како некој седи тука во беда, да мисли како да го помине месецот а се чука во гради дека е голем македонец и не зима туѓ пасош! Браво за вас! |(

    Животот е премногу краток за да се замарате со такви работи. Живејте за вас! А не за оние кои одамна завршиле, нив ништо не им мења секако :)
    Мислите прабабата и прадедото ако имале шанса за многу подобар живот нема да ја искористат?!

    Мислете за вас и за вашите деца да обезбедите подобра иднина. А не за мртвите.

    Во Македонија 90% од тие што работат, без разлика на нивното образование, работат за 8-10 000, доста непријавени, и тоа само ако некој со врски ќе им ја најде работата.
    10 000 не стига за еден човек а не па не дај боже да треба и дете со тие пари да гледаш.

    Со бугарски пасош можам да работам сегде, за минимална плата од 600 евра! Ќе имам за мене и да тргнам на страна, ќе прошетам, ќе запознаам луѓе од цел свет, итн.

    Затоа ДА, ќе извадам бугарски пасош. Кога мојата држава не ми обезбедува услови за нормален живот ќе живеам надвор.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ниту пак јас ги разбирам оние кои не сакаат да се потрудат и да се помачат да го загреат столот и да земат документ од избраната предстојна држва со тоа што ќе полагаат јазик и познавање на култура, би заминале на специјализација на пр.Во најразвиениве држави, в лице ти вели јасно и гласно ако не си ’домашен’ или бегалец(додуша и за нив е построго сега дека мн проблеми им прават) гледај да имаш образование, и тоа добро образование за да имаат корист да те искористат кога веќе би работел за нив. Ако не од прва те враќаат назад и тоа само менуваат закони за се построго и построго да е. Покрај тоа, кога ќе добиеш пасош од др држава, значи си творел, дал придонес во истата одредено време, корења си пуштил не битно дали плитки или длабоки, и пасошот ти е награда. А со Бг, одиш, плаќаш, со/без посредници,, чекаш кој повеќе кој помалку и со надеж дека ќе завршиш работа. Е тука ја гледам разликата.Која корист ним да ти дадат пасош освен парите кои им ги плаќаш нормално? Мора и др агенда да си има зад тоа,ама нека.
    Јас само велам, да не си му во чевли на оној кој очајно се бори за своето парче среќа и нема друг излез. Навистина нема.
     
  4. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    http://www.youtube.com/watch?v=Gw9ZwN3XxUw&feature=related
    Вака ли ви ги перат мозоците за да ви дадат пасош ?! :^) :puke: :fubar: |(
     
    На Winterborn77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Izii

    Izii Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пак ќе прашам дали некој знае каде може да се извади најевтино лекарско уверение во Скопје и за колку пари?
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Во повеќето приватни ординации низ Скопје цената за лекарско уверение за државјанство е 1000-1500 денари.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мажот ми работи во странство но со македонски пасош и најмногу останува до 90 дена али работата со македонски пасош му е ограничена и во движењето и во цената на дневницата он си поднесе дкументи за бг пасош со цел за да можи да остане подлго а и да има подобра плата не ми е битно ништо битно е дека додека бевме двајцата тука и одевме за плата од 150 евра децата ми беа намаанати едно во градинка друго од 6 години се чуваше само дома и само се спремаше за на школо кога не изчешлано кога не спастрено убаво па дете од 6 години тлку знае да се среди само само си купуваше јадење само појадува по цел ден само па на школо и не можевме да се видиме како фамилија а додека сега и те како е подобро јас сум си дома со децата навреме изпеглани облечени средени топол појадок и со се задоволени затоа што сега бар мазот ми си зема убава плата и ич не ми е гајле дали сме биле бугари или македонци битно децата да имаат и книги и храна и облека и баш ми е гајлешто би рекол некој нека ги облече моите чевли и нека помине еден ден па ке види како е

    кавадарци е 600денари
     
  8. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Ако земам бугарски пасош дали пак имам македонски пасош и државјанство и документи? |(
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Да, освен ако ти доброволно не се откажеш од истите поднесувајќи соодветни документи и такса до надлежните органи.

    И Р.Македонија и Р.Бугарија дозволуваат повеќекратни државјанства така да нема проблем. За подетално можеш да го погледнеш мојот одговор до членката J.Ivanoska тука на стр.31 од темава.
     
  10. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Колку време се чека сега за БГ пасош? Порано знам дека беше и до 4 год.?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Порано било така, но тоа резултирало и со појава на корупција кај поединечни државни службеници во таа земја, поради што надлежните министри донеле одлука да секое барање за државјанство мора да биде решено најмногу во рок од 1 година.

    http://www.youtube.com/watch?v=oj2ibkfRpuU
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    8.023
    А знае ли некој до кој месец се излезени бугарското пасоши?На страната може да се види само до кој број се излезени ама не и за кој месец или пак јас не знам да проверам.Последно што разбрав е дека излезени Април 2011.Мене ме интересира дали може да се види да се види до кој месец се излезени :?: ?
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Како тоа мислиш до кој месец се излезени?
     
  14. ninomk

    ninomk Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ABE VADETE PASOSI STO MU SE PLASITE I TAKA POLITICARIVE KRADAT I JA PRODADOA DRZAVATA , EDEN DA NE OSTANI , DA GI ZEME BABAMI SETE :)))
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Воопшто не оправдувам ама од друга страна ги сваќам до некој степен многу е лоша ситуацијата кај нас па луѓето си бараат чаре кај можат тоа е , кога би имало перспектива во државава не верувам дека некој би вадел...
     
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Никако не подржувам! На тој начин си ја продаваме нашата Татковина! Некогаш сме се бореле за самостојност и слобода, а видете не сега, ја исмејуваме крвта што се пролеала за да раснеме ние безгрижно, во Личности! ЗА СРАМ СМЕ! Па сакаме у ЕУ! :@
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ке замолам ако некоја ја знае страната да се провери до каде е процедурата со бг пасоши однсоно до кое бројче се стигнати фала ви однапред
     
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Бугарски пасош никогаш. Мене искрено ми е фино во државичкава. Си имам нормален живот. Ни сиромашна ни премногу богата златна средина што вика мајка ми. Си ја сакам државичкава бе :inlove:
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А зошто мислите дека си ја продавате државичката? Со вадење бугарски пасош се откажувате од македонскиот или...?? Јас колку што знам, постои двојно државјанство, тројно, се учи ова по Вовед во право :^) Зошто да не, и јас би ако ми затреба. Во секој случај повеќе добивам со бугарскиот отколку со македонскиот. Се противите за вадење бугарски пасош, сме ја продавале државата, ама што ако на пример се омажите за некој од Бугарија? Што тогаш? Нема да го земете бугарското државјанство? Размислете два пати ;) и ај сеа нападнете ме :D
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.867
    Имам еден пасош, доволен ми е.
    Ако веќе не го сакам, ќе се откажам од него. А ако се решам на друг, верувам дека не би бил бугарски.

    Разбирам дека секој се труди да обезбеди егзистенција, и тоа си е легитмно право на секој човек - само ако македонскиот не им обезбедува ништо - зошто не се откажат од него?

    Искрено, двојното државјанство ми е нешто како седење на две столици. И се коси со мојот став дека само едно место е дома.

    Кога би имала можност да одлучувам, би ги укинала двојните државјанства, без размислување.
     
    На Noemi, ibanez, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.