Реални искуства овде https://forum.femina.mk/threads/Реакции-од-вакцината-против-ковид.32579/ Или на србски ана.рс форум
Од утре започнува вакцинацијата на граѓаните кои искажале желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, информираат од Министерството за здравство за ТВ21. „Салите каде ќе се одвива процесот на масовна имунизација се подготвени. Вакцинацијата во државата продолжува да се спроведува согласно Националниот план за имунизација, односно според старосната граница на граѓаните, критичната инфраструктура, a веќе од утре ќе се вакцинираат и граѓани кои искажале желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk“, посочуваат од МЗ за ТВ21. Инаку, вкупно 200.000 вакцини, најдоцна до утре треба да бидат дистрибуирани во спортската сала „Борис Трајковски“, како и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што со истите ќе започне масовната вакцинација на населението. Здравствени власти претходно најавија вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден. По пристигнувањето на 200 илјади вакцини од „Синофарм“, министерот за здравство Венко Филипче, во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“, а засега неизвесно е пристигнувањето на вакцините на „Астра Зенека“, имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која воведе забрана за извоз на вакцини, а дел од овие дози преку КОВАКС системот треба да пристигнат и од индискиот Институт.
Фајзер, Модерна, АЗ, Барат Бајонтех и во наредниве дена Синофарм и Синовак Мислам овие се, ај да пробам да го најдам фајлот точно да споделам. За пасошит прашуваш? Едит: Фајзер, АстраЗенека, Јансен и Модерна. Крај на април требаше да биде и Синофарм, а за ран мај е предвидена и Синовак за одобрување. Спутник најрано во јуни.
Синофарм и синовак има најави дека неделава или следната ќе ги одобрат. Спутникот сеуште не ,поради недоволно информации од производителот.
Moze li malku povekje da pises za studijata? Kako go podnese noviot lek,dali se plakja ili e besplatno i na koja klinina se dava lekot? Pozdrav
Нели збореа дека само за вакцините одобрени од ЕМА ќе важи, а не од СЗО...или променија нешто? Многу затупеа европјаниве.
Сега не ми е јасно нешто? Рекле од МЗ. дека сите што изразиле интерес ке ги викнат за вакцина. Сега дали ке се оди по години или кој како се пријавил?
Заврши студијата, траеше некои 2 недели, како пресечена болеста, кај некој за 24, кај некои за 48 саати, ама се прима макс до 7ми ден... Ние не плативме, практично со нас го докажуваат неговото дејство дека помага и разбрав дека леков ќе биде околу 1000 е. Точен износ не знам, се шпекулира само, ама за 3 дена се опоравуваш,како да ја сече болеста ( го викаат лекот на Трамп, зашто он така се излечил) . Сепак штета прави короната, да не се лажеме дека не, само да речеме е минимална. Јас примив на 7ми ден и веќе имав развиена пневмонија, па морав да примам трицеф, исто и мојот сопруг. Иста беше и мајка ми, само она доби моксирал. Шеќерот и рипна 30ка до 7ми ден ама еве го полека постковидно го средува. Не знам кај ќе бевме да не беа антителата (тоа примивме, моноклонални антитела, расчепкај на нет, во Кореа се вештачки направени) и мн помагаат.... Е сега нешто чув веќе у Србија имало (кај изјава Вучиќ дал дека ќе е околу 600$? ) ако не дај боже треба...
А како мисли Европа да го реши проблемот со ЕУ државјани кои примиле Спутник? Да не го вратат од некаде од ЕУ на пример Унгарецот вакциниран со Спутник? Малку заплеткана е работата ако ограничуваат со кои вакцини е дозволен влез, без разлика од која држава доаѓа.
И ова со Вакциниве што го прават Европјаните е ужас.Нека направат ако веќе мора со вакцини нека биде за сите што се на пазарот. Што треба да знаи ако сум ја примил Кинеска значи неможам да одам Европа/ Каде каснеа со вакцини Европјаните не ни дадоа на време сега уште ке лимитираат.
Ако ги викаат кој кога се пријавил, треба моите родители уште неделава да ги викнат. Ќе видиме, сепак сега има вакцини доволно за сите
Не би требало да е предолго 220 000 се пријавени, расте бројката, но сепак не пребрзо. Филипче е надежен со 10 до 15 илјади вакцинирани на ден, што не верувам искрено, но во секој случај ако се оди по пријавени би требало за 2-3 месеци максимум да се вакцинираме, со претпоаствка дека нема многу да расте бројот на пријавени и дека би вакцинирале солидна бројка од неколку илјади на ден.