Здраво 1. Дали има инфо која од вакцините е најбезбедна за доилки? 2. Колку време е препорачливо да помине по примањето на вакцината за да се планира следна бременост? Благодарам и убав ден мамички
Ако се безбедни вакцините за бремени, зошто тогаш би се чекало 6 месеци за следна бременост? Шала на страна, со кој памет би се вакцинирале бремени, кога во бременост од апчиња само парацетамол е дозволено...
Здраво, дали има некоја доилка што прележала корона, а во меѓувреме доела? Дали го одбивте малечкото или продолживте со доење? Благодарам
Јас сум бремена и мојот гинеколог ми рече дека вакцините на фајзер и модерна имаат направено клиничко испитување и се безбедни за трудници. Ми препорача доколку испадне прилика, да се вакцинирам. Според него, уште подобро во бременост, за да има и бебето антитела.
Да сум на твое место би причекала. Но сепак, твоја одлука. На трудници сигурно не вршеле испитувања, а секоја бременост сама по себе си носи ризици, друго стање нели.
Ќе причекам секако, не би ризикувала. Дури и да сакам да се вакцинирам, кај нас нема веќе вакцини од фајзер, а од модерна не ни имало некогаш.
Браво за твојот гинеколог, конечно некој што следи ситуација во свет. Јас одвај чекам да ме викнат за вакцина, трудна сум и дојам за да заштитам две дечиња. Ако имаш прилика да се вакцинираш со Фајзер, искористи ја, баш заради бебе во меше.
https://m.facebook.com/groups/26819...pproved¬if_id=1618949688270331&ref=m_notif Кој е заинтересиран, има иницијатива за вакцинирање на доилки со Фајзер.
@MinnaAnne ? Пишуваа во темата бебе, се бара начин да ги стават доилките во приоритетна група за да се вакцинираат со Фајзер бидејќи до сега таа е дозволена за теудници и доилки.
Оти да се чека после вакцина шест месеци за бременост, ви дадоа некакво објаснување? Ко што баратав по разни сајтови, нема никаква поврзаност едното со другото.
Нема потреба за чекање, не знам кој гинеколог тоа го има кажано, ама еве можеш да си прочиташ на ACOG (American College of Obstetricians and Gynecologists) за сите препораки за вакцинирање, баш спротивно кажуваат, треба да се вакцинираат и тие што планираат, се трудни и дојат, без ограничување. Линк овде: Vaccinating Pregnant and Lactating Patients Against COVID-19 | ACOG Ваљда овие знаат повеќе од нашиов гинеколог?
Керка ми се вакцинираше со Модерна и побара мислење од тројца доктори. Еден и рече да почека 3 месеци , а двајца и рекоа дека може веднаш да си планира бременост. Да напоменам дека тој едниот беше македонски доктор, а другите беа во Америка каде што живее. Е сега секој треба да си донесе сам одлука .Инаку таму сите се вакцинираат и бремени и доилки без некои посебни испитувања и анализи.
Не знам дали тука шрочитав, или на друго место, ама ќе го поставам прашањето овде... Има некоја доилка што примила вакцина и испитала антитела кај бебето после тоа?