Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот маж седи со швалерката

Дискусија во 'Брак' започната од baba Rada, 6 ноември 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Можеби веќе и плаќа швалерката?

    Нема ваљда ако има швалерка, да ги 'земе' сите пари тој и да 'избега' со нив...
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.241
    Не. Жената најчесто си ги пакува алиштата, зема децата, и оди во старата детска соба кај родителите или мора да бара станче што може финансиски да си го приушти.
    Оти нели, од заедничкото, женат и децата најчесто се селат, не таткото.
     
    На Hellobeautiful, Kija94, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Добро, ако нема ништо на нејзино име.. разбирам.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.241
    И јас ја разбирам ако сака еден кревет или телевизор д им купи на децата, па затоа зела од заедничките средства, за да подмири потреби н децата.
    Во кафана не верувам дека ќе оди да ги пие.
     
    На Mrs.Styels, Harper, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Епа затоа со време се решаваат односите.
    Си се заведува се' на пола... или уатевр.. како ќе се договорат. Во услови на мир ќе си го направиш тоа, за 'не дај Боже', во иднина..
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Еве имам цела тема
    https://forum.femina.mk/threads/Заедничко-родителство-и-старателство-врз-децата-по-развод.28603/


    А за заедничките сметки шо ги зборите, тоа во Мк нема, бар така знам јас.
     
    На alana, Milobebence и M&M им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.241
    Да. Ама ете, некои не решиле.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.241
    Заедничко не е само тоа во банка, заедничко е и тоа што е под перница, машината за алишта, телевизорот, колата...
    Баш ме интересира каде жената отишла на готово во цакум пакум опремена куќа и во текот на тој брак не се инвестирало баш ништо во домаќинството.
     
    На theowndemon, Harper, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Во право си Дани. еве на пример јас со мојот екс се вселив кај него уште кога бев на факс, имавме 8 години врска, 8 години брак. Во бракот 5 години работев само јас, но и по закон нели, сеедно кој носел пари дома тие се заеднички. По разводот јас се преселив, тој си остана во домот кој беше наш и тој дом остана недопрен, ништо нити зедов нити барав, сепак таму подеднакво растат нашите деца, за нив остана се што се инвестирало во покуќнина. Колата остана за него но деца ми носи/зема тој со колата. Околу децата што треба за плаќање, купување, храна итн учествуваме подеднакво.
    Кога легнаа работите и се изладија емоциите, си комуницираме најнормално, ги носиме децата на лекар, во парк, на роденден заедно.. едино меѓу нас освен тема деца нема друго и тоа е тоа.
     
    На НаталиЛили, theowndemon, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Нема да ти исплати пари за тоа што се' кај него останува, т.е. да го откупи твојот дел?

    Извини ако прашвам многу.. не мора да ми одговориш
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.241
    Е замисли да немаше каде да отидеш дали сеуште така ќе размислуваше?
    Во тој дом да е непроменето. А во другиов, каде поминуваат подеднакво време, се празно.
    А не треба така.
     
    На Harper, Nausicaa, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.841
    Јас еднашка видов на моја блиска маж со швалерка.
    Јас тргнав во Тинекс а тие седеа во кафичите во Скопјанка.Од улица се гледаат кафиќите.
    Ама страшно беше што на масата седеа швалерите плус бившиот мој сопруг.
    Тој пак ги криел, параван бил, демек - онака си седат, си пијат кафе|(

    Прво ме фати гнев и желба да и се јавам и да и кажам што прави нејзиниот маж и за кого таа подогна кредит за да почнат со некој бизнис.Децата да му побараа за сендвич, се дереше дека многу трошат, а овде чести кафиња а можеби и нешто повеќе, зашто швалерка со кафе не се врти.

    Ама си реков -не.
    Ќе си ќутам.
    Одамна ,,изгорев,, од ваква работа, сега си премолчав.

    На крај , после многу време испадна дека таа цело време знаела и си ќутела за да си го задржи бракот, зашто го осетила дека е заљубен и дека може да остане и без него и без се плус со кредит на нејзино име.
    Не успеа да го задржи.
    На крај тој си замина од дома, остави се позади себе.
     
    На sj *O*, Mr. Right, Alisa22 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    не @WildMk , како што спомна @danichap да немав каде да одам поинаку ќе размислував, но ете си се вратив во мојот поранешен дом каде имам се што е неопходно за живот, што ќе ми два фрижидери/шпорети/машини... или па да ми плати која сума би ја платил и што ќе ми вреди, затоа не ни правевме делба после развод.
    Во наши услови така е, не ни имаме што да делиме, куќата не ни на негово име, а материјалното во неа шо се купувало без врска е да се проценува па дели па шо знам...
     
    На Milobebence, M&M, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Бубале баш ми е мило што сте се стабилизирале..
    Кога ке ми текне само се што имаме читано низ темите низ се што помина.. :l:
    Браво штом вака трезвено размислуваш.
    Такви мажи насилници на заслужуваат ни деца ни жена ни швалерка уште помалку простување од твоја страна.
    Браво.
     
    На sj *O*, Mr. Right, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Да сум помлада односно до пред некоја год. такво нешто да ми кажеле, сигурно одма жиците ќе ми се споеле и ќе отидам на лице место соочување. Но, сега не. Детално ќе ја испитам работата. Ама ако има нешто знам дека ќе дознаам. Мојов ни мобилен ни таблет не крие, се ми е достапно, ама никогаш не ме влечело да отворам да видам било што.
     
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.885
    [​IMG]


    Прво да најдам дечко, па да видам до кај ќе биде муабетот за маж, па отом потом за швалерај.

    Вие сте си ги средиле вашите животи, јас ко ќе се средам на љубовен план ќе дојдам да коментирам на темава.

    Аривидерчи !
     
    На ceca-1, sj *O*, Роберт 7 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Фала за информацииве
     
    На zalosna и Dust им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.773
    Допаѓања:
    175.758
    Пол:
    Женски
    Кога едниот партнер веќе има сметка, па подоцна се додава името на другиот партнер на истата, тогаш стигаат известувања за подигање или трансакција на кеш, но не е ниту правило.
    И ние имаме заедничка сметка, имам подигнато поголема сума (е сеа не толку голема за да се купи кола на пример), ама прилично голема, никакво известување не стигнало. Нејсе..

    Некој праша што ќе вреди ако му ги земеш парите.. Многу!
    Ако тој има швалерка, тоа значи дека тој троши пари на неа, кои се и мои и кои ги заработуваме првенствено за нас и за децата. Во тој случај, тоа ќе значи дека тој крати од нас, неговото семејство, за да плеска трета личност, од негови лични себични побуди за негова и само негова нели, лична сатисфакција. Јас така го разбирам тоа.
    Ете зошто во такви ситуации се удира по кешот. Оти јас како жена нема да одам да частам швалери, туку сите средства ќе бидат наменети за децата, кои најчесто секогаш заминуваат со мајката и таа го зазема најголемиот дел од нивниот раст, развој и едукација и ако се има нешто плус, дефинитивно би ги вложила во себе подобрување, од типот хоби, облека, концерти. Ама да си го скратам фустанот што ми паднал во очи од некој излог, за тој една вечер да плеска во средножалосно мотелче, е нече мочи! 8) :D
     
    На ceca-1, sj *O*, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Ако го видам маж ми да седи на маса со швалерка, ќе им пуштам пијачка8)
     
    На Tajnaotrovna, ivi1987, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.