Вашите најчести кавги во врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од la.chocolada, 27 февруари 2011.

  1. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Форумџики за што најчесто се карате со вашите сакани?
    Дали вашите кавги во секојдневното ваше комуницирање се слатки кавги на кои подоцна се смеете или пак кавги кои доведуваат до двоумење за продолжување на таа врска?
    Дали најчесто вие сте иницијатор за тие кавги или тој? Кој прв приоѓа после расправија?
    Ако ви е интересна темава...Ве очекувам! :)
     
  2. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Pорано многу често се каравме бидејки 24/7 бевме заедно. и се каравме за глупости ама стварно за глупости (еднаш во средно се скаравме бидејки јас му го земав неговото столче, иако еден до друг седевме, и цел ден ми се лутеше а јас за инает не попуштив :D :D ) ама секогаш се средува се, и понекогаш си се смееме...

    Aма ние си имаме ншто како правило некое, бидејки и двајцата сме исти, кога ке се налутиме за нешто си се оставаме така време да помине некои си минути или саат, и за да се смириме си се смешкаме и така , ако не се оставиме да се смириме кавгата станува се поголема и поголема и никаде неводи освен до љутење од ден-два... хахаха
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Кога за нешто јас се карам поточно кажано сум иницијатор за тоа речиси секогаш сум имала јака причина ..... И после секоја ваква подзастануваш и си викаш до каде вака :^) . Кога тој се кара тоа се се некои глупости од типот зашто не ми кажа дека ќе излегуваш зашто ме излажа за блаблабла .... Зошто не ти значам,љубоморни испади кои ги мразам највеќе..... :@ ги мразам тие караници а заборавив најважното најчеста причина за која јас се карам е Бифшата што ме замара и мислам секое утро станува само со една цел , да не раздели :devil:
     
  4. Dachka

    Dachka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Најчесто поради некој 3 што се меша во врската !
     
  5. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Кога се караме се караме поради тоа што не си ги одржува ветувањата и не си стои на зборот а мене тоа страшно ме иритира! Најчесто за глупости.
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Најчесто зошто јас сум инат,и сум многу голема лутка,па се лутам кога не кажал кај е,кога не го носи телефонот со себе...кога го нема долго време,како во моментооооооооооооооооооооов :@
     
    На Hopelessgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203

    Исто..Одвеан е во умот :D
     
  8. macetoo

    macetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    :))))) mi se sviga temava da ti kazam :D jas sum sekad inicijator za kavgi i toa bas poradi mojata gordost i tvrdoglavost i brz karakter za sto ??? e mn interesno prasanje:)) pa obicno za mene ima pricina ustvari toa e woowww pricina no se vodam od faktot ne pravi ona sto nesakas da ti pravat sakas primer epa eve ti nekolku:) mrazam koga se zagleduva po dr a e so mene e togas ima eksplozija i normalno ne popustam :) koga ne mi veruva a znae deka sum vo pravo :) da ti kazam me zamisli duri nemozam da kazam za sto se karam a site me znaat kako lljutka ali ajde eve konkretno ako nesto ne mi e po kef mi e dignat nosot :D
    [mod-kirilica:3krzxtiv][/mod-kirilica:3krzxtiv]
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Најчестите кавги се секогаш без врска,за нималку значајни работи...после ќе се смириш и ќе се каеш што си трошел беспотребно енергија за глупост :lol: најчесто дечко ми ни крив ни должен ќе се го добие :worried: многу се нервирам заради мојата избувливост и секогаш иницијатор на глупави кавги :( тој никогаш ама никогаш не е почнал прв :!: ама да се пофалам дека се трудам да се сменам и како минува времето сфатив дека вакви кавги ми го губеле времето кое требало убаво да си го минам со него :inlove:
    затоа повеќе љубов-помалку кавги :P
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Најчеста причина за кавги со мојот вереник е моето семејство,тој мисли дека сум превише приврзана за нив,и кога сфати дека ако ме натера да бирам помеѓу него и семејството,он нема да биде избран почна помалку да мрчи ;)
    Јас пак највеќе почнувам кавга кога по 1000 пат морам да расчистувам негов неред :@ викам се дерам и после 5 минути се смирувам до наредниот пат.
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не можам да се воздржам,едноставно не можам кога е посилно од мене.И си викам во себе,немој Геа,немој,ама самото ме тера,одвнатре,ми стои на врвот на јазикот и се празнам,без да земам воздух додека не станам ваква :envy:,а после пак се трудам да ја постигнам истава боја на тенот :envy: ,затоа што тој си молчи и тапо ме гледа.
    Пнекогаш се караме околу финансии,некогаш зашто последните три капки пред фамозното тресење на „другарчето„ после вршење мала нужда му капнале на капакот од шољата кој претходно би требало да го крене,некогаш кој да го земе автомобилот,некогаш поради неговите...некогаш од ич ништо почнува кавга и во сите набројани случаи, главниот иницијатор сум јас :wasntme:
    Ама кога ќе падне една добра, жешка, страсна мирба....уф,уф,уф....сега ќе одам да го разбудам да му се скарам :lol: :lol: :lol:
     
    На la.chocolada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    За неговото работно време, за моите бубачки во главата откако ќе изгледам некој психолошки филм :tmi:... И тоа секогаш јас почнувам, а он мислиш незнае да се кара, само мирно и сталожено си збори.
    П.С. Се радувам секогаш кога ќе го повиши гласот (со умерена тоналност), а до сега тоа може било 3 пати. :devil:
     
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    за факлутетот што не сака да учи
     
  14. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    е - за истото :lol:
     
  15. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    хахахаха...слатко...баш тие ми се типични караници за еден пар кој живее заедно... :D
     
  16. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Уфф па се караме за многу работи....мислам се карам јас, најчесто е така.
    Најчеста караница сега овој зимниот период ни е околу покривањето, навечер кога ќе си легнеме. Тој само ми се жали колку лошо сум спиела, само сум се вртела и сум го откривала. Јадниот тој измрзнал...ама ајде го решивме проблемот се покравиме со посебни ќебиња...само мир да биде.
    Никако да се погодиме во нешто, мислам и на двајцата да ни се допаѓат исти работи..тој сака едно јас друго, но ајде правиме компромис и тој и јас.
    Му се карам затоа што се прави дека е грижлив, педантен а всушност остава хаос зад себе што три дена неможе да се среде.
    Се караме за неговото машко его, кое кое е огромно. Воедно таа неговата дигноглавост во последно време станува сериозен проблем кој многу ми смета, но за тоа ај во друга тема.
    А најмногу од се ме нервира тоа што тој само кажува што му смета, го кажува тоа на фин и културен начин без повишување на тонот. Јас пак викам и за него, кога се внесам во расправија ми нема крај, се кажам што ми лежи на душа, а тој само се ме гледа, така трепка со очињата мислеш ко да се плаши а гајле си нема, само ќе ми рече ок исфрли ја негативната енергија и ќе се чуствуваш подобро.... е ми доаѓа да го задавам..но кога кога пак ќе погледнам колку е сладок е неможам да му останам рамнодушна, се стопувам во неговата прегратка..
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Најчеста причина за кавга е мојата недоверба. Јас сум таа која ги почнува кавгите, бидејќи сме во врска на далечина и се случува да почнам да му префрлам дека не знам што тој прави таму и со кого. Знам дека ме сака, многу нешта направил за мене и тоа ми го докажал, но знам и дека во животот ништо не е сигурно и се може да се случи.
     
    На Hopelessgirl и Hristov им се допаѓа ова.
  18. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Ја сум иницијатор на кавгите дефинитивно.:D Дечко ми не се случило за нешто да почне прв.
    Најчесто се случувало кога дежурал на работа да му биде исклучен мобилниот по цела вечер зашто не го наполнил телефонот, ја да му ѕвонам и кога ќе видам дека е недостапен со саати, косата ми се кревала. Па ќе го прашам зошто не го наполнил дома телефонот, он ќе ми каже заборавил.
    Збееснувам :devil: А ја во меѓувреме сум си режирала сто филмови у глава.:wasntme:
    И кога сум под стрес за други ствари и паничам, а он мртов ладен; абе не се замарај срце, уживај дее, се ќе се среди. И понатака ми продолжува муабет за нешто сосема небитно, демек да смени тема да не се нервирам, а ја се осеќам ко моите проблеми да му се небитни. Ама па после тоа кога ќе направи една тажна, невина фацка, не можам да не го бацам :hug:
     
    На Hopelessgirl и Tatjana95 им се допаѓа ова.