Веќе 6 месеци сум верена со еден а заљубена во друг... Незнам веќе како да се однесувам со вереникот... Може мала помош што да правам??? Однапред благодарам!!!
Верена со еден а заљубена во друг... А како мислиш да живееш со момчето ако не го сакаш? Подобро на време кажи му пред да биде доцна да не си правите беспотребни скандали.
Верена со еден а заљубена во друг... Дефинитивно треба да му ја кажеш вистината. Не е фер ни према тебе, ни према него. Раскажи му , прекинете ако мислиш дека така треба и пробај да бидеш со тој што навистина го сакаш.
Па зошто тогаш воопшто си се верила со тој ако си заљубена во друг? Ако не го сакаш кажи му на време, разјаснете ја ситуацијата пред да стане доцна.
тањуш а како мислиш да живееш со него 40, 50 години еј девојко ова не е шала, не знам како си си замислила дека допрва ќе треба да се заљубуваш во вереникот или како. Не ми е сватливо ова? Зошто се вери со него, не е ова време турско родителите да те мажат за некој кој не го сакаш. Подобро спречи откоклу лечи, додека е време кажи му , така нема да му задаваш болка доколку тој е вљубен во тебе. Такви грешки едноставно не може никој да ми ги објасни
Подобро спречи додека е време, но најпрво биди сигурна, можеби сега овој што се појавил е само кратка пролазна криза. Размисли убаво и види со кого се гледаш себеси после многу години.
А зашто избрзувате со вакви глупости на 19 години? И што можеме ние овде да кажеме освен да бидеш искрена со него? Кога ти сама не знаеш што да правиш, што може некој од страна да каже? Ожени го, роди му деца, па остај го и појди си кај другиот, а овој натерај го да плаќа алиментација? Не дека сакам да бидам дрска, ама веќе мака ми е да гледам горе-долу врсници што од глупавост си го уништуваат животот. Искористете ги тие главчињата за размислување, не за фризури и шминки само.
А да не ти е само приказна ова?? Некако мислам дека тролаш ... Ако грешам, исправи. А ако има нешто од ова, не си ни прва ни последна со ваква нелогична и животна грешка. Ако со време се исправи е добро, но ако не тогаш последиците подоцна во животот се лоши.
Види вака да ти кажам според мене.. што не сакаш да ти го прават, не прави го на друг. Твојот вереник те сака, штом те веке има и запросено.. тој се надева на тебе, на брак и на среќен заеднички живот. Размисли со ладна глава би можела да му го удоволиш тоа.. ако вака продолжиш според мене со сигурност НЕ, ( доколку се разбира не сватиш кај си и се обидеш да го засакаш и му вратиш на ист начин) замисли само како е сега во врската па како ке биде во бракот. Сигурен промашај.. колку и да те сака и на него ке му здосади начинот на кој би му ја слоупотребувала неговата добрина. Според мене седни и најди ги маните и недостатоците кај вереникот, најди ги добрите работи кај него и најди заедничко решение. Тој што го сакаш си се запрашала дали тој тебе те сака.. ако веке се одлучиш да го вратиш прстенот, знаеш дека потрите ти се отворени кај тој што го сакаш.. немој на крај да избереш нешто погрешно и да не останеш без ништо. Ако немаш шанси да го засакаш или ке молчиш за секогаш или ке избереш да му ја кажеш вистината и ке се соочиш со последниците, на тој начин ке бидеш искрена прво со себе а потоа и со него. Поздрав и ти посакувам се најубаво, да ја донесеш вистинската одлика, како ти мислиш дека треба да биде.
секако дека најдобро би било да го оставам и да признаам се... но кога го направив тоа кога бев искрена со него тој заврши у болница на интензивна нега и не можам да дозволам тоа да се случи а и не можам да си го уништам животов. Затоа побарав помош од вас ....
Па ти секако дека ќе си го уништиш животот ако се омажиш за некого што не го сакаш. И не знам зошто сакаш да си ги комплицираш работите кога уште има време да решиш големо прашање. Бракот не е игра и е дијаметрално различен од врската. Пред да се соочиш со големо разочарување и ти да завршиш на интензивна, размисли трезвено, што ти очекуваш од својот живот и во која насока ќе се движи истиот. На момент ме тераш да мислам дека имаш нешто мазохистичко всадено во себе, штом сакаш времето да ти поминува во измачување. Ти не треба да расчистуваш со своите чувства,тие се премногу јасни.Само треба да собереш храброст и да се соочиш со вереникот, кој не заслужува да биде изигран на подмолен начин.
Ако е вистина ова што го збориш многу некако ладнокрвно си ја кажуваш приказнава.Девојките погоре гледам ти дале совет да ја кажеш вистината да го оставиш вереникот што се и во право,но ти не сакаш да си го уништиш животот и да не го пратиш пак у болница.Каков совет бараш ако уопште и сама знаеш што сакаш
бракот не е игра.но најдобро е ти да си одлучиш.ако тој во кој си вљубена ги нема истите чувства спрема тебе залудно е да се надеваш.но ако ти е потребна вистинска љубов.некој кој ќе те сака и подржува,да биде покрај тебе кога ти е најпотребно тогаш продолжи со својот вереник.но што ќе се случи по 10 или 15 години.ќе му изродиш деца кој највеќе ќе страдаат поради вашиот несреќен брак,а ти ќе трчаш во прегратките на друг човек.ке бидеш ли тогаш задоволна од твојот живот.јас да сум на твое место би ја раскинала веридбата отколку секое утро да се будам несреќна покрај човек што не го сакам.сепак тоа се чувства не можеме против нив.сепак одлуката е твоја.ти најдобро знаеш што ти е потребно во животот.поздрав
ова темава е смешка некоја,? ми наликува на зафрканција,некој немал што да прави па ај ке се закачам на фемина бог да чува