Дека има жени со брада. Дека утре може жена му, сестра му, мајка му да развие ПЦОС и да и' порасне брада.
Ама еве јас имам, што ми менува. Ми расте, ја депилирам. Не паѓам во транс. Животот тече и понатака, не го запирам светот за моите влакна побогу. И што ќе му смени на маж ако сестра му има полицистични, ако не сака да ја пика раката во волна.
Да не осудувате госпожа!! И вие не ја пикате раката во мојата 'волна', па пола не нарековте немиени и смрдени. Толку не разбираш, или улаа се прајш?
Бидејќи навистина отиде темава во сите правци, односно се прошири за цело тело, го променив насловот да одговара на темата.
Ако не сакаш да ти ја пикаат раката во твојата ,,волна" зошто те засегнува туѓо мислење. Не очекувај дека сите се расположени да го прифатат тоа како нормално. Ти може да пробаш, ама ако сакаш тебе да те прифатат со влакна, прифати ги и тие што не сакаат да имаат.
Абе ти читаш што пишувам, или пишуваш колку за да се инаетиш? Не сакам да имам влакна. Не ми е за мене. Јас дадов-зедов. На 43 не ми прај многу разлика, а Бога ми и претходно не ми се ускрати ништо заради брадата. Не треба да навредувате и дискриминирате оти не е човечно.
Знам дека е конфузија, ама имаше поента Валјд. Сега темава сигурно не е за во Врски, и ако веќе ја генерализираме , еве машки пандан https://forum.femina.mk/threads/Влакнести-мажи-или-не.298/ па нека биде Влакнетост на жени- прифатливо или не. Или уште подобро, од моите омилени теми- Предрасуди кон женска влакнетост, нешто во тој стил, јер фрчат предрасуди...
Ај да не го менувам сто пати, и ова прифатливо или не исто му доаѓа, го сменив во жени, зашто да, тоа беше поената, фала на исправката.
Малку емпатија не би ти дошла лошо. Овде пишува жена кој има реални проблеми, не пишува од аздис, како што милуваш ти да пишуваш погоре, ја отвора душата за своите маки, и само погледни ти што пишуваш. Прочитај се еднаш, па уште еднаш, па и сто пати, само да видиш како ова звучи. Мислиш некаков смртен грев се влакната. Мешаш глупости, ниту самата не знаеш што пишуваш, реков нема да запаѓам во дискусија со тебе, ама ова последново е за секаква осуда. Замисли тебе како би ти било да отвориш душа за нешто и некој да ти се истури со вакви погрдни зборови, само замисли си како би се чувствувала. Ужасно, без сомнение.
Господебоже, какви глупости се изначитав. Како да не е доволно стресот од растењето влакна на лице и постојаниот притисок да се депилираат сега и веднаш, па уште и нечиста ќе те направат. Јас имам. Сегде. Лице, стомак, гради, грб, раце, нозе...ју нејм ит, ај хев ит. А немам никаков хормонски дисбаланс како причинител. Сум се притресувала до немајкаде. Еднаш дури и еден дечко со кој одев ми рече, имаш влакна на лицето. Извини, ти немаш? Што сме секој ден заедно, а еба*но мораш да ги пораснеш за да ги издепилираш, па ете извини...нечиста што сум била... Бранете ставови, ама имајте исав. Отстранувањето влакна е од естетска причина, да не претеруваме сега и да вадиме други причини. Освен ако навистина има некоја ситуација што налага депилација. Знам еден куп девојки што баш и мака мачат со вадење влакна, поради сензитивноста на кожата. Па се исфрлаат, па поткожни, црвенило, алергии... Поинаку нечисти ли се? Има делови од телото на кои се притресувам ради влакната (поради срам од општеството), и делови за кои воопшто не се замарам. Не дека темава од феминистички аспект сакам да ја набљудувам, ама би сакала да олабавиме со предрасудите. Ми се менувале ставовите низ годините, можеби за 10години ќе си речам факит, и ќе пуштам све да расте. Сега се уште не сум психички во можност. За пример, колку околината има улога околу сето ова. Некаде 5то, 6то одделение, јас навистина бев многу вланеста по нозете. Ох колку се мразев. Бев на гости кај баба и дедо и носев шорцеви, ама многу ми беше срам. Дојде едно девојче од комшии, моја генерација, да се дружиме да си играме. Ова го паметам значи повеќе од 20години, кога ја видов дека и она има исто како мене толку многу влакна, бев пресреќна. Цел товар ми падна. До толку што до ден денес го немам заборавено тоа чувство . Па можеби ако секаде околу нас гледаме бек ту нејчр, на многумина ќе ни олесни и ќе сме посреќни... Од друга страна, не сакам депилирани мажи . Било каде. Особено па на интимната зона. Лична преференција. Влакната брзо растат и све што добивам е иритација и гребење, и ова е главната причина заради која повеќе преферирам влакнести мажи. Од физички аспект, не ми смета на око ни тоа ни тоа. Можеби се двојни аршини, секако нема да бирам маж ради влакната, има многу побитни работи
Пишав, ќе пишам пак. Ако треба пак бришете. Прашањево е за двата пола? Дали било кој од вас би стапил во врска со жена која има влакна на лицето, брада, мустаќи? Посебно WildMK се прашува дали би биле со неа, оти она има проблем. Тука има и потпрашање, дали она би била со некој на кој тоа не му смета, па да не мора нон стоп да се депилира? Или би продолжила и понатаму да се средува? Иако не смета.
Јас сирота , не знам што е влакнетост . Ова општо за по делови на тело како нозе , раце .. а за интимните делови , мразам да сум несредена . Некако сама на себе сум си гнасна и се депилирам од раните тин години , веднаш откако ми се појавија влакната . Можеби има улога и тоа што мојот тип на кожа е таков да едноставно немам влакна по останатите делови на телото . Е сега , кога се работи за други девојки , имам разбирање кон нивните одлуки .
Веќе сум во брак, а и свртив 30тина мажи до сега. Неам гајле. И јас преферирам “ол натура'л“ мажи. Тој последно шо се гледавме се бричеше на интимната зона и му коментирав оти чудно ми изгледа. После тоа, почна да ми се појавува небричен, оти така сум сакала
Стварно не сфаќам што е поентава на толку навреди. Стварно, што е проблемот со друга жена, што ви смета толку? Како ви влијае во животот? И не се работи за некаков феминизам, впрочем воопшто не се ни спомна од некој кој зборуваше дека го мрзи да се депилира. Не е прашање на феминизам, туку станува збор за некаков стандард за изглед што ете го следиме за да не мора да сме етикетирани како неуредни или дека смрдиме, нема ни врска со мажите што не се депилирале, од кај излегоа аргументиве еве не знам.
Не знам искрено вришти од предрасуди темава и скроз сум изненадена. Не е депилирана, смрдела. Боже. Страшно. Свесна бев дека нели може неуредна и слично ќе те направат, ама до олку смрдела бе. Нема да е лошо малце да се свртите кон сопственото ОЦД да видите што е проблемот ако имате проблем со влакна на други луѓе до тој степен. Иначе баба ми во живот не беше се депилирала, беше една од најпедантните жени што ги знам. Секогаш убаво мирисаше и секогаш беше дотерана, исчешлана и карминче ставаше кога и идеа гости. Домот и беше секогаш чист и никогаш не сум осетила лош мирис. За разлика од тоа имав цимерка опсесирана со влакна, влошки на сред стан оставаше. Чисто да ви доловам дека нема врска со хигиена и уредност. Или со грижа за себе.
Рејнбоу пет пати ја сменивте темата. Беше за влакна на лице дали е привлечно или не. Сега е општо за влакна дали е прифатливо или не. Привлечно не е, никој не може спротивно да ме убеди, чак што верувам дека кај сите постои истото расположение на таа тематика. Дали е прифатливо или не, прво себе треба да се прифатиш, па после да очекуваш од околината. Емпатија имам за нелечливи болести, за влакна за каква емпатија зборуваме, кога решението е најлесно. Растат, вадиш. Ти пречат, депилираш. Да ја сретнам на улица нема да и се изнасмејам во фаца, далеку од тоа, но дека ќе предизвика привлекување во смисла на женственост нема. Премногу се анализира, а всушност тоа е тоа.
Цитати за во темата- предрасуди и неразбирање на проблемот: Е тоа, последното, никој не сака да има влакна. И сите ги имаме. Некој повеќе, некој помалку, некој светли, некој темни, некому му пречат неговите лични влакна, некому не му пречат. Некому се проблем, ама тебе Грим не ти текнува дека не станува збор за гордост и мрза, туку за проблем, и не ти текнува дека не е здрава таа осуда. За што побогу осудуваш? Барем три пати ти објаснија, те едуцираа, дека не е како што ти си замислила во твојот свет- или бричиш секој ден, или ги пушташ за да ги фати восок. Еве го: Ај па дома нека седат, ич да не излегуваат, да не ти ја реметат естетиката за убав, мазен, лизгав свет.