Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не умирале секако од недела дена нетуширање, а тука да прашаш ќе ти речат секојден ако не се тушираш смрдиш. Летно време по двапати.
    Сега салами и виршли вмеша ама останатото било смешно и тажно :D
     
    На oblace1, eliesaab и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Девојко, не си интересна.
    И не, ништо не ти е јасно.
     
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.304
    Пол:
    Женски
    Иначе прејако е да имаш преосетлива кожа. Идеш да се депилираш, 2 дена нема шанси да носиш нешто кратко, она кога си најмазен. Црвенило, црвени точки, плус на раце акни ми искачаат. Мазнотија нема никогаш од еден куп поткожни што вријаат одвнатре. Штом ќе ти помине црвенилото искачаат одма нови што одма се познаваат пошто се црни а кожата е бела. И кога си се израдувал дека конечно можеш да облечеш кратко гледаш такви малечки и ситни и ти се сјебува цел ден.

    Порано нервен слом доживував во летно време кога требаше да излезам денски во кратко. И уште некогаш се нервирам. Цел живот со влакна мака да мачиш и пак да изгледаш "запоставено". Сега дефинитивно помалку се замарам ако искочило некое влакно некаде. Тоа е, што да правам ми се смачи секој ден со чупалицата драгоцено време да губам.

    Затоа не коментирајте дечки. Не знаете што се случува во животот на тој човек.
     
    На Luminary, WildMk, winnie02 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    И јас сум дечки една од тие со осетлива кожа, знам како е. Ама, ако јас се нервирам што ќе ми се познава црвенило или точки црвени или црни кога ќе излезат после 2 дена, не за другите што ќе речат туку сакам да си сум убава, 100 пати поголем шок ќе ми е да излезам со влакна растени неколку месеци или подолго. Какво ослободување тоа ќе ми даде? И од утре да се договориме апсолутно сите да фрлиме брич и депилации и да шетаме така природни, пак ќе се загледуваме и фрустрираме оти едни имаат бебешки влакна, други скоро ич, трети прашума... Мислиш нема спонтано да пробаме да изгледаме како оние со помалку влакна? Па ќе стрижеме, избелуваме, ќе носиме долги панталони, само заради другарките со помалку влакна. Тие ќе ги ќарат убавите дечковци, ние со бркот ќе бидеме пак фрустрирани :D На крај ќе речеме дека општеството не присилило. Ние сме општеството, ние одлучуваме што ни е убаво на око а што не.
     
    На kalinaka, tina-63, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Убав говор, во духот на аватарот, искрен, достоинствен и сочувствителен:)
    Ама врска нема која каков дечко ќе фати, компатибилноста нема никаква врска со влакната:D Еве, земи го ти најубавиот, мене најпаметниот ми е сосем ок;)
     
    На winnie02 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Знаев дека некој за дечковците ќе се фати ама не мислев толку брзо.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    168.812
    Пол:
    Женски
    @Peperutce1115 јас не мислам дека тука зборат зошто некој неќи влакнести. Се е избор и преференца. Споредбите дека било нехигиенски се долни, асоцијации со волна, брада, велење дека се помалку женствени, брза забелешка дека биле несредени, незнамтикакви валкна, па дури и ставање слики за да докажи шо било гадно, мирисало и нз шо. Дури и велеше дека сите така сме мислеле лмао. Осет. Секој можи да изкажи став со почит, та шо ја означи то не го напрај.

    Да не сум офтопик. Сакам мазност, убо ми личи. Не ми смета кај друг. Ни пријателки ако не се брикнат, ни кај партнер. Ми паѓало чудно порано оти така сум била учена. Женското тело било за мазно лмао. Преку. Ама и природно не сум влакнеста. Под колено 3 валкна, над колено ич. На лице само мов. На раце светли и ниски. Пазуви и долу само поќе шо треба средвање, а кога ми се иритира како Камелија чинам спомна, стрижам јбг. Не дека не е хигиенски, далеку од то. Така сум се научила. Така ми е врзано во гла и ако излезам не брикната на нозе ми се чини сите гледат во мене. Инаку брич исклучиво, не депилирам. На лице со оние малите за мов на лице шо се за пудрата, не оти ги забележвам и ми сметат. Ми кварат шминката.

    И не мислам дека ради ова би можела скроз да разберам како му е на тие шо се повлакнести и низ шо врват. Видов само накратко поранешна другарка шо носеше маица под маичката на физичко за ко ќе се преслекваме да не се видело дека има валкна на грбот. И вакви споредби ко на темата не прат девојчиња ко неа да се осеќат добро. Ок е да не ти се допаѓа. Не е ок да фрлиш отров и да го оцрниш колку можиш поќе.
     
    На Annath, Luminary, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  8. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Ух, па што мислам.
    Сите си имаме влакна некои помалце некои повеќе.
    Зависно сега има жени со хормонски пореметувања, андерлаинг кондишнс, и ред други фактори кои предизвикуваат да се појавуваат влакна на места кои не се типични за жена. ( Над усните, лице и др.)
    Да, веќе сме во период каде што има милион начини како можат да се решат тие ‘проблеми’, ако воопшто се сфаќаат како проблем од личноста.
    Не можам за други да кажувам, но јас лично не се осеќам добро кога не сум издепилирана и средена, што не важи за други жени, сите можат да прават како сакаат.
    Овие работи знаат и многу комплекси да предизвикуваат, но мора да се знае дека има решение.
    Но, тука многу знаат да ми речат дечко им преферирал така преферирал онака.
    Лично од мене да почнам дека за машко не се средувам туку за мене, што не важи дека ако ми излегло некое влакно или не знам што треба да почни да ми паметува тука.
    За себе треба пулење само.
     
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.304
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Од збор до збор. И јас се нервирам за некои работи, додуша се нервирав, сега веќе помалку.

    Само сакав да споделам како ми изгледаше порано еден просечен ден во лето, дека некогаш колку и да пазам, за некои пак ќе сум несредена или дека не обрнувам внимание на хигиена. Дека хигиената и внимавањето на сопствениот изглед не се право пропорционални со влакнетост.

    Сум ги добивала тие коментари, некогаш пошеќерно завиткани као зашо не пробаш ласер или не знам каков ли не пилинг, некогаш подиректно во смисла зашо не се бричиш секој ден, затоа не ме изненадуваат.

    Среќа од други аспекти лична сум си, па си надокнадувам, пу пу. :inlove: Дури и си развив хумор како одбрамбен механизам за некои коментари.

    И така...
     
    На tina-63, cresa-jagoda, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Може и да сум прескокнала нешто во читањето не знам. Многу страници изнапишани за ништо.

    Јас генерално не сум личност што ќе му шлапне на соговорникот во лице дебела си, слаба си, види какво ти е лицето, а зошто ти се такви нозете итн. И не само во лице, едноставно не сакам такви муабети. Си имам и јас некои комплекси и искрено тешко ми паѓа дури и кога ќе слушнам вакви коментари за некој во мое присуство.

    Според мене, во ред е да кажиш што не ти се допаѓа и што не ти е привлечно и зошто. Па на форумот барем може да си се искаже човек без да се стега, ама секако дека не е во ред да се навредува, да се генерализира, да се омаловажува.

    Сликите ги видов да и мене на пример не ми беа вкусни. Ама ја немам проблем да другарувам со таа жена пример на сликата. Можам да ја прифатам затоа што тоа е нејзин избор, ама не можам да кажам дека ми е убаво и привлечно. Тоа е прашање на вкус. Како што тебе ти е убава виолетовата боја, така мене ми е црвената. Не викам дека е правилно, ама не е ни погрешно, затоа што станува збор за субјективни чувства.
     
    На theowndemon и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Брижит, нехигиена е небањањето. Влакна е неуредност, непадантност, неодговорност ај да кажеме. Си има тема за тоа. Ете повели, https://forum.femina.mk/threads/Неуредни-девојки.19266/
    Утре ако недепилирана колешка седи до тебе може, а и не мораш да ја гледаш во влакна. Ако дојде некоја небањата не можеш да не дишеш. Салами и виршли оти потта е се она што се јаде се елиминира преку неа. Независно дали имаш влакна или не. Нема потреба да споредувате нехигиена со недепилација. Влакната не ви се убави естетски и тоа е се. Бањање е потреба.
    @GrimTheReaper Те сфаќам, ама влакната сите знаеме дека не се градени како материјал што го носиме туку си имаат посебна анатомија која не дозволува влакната сами да апсорбираат пот. Таа апсорбација ја врши блузата која смрди и потта пак се враќа на мишката.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Изгледа има и различни перцепции за уредност.
    Јас имам комплетно друга смисла за уредност од депилација и/или изглед физички.
    Гардероба делумно ми влијае на впечаток на уредност, во смисла дали е перена и чиста.
    Оти знам такви опсесирани со депилација, изглед и убавина, ама уредни не се дефинитивно.
    Дури и пишував во темата мислам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Во право си, во право сте сите. Ако ти е полесно. Форумов всушност не е воопшто одлика на реалната мисла. Премногу се доживува како реалност, а во реалност и јас не би коментирала за туѓи недостатоци или желби за влакна, уште помалку да земам да навредам. Тука сум послободна да го искажам своето вистинско и длабоко мислење. Да дојде време на форум да се пазам што пишувам, со тон анонимни аватари...А всушност, сите се депилираат, дури и оние што не се депилираат, се бричат, и така... Премногу врева за ништо. Од влакна направивте херојство. Еј, влакна... Премногу се пропагира некаква извртена слика за либерализам, а всушност моето мислење е дел од 80% (патем извадок од став на член) од популацијата. Епа невозможно е останатите 20% да се на форумот и прашање е вистински дали се толку. Се стимулира лажно прифаќање на се што реално и не е прифатено од себе, па и пошироко, популацијата. Ако сакате да видите реално мислење на толпата, слободно прошетајте, како што ве дала природата. Не знам кому привлечно ќе изгледа. Можеби, ако се лажеме и во некој свет ако голи се шетаме, па со влакна да се грееме. Друго објаснување на вакво поспевање на влакна, немам. Т.е не знам ни веќе што се зборува на темава. Од сега ќе прашам за какви влакна се работи, која должина, каква боја, потекло на нивно појавување, за да конструирам мислење врз база на собраните податоци. Пошо на темава од мов, до подраснати, до енорми влакна се прави муабет, едни мислат на едно, други на друго, па тие што мислат на едното му ставаат зборови на оној што пишува сосема друго. И така.....Светот и онака е отиден у к*рац, едни одат напред, други бараат да се вратат во праисторија.
     
    На Peperutce1115, eliesaab, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ох, а само ти така модерна и неразбрана :(
    Жалче, кај се најде на форум со пештерски луѓе (твои зборови) :D
    Оти тоа е главниот цивилизациски напредок, мазноста на телото :inlove:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да немаше исто размислување уште веднаш ќе престанеше да се депилираш. Кога ќе престанеш, ќе ми вршиш едукација, во спротивно секоја теза паѓа во вода.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не бе, сеедно више за мене, тебе те жалам со пештерскиве луѓе кај се најде ;(
     
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    У реду, е разбравме дека ти си уствари прилично влакнеста, си била мета на постмев и сеа имаш комплекси на темава.
    Као дебелине што кога конечно ќе ослабат мора комплексите набиени претходно да ги лечат на сите останати со вишок кг и нонстоп да се фалат како ослабеле.
     
    На cresa-jagoda, Annath и WildMk им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не бе девојко, комплекс за влакна никој не ми набил, ниту пак се депилирам за да му удоволам на некој. Што е чудно некој да сака да се депилира, кога истото го правите.
    Реков, престанете да се депилирате, до тогаш вашите претпоставки може меѓусебно да си ги дискутирате. Реплицирање на лицемерие не сакам.
     
    На Peperutce1115, christinnn, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.529
    Допаѓања:
    15.751
    Пол:
    Машки
    Ех сега не мора голи, можи и вака малку стилски...
    Еве ги ни бричени, ни стрижени, со влакна со се :)
    1601582277-Depositphotos-neandertales.jpg Channel-4-Neanderthal.jpg
     
    Последна измена: 19 април 2021
    На oblace1 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. MasMonero

    MasMonero Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Искрено можам да кажам во име на поголем дел од машката популација, не ни пречат влакна. Освен очигледни мустаќи кај женско и влакна под мишка. Со тие две тешко можеме да се помириме. Другото не ни е толку битно. Убаво е кога ве галиме по нозете и сте перфектно мазни но верувајте ако не сте нема ни да обрнеме внимание... на друго место ни е паметот ;)

    А за осетлива кожа нели има ласерски депилатори и креми, но сигурен сум дека и тие ја иритираат кожата. Едноставно ќе кажам, квалитетен брич е добра инвестиција и не би требало да иритира ниеден тип кожа.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.