Стварно,ако толку ви пречат влакната,зошто ви стои косата на глава? Зошто малите влакна на лицето,рацете и нозете се проблем,а не долгите на главата?
Не си ставај грди зборови во уста и душа за нив, верувај ми не вреди, не би да раскажувам и какви други навреди и недолични коментари добив баш на деновите на кои требаше да бидам најсреќна и ги добивав сите награди и признанија од долгогодишниот труд во образованието. Сега ми е криво што не уживав доволно ама тоа е.
Е па јбг, општеството не создало перцепција дека бричена женска глава е убава, мазна, чиста, секси, привлечна и женствена, како за нозете, а дека косата е валкана, неженствена, неуредна и полна со бактерии. Не сме бомбардирани од слики во списанија, на фб и инста со ќелави лепотици, нема серии и филмови со мазноглави хероини, нема слики од папараци со пејачка со подникната коса со милијарда коментари како можела тоа да си го дозволи, колку е неуредна и бљак, кој би можел да ја ебе нејзе итн итн. Напротив уште од мали учиме дека долга, бујна, густа коса е симбол на женственост, иако одржувањето на таа коса чини ѓавол и пол и во време и во пари и во труд. Затоа имаш милијарда теми со прашања кај да најдам некој шампон за мрсна коса, да не морам да ја мијам секој ден, се усмрдела од смог, цигари или од запршката дома па ајде шприцај се со суви шампони ако немаш време да ја измиеш, па маски, регенератори, третмани, кератини,фенирање, пеглање, па фарбај се на две недели да покриеш бели влакна па паника ако опаѓа, спремни да стават и гомно на глава ако тоа ја згусне косата, па проблеми со првут, себореја, па децата фатиле вошки во градинка или школо, па пренеле и дома... со саати требат гниди од коса, ама на никоја не и текнало да избричи глава....ама затоа нозе бричат чисто од хигиенски причини.
Благодарам. Ме збуни тоа што секогаш се спомнува препони, интима, и сл. , дали се мисли на буквално се комплет. Не знам која е сега модата
Како неееее. Морам да те поправам кај нас баш и било тренд. Ако не тренд, било посакувано. Баба ми, која немаше влакна воопшто, ми има кажувано како во нејзино време кога ќе виделе некоја жена со влакнести нозе 40тите-50сите, и завидувале и велеле, цитирам со зборовите на баба - е ова е права жена! Ама како што некој претходно пиша, кај нас толку биле условите, не знаеле за подобро/поинаку. Многу ми се смешни форумскиве револуции - јас би, ама ти ју гоу грл!! имам нешо сеа работа, ќе ти се придружам подоцна, а може и не. Овде кај што сум сите шетаат со недепилирани раце, машала влакнести. Јас имам по 5 влакна и ги депилирам. Никој нема ништо да рече сите се недепилирани, ама она чувство на 10 кила полесна после депилирање си е само мое во кое себично уживам. Никој не ми наметнал така да се чувствувам. Ама е едно од поубавите чувства на светот. За мене де. Трендовите се менувале. Општествата се менувале, ментален склоп се менува. Сега е вака. Уште посмешно е повикување на природата, ама само кога ни одговара. Та и природата се менувала исто. Ние не сме истите луѓе што живееле во 1789, ниту 345пне. Сепак, сметам дека ако ве мрзи, ве боли или едноставно не сакате да се депилирате, никој не треба да ве осудува за тоа. Секој треба да шета како што сака. Со влакна или без.
Е ајде де! За рацете милион пати ми имаат искоментирано. Брат ми и за брадата... сенкир јас сакам да имам брада
Не знам Вајлд. Тој со кој спиеш е проблем ако ти коментира. Мислам, проблем оти не треба да ти коментира, па ќе треба да размислиш што праиш уште со него. За било кој друг не смее да се осуди да коментира.
Остај тој шо спијам, ако коментира, нема да спијам ич со него. Темата е за општествената опресија, не само од поединци, сами по себе.
Па има една позната - Ако еден ден жените се разбудат задоволни од својот изглед, многу индустрии ќе пропаднат. Ама и тоа не мора секогаш да е задолжително лошо. Кога се преселив овде, нормално под општествен притисок, самата дополнително си правев притисок да се покажам во најдобро светло. Кога видов дека сите шетаат недепилирани, престанав да го осеќам тој притисок да се депилирам, ама сепак продолжив да го правам тоа. Едноставно така јас се чувствувам удобно и се депилирам само за себе, маж ми не ни приметува разлика. Јас сакам да се депилирам, гајле ми е другите што не се депилираат, ако сакаат и рогови нека си пораснат нивно си е. Овде нормално, општеството си прави други притусоци, ама за раце депилирање, сигурно не. Веројатно секое општество си има свои мани. Ако притисокот направи мене истовремено и да ми е удобно, ок. Ако не, треба да е сосем нормално да не го правам тоа. Не може на сите се да ни одговара, ама секој треба да има шанса ако одлучи поинаку истото да не е осудено. Види, не може ни општество без некаков притисок. И во племенските заедници биле под притисок да се стројни и борбени, не научиш да кршиш кичми, ќе ти ја скршат. Благородниците под притисок да се покаже во најубаво светло, за на бал да денса со згодниот или богатиот, зависи по што пошла па може ќе и се посреќи, и обратно, мажите исто. Баба ми, немала гаќи за да се качи на коњот, а тогаш трендот за гаќи растел, па не и било ич сеедно да нема па фино лепо побарала тоа од дедо. Секое време со свои притисоци и опресии.
Затоа има мал милион општествени струи кои промовираат идеологии на недискриминација и прифаќање на различностите... Следниот општествено-еволутивен напредок го гледам баш таму. Може нема да биде за брзо, може никогаш... може засекогаш луѓето ќе се дискриминираат едни со други по секоја можна и 'неможна' основа. But a girl can dream...
Ама ова е друго. Општеството нема да опстане без притисок. Да е само депилирањето. Тие движења се да се научи, како да се искористи и извлече најдоброто од притисокот. Факт е и дека од тие индустрии семејства се прехрануваат. Затоа и се смешни набедувањата од "освестените" зошто овие другиве се депилирале. Револуцијата во друг правец се движи. Ако сакаш да не се депилираш во ред, твоја одлука, не ми цепидлачи зошто јас се депилирам. Смешно е да се жалиш дека си осудена што си решила да не се депилираш, истовремено да ме убедуваш мене зошто јас се депилирам, со твоите причини. Тоа не е битно се додека ми е мене удобно. Јас те поддржувам ти да не се депилираш ако така си посреќна, ти мене да се депилирам оти така сум посреќна. No shame, no guilt, no judge. Во двата правци. Јас новите револуции ги гледам во фер плеј, не во еднаквост. Она што всушност највеќе недостига.
Не сум влакнест тип, поголем дел од влакната ми се меки, светли и ретки. Се депилирам редовно, еднаш месечно-аксиларно, раце, стомак, интима, нозе. И местата каде што имам светли, бебешки влакненца. Не ги сакам влакната, ми сметаат, особено во деновите пред депилација. Убаво се чувствувам кога кожата ми е мазна и мека. Одвреме-навреме ми излегува по некое влакненце на брадата, ама штом заприметам, одма го отстранувам. Исто и на веѓите. И во носот. Колку и да изгледа глупаво, нит ми се гледаат, нит ми сметаат, ама ете, јас не сакам ни тие во носот да ги имам (знам дека имаат заштитна улога, како и сите влакна) и ги средувам со еден додаток мм што го има на машинката за бричење. Не ме интересира кој што прави, дали и зошто се/не се депилира, ама јас не можам да се замислам себеси со влакна. Ме прават да се чувствувам нечисто. Ми падна в око мислењево Бидејќи косата ја одржувам со еден тон препарати за да биде мека, сјајна и здрава. На влакната од интимата и од пазувите ништо не им ставам. Недепилирана може само да се задржува потта повеќе време и да смрдам на 1км радиус (немам проблеми со потење, пример само кажувам). А во случај косата да ми е сува, расцветана, да ми паѓа... Секако дека ќе ја истрижам. Не ќелава, ама кратка да. Нема да сеам влакна околу мене, оти ете, мене гад ми е и од моите.
^ нема никој да смрди, ако секој ден се тушира, толку е просто. А вода и сапун верувам сите на темава имаме. Поентата е да нема осуди, а тоа "нехигиенски ми е", буквално ми кажуваш дека не одржувам хигиена ако не се издепилирам. Сериозно, на еден клик ви се сите научни сознанија за нашите влакна, како и дека истите сами по себе имаат протективна улога, не се нехигиенски аман. Кој како милува нека се однесува со својата кожа, само што рече @Yowannty не осудувајте аман. Тоа е поентата, а не дека утре ајде сите да не се депилираме. Туку да се научиме да не се замараме со туѓ изглед, и да олабавиме со предрасудите.
Некои личности ако не се замараат со туѓите животи ќе нема за што да праат муабет. Е тие смрдат за мене.
Ако влакната се нехигиенско нешто тогаш ќелави требаше да бидеме сите. Ако се користи вода и сапун редовно нема да постои проблем. Туку мене лично девојка со бркови или шишки под мишки ми е одбивно.
Не. Не се однесуваше тоа на тебе. Ти фино си ја отвори темата. Ама од почеток се изгуби поента. Место да се поддржиме во својот избор, се премина во докажување кој е поголем хигиеничар, а кој освестен ама сепак се депилира. Пиши пропало на таква револуција. Реалноста е, ниту едните, ниту другите не треба да ги интересираат причините за одлуката за депилирање односно недепилирање на другиот, треба само да се поддржиме во своите одлуки, за на сите да ни е фино.
Јас на тебе не можам да ти доловам што спаѓа под хигиена. Рутината на депилирање за тебе е од естетски причини, што не значи дека истите за мене не се, туку едноставно и хигиенски. Пишав и пред некој пост, стилиризирањето на влакната, шишање, тримарење е и начин на одржување хигиена или естетика, зависи како гледаш на работите. Јас не реков дека сите треба да бидат целосно без влакна. Јас не говорам за лануго, подраснати влакна, влакна на раце. Стриктно говорам за запуштање, фрлање на брич и ножици во канта. Едноставно се работи за рутина на одржување и нега на тело. И истото изгледа непривлечно, да ме убеди некој дека брада кај жена е привлечно, не, не е, истото се однесува и на пазуви. Дали јас таа личност ќе ја прифатам, не знам ни за какво прифаќање станува збор. Дека лично ќе ја навредам или избегнувам поради нејзините одлуки, НЕМА, но дека ќе ми се допадне во мои очи нејзината целокупна слика, НЕМА. Инаку погоре беше напишано за себореја, кај друг член. Да беше лесно нејзиното лекување, сите ќе се избричеа. Се работи за кожна хронична болест која се третира со препарати, а не бричење на главата. И секако да напоменам, ќелави жени за мене зрачат посебна убавина и индивидуалност. Мене лично не би ми стоело инаку би. За да ја одржуваш косата чиста има разни начини патем. Дури самата коса доколку е пуштена може да придонесе до појава на акни на региите каде се допира, што не вадам од ракав, може и да се прочита за истотот. Едноставно собирање на косата во репче ќе биде решение. Додека влакна под пазуви не знам како би се нашло решение. Не секој пат имаш пристап до туш, ако одиш на работа и слични активности.
Барем прочитај што постираш ок? Буквално пишува дека смрдеата е поради бактерии. Дури и да немаш влакна, ако имаш бактерија ќе смрди. Тоа што жените "осеќале" или "мислеле" дека се почисти, не ги прави фактички почисти. Да не зборам за скриншотот, кај што мажи се цитирани зошто сакаат бричени жени. Ок, Грим, ај да не се цитираме, може? Оти ме заболе каква ме сакаат мажите, искрено вака.