Значи за љубов се потребни двајца,ниеден повеќе.Ти и твојот патнер треба да разговарате со вашите другари и другарки дека нема потреба од нивно мешање,или било што,што не ги засега нив.Доколку не им го дадете тоа до знаење вашата врска е осудена на пропаст.
Ми реба мислење... Имам дечко веќе 8 месеци и е 7 години постар од мене,но тоа нас воопшто не ни пречи...врската ни е во ред.Но никако неможам да ги разубедам моите другарки.На почетокот се беше во ред го прифатија како што треба но последно време се им смета,неговото размислување како јас се однесувам со него... Не само што ме замараат мене туку вејќе и кон него не се однесуваат како што треба.... Незнам дали треба да се трудам да им објаснам дека е се во ред и дека нас ни одговара така како што е,или да ги ислушувам а сепак да правам како што ми одговара мене ....?!
Нема што на другарките твои да им пречи,он е твој дечко и тебе треба да ти одговара не на некој друг.Не разбирам зошто они се однесуваат така!?Нешто им згрешил или...? Разговарај со нив, прашај ги на што се должи таквото однесување,сигурно нешто се случило штом на почеток убаво се однесувале, а после тоа лошо.Не верувам дека е без причина
Неколку пати сме разговарале за тоа и одговорот е дека им пречело тоа што јас поголем дел од денот го поминувам со него и тоа што тој знае се за мене (каде се наоѓам, со кого сум и сл.) ...но не разбирам зошто...мислам дека доволно им посветувам внимание и нив и него..можеби не подеднакво но не ги запоставувам и нив ... Ме иритира тоа што им помогнал за многу работи, никогаш не ми забранил да се гледам со било која од нив ,ниту коментира за нив пред други или пред мене...
од лично искуство знам дека најдобро решение е дечкото на една страна,а другарките на друга страна и попаметно РЕШЕНИЕ нема. Ама пак ке кажам не сме сите исти така да и за оваа одлука секој си има различен став,но за мене оваа приказна е завршена и еднаш човек кога ке се изгори ке дува и на ладно.Општо познато е дека и самиот дечко е сосема друг во однесувањето кога се другарите во близина,а сосема е друго кога сте сами сигурно сте забележале дека и еден обичен тефонски разговор се разликува кога е сам а кога е со другарите,повекето кога се во друштво сакаат врската да им изгледа како и да не им е важна а приказната се менува кога е сам со вас
Абе види, можеби доаѓа до пренагласеност на врската,можеби кога си со нив премногу зборуваш за него или нешто слично...јас имам долга врска ама кога сум со другарките не зборувам за него(може онака да го спомнам чат-пат ама нонстоп ),не ни се тие муабети актуелни-и да ти кажам нервира тоа сега нон-стоп јас или некоја од другарките да зборуваме за дечкото.Биди опуштена кога си со нив биди со нив-природна како што си била и порано...Можеби се имаш променето и тоа им пречи или пак се работи за љубомора . Можеби има нешто од овоа што ти кажав можеби не...ти си знаеш се надевам ти помогнав барем малку-размисли и донеси одлука што ќе направиш. П.С. http://www.femina.mk/%D1%99%D1%83%D0%B1 ... 0%B2%D0%B8 Можеш и тука да си прочиташ
баш поради оваа причина со неколку од нив денес немаме ни здраво.. и не ми е ич криво, зашто поголемиот дел од денот да не сум со него? ја сепак ќе најдам време за сите.. а со него можеби 1 недела нема да се видам после тој "цел ден" .. и што утре да не ми речат фала.. ма дај.. гледај си и прај си како што тебе ти одговара затоа што утре сите ќе ти го свртат грбот другарки ќе најдеш секаде затоа што 2% од нив не се асални..
Не сакам да дојди до тоа за тоа е многу лесно ...се трудам да ја пронајдам онаа средина за сите да бидат задоволни но...тешко ми оди.Или таа средина не постои или јас сеуште не сум ја пронашла.А дека тие за ништо не се благодарни не се,но можеби еден ден ќе останам без него ,пак тие се оние кои ќе бидат покрај мене Сепак фала за советите
Здраво драги мои...немав време да ги прочитам претходните мислења но сакав да ми помогете со мојот проблем...со дечкоми сме некаде 5 месеца скоро во врска и има еден негов другар кој што постојано борува премногу лоши работи за мене кои се лага...одкако почнавме да одиме со дечкоми тој почна да не му се јавува и сл...дечкоми ми рече дека ми верува но сепак муе незгодно што другар му така зборува за мене...и ова премногу ме измачува плс хелп
A да му кажеш ти на другар му дека не мора да биде сол во секоја манџа? Си нема свој живот, па во вашите ќе се меша? Или е љубоморен што другар му има женска, или е љубоморен што таа женска си ти. Или нека му каже дечко ти да не се меша во вашата врска. И стави го на игнор. Се гледа дека е љубоморен, а штом ти верува дечко ти на тебе, нема зошто да се нервираш.
Можно е тој другар негов да те свиѓа или да му љубомори ако он нема женска, па сеа сака и другарот да нема, не иде еден да има еден не. Штом дечко ти верува не се секирај ти, а тоа што му е незгодно нека му каже, што е проблемот што збори така за тебе и готово. Сличен одговор како и предходно ти дадов, бидејќи тоа е во прашање и тоа треба да направи/ш.
Мојот проблем е малку поразличен од претходниве.... Седев со неговото друштво на вечера и многу испив и не знаев што зборував.... Се скарав со двајца негови најдобри другари...едниот не ми се налути, дури имав шанса и да му се извинам, но со другиот ептен ја спукав и не дојде ред да се смириме.... Дечко ми потоа ми префрли и дури ми рече дека сум сакала да го скарам со другарите... Но, за мене вотката збореше...а утре треба да сме заедно за Нова година... Од тогаш се смени и однесувањето да дечко ми...делува незаитересирано... Што да сторам???? Како да постапам?
Значи вината е твоја за кавгата и треба да се извиниш. Извини му се на дечко ти и на неговите другари. Пробај да дојдеш и до тој што повеќе сте се скарале и на него да му се извиниш. И ти самата нема да се чуствуваш убаво на пример на маса да седиш со луѓе кои можеби сега мислат лошо за тебе. Друг пат не и дозволувај на водката толку да зборува.
најубаво е да се извиниш на него и неговите другари признај дека вината е твоја дека многу си испила и дека не си била свесна за што зборуваш вреди да пробаш
И јас исто но, и на некој начин остана во минатото тоа... Едноставно, му кажав да престане со тие глупави изговори за да ги заштити другарите, да престане да ме наоѓа мене кривец за секој проблем... Му дадов рок од една недела да одлучи - или јас или другарите! Или ќе имаме стабилна и нормална врска без мешање од страна на другарите или ќе си продолжиме секој по својот пат... Тој се одлучи за нашата врска, другарите ги остави малку понастрана од нас (што навистина ми одговораше и го посакував тоа) и сега тоа не е проблем (барем така е досега за натаму незнам)... Се што можеш да направиш е да седнеш и со убав муабет да му предочиш дека сакаш да имате приватност во врската... Се надевам дека мојот совет ќе ти помогне