Сега ми се јави една другарка- познаничка и ми кажа дека и на неа и се пуштал ама онака јако, со коментари дека имала јаки цицки и оваа збеснала и за малце шамар му мавнала. Нејќела да ми каже тогаш пошо ептен и било незгодно, али сеа ми се јавила бидејќи знаела дека не сме заедно и мислела дека добро постапила. Добро бе да му е*ам мајката, биваше да е толкаво гомно? Луѓе уште поубаво се осеќам. Навистина
ете одговорите самата си ги добиваш еден по еден всушност каков човек е тој и уште една причина плус дека не треба да жалиш за овај човек можам слободно да речам дека за жалење е тој кутиот...
а он обично избегава на фб лични работи, додека одевме никогаш немаше јавни изјавувања љубов, дури се сеќавам дека и го скри статусот дека сме во врска бидејќи бил фб и бил чиста глупост. (иако на крај испадна добра работа што го скривме) и тоа беше минатото лето. Боже сеа ми се уклопуваат коцките
Абе да била некоја поубава, помлада ПОПАМЕТНА, да вредела и да те сменел ај да си ја тупаш главата... Ам те сменал за некоја Гнида гнидосана со ботокс у челото и ќе се нервираш? море таква вошка не ми треба ни во косата а камо ли во животот .. па уште и на статус и коментирал те сакам????? да не е заљубен случајно у нејзиното Ботоксирано чело?? ХаХ Девојче, сигурна сум дека можеш да си најдиш некој што ќе те сака така да овој човек не е вреден ни да се коментира. Колку што гледам според профилот на иста возраст сме, така да флертувај мила, млада си..ехеее уште колку машки ќе ти плачат.. Нема грешка. Екстра
На статус пишал! ај да речеш коментар али ова статусов! значи тоа за него нешо невидено! Сварно е грда и гадна и свиња, извинете на погрди зборови али не се опишува добро бе 12 години се постара. Да беше барем згодна или пак убава- сакам да кажам нешто да се истакнува! Карактер не коментирам пошо си се докажа и сама...
девојки зошто сте изненадени?познато е дека мажите не мислат со горната туку со долната глава тоа ти е
Напразно се нервираш според мене. Треба да престанеш да размислуваш на сето тоа на кое размислуваш, се додека ти размислуваш и се занимаваш со него и неговата ти ќе тапкаш во место и нема да продолжиш. Заборави ги, колку и да те боли, нема смисла да си го трошиш времето со таков.
Ова ми е некако познато...се мислам од каде? Девојко, од лично искуство изненадувањето односно шокот кој си го доживеала, не ти го завидувам. Чуството е одвратно. Си мислиш и се прашуваш - со каков човек сум била, нели? Шта је ту је, сега ќе те замолам - иако ова е многу тешко - батали ја неа. Мада фаза ти е и сосема е разбирливо што ја спомнуваш и неа, уште некое време ќе си велиш зошто таа а зошто не ти. После откако ќе помине извесно време, знам и сигурна сум ќе си велиш - шуќур што е таа а не јас! Верувај иако сега така не си мислиш, девојката ти направила услуга, те куртулила од ѓубре со кое верувај не би сакала во никој случај понатаму да си ги прљаш рацете. Мене една другарка еднаш у слична ситуација ми рече - знаеш он ми е сеа нешо као го*но, ни да го допреш, не дај боже да си во негова близина пошто гадно смрди. Што ги тера ваквите дечки да живеат двоен, во некои случаи и троен живот, јас не знам. Ќе да е некое психичко пореметување од детството, комплекс на нижа вредност, треба да си докажуваат ваљда дека сииите нив ги сакаат, стварно не знам. Најстрашно е што самите тие не ни сфаќаат што прават. Ама едно знам - не им е лесно. Да успеваш мозокот да го контролираш на таков начин да не те фатат од една, друга, трета страна, тоа бара голема сила. А тие таа сила ја немаат. Кад тад, ќе пукне балонот. Како и да е, ти со таков психолошки случај не сакаш да имаш нешто заедничко нели? Направи сега нешто за себе, излегувај, забавувај се онака како што само ти си знаеш, труди се да го избегнуваш сето она кое те потсетува на него и во ниеден момент немој да се каеш. Karma is a bi*ch, you'll see! Енергијата и омразата пренасочи ја во поинаква, позитивна енергија за твое добро. Верувај знам за што зборувам Со среќа!
Девојки! Само што ми јавија дека го претепале и дека му била пукната аркадата и имал потрес на мозок, ќе лежел во болница два дена Што ли да мислам? Карма? Господ?! решив да му пишам порака get well soon... Што мислите вие?
Тројца сте во приказнава, а ја знаеме само твојата страна. Можеби и она некаде на форумов ја има раскажано својата верзија, и други девојки ја тешат. Може и неговата приказна кога би ја слушнале би се замислиле. Не велам дека твојата приказна не е валидна. Ама едноставно ни таа девојка не е виновна (најмалку за тоа дали е грда и колку години има). Ти си била во врска со него, не со неа. Проблемот што го имаш ти е поврзан само со него, он имал обврски спрема тебе. Моабетот ми е- колку и да ти изгледа година дена многу долг период, верувај не е. Ама доволно долг е за да научиш лекција и отвориш очи. Поздрав и не собирај гнев спрема никого. Сами си ги правиме изборите во животот.
девојко никако какви пораки какво пишување толку брзо заборави што ти направи значи советите на девојките биле бесцелни порака за побрзо да оздрави?има кој да му пиши и кој да го теши јас на твое место веќе би го избришала бројот негов така да мислам огромна грешка ќе направиш
Никако! Таа ќе го теши, ти ќе го тешиш, уште ли ќе му го раните егото? Ќе му помине како на кутре, пардон џукела. Не се замарај!
После тоа што си го дознала и те шокирало?? Непотребно е да му се обраќаш на било каков начин. Ти значи немаш намера да расчистиш со него и со се поврзано со него ... Биди своја и пресечи, заврши со него ... дај шанса на други.
Не си ни прва ни последна што и се случило такво нешто. Јас во средно имав таков со кој си изгубив 2 златни години, ама нема назад. Тоа се ѓубриња со комплекс на нижа врдност со потреба да се докажат дека можат они со две па и три. Ама верувај дека послатко нема кога ќе си најдеш некој што те заслужува, а тој ќе биде бетер од кутр кога ќе квичи и ќе моли да му се вратиш. Ќе го дочекаш тој ден ти гарантирам, само горе главата и свиркај си. Во право беа погоре кога рекоа дека после некое време ќе му благодариш на господ што не си останала со него, јас отпосле кога го гледав 100 пати се запрашував како ли можев да сум со него, па уште и прв да ми биде Чувството е одвратно, ама се поминува со тек на времето. Ти посакувам да си најдеш некој што те заслужува, како што и јас си најдов.
поубаво се осеќам поубаво се осеќам - привлекуваш внимание И не не ти е другарка таја со која што треба да излезеш вечер пошто ако ти била другарка ке ти кажела нема тука неугодно и било
Е по овој дел више ептен се гледа дека целата приказна ти е измислена и незнам зошто воопшто лажеш ? Дали можеби ти е потребно внимание и сакаш да си во центарот ? Следно што е - леле женски либево погина загина ама пред да излезе од дома ми пратил порака на фб дека ме сакал само мене , неа не дали да одам на погреб и дали да носам црн вел ?