1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во војна со мајка му

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од HeidiDiWalt, 18 септември 2010.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Девојки стварно незнам како понатаму...еве веќе три години сме заедно. Проблемот е во тоа што тој е син единец, има 23 години и живее сам со мајка му. Хорор. Таа се однесува кон него како да е ретардиран, како сеуште да го дои. Значи јас сум му прва сериозна врска, и тоа ја вади од такт. Само ми бара маани, измислува причини за да не раздели, секој убав момент стреми да ни го уништи. Баба му сеуште ме нема ни видено а неможе да ме поднесе. Ги носи другарите кај неа на преноќување, а мене не смее да ме однесе :wasntme: . Честопати тој ми вели дека е помеѓу два огна, и покрај тоа што јас секогаш гледам да ја оправдам мајка му, иако искрено воопшто не ми е нормално на секои 2минути да му се јавува, да проверува дали е топло облечен и дали му се испрани забчињата, и да го бара целото негово внимание и кога е малку повеќе време со мене да го осудува плачејќи му - `неа ја сакаш повеќе од мене` а тој да се правда и чувствува виновно :worried:
    И скоро да не поминува ден а да не се кара со неа дома, а најчесто кавгите почуваат од мене, и тој притисок ужасно се чувствува во врската..аман кажувајте што би направиле на мое место?!
     
  2. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Во војна со `свекрвата`

    Да ти кажам, додека е таа жива тој никогаш нема да биде твој. Знам такви мамини синови и тешко е да ги промениш, не само нив, туку што е најбитно и мајките. Таа секогаш мисли дека синот и е во опасност, а најверојатно не знае од што, и секогаш презаштитнички се однесува спрема него. Како што и самата рече - ХОРОР. Особено што есамохрана мајка и нема никој друг освен него.

    Имам роднина единец кој има 42-43 години и уште не е женет зашто мајка му не му ги прифаќа девојките. А и тој е потресен по нејзе...

    Твојот дечко засекогаш ќе биде "оженет" со својата мајка...

    Мислам дека ваква тема веќе има...за свекрви...
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Во војна со `свекрвата`

    искрено и јас се плашам дека така ќе заврши :( земајќи го в предвид фактот дека ние многу дружевме пред да се фатиме, ми беше многу добар другар па го знам и од тој аспект. А премногу го сакам, бидејќи е прекрасен како личност и има милион позитивни карактеристики, умееме да се разбереме и се надополнуваме, и за разлика од бившите поседува карактеристики ги барам кај партнерот. И знаев дека ова ќе биде проблем од моментот кога се фативме, но секогаш се надеваш дека ќе се промени, дека она ќе мора да се навикне на фактот дека синот и созрева и треба да создава фамилија. Апропо ова пред некое време тој ми напомена дека таа не сака ни да слуше за тоа тој да се исели од дома?!? кога го прашав, што мисли со тоа, тој ми рече- очекува цел живот да останам дома па и со фамилијата ако треба.
    До сега милион расправии сме имале и сите раскинувања биле заради ова (или ова била позадината), и цело време чувствувам дека стреми да ме промени, и тоа не по негов терк туку по нејзин :|

    *барав ваква тема, неможев да најдам друга освен -кога родителите се мешаат во врската, а ова е нешто сосем различно :?:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Vidi vaka,ako e sam so majka mu znaci tatko mu e pocinat ili se razvedeni ili nesto drugo,nema vrska,bitno tatko nema taka?Mislam deka zatoa taka se odnesuva majka mu zatoa sto premnogu se grizi za nego i gleda in niso da ne mu fali, se da mu bide ok,na nekoj nacin da nadomesti za toa so nema tatko .ne deka ja pravdam, i ne ja pravdam,mislam toa e preterizam,samo se obiduvam da objasnam zosto mislam deka e toa taka.zosto i jas nemam tatko pa so majka sme povrzani ama epten nemozam a da ne ja slusnam po 100pati non stop mislam kako e, zaso ne ziveam so nea tuku vo drug grad so decko.decko mi znae kolku sme povrzani i deka nonstop prvo ke pobaram nejzino mislenje a potoa negovo,no ok e moze se luti no znae zaso e toa taka i nisto mi nema prereceno.no ova so go pravi majka mu ne e vo red navistina.razgovaraj so nego i toj neka porazgovara so nea da i objasni deka e sreken so tebe i da te prifati,.sepak klucot e kaj nego.mislam dovolno e golem za da razmisli a ako ne saka togas ne ti treba,vecno ke sen nerviras i ako on i dozvoli premnogu da se mesa,vo se ke ti semesa.zatoa zboruva so neg i pisi mi kako ke bide.pozz i izvini na ogromniov odgovor :?: :)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Страшна ситуација е тоа... Познавам повеќе случаеви со син-единец и преголема приврзаност на мајката кон него. За среќа на дечко ми по многу години му се родила сестра, инаку можеби и јас ќе ја трпев мајка му со такви испади... :worried:
    Инаку, еве една песна, каде што се исмејува болно-опсесивната љубов од мајката...
    http://www.youtube.com/watch?v=aZ8YdCJLPYw
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Разбирам јас дека за мајката најдобро е нејзиното синче ама до волку ли .. Убаво ти кажа Инола , дур е таа жива тој нема никогаш твој да биде , освен ако престане да и оди по газот , што е многу ,многу е . :^)
     
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Е ова е синдром и на другар ми. Кај и да одиме ние девојчиња никој не не бара, а мајка му веќе му се има јавено 5 пати, дали стигнавме, дали облече тренерка, дали има батерија на телефон, кој се сме отидени итн итн. Кога ке му спомнеме демек на шала, ко за очи да го фаќаш. За него ова е нормално, девојка досега имаше една ама оваа избега баш од тие причини. На сред излегување во 3 навечер мајка му, ајде дојди си маме касно е...мислам алоо 29 години си!! И овој оп троп дома! Мислам дека ако го сакаш мора да најдеш начин ова да не те нервира иако шо знам дали е можно. :?: А тој или таа да се промени не верувам. Ептен ако тој постојано разговара со неа и почне да ја игнорира ама во ваквите врски баш и не верувам дека постои шанса за такво нешто
     
  9. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Ова ти се вика болна работа. Јас разбирам дека само синот го има и дека и е страв да не го изгуби ама што е многу многу е. Неможам да сфатам што размислуваат таквите луѓе и нели се свесни дека им го уништуваат животот и среќата на нивните деца!!! Еве ќе ти кажам мајка ми мене што ми вика и што ме советува бидејќи и јас имам проблеми со идната свекрва: запамти само дека онаа(мајка му) не е вечна, немој да си ја уништуваш среќата и здравјето поради неа, јас додека сфатив веќе касно беше(мисли на мајката на татко ми бидејќи и таа беше таква), си го уништив здравјето обидувајќи се нешто да се докажам и некого да променам, разбери дека таа е таква жена и дека никогаш нема да се смени, затоа од едно уво нека ти влезе од друго нека ти излезе, не ја рецкај воопшто што ти кажала, биди итра, во животот ќе научиш многу работи и ќе отрпнеш од многу работи па така и од ова.
    Да не бидам премногу долга ова секогаш ми го кажува кога ќе дојдам изнервирана од некоја постапка на идната ми свекрва. Не е лесно ама ако вистински го сакаш тогаш бори се и пробај полека да не и обрнуваш многу внимание, ако му се јавува нека што ти е гајле, него го малтретира не тебе. Се додека ти него му кажуваш мајка ти вака или така ќе има караници меѓу вас и врската ќе ви се расипе. Па не и ја давај таа чест, не и давај да успее во намерата да ве раздели!!! И не се откажувај ако мислиш дека тој е вистинскиот :)
    П.С. Совет за тоа што нон стоп му звони. Ние излезени друштво и ете ја мајка му по 100 пати кај си кога ќе си дојдеш и секогаш кога ќе му спомнев нешто за ова наидував на отпор. И следниот пат ние излезени и она пак му звони и кога останавме сами му викам: па добро нели ти е срам од другарите (да не испадне дека мене ми смета :) ) на толку години мајка ти да ти звони по 100 пати па не си мал веќе, јас толку помала моите еднаш не ми зазвонеле ниту пак на некој друг. И изгледа му падна срам и што како и кажал на мајка му незнам ама од тогаш многу ама ептен многу поретко му звони да го праша кај е, кога ќе си дојде итн. Пробај на овој начин може ќе упали и кај тебе ;)
     
    На fenu и maca99 им се допаѓа ова.
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Mnogu mi se dopaga kakov sovet i dade:))i majka m isto mi veil-sekako od nejzino iskustvo,da ne se nervira radi nea ,da ne go gubi zdravjeto.a taka e,ne za svekrvi za nikoj ne treba da se nerviras zdravjeto e pred se.a srekjata nikoj ne moze da ti ja ukrade-sto e tvoe ke s dojde :)