Девојки дали ви се има случено да имате дечко, а да почнувате да загледувате друг? Еве мене моментално тоа ми се случува. Имам нов дечко, не сме заедно долго, 3 месеци. Пред да го фатам, ми се свиѓаше подолго време дете,да не речам го засакав, за кое што мислев дека не би можела со него. И така, го фатив новиот дечко со кој ми е супер да кажам, блиски сме и се друго, иако слабо се гледаме пошто живееме подалеку еден од друг. Арно ама, во последно време контактите со тоа детето што порано ми се свиѓање се зголемија. Се здруживме многу, мене некои чувства ми се враќаат. А што е полошо дознав дека он чуствувал нешто спрема мене.. Поради тоа што несакам да седам на две столици, незнам што да правам. Од една страна несакам да раскинам со дечко ми пошто стварно ме сака и добро ни оди, иако јас не сум поврзана многу за него. Од друга страна се појави детето за кое се напињав да не кажам али скоро пола година.. И сега чувствата испреплетени, што понатаму..? Што ви направиле вие? Или што сте направиле ако ви се има случено вакво нешто?! Несакам да избрзам, за да не се каам понатака..
Мислам дека треба добро да размислиш за да не направиш грешка,за да покасно не би се каела... Ти знаеш што осеќаш,и што мислиш дека ќе биде добро за тебе и твојата иднина,на многумина мислам дека тоа се случувало,,,но не брзај можес да си бидеш во пријателски односи со детето па самото време ќе ти покаже што е правилно,не одат тие работи со брзање.Времето е лек а и одговор за се. Штом не си сигурна во нешто не носи одлуки зошто некогаш ние женските знаеме да избрзаме и после да не можеме да упраиме па да ни биде криво. Убаво размисли,и опушти се...кога ќе си сигурна во себе сама ќе знаеш што сакаш,и тогаш воопшто нема да се двоумиш.Се најдобро.
Контактите со детево се повеќе и повеќе се зголемуваат. Се повеќе и повеќе ми се допаѓа,и уште повеќе се измачувам. Навистина незнам.. =/
Ти најубаво си знаеш... И јас си симпатизирам еден колега од фак ама тоа ми е само периодов знам дека нема да продолжи понатака
Сепак ако само го свиѓаш тој вториот , не вреди да си расипеш убава врска и да го изгубиш тој што стварно те сака
Па и не си баш во лесна ситуација ... :/ Јас да се најдам во таква ситуација би била сеуште со дечкоми, за кој што сум убедена ( како што кажуваш ) дека ме сака... а овој другиов би го држела како "златна резерва" , во смисла-ќе се дружам со него и непто поише...добро, не мислам на мување или нешто сл. али онака флертување и тоа воопшто не значи дека ти седиш на две столици... значи и да идете со дечково со кој што си три месеци поише време истото ќе ти се случи многу пати, затоа што ќе имаш потреба да разбиеш монотонија во врската... сума сумарум чувај си го детенцето кое знаеш и си убедена дека те сака, а со овај другиот не се умарај многу. Мислам дека ме сфати и дека овој совет ќе ти биде корисен. Поздравчее ...
Одговорот горе доле сама си го дала .... Што се дешава следеча ситуација .... Си го бркала си го фатила и као онака полека почна да оладуваш веќе не е тоа што беше ? Штом си се загледала во друг, ти се вратиле некои чуства , со дечко ти викаш дека не сте блиски ама нејќеш да раскинеш зашто тој те сакал ... А ти ? ! Мој совет не лажи се и себе и него стави крај пред да биде доцн и направи или ненаправиш нешто за кое ќе се каеш. Не е ретка ситуација се е примамливо и предизвик се додека не се освои истото те снашло
Spored mene mislam deka ti sama najdobro si znaes so koj ti e podobrooo... So koj od niv dvajcata se cuvstvuvas samouverena kako licnost.... Nikoj podobro od samata ti nemoze da ti pomogne..... So Sreka..Pozzzz
Врската не ти вреди ако нема взаемна љубов, а според тоа што го пиша ти, очигледно само дечко ти те сака, а тебе ти е убаво да си сакана. Јас ти велам да раскиниш со него, па дури и да не се појавел овој другиот ќе те советував исто. Кукавички и себично е да бидеш со некого само заради тоа што знаеш дека си сакана. Ако сакаш вистински да го вкусиш животот, ризикувај, сакај!
Ќе размислам. Стварно се измачувам вака.. Искрено повеќе не мислам на дечко ми толку, не се слушаме често,а за гледање некако и не ми е тоа што беше. Незнам колку вреди да се уништи врска за дете кое што се појавува туку така,добро не баш туку така.. сум се напињала пола година.. но искочи како гром од врдро небо, и напраи врската да не иде повеќе =/ Знам дека ме сака, го ценам тоа.. Вчера со тоа детето бевме искочени, се убивме од флертување. Сите мислеа дека меѓу нас имало нешто, до толку беше блиску. Што незнам више што си допуштам.. =/ Можеби грешам, незнам.
Вреди ли да го придобијам назад? Имам поставено тема во врска со ова, но во глобала нештата се сменија. Некако ми треба помош повторно. Еве ја накратко суштината: Имав дечко со кој ми беше преубаво. Досега никој со мене така не се однесувал. Во тоа време ме засени тип кој предизвика раскинување. Ништо не направив со типот, но поради него и раскинав со дечко ми. Незнам зашто тоа го направив, искрено не сум ни свесна зашто, но бидна. Во меѓувреме излегував со друго дете, со помисла дека минатото ке биде минато. Но не испадна така. Иако сеуште тоа дете ми е како резерва, јас сваќам дека сеуште си го сакам поранешниот дечко. А тоа што сеуште сме во перфектен контакт, ми прави да ми е потешко. Раскинавме пред еден месец, сеуште е се тазе. Негова другарка ми е и мене другарка, велејки ми дека он сеуште ме сака. Искрено така и делува но некогаш си игра топло ладно.. Сепак ја многу го сакам него, сакам да го вратам. Никогаш не сум се враќала со бившите, но тој воопшто не ме повреди, на нас ни одеше супер, но ете бидна.. Дали вреди да го придобијам назад, како да постапам? Знам дека треба да разговарам некако со него, но страв ми е пошто некад игра топло-ладно да не се одалечиме скроз.. Благодарам девојки однапред
Не.. Тоа дете ми беше опсесија, ме засени и предизвика со дечко ми да имам конфликти да го игнорирам и сл. Знам лошо и не промислено направив се, згрешив, но имам шанси да вратам. Али се мислам како да постапам, тоа ми е потребно.
Значи прво си мислела дека дечково што ти се допаѓал пола година ѕвезди ќе ти симнува кога ќе биде со тебе ..Кога си заминала со него а си го откачила тогашниот дечко си сватила дека не е така и дека нештата се сменија . Бев во слична ситуација само што јас бев свесна што имам покрај себе а сепак го изгубив. Среќа не сакам да му се вратам оти сега не е во мојот град. Ако мислиш дека е доволно вреден да му се вратиш , тогаш и направи го тоа. Но вети си саманта на себе дека веќе нема да се загледуваш во други и да си бркаш други интереси . Во спротивно , многу ќе го повредиш оти и сама рече дека се ви одело добро а си го откашила заради некој трет. Значи , ако се смирите посвети се целосно на врската а ако мислиш дека не си спремна да ја обновуваш таа врска тогаш воопшто не ја ни почнувај . Со среќа.
Izberi ja vtorata licnost zatoa sto ako vistinski nesto si cuvstvuvala za prvata lichnost ke ne postoela vtorata lichnost
Софи, што и да правиш, прави го тоа многу внимателно затоа што очигледно твојот поранешен дечко е повреден од твојата постапка. Поради тоа и игра топло-ладно, како да сака да ти врати на некој начин за тоа што си го откачила.
Софи ако јас добро сфатив, сакаш да се врати на бившиот кој си го оставила за сегашниот.типична ситуација-сфаќаш колку нешто вреди откако ќе го изгубиш. Пред да преземеш било што да се смирите, размисли убаво.Не е фер да си играш со него, па ако се смирите во некоја следна прилика пак да му го направиш истото.Повеќе би рекла дека ти играш топло-ладно отколку он.И ако веќе мислиш да разговараш со него, прво раскини со сегашниот, па потоа.
Јас мислам дека ке згрешиш многу ако му раскинеш на дечкото.Подобро биди сакана одколку да сакаш а може желбата да ти помине пак затоа остани си со дечкотои заборави го другиот поздрав.
Девојки, јас се гледав со едно дете 2-3 пати, немаше ништо не ми е дечко .. Онака само се беше. Сега сум на одмор подалечна дестинација, и тука сум до август некаде. И сега незнам што да правам се измачувам. Затоа и побарав помош поради тоа што немам никој сегашен..