1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Моето е долго. Ова кога го пишувам знам дека ке бидам однапред осудена , што барам со него и слично. Но ве молам мојата потреба да го напишам ова не е за да ме осудите , бидејки и вака и така јас сум осудена .
    Имам 28 години од Скопје. Врската ми е точно 10 години. Секојдневна и интензивна. Сега веке да не речам дека сме како брат и сестра, секој ден сме заедно тој доага кај мене , јас живеам сама.
    Значи сите предусловитоа да трае се оптимални.
    Во текот на врската имало се и сешто. И нервози и среќни моменти. Но јас не можам да избегам и да си помогнам себе си. Поради некоја причина имам силна хемија со оваа личност и по 10 г за чудо јас уште имам емоции за тој човек. Верувам дека и тој има, но не колку и јас.
    Типот е склон на неверство , а јас знаев да простам некои работи , имаше една случка која многу ме потресе и едвај поминав преку неа , тоа беше во 2005 година за да денеска дознаам дека повторно има контакт со неа. Ова го кажувам не за да ми помогнете да го решам тој проблем ,него се трудам да ви доловам некои нешта од нашите животи.
    Тој е фамилијарен човек со деца , но нема никаков фамилијарен живот. Т.е не се врти дома ,и колку што можам да приметам не знае да врднува одредени датуми од животот на поединци фамилијата и блиските и секогаш ги заборава. Тој е постар од мене има точно 40 години.
    Во последно време можеби времето си го направило своето но едноставно немам потреба да бидам интимна со него , а гледам и тој. Има периоди по 2 неделли да нема ништо. Не знам дали е тоа нормално ради годините што све ги поминале заедно , или пак нешто друго се случува. Навистина не занм ,убаво би било да слушнам коментари од вас. И пак ке речам не ме осудувајте , сакам да си помогнам на себе си и имам храброст да кажам дека сум во врска со таков човек , иако овие случаи во денешно време се доста чести ретко кој има храброст да го каже тоа. И да ,да не заборавам многу добро сум ситуирана , да не рече некој дека тоа било причина за врската.
    Поздрав се надевам на интересни коментари
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.117
    Допаѓања:
    100.265
    Пол:
    Женски
    Прво не те осудувам. Ама не можам да те разберам 10 години да можеш да бидеш втора и заробена во врска која нема перспектива. Ама нејсе, си решила тоа е твоја одлука. А за интимноста, па што да ти кажам, отидете некаде на викенд, освежете ја романсата, сетете се зашто сте биле заедно. А можеби проблемот е подлабок, па сега тебе потсвеста ти говори дека е време да се смириш, да си оформиш семејство а со овој човек однапред знаеш дека е тоа невозможно.
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Има ваква тема,немало потреба од отварање нова!
    Како и да е,искрено врската во која си еден ден на овој или оној начин ќе прекине,дали ќе биде тоа од губењето на сексуален интерес или нешто др. не е ни толку битно.Станува збор за човек кој изневерува,ете и кон семејството не е одговорен како што ти соопштил-тој никогаш и нема да има голема одговорност кон некого,од проста причина што таквите се егоцентрични до самата срцевина.А мој совет е да се тргнеш од него,а не да ја спасуваш вашата разнишана сексуалност,врската во која си нема развој,што ќе правиш ќе чекаш уште други 10 год.за да дојдеш до истиов заклучок наместо да најдеш некој кој ќе ти го даде цело внимание кое и е потребно на секоја од нас.Бидејќи и сама гледаш и хемијата се губи,а тоа најмногу ве поврзувало,на твоја возраст верувај имаш потреба од многу повеќе од она што тој реално било кога ќе ти го даде,а немој да мислиш дека тоа го нема-само тоа би ти го дал некој друг-најпрво-слободен.Со среќа!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Ни јас не те осудувам, но ти немаш никава иднина со него.. :)
     
  5. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Знам ама немам сила да го оставам , а желба за маж немам. Пробав на неколку наврати одев со дечковци но со сите тие одев само колку да одам , да ми беа мили симпатични но со никој не доживеав кога ке ми се јави да имам пеперутки во стомакот. И од тие врски не излезе ништо
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нема секогаш да имаш 28год.и ќе видиш подоцна дека не е се‘ само до пеперутките во стомак.Секоја еден ден сака да има семејство,деца,дом.И тоа од сопруг кој несебично дава љубов,поддршка во тешки мигови,разбирање и сл. а за тоа е потребно да е тука.Тој и да е слободен еден ден со неговите карактеристики нема да ти биде таков сопруг-ни тебе,нити на било која.А твоите приоритети неминовно ќе се сменат,и покрај цела твоја ситуираност,сигурно не сакаш да си засекогаш сама.
     
    На moniiiii и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.117
    Допаѓања:
    100.265
    Пол:
    Женски
    па не мора одма да имаш некого во животот. Ти ако си од 18 години со него, се немаш запознаено себе си. Помини едно време сама, работи на себе си, што сакаш ти од животот, каков го замислуваш. Нормално е да си врзана за него зашти ти си растела со него и колку и да е смешно тој има голем удел во формирањето на твојата личност. Запознај се себеси па потоа барај дечко и сопруг.
     
    На mila85 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Јас мислам дека треба да се одалечиш некое време од него, ќе ти биде тешко, но понатаму ќе заборавиш и на него.. Излегувај со пријателите, журкај се.. и се ќе си дојде на свое. ;)
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Незнам дали јас сум глупа или слабо капирам, или е нејасно напишано....станува збор за еден или за двајца?????????во врска си 10 год. а се гледаш со женет, или 10 год. си со женетиот????????и ако си веќе со женет во врска, како можеш да кажеш тој е склон кон неверство??па тоа е факт штом со тебе ја изневерува жената, така???
    Јас од тука ништо не сватив......
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Само прочитав во врска со женет, ништо друго не ме интересира и моето размислување е ОСТАВИ ГО, Колку да ика дека те сака, колку и да го сакаш, сама ќе си се повредиш и ќе си направиш проблеми, од друга страна не ти е жал за жена му? ај да е девојка да те сфатам до некаде ама ЖЕНА, не е таа крива што маж и е деген-вака попросто да се изразам. направи се среќна самата, зошто вака не верувам дека блескаш. освен кога си со него. блескај девојко, твојот живот е во прашање. :)
     
    На Musmulche и losa-sreka им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.117
    Допаѓања:
    100.265
    Пол:
    Женски
    Енца, во врска е 10 години со женет човек ама во задње време не сака да биде интимна со него.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Фала Нена...мене ме збуни тоа што кажува, демек склон бил кон неверство, а тоа се подразбира, нели...
    А ако е така...тогаш девојче фино лепо, остај го...и тргни малку во ,,провод, живот,, да видиш што си пропуштила за тие 10 години...едно две години проживеј убаво без обврски...а потоа се само ќе си се нареди....ќе најдеш некој кој целосно ќе ти припаѓа, и тогаш ќе ти биде криво за вака потрошените 10 години...сега знам ќе ми речеш не е така...ама штом ќе поминеш и година без него, ќе ти стане јасно што зборувам.......не биди заложник на самата себеси...цени се повеќе....вредиш многу повеќе од тоа да си втора виолина на некој..........
     
    На srcekrsacka и GiaMarie им се допаѓа ова.
  13. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Koлку и да звучи егоистично за неа јас не размислувам , јас не сум таа што треба да мислам како таа се чуствува , таа има проблем , ако не сум ја ке е друга тој така е створен и тој таков ке биде до крај. Поентата е сакам да слушнам има ли некој кој имал нешто вакво и како успеала да го реши.
    А тоа дека сум врзана за него и дека младоста ми е со него помината е многу точнно , едноставно не можам да се змаислам без него. Кога сум скарана и слично јас сум тапа ептен, па дури добив и тахикардија од него. Тешко ми е многу : А башка што оди и со други , маж-куче
     
  14. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Ljubovnica, Не разбрав баш најубаво од твојот муабет. Значи дотичниов освен со жена му и со тебе има контакти и со други? Ако да, извини те молам ама ти имаш сериозен проблем со самата себе.... |(
     
  15. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Па да немав немаше да пишам и да се посоветувам , а дали има контакт со други , секако даека има , не би рекла врски него кај му упали не се мисли
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Самата си кажуваш маж-куче!!!
    Па отерај го по ѓаволите нека иде! Не се сожалуваш сама себе? Не си го цениш својот живот? Заслужува таква будала од маж да биде до тебе?
    Е вака си направи :fubar: , стави си малце прст на чело и размисли добро!
    Па девојко 10 години си минала со него, нормално дека без него ќе ти биде тешко.Пред се, тој ти е навика, од која ќе се одвикнеш малку потешко. Со поголема упорност ќе дозволиш тој да замине од твојот живот.

    И, нека биде друга таа што ќе ја колни жена му, не дозволувај ти да бидеш таа!
    Мислам дека е време да собереш многу храброст и да му ја затвориш вратата засекогаш на тој човек!
    Со среќа.
     
  17. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Мног би сакала да соберам храброст и конечно да се почуствувам слободна , и колку и да звучи претерано се повеке сакам дете да си направам , зашто ми летнаа годините а нништо не направив на приватен план , на професионален сум одлино , ама приватен нула. Ме фака и мислата дека ми е време за деца и да не губам уште време од биолошкиот саат на жената , иако еден период имав една намера да имам дете , и без маж ама сега више се ми е измешано и чуства и емоции , и омразата кон него. Не знам стварно ми е тешко. Со текот на годините ме оддели од се , значи детството и младоста со него , пријателите по своиј пат која мажена која со дете кои , си фатиле други патишта и сега ако се запрашам не знам на пример на кого да му се јавам и да излезам и да се журкам?
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Немаш колешки, колеги од работа? Братучеди, роднини на кои би можела да им се јавиш???
    А за деца не грижи се, ти само имај воља да го оставиш овој и да се потрудиш да си најдеш соодветна личност за тебе, со која би можела да градиш заеднички живот, а децата сами по себе ќе дојдат.
    Од ова ѓубре од маж не ти треба дете.
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Јас не те осудувам. Ти си била слободна, а тој во брак. Тој бил врзан, ти не.
    Може феминкиве друго ке мислат за моево мислење, но јас вака велам. Тој треба да има граници. Ти не си била таа која се пикнала во бракот. Ти може и ништо не очекуваш, туку само убаво да си го поминеш времето. Не очекуваш и не бараш да ја остави.

    А дека нема иднина таа врска - нема. Проблемот е додека се дојде до тој заклучок, па да се остави дотичниот господин. Тебе можеби и ти е тешко, можеби ти е страв од него, можеби ти е страв дека ке си сама без никој покрај тебе... Но да знаеш дека тоа е за твое добро, подобро сама и да си на статус нула, отколку да ти е неубаво со него и да си со статус во минус.

    Собери сили и остави го. Ке ти излезе прилика да проживееш додека си млада. И за дете ке најдеш шанса. И некое старо другарче да вратиш или ново да најдеш. Не тргнувај од тој критериум, при можноста да го оставиш. Ако мислиш дека така треба - остави го и не гледај на другите опции (пример дали ке имаш со кој да се журкаш).
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18

    Токму така од мене никогаш не сум побарала да се остави дома или да вршам некој притосок , од моја страна бувално таков нешто немало во тој поглед е многу слободен.
    А тоа што реков за журкање беше само преносно значење на излегување мислев, бидејки погоре некој ми рече иди журкај се.
    А за тешко е многу тешко верувај.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.