1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Кој ли може нас да ни објасни дека сите грешиме, само ЕДЕН не греши... и затоа сме луѓе, не сме богови...

    Кој ли може нас да ни објасни дека не смееме да судиме, ниту да бидеме подложени да судење (освен ако не сториме противправно дејствие), зашто само ЕДЕН може да ни суди... и затоа сме луѓе, не сме богови...

    Ни преостанува само косите да си ги искубиме зашто сакаме да се мешаме во туѓи животи и да попуваме.
     
    На vodnicka1 и femina90 им се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Има разлика, никој не се меша, овде е нешто јавно презентирано и како за се што е јавно, секој има право да си каже што мисли. По светот тоа се вика демократија. Ако таа има право да се меша во туѓ брак, зошто некој друг нема право да и каже што мисли за тоа?
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Секој тука си ја претпостави ситуацијата каква е, занемарувајќи ги сите тврдења. И тоа од типот, ти сигурно вака си направила, тој сигурно така направил, жената негова што правела...
    Тоа е мешање во живот. Се труди некој да добие информации, а ако не добие, си формира нови, какви што очекувал дека ке ги добие.
    И згора на се, формираме мислење за девојката и за таквите како неа. И определуваме каква е таа и што направила, што требало, што не требало. Тоа е попување.
    А демократијата не претпоставува да навлегуваме во правото на другиот. Нашето право, завршува таму каде што започнува правото на другиот. Тука нашето право на делење титули, завршува и започнува правото на нечиј личен живот, по свои правила.
     
  4. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ние не и судиме, само го кажуваме своето мислење. И целта на форумов е да размениме мислење. Никој не треба да го прифати нашето мислење. Секој нека постапува така како што размислува. И јас го кажав истото, бидејќи јас сум од другата страна ( повредената ) можеби така размислувам.
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Секоја чест на исклучоците. Другите ја нарекуваа многу пријатно, како да ја воспитувале цел живот, па сега да дојде редот да ја трескаат од земја. |(
     
    На vodnicka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Знаете што не дека ние сме толку многу морални искрено, да се заљубиш, да се затрескаш е многу лесно, јас на пример кога бев слободна пред да се омажам ( па разведам ) имав многу понуди од женети, ама можеби од некоја моја себична побуда ( да бидам една и единствена ) не сум прифаќала. Многу е грдо да се изневерува. Треба да се седне и да се кажат сите работи што сметаат кај партнерот, ако и тогаш не оди тогаш слободно, секој по свој пат, па за секого има место под сонцето, никој не се родил со никого и да биде обврзан да го трпи, или да биде трпен. И јас не го окривувам мојот поранешен сопруг. Сметал дека му е поубаво некаде, слободно. Сите сме си одговорни за своите последици. Повредена сум само од еден момент, што тоа ми се правело зад грб. Ништо повеќе. А таман работа да паѓам во трансови, имам една толку голема мотивација во животот, моето дете. А животот не е еден ден. Треба да се размислува многу повеќе, за следниот период.
     
  7. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И уште една работа, јас секогаш задолжително се ставам на другата страна. И секогаш сум се плашела од тоа, се се враќа се се плаќа. Ништо не останало неказнето. Не сакам мојата среќа да ја градам на туѓата несреќа.
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Да ја воспитале ко што треба, немала свесно да оди 10 години со женет човек, па згора на тоа со деца. Филозофијата „ако не сум јас, ќе биде некоја друга“ не ја прави подобра личност. Некогаш и љубовта треба да има граници, да се свести и да сфати дека не само што се повредува себеси, бидејќи господинот Дон Жуан не ја сака веќе во кревет, туку и дека заради неа ќе патат невини души.

    Реков еднаш ќе речам пак, не е само таа крива, сите возрасни инволвирани во ситуацијава се. Ама на нејзино место, јас радо би ја препуштила функцијата на растурикуќа на некоја друга, барем совеста да ми е чиста.
     
    На Hova му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Токму така. Сите одбираме живот за себе, сами си ја определуваме својата судбина. Секој си има свои желби, замисли и потреби. Некој не го сфаќа животот и врските како мене, и заради тоа не смее тој да ми замерува мене затоа што не водам живот како него, на ист начин како што јас не му замерувам него.
     
  10. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Прочитав многу коментари, многу! И сите без разлика дали те осудуваат или разбираат те советуваат едно нешто: да ја прекинеш врската.
    Побара мислења и совети, еве ти, ги имаш! Јас нема да те осудувам, затоа што го немам ни правото, ни моќта, ни желбата, но се согласувам со сите други дека најдобро за тебе е да ја прекинеш врската. Не е лесно, во право си, но што е лесно во животот?
    Си била млада, дете, си се заљубила, си потрошила 10 години од животот - тоа е факт и ние што и да напишеме, колку и да те навредуваме, ти колку и да се каеш и да си свесна дека си згрешила, минатото не може да се промени! Но што сега? Мислиш да продолжиш, и цел животот да си пред иста дилема? Цел живот да го одложуваш моментот кој ќе ти го спаси животот?
    Залудни се сите постови, сè е залудно ако ти сама не си свесна кои се твоите приоритети во животот, која е твојата цел.

    Сакаш ли твојот живот ( што го имаш само еден! :!: ) секогаш да биде околу некој во чиј живот ти никогаш нема да бидеш приоритет?
    Сакаш ли да имаш некој кој секогаш ќе се грижи за тебе, било што било, и ти ќе му бидеш најважна? На пример, те фати грип, па да остане да чува додека гориш од температура и наутро да те праша како си.
    Сакаш ли да имаш деца? Ако да, дали сакаш тие да имаат татко кој нема да го боли за нив?
    Сакаш ли цел живот да бидеш изневерувана?
    Дали сексот со господинот Х те задоволува толку многу што можеш да занемариш се друго?
    Дали неговиот карактер те освојува?
    Дали господинот Х ти го разубавува животот: те орасположува кога си тажна, се грижи за твоите чувства, дали покрај него се чувствуваш дека вредиш?

    Знам дека за мене е лесно да го пишувам ова, и да лесно е, најлесно е кога гледаш од страна, и свесна сум дека и да не си со господинот Х тоа не мора да значи дека ќе најдеш принц за сопруг кој ќе те чува како „црнка во окото“, кој нема никогаш да те изневери и секогаш ќе биде тука за тебе, но со господинот Х тоа не е под знак прашалник, со него одговорот е јасен.

    Драга Љубовнице, ние не сме тука за да те убедуваме дека треба да го оставиш, а одговорите на горенаведените прашања ги знаеш само ти и никој друг, ние сме тука да дадеме наше мислење, а ти си таа што одлучува. Ти ја пишуваш својата судбина.
    Секогаш е подобро некогаш, отколку никогаш, и колку и да е доцна, никогаш не е доволно доцна да се откажеш. Ако поминале 10 години, мисли на оние кои се пред тебе и како нив сакаш да ги потрошиш!
     
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Многу голем период е 10 години. Еден ден доаѓа моментот кога седнуваш и си викаш, чекај малку што направив јас од мојот живот. Каде сум, каде припаѓам? Одговорот на овие и слицни прашања ќе ти посочат што си направила, односно што не си направила а си можела. Нема никаква зависност, од никого и од ништо на светов. Само колку си јак и цврст да ги поминеш сите препреки. И како може Љубовница како би и било да биде со друг човек кога не пробала. Јас фино кажав кога ќе го добие првиот букет цвеќе од човеко кој ќе и го исполни сонот, тогаш ќе ја свати својата грешка. Сега неможе.
     
    На Ljubovnica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Јас мислам дека не вреди веќе да се троши енергија за ова. Девојкава е очигледно желна за внимание, така ми изгледа. Се зачленила на форумов за ова, пошто веднаш ја отворила темава...А, таму некое девојче кажа дека пред надлежен орган ќе ја тужела Fearless за навреди и јавно понижување и не знам ти што :^) Нека ги прочита добро правилата на форумот и при тоа нека види дали администраторите се должни да приложат ИП адреса за Fearless да ја лоцираат на столчето пред компјутерот :lol: Ако така се поднесувале тужби, судовине ќе се преполни со луѓе. Како пример би ги навела форуми кадешто се дискутира за политика - |( паѓаат тешки навреди таму, па ако сите ги лоцираат охоооо... :D Еве и тука во темата политика, земете за пример...
     
    На Astrid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.983
    Никако ! во никој случај. Треба некогаш да се ставите во чевлите на другите личности па да видите како би било неверството... ;)
     
  14. lesi75

    lesi75 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Љубовница, гледам дека темава предизвика огромен интерес, некои осудуваат, други сожалуваат, трети се трудат да бидат добронамерни да помогнат колку што можат со добар совет.
    Осудувачи и „морални и безгрешни" имало и ќе има и мислам дека си свесна за тоа.
    Знам дека е тешко, но од се срце ти посакувам да собереш храброст и да ставиш крај на врската. Секој ден, постојано потсетувај се на негативните нешта за тој човек и колку си патела во животот поради него, си се одалечила дури и од најблиските. И не барај утеха кај дуг дечко, нема да ја добиеш, човекот едноставно ти е навика. Пробај извесен период да се дружиш само со пријателите и да не влегуваш во врска, потребно ти е да бидеш сама , без дечко покрај тебе и да се преиспиташ што сакаш во животот. Отпатувај некаде на одмор доколку е тоа возможно, уживај во животот сама.
    И игнорирај ги коментарите дека „ќе гориш во пеколот", „се ќе ти се врати"..., зашто верувај и тие не се безгрешни и никој не им дава за право да изигруваат БОГ.

    Патем, некој овде напишал за мене „и оваа новозачленетата коментира„. Да не случајно ова е некое масонско друштво, па само порано зачленетите имаат екслузивно право на коментар, да не треба да барам дозвола??? Ама жени и се е можно!!!
     
    На srcekrsacka, Ljubovnica и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  15. lesi75

    lesi75 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Па нека напаѓаат, ако на тој начин си го хранат сопственото его, ок...
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ljubovnica
    не сакав да коментирам но ајде не можам да се воздржам ти го прочитав само твојот пост и јас на твое место
    би одела некаде далеку да си ги излечам раните да запознам нови луѓе нова работа едноставно да почнам нов живот
    помеѓу вас веќе почнува да изумира све еден ден можеш да останеш празна во душата и без никакви чуства да бидеш уморна и истрошена жена верувајми чуството е ужасно спасисе од тоа
    сигурно немаш финансиски проблеми како што заклучив
    сврти нова страница започни нов живот некаде далеку од све мој најискрен совет
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  17. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    А бе не ми се верува на што потрошив еден час читаќи ги сите .... прво ја осудив...па ја оправдав... сега веќе не знам.... Туку бадијала се препукувате кога она нема проблем ни со него, ни со неговата сопруга, ниту ја интересираат неговите деца, жал ми е што морам да кажам, на неа не и е вежен ни нејзиниот живот...она има проблем со сексот... :^) колку тажно :x .... А бе душо што очекуваш од 40 годишен... неколку пати на ден??? :o Дај ти се молам...тој може да биде активен уште некоја година после само вијагра би го спасила :lol: Знам дека е тешко да напуштиш некој со кој си била толку време, ама не ми е јасно кај се гледаш ти во иднина.... викаш дека сакаш деца , семејство... па тој има тоа, факт е дека не сака такво нешто. Можеш да имаш се во животот... ама ако немаш свое јас, ништо не си. Не разбрав убаво што е со твоето семејство ама многу ќе се каеш еден ден што си им завртила грб... крвта си е крв и никој не може да ми каже дека мајка ти е ти мисли добро...Со однос на тоа што сум релативно нова во бракот се обидов да се ставам на двете места и на твоето и на неговата сопруга....оваа вторава кутрата можеби нема излез, има деца за гледање, можеби не може да се издржува сама , можеби нема помош од никој....но, таа не ни е тема.... ама ти, ТИ итоа како имаш излез... само отворија ја вратата... :!: Совет: Остави го ако не сакаш да останеш сама до крајот на својот живот.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Само едно ќе ја прашам Љубовница како ќе им надомести на нејзините за нанесената болка, за срамот, за нарушеното здравје, оти не верувам дека се во добра состојба. Како??? Ајде ако не ти е грижа за неговата сопруга, ами за твоите? Дали заслужуваат? И немојте со тие приказни не ме осдувај, која си да ми судеш. Јас и да сакам неможам да ти судам, а и несакам, и не велам дека сум светица и јас грешам ама не се плеткам со оженети и не ги повредувам моите, затоа што јас си ја сакам својата фамилија и мислам на неа, а потоа на некоја друга. Затоа тргни од тоа, и самата кажа дека не си во добри односи, остави го, прво заради себе, а после заради нив, бидејќи не можеш ни да замислиш во каква состојба се. Неможеш!!! Гради си ја среќата некаде далеку од него, неможеш да бидеш среќна ако си сама со тој и ако сите други плачат и ведат глави. Оваа е тешка траума за сите, ова е кошмар, рана која никогаш нема да исчезне!
    Се надевам дека ќе сфтаиш што се обидувам да ти посочам и се надевам дека ќе го оставеш, и ќе продолжиш со животот. На крај, секој заслужува втора шанса!
     
  19. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Јас мислам дека таа девојка која бара помош, всушност бара поддршка и охрабрување и се спротивно на тоа паѓа во вода.
    Која е сврхата уште да се губи време на темава? :?:
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.808
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Одамна ја нема да се огласи со еден пост. Се повеќе мислам дека во моментот и дошла " жута минута" седнала пред компјутер и си напишала тоа што напишала, дека сака да си го спаси сексот со типот. А све остало што ние овде дробиме, морал, семејство и све неа не ја интересира или пак се прави дека не ја интересира. Зашто секој има совест и не сакам да верувам дека и она нема. Мислам дека некаде длабоко во неа се прашува и за тоа што им направила на нејзините и на тоа што таа им прави на неговите деца и жена.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.