1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Како што претходно му здосадило со жена му,така по 10 год. си му здосадила и ти,па тргнал во потрага по други.Тој е нешто најлошо од машкиот род,оние кои честопати го користат коментарот па не се јаде гравче секој ден,незрели,неизживеани,без почит кон женскиот род и треба што подалеку од таквите.
     
    На Ljubovnica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Не ми дошла жута минута само тогаш него подолго време собрирам храброст да го направам правиот чекор. Сексот кој го наведов во првиот пост горе , беше само опис на врската колку само да имате повеќе информација за врската , не патам за сексот ниту пак ми е приоритет. И не сакам да ја спасам врската за да си го обновам сексот како што рекоа повекемина. Јас барам спас и сили да смогнам да расчистам со него , кој стварно ми бил се во животот, и потпора кога никој не бил покрај мене. Јас не сакам со ова да си оправдам моите чекори не , туку ја гледам состојбата од сите можни аголи и се потрудив и скоро сите интимни нешта да ги споделам со вас да имате јасна слика на мојата состојба. Мојот проблем единствен е стравот од оставањето и какојас ке го поднесам тоа .
     
  3. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Стравот од нештото е полош од самото нешто кое треба да се случи.
     
    На milky-candy и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Како прво си одбрала погрешна личност за потпора, мое мислење е дека родителите се тие кои требало да бидат на неговото место ...ама ОК било што било, сега нема веќе страв, нема од што да се плашиш, долго време си била со него, ама тој никогаш не бил целосно твој...едноставно речи си - тој не е вреден , не ме заслужува, можам и сакам подобро, не зависам од него, не ми треба...крени ја главата горе, речи си - доста е веќе, доста, доволно е...
    Како ќе поднесеш-како и многу други кои сфатиле дека некој не ја заслужува нивната љубов и нивните солзи (тргнувам од претпоставка дека некогаш си плачела за или поради него) не се малку таквите кои собрале сили и решиле да остават некого, не си единствена од таа гледна точка, само треба да бидеш храбра и навистина и искрено да сакаш да го оставиш....се што сакаш можеш да направиш, барем еднаш во овие 10 год. направи нешто со што ќе се гордееш со себе си....Веќе реков, млада си и во морето има многу риби, само отвори ги очите, отвори го срцето за НЕКОЈ ДРУГ...
    Поздрав и секое добро.
     
  5. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Знаеш како мојот страв се темели не на тоа дека јас ке го изгубам него и ке плачам зашто го немам ( иако нема да ми лесно имајки предвид дека годините и навиката си го направиле своето) но што мене уште повеке ме плаши е што во тој момент сум потполно сама, односите со фамилијата ке ми се подобрат секако , но треба да почнам од ново. Со оваа врска јас се оддалечив од пријателите , пријателките и другарките. Сите си го фатија својот пат во мегувреме , која се омажи , која не е тука и натаму. Значи стравот ми се јавува и од тој аспект, бидејки ке бидам скроз сама и сама ке пребродувам се. Треба пред се да застанам на свои нозе, па закрепнам па повторо да излегувам со некои нови пријатели кои ке си стекнам во наредниот период. Многу е тешко кога немаш никој , бидејки со нашата врска ја се оддалечив од сите и мојата најголема грешка е тоа што се изолирав и само тој ми беше и пријател и другар и партнер. :(
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Еве ние тука ќе ти помогнеме ова да го пребродиш и ќе бидеме тука за тебе за било каков совет да ти затреба и ќе ти даваме подршка, а ти скроз тргни се од него и прекини секакви контакти. За почеток запиши се на на пример на аеробик, пилатес, зумба и сл , каде што ќе запознаеш нови луѓе, ко иби биле твоите потенцијални пријатели, потоа пробај со твоето семејство да разговараш детално за све и барем малку да ги подобрите односите и не знам дали работиш некаде :^) Доколку не работиш подитно пробај да најдеш работа, за почеток било каква, зашто работата е правиот лек за ваквите кризи и проблеми...Друго не знам што би те советувале..А, ако и воздухот во земјава ти мириса на него, тогаш пресели се надвор негде(тоа е крајна опција...) Поздрав и се најдобро.
    Од мене толку за оваа тема!
     
    На srcekrsacka, sesilija и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Иако е тешко, сепак навиките може да се сменат. За почеток обиди се да уживаш во времето што ќе го поминуваш сама (затоа што прво мора да се избориш со твојот страв од самотијата, а најдобар начин да го победиш стравот е да се соочиш со него).

    Еден начин на кој што можеш да успееш во тоа е еден период да се одмориш од сите луѓе, настани случувања и да си го посветиш периодот само на себе. Направи некои третмани кои ќе направат да се чувствуваш поубаво и посреќно, оди на некое егзотично патување (препорачливо на место кое е помирно и нема толкава бучава и гужва). Ова е многу важно затоа што за повторно да создадеш личност со која секој би сакал да биде виден е прво да почнеш да се одвикнуваш од потребата постојано да бидеш во нечие друштво.

    Ќе видиш кога ќе успееш да го пребродиш тоа, сите ќе увидат дека сакаш да го смениш животот на подобро и дека веќе одлично ти оди. Со ова искуство ќе стекнеш и повисок степен на зрелост и стабилност, нешто што секако дека ќе биде еден од главната листа на приоритети на оној кој сака да се ожени со тебе и да има деца со тебе.

    И онака освен со овој, немаш сеа некое друштво со кое секој ден се гледаш и ќе ти биде тешко да се навикнеш (ти веќе си се изолирала, така што после тој тн одмор од луѓе ќе имаш воља да зодадеш поширок круг на луѓе околу тебе (одличен почеток сме ние од форумов како што е погоре пишано) верувај барем за почеток.

    Заклучок: за да истраеш мора да ги исполниш следниве работи:
    1. Да го победиш стравот од останување сама (погоре објаснив можни начини) и

    2. Да го победиш стравот од нови почетоци, нови познанства, нови луѓе, нов живот, а твоите виртуелни пријателки се одличен старт во тоа. Колку толку ќе ти се зголеми самодовербата когаа ќе видиш колку луѓе се покрај тебе, а не те ни знаат. :nod:

    Среќно и биди горда на себе што сакаш да се извлечеш од таа ситуација!
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Е ова стварно не ти требало...сите мажи изневерувале...како да не...не паѓаат сите на тие финти. Како што има жени кои не се склони кон промискуитет, така има и мажи. Со колку такви и да си имала искуство, сите е широк поим. Сеа сакаш да те поддржиме и да ти помогнеме а ти веднаш оттргнуваш една група.

    И да, доколку навистина еден ден сакаш да бидеш нечија сопруга и мајка, прво создади си подобро мислење за тие жени, а не дека сите се изневерувани.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Не не не погрешно сме се разбрале јас не реков сите изневеруваат цитирам ,, а немој да мислиш дек ане одат и сите се верни ,, значи не реков сите се неверни само реков немој да мислиш дека сите се верни и не одат.
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Љубовница, арно што си ја признаваш грешката - дека по сопствена вина си се одделила и изолирала од своите пријатели. Како ли си дозволила такво нешто не знам, но нејсе, се случува, не си единствена.
    Ама ти овде стравов како го опишуваш, ми се чини ко да не прашуваш за совет како да рипнеш од огромна карпа во река и се плашиш дали ќе преживееш. Де бре девојко, па не е крај на светот!
    Не ми се лути, јас не те карам, ниту првиот пат те карав, ама ај. Ама едноставно се случуваат и полоши работи па сакале нејќеле сме приморани да го започнеме одзнова нашиот живот.
    Не кукај, не се сожалувај, собери сила, налути се онака на целиот свет - и тргни во нови походи. Направи некаква промена. Најди си ново хоби кое ќе те окупира и во слободно време.
    Запиши се некаде, на некој курс, некаде каде што ќе имаш можност да запознаваш нови луѓе.
    Има милион начини - и кога ќе си го исполниш максимално слободното време и ќе си најдеш нови интереси и со тоа нови познанства, верувај нема да имаш време ниту да жалиш за него, ниту да плачеш, ниту пак да размислуваш за тоа колку ти е страв да почнеш одпоново.

    Не си единствена. И не си ниту девојка со најтешката одлука пред себе. Луѓе бракови раскинувале со деца, менувале место на живеење од еден - на друг континент, се буделе од кома и учеле повторно да одат, ти сигурно ќе совладееш прекин на една врска без никаква перспектива.

    Ајде храбро! Поправниот испит ти е даден на располагање ;)
     
    На srcekrsacka, JuLleE, Ljubovnica и 2 други им се допаѓа ова.
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.264
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Пирамитка во се поготово со ова дека поправниот испит ти е даден на располагање.Јас би ти рекла искористи го,кога веќе си свесна дека нема иднина,не чекај да наполниш 40 години па тогаш стварно да ти биде касно за нов дечко и создавање семејство,а не верувам дека заради него сакаш да го испуштиш тоа,ќе боли знам не е лесно,ама поубаво за тебе е да почнеш отпочеток колку тешко и да изгледа,зошто кога за 10тина години ќе се каеш нема да можеш ништо да поправиш,а сега сеуште можеш
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Љубовнице,јас мислам дека си многу себична и голем егоист.Пишуваш дека не ти се битни неговите жена и деца,дека си прекинала контакти со другарките.И да,одлично си одговарате со љубовникот.И тој е невнимателен и изневерува.Ако толку многу те сакал,до сега и ќе се разведел и ќе се оженел со тебе.Јас не можам да се изначудам како толку време си дозволила да бидеш втора во неговиот живот,а имало и некоја трета.Туку ај ми било убаво,а за последиците не си ни размислила.И сега тука бараш подршка за да го оставиш,но мене ми изгледа дека нешто не ти се дава.Стравот од тоа да остане човек сам е присутен кај секој.Но,ти си млада и никогаш не е касно да се почне од почеток.Луѓето во животот губат се и секој,па наоѓаат сили да продолжат со животот,а не пак ти-да не можеш да излезеш од една неперспективна врска. :!:
    јас сум во брак 8 години,и да знам дека мажот ми има нешто на страна,нема да ја осудувам таа љубовницата,туку него.Ама ќе си речам добро бе ,какви се тие кои кои дозволуваат да бидат втори,и со колку чиста совест „водат љубов„со некој на кој местото му е во брачниот кревет?
     
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Луѓе!!!!!!Стварно мислам дека е доста со темава!!!Ептен големо внимание и посветивме на девојкава со нејзиниот проблем кој очигледно дека несака да си го реши.Како што гледам скоро сите и кажаа да расчисти со човекот бидејки тоа не води никаде од многу причини.Наместо тоа Лубовницава некако ми изгледа како да се оправа со неистомисланичките, па фрла некакви си реплики контрареплики и слично.Ако сака така да постапи доби мислање од многу вас, па еве и јас ќе и кажам:Расчисти си со типот, не ти е касно никогаш.(се разбира ако навистина и е дојдено до нашето мислење).Поинаку негледам како би можеле ние да и помогнеме.Сама треба да ја има силата за тој чекор.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Ако не ми беше битно мислењето од повекето вас немаше да напишам и немаше да се откријам себе си пред сите јавно , иако реков дека знаев дека ке бидам осудена претходно. Ги почитувам сите мислења и оние кои се помалку и навредливи но што е тука , не им се лутам тоа е најбитно.
    Битно од се е дека сум свесна во што сум се вовлекла и само јас знам како ми е ( не сакам да ме сожалува некој немој да мислите дека кога го пишувам ова тоа го барам ) знам што треба да направам само ми требаше малку подршка и охрабрување за превземање на овој чекор. Некогаш мислењата на непознати се многу по искрени и секогаш се дадени реално без пристрасност, бидејки за ова не можам јас со секој да разговарам , некој ке те свати поинаку , некој поради тоа што си му пријател нема да те осуди а нема и да те оправда, и затоа сметав дека овој начин најмногу ке ми помогне.
    А за темата што е толку актуелна и што повеќето се заинтересираа треба да ни кажува многу сигурно има доста вакви судбини. Се надевам дека го скршив мразот и дека ке има уште храбри кои ке сакаат да си помогнат.
     
    На srcekrsacka и babaDara им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    10 години од својот живот си подарила на некој себичен идиот,кој што единствено за што се грижи се неговите интереси и потреби како уште еден маж на Земјава. Не знам како можеш да очекуваш од тип кој што првенствено не се грижи за своите деца,за она што ја има неговата крв,да се грижи за тебе и за твоите чувства. Али,океј,сите правиме грешки,некои поголеми,некои помали,па пак добиваме шанса за исправка,само треба да се грижиме и таа да не ја прокоцкаме.
    Ти,ти веќе ја доби својата шанса. Ја држиш во раката,сакаш да ја искористиш,ама нешто одвнатре не ти дава. Тој страв кој што го чувствуваш од тоа да останеш сама е посилен од желбата за да се спасиш од него.
    Но,и тој страв е минлив! Ќе помине токму тогаш,кога ти ќе бидеш спремна да го избркаш од себе,кога ќе бидеш спремна да ја кренеш повторно главата горе високо и да си речеш: „ДОСТА БЕШЕ!!“.
    Собери доволно храброст и нареден пат кога ќе дојде да биде со тебе,не му ја отварај вратата,игнорирај го. Играј си со него,дај му го она што го заслужил,идиотскиот однос. Направи си план во главата и следи го.
    Се надевам барем дека некој од нашиве совети ќе допре до тебе и дека овие 20 и кусур страници не се за џабе испишани.
    И запомни,ти си ЖЕНА,а жените умеат да бидат тотални КУЧКИ!

    Со среќа! :*
     
    На Ljubovnica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Мислам дека го направи првиот чекор, тоа е најбитно. Сега следи она потешкото. Можам да те обвинувам до бесвест, зашто повторно ќе потенцирам, јас сум од другата страна. Но тоа не значи дека нема никогаш нема да се најдам во обратна ситуација. Не знаеме што не очекува во иднина. ( Ставам се под дифолт ). Јас би била секогаш тука, кога ќе ти треба помош и искрен разговор. Извини јавно за мислењето ми се гаде од тебе и вакви или слични на тебе. Но мора да сватиш кога човек е повреден, кажува многу работи, кој кога ќе разбере сака да ги искорегира. Јас сум само на местото на жена му. Но за разлика од нејзе ( а и тебе ) јас многу брзо застанувам на нозе, ја согледувам реалноста и ставам на кантар што добивам а што губам. Тоа е најбитно. Позз и секое добро. Искрено чекам со многу, многу поведри излагања.
     
    На infinity, Ljubovnica и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  17. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18


    Ти благодарам на постов многу е мотивирачки, искрен и отворен секоја чест , ми го разубави денот. Ти благодарам
     
  18. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18

    Дара не се лутам и не замерувам на коментарите особено на твоите зашто те разбирам ,ти тоа како уште еднаш да го преживуваш имајки ме мене од другата стрна таканаречената љубовница. Драго ми е што ве запознав барем на виртуелен начин и верувајте дека многу ми помогнавте. Во иднина и јас посакувам да имаме излагања на поведри теми .
     
    На nena2010 и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Imam samo kratko i jasno mislenje za site vie sto odite so zeneti: Vie site ne ste NORMALNI. kako mozi tolku da si se potcenuvate samite sebe da izagravate vtora violina. Spasete si go zivotot ako seuste imate vreme ako ne gospod neka vie na pomos.
    Pozdrav
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Глупости.
    Ако мерка за ненормалност ти е тоа дали некоја одела со женет или не..
    ондак излези надвор сврти се три пати

    Јас не оправдувам неверство во врска или брак.
    Ако девојката е сингл, па е со некој женет, нека фура.
    И онака тој штом тргнал по други, не е задоволен во креветот.

    Као демек.
    Оправдувам групен секс, ама врска со женет не!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.