1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сте ја читале Пеколот од Данте Алигери. Во вториот круг ги става прељубниците и вика вака: Ако прељубникот врши прељуба поради стекнување лична корист, подобра позиција, стекнување моќ, дрн,дрн, тогаш ќе биде казнет, ако не тоагаш тој ќе биде помилуван но ќе чуствува внатрешна болка, ќе се уништува самиот себеси.
     
  2. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1


    Таа можи слободно да фура ама кај е нејзиниот живот? Цел живот ќе биди втора и само ќе се крија никогаш нема да има нормална фамилија а тој ако тргнал по други се знај дека за него нешто не е во ред во бракот ама пак тој секогаш ќе има некоја и ќе има фамилија.

    P.s НЕ оправдувам групен секс и НЕ оправдувам врска со женет
     
  3. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Прекрасна книга... одличен пример
    И точно е тоа дека врската со женет поради љубов уништува внатрешно...
     
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Точно е дека двете страни се криви кога ќе се случи ваква „врска“, но не знам колку ве ослободува од вината, или ве прави да имате помала грижа на совест токму поради тоа што ја делите вината. Јас го наоѓам мажот крив во ваквата ситуација, но темава не се вика женетиот маж во врска со друга жена, па да ме читаат мажите и да има кажам што мислам, туку во врска со женет маж и затоа сите ви се обративме вам и не се спомна мажот како кривец толку често. А да одиш со женет маж 10 години и да очекуваш дека нема да бидеш заменета или нешто повеќе освен да му бидеш љубовница е стварно апсурдно и се чудам како една возрасна жена може да верува во овие работи. Жена на жена си ги загорчуваме животите без да се ставиме во нејзина кожа или не дај Боже во кожа на децата, па после мажите ни се криви за се или сите мажи исти се. :^)
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Чекај да разграничиме нешто:
    Зборувам за слободна девојка на возраст од 20 до 30тина години, значи не стара мома која останала немажена.
    И ако е сингл ја оправдувам.
    Втора виолина во случајот излегува жената на тој дотичниот, бидејќи не била способна да го задоволи доволно поради ИКС причини.
    Тоа значи дека таа врска како и секоја некогаш би пукнала, дали ќе се раскини брачната врска или швалерската или па двете не е важно.
    Те сакам.
     
  6. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Искрено не ми е јасно дали оваа тема е отворена да ја осудуваме Љубовницата или да и дадеме совет? :?: :?: Мислам дека нејзе и е многу јасно колку е во ред тоа што го направила, а ние не сме никој за да осудуваме. :^)
     
    На Ljubovnica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па самата си се осудила на пропаст, шо да и праам ја сеа :x
    Верувај дека ако се решила да го остави нема да бара совети (или да не кажам поддршка) на форум, туку наместо тоа ќе биде веќе далеку од него... затоа... :x
     
    На Astrid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    7
    Мажот е најкрив во ситуацијава, со самото тоа што си дозволил да има љубовница не си го почитува семејството, а посебно таа жена што го трпи дома. А и сигурно има нешто што не штима во бракот штом посегнал по љубовница. Значи има многу фактори што допринесуваат до таква ситуација, затоа неможеме на никој ниту да му судиме ниту да одобруваме ниту пак да делиме морални вредности, сите грешиме во животот и си гледаме за себе да ни биде убаво. Мој совет секако до девојката да не си го губи времето, многу се ма премногу се и тие 10год што ги изгубила. Батали го и живеј си го животот, а како што викаш неможес да живееш без него е ке смогнеш сили и ќе почнеш од почеток да си го живееш без него и ќе ти биде поубаво! Поздрав
     
  9. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    ако твојата ќерка еден ден дојде и ти каже дека го прави тоа што ти сега го правиш, дека има врска со женет маж кој уште потрагично е и татко, ти ќе и кажеш, "не се секирај опшеството овие работи ги става под тепих , како да не се случуваат , а се секојдневни верувај". Да видам, да не верувам.
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Кога се дава совети на непознати или не толку блиски луѓе на нас и тоа како знаеме да бидеме либерте, со слободен дух....па се е за луѓе, па тоа е секојдневна работа, да не осудуваме никој...да ми е сестра или ќерка ќе ја скршам од ќотек додека не и дојде паметот ;) нејсе, љубовница не бара ниту оправдување ниту осуда, таа со тоа си е начисто, не чуствува вина за ништо, едноставно бара излез...како да продолжи понатаму... кога си имала храброст 10 години да играш улога на љубовница, верувам дека ќе се снајдеш и понатаму и без нашите совети...
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не е поентата на дискусијава - подобро да се спречи, отколку да се лечи, туку веќе е направена работата. Оттука, не е работава за наши мислења што би направиле на наши блиски ако го прават тоа. А и се бара совет, ако можеме ке го дадеме, ако не - ке се воздржиме од учество во дискусијава, зашто за плукање ке најдеме некој кој нас директно ни згрешил.
     
  12. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Бла 20 не си ја сватила очигледо поентава. Баш овде е потенцирано спротивното , да се дискутираат овие теми што повеќе, бидејки се секојдневие и се мегу нас. Утре може на секој да му се слуи истото, мажот да ти оди по други и слично , затоа никогаш не вели никогаш и со ќотек не се решава секогаш се.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Не ја плукам туку си искажувам мислење,бидејќи овој проблем иако е нејзин - искажан јавно добива друга димензија па можеби има и други кои се тргнати на пат сличен на нејзиниот,а вистински совет би можел да и даде некој што бил во иста ситуација што прилично го стеснува кругот...
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Значи посочуваш на тие што веќе биле тргнати по патот, (каде што ти болдирав погледни си), сакаш врз нив да се изврши превенција, иако е неможно зашто веќе е направена работата, а пред тоа си спомнала дека таквите можат и без нашите совети?! Некако муабетов, ич не ти се може, затоа, најдобро, воздржи се од дискусија.
     
  15. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    УУУУФФФФ ВАКА, ЕВЕ МОЕ МИСЛЕЊЕ............ГЛЕДАМ НА ФОРУМОВ ЈАС ОДАМ СО ЖЕНЕТ, ОДАМ СО РАЗВЕДЕН, ОДАМ СО ДЕЧКО ШТО ИМА ДЕВОЈКА.............БЛА БЛА.........


    Е СЕГА........КАКО НИЕДНА НЕ ПИША, ЈАС ОДЕВ СО ЖЕНЕТ И ЈА ОСТАВИ ЖЕНАТА И СЕГА СМЕ СРЕЌНИ, ИМАМЕ 3 ДЕЦА, МНОГУ СЕ САКАМЕ................ТОП НИ Е....ВАКВА ЉУБОВ НЕ СУМ ДОЖИВЕАЛА.............. И, веќе ви е јасно што сакам да кажам со напишаново.....


    ТУКУ........СИТЕ ВИКААТ.......АБЕ ЖЕНЕТ Е, ИДЕМЕ 10 ГОД, АМА НЕ СИ ЈА САКА ФАМИЛИЈАТА, ИМА ПРОБЛЕМИ, МНОГУ ГО САКАМ, МНГ МЕ САКА, знаеш поради ДЕЦАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ОСТАВИ И ЖЕНА МУ, МНГ Е ФИН, ЕМОТИВЕН , ВАКОВ - ОНАКОВ ( примери давам )........ИТН ( нека не се сфати ова навредливо, ова е за сите девојки, па и за мене утреден како поука ).............

    Не викам дека не му се свиѓаш или дека не те сака, ама од самото тоа дека 10 год сте заедно, а во 365 дена , 65 дена спие кај тебе, а другите денови се враќа дома, па остануваш сама меѓу 4 зида, не излегуваш, се лишуваш од дечковци, од град, од животот, се криете.....ТОА ЛИ Е ЖИВОТ!!!!!!!

    Исконтролирај се ти и исконтролирај си го животот.
     
    На srcekrsacka, Whitecloud95, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    никако ама никако не оправдувам врска со женет човек !!! Незнам само со каква совест живеете и ти и тој !!! Тој си ги понижува жената децата а ти се понижуваш себеси :puke: Како не ти е срам да бидеш нечија љубовница,не верувам во тоа дека несакаш да си го остави семејството напротив мислам дека потајно го посакуваш тоа !!! Немам намера да ти солам памет ако воопшто го имаш а и незнам како се осудуваш безразлика што форумов е анонимен вака јавно да кажеш па уште и да побараш интересни коментари !!! ОДВРАТНООО :puke:
     
    На Podarok му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    и јас не оправдувам врска со женет затоа уште на почетокот кога ќе дознаете разрешете ја работата пред да се залубите во него и после да не викате се залубив неможам без него и неможам да го оставам затоа не ни влегувајте во таква врска
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не велам дека сум најморалната личност на планетава, дека секогаш сум стоела на страна и сум била незаинтересирана ако некој дечко кој ми се допаѓал имал девојка, меѓутоа бракот за мене е света институција, секогаш сум ги осудувала лицата кои влегувале во врска со некој кој веќе се ветил на друг/а. Е тоа за мене е веќе забрането овошје, понастрана од женети/мажени.
     
  19. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Маж во зрели години женет со фамилија и се додворува на 18 годишна девојка? Која совест ? (Љубовница)

    Па човече дали се слушаш што зборуваш само???????
    Сите мажи и покрај тоа што се оженети се додворуваат на помлада девојка и ден денес тоа станува нрмално за жал
    Ама ти драга љубовнице со кој памет си прифатила? Многу си подолу од жена му и не глуми лудило помош бара тука за незнај ни самата зошто
    едно ке ти речам човек што незнае што сака ОДИ ФРЛИСЕ па уште љубовница бе ејј хахаахахахахахаха! Смешка си
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Добро, кажавте сите што имате. Ова твоево е веќе кажано, а и очигледно непотребно.
    Ај сега гледајте си ги животите, разговорот на темава веќе одамна е завршен.
    Никој не е дојден на форумов за некој да му попува и кажува кај му се грешките, туку заради проблеми или чиста забава. Ако спаѓаш во некои од овие - барај си чаре во соодветни теми, а не да му посочуваш на некој да се самоубива, јасни сме?
     
    На Hova му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.