1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ти си во состојба кога мислиш дека се си изгубила, па само тој ти останал.
    Верувам дека многумина те осудиле, па затоа си сама. Малограѓанштина. Не ја забележуваат цела ситуација пред да осудат некого.

    Не е важно. Те сфаќам. Никој не знае што го очекува во животот.

    Журкањето во било кое значење, помини го во сурфање на нет, изнаоѓање начини за пополнување на слободното време, работи нешто, вклучувај се во некои проекти, измешај се во група луѓе... Ке запознаеш нови особи и ке видиш дека не е се така црно. Кога ти на еден форум за жени (а жените се обично алапачи кои знаат само да осудуваат без да ја знаат целата ситуација) најде некој кој те разбира, со сигурност можеш да најдеш некој и надвор кој ке го направи истото.

    И не само тоа. Да најдеш човек со кој ке сакаш да создадеш семејство, немој да мислиш дека и тој би имал право да те осуди. Ниеден наш иден партнер, нема право да знае за нашето минато, зашто тогаш ништо од врската. Цела врска би поминала во осудување и префрлање на нешто старо, заглавувано во нафталин.

    Затоа опушти се и направи го тоа што мислиш. Ако не друго, барем на форумов ке имаш со кого да правиш муабет. :)
     
    На srcekrsacka, vodnicka1 и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    За 5 години ке молиш да најдеш некој за да имаш деца и семејство. Никој не се омажил- оженил зошто го натерале, едноставно те тера самата природа.
    Прекини си со вакво замарање. Јака ти душа како си можела да бидеш со ваков човек, со фамилија, ја изневерува жена му а и тебе те изневерува.
    Браво за издржливота, да имаш дечко да спие со 2 други и со тебе ??????
    Многу нејасно за мене ама ти си знаеш.
    Гледај да го оставиш, колку и да е тешко, најпаметно ти е. Незнам како за 10 години, не си сфатила дека се ова ти е пропадната инвестиција????
    Извини ако те навредив, немав таква намера, ова е само мое лично мислење.
    Позз
     
  3. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Значи јас не сватив сега , него решавањето на проблемот се го одложував со помислата дека има време, бидејки ми било убаво и сум сакала многу. А тоа што одел со други тоа друга приказна , а немој да мислиш дек ане одат и сите се верни сите одат кој помалце кој повеке, кој повешто прикрива кој сам се фака у мамката. Иако тие со кој што одел биле ицидентни некои девојки , денес ги има утре ги нема и така.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас не сум толку добродушна како другиве, па отворено ќе кажам дека да, те осудувам. Многу себично размислуваш и + многу си ми нејасна. Не си ти таа која треба да мисли? ОК, искрено се надевам дека така ќе мислиш ако еден ден најдеш некој изветреан што ќе те сака и кога тој ќе почне да оди по други ќе бидеш исто толку зен во размислувањата. Оти искрено верувам дека универзумот се труди, колку може, да воспостави некоја рамнотежа. А својата карма сама си ја скроила. Немам потреба да тешам девојки кои сами си прават проблем од животот и не можам во себе да најдам сочувство за тебе, можеби затоа што размислувам од аспект на жена, а на форумов повеќето се девојчиња кои допрва ќе се челичат низ животот. Но, мој став е (и бил и пред јас да формирам семејство) во туѓо не чепкам! А плус, и самата велиш дека овој нема некој критериум, скока на сѐ што ќе ја крене опашката... Не ти текнува дека и ти си во таа категорија?
     
    На Hova и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Зарем ти немаш желба да си имаш маж кој ке биде постојано покрај тебе и ке биде просто кажано само твој???
    Зарем немаш желба да имаш деца и заедно со маж ти да ги одгледате?
    Тргни си се и терај си го животот на правата воденица. Од овој човек иднина не чекај и не барај. Тој сам си се изгубил, кога после жена и деца, бара друга жена а после нејзе бара уште една.
    Не реков дека само он изневерува. Ама покрај една, уште една и уште една, не ми е веродостојно дека правиме муабет за дораснат човек. Ни куче не шета толку по женки а не па он (како што сама ја кажа споредбата човек- куче) !
     
  6. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Па не би рекла баш дека сум во таа категорија имајки предвид дека јас со него сум 10 години , а таа категорија што ти ја споменуваш со намера да навредиш се девојки за една ноќ , кои си имаат некој си нивен начин на гледање на живот кој мене не ме интересира.
    Второ тој од 24 саата 16 е со мене.
    И трето , јас не го терам никого да остави ниту му вршам притисок , а за неа да се секирам . А зашто? Па таа има проблем дома немам ја ? Јас со неа немам ништо? Тој има и таа има со него , а мене тие односи воопшто не ме интересираат.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    Женски, утврдивме дека девојкава си го укакала животот и тоа свесно. И мене како на жена не ми е баш мило да слушам вакви муабети, и да знам дека еден ден мажот ми мој можи да си има некоја 10 годишна врска на страна. Од друга страна не ја жалам ни жена му зашто гарант го знае што мустра е и очигледно го трпи. Како и зашто нејзин проблем. И јас како пред мене не ја кривам неа. Никогаш не ги кривам љубовниците. Секогаш го кривам мажот. Женетиот. Не судете пред време зашто верувајте и мене најмногу ми е страв кога запознавам некој дека може да е женет. Бурмата се вади. А јас свесно НИКОГАШ не бо можела да одам со женет. Грев да ме фати да растурам нечие семјство, не фала .
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    То се зове мала аздис.....
    Си аздисуваш, ти се може, барем прави го тоа како тебе што ти одговара.
    А цело време ќе прави крц, крц, само тебе сега ти текнало.
     
  9. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Почетокот можеби бил и зелен и несмасен неразмислен и аздис потег на 18 годишна клинка. Но со текот на времото се сменија работите.
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Самата си кажа дека имаш проблем... :?: Или сега одеднаш немаш? Си напиша пост колку да ни се пофалиш?
     
  11. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Неможам да замислам да бидам со некој што има девојка, не пак да бидам со некој женет :puke:
    За таквите жени имаше еден погрд збор кој не би сакала да го употребам сега :x
    Доаѓаат на вакви форуми не за да побараат помош! туку бараат одобрување за она што го прават,а воедно и се исповедуваат. Мислејќи дека ќе си олеснат со тоа што ќе кажат во јавност.

    Сепак лошото сие лошо и неможе на ниеден начин да се оправда или да се престори во помалку лошо.
    Во најдобар случај тие девојки кој прават такви нешта се понижуваат самите себеси, но сепак се свесни дека имаат огромен проблем.:worried:
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Сите одат кој помалце кој повеќе? Па ти девојко си во голема заблуда, од твои 18 години си со него и мислиш дека тоа што ти се случува со него е нормално,на пример јас имам врска од 4 години и знам дека ниту еднаш ме нема изневерено до сега ни помалце ни повеќе. За натаму како ќе биде не можам да знам. Но кога постои обострана љубов и разбирање можно е и тоа. Инаку тоа превртување во стомакот не е најбитно во животот бидејќи и тоа минува а останува почитта, довербата, разбирање и поддршка која ќе ја изградите со некоја личност. А од овој човек не знам што очекуваш, пеперутки во стомакот ? Бидејќи доверба секако немаш, подршка во ништо а немаш ни ронка почит од него. Твое е да избереш дали ќе се тргнеш од него и макар да бидеш сама ама со почит спрема самата себе, или засекогаш ќе останеш сама и згазена, бидејќи него нема ни да го имаш, ќе имаш само некоја илузија од човек. И не не те осудувам само те жалам.
     
  13. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Одговорот за кој ме цитираш е одговор на претходен пост на прашањето зашто не ја жалам жена му?



    Значи уште во мојот почетен пост ја не дојов на форумот да барам одобрување на нешто што и јас го осудувам и се трудам да го завршам, одобрување не барав јас.
    Но не вели никогаш за ситуации за кои не си била и не знаеш што носат. Ниокогаш не вели никогаш. Не дај боже на некој да му се случи тоа, па ни на душманот , а девојките кои ги споменуваш мислам дека нема потреба да се повторувам , јас никого не навредив овде ниту имам намера да навредувам.Ljubovnica



    12Мислења: 14
    Зачленет: Денес, 09:24
    Лична порака
     
  14. Lollipop

    Lollipop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Девојче.....додуша многу сум помлада од тебе, можеш и сестра да ми бидеш комотно....али според досега кажаново од твоја страна свакам дека првично ти си имаш проблем со самата себе.....НАЈПРВО РЕШИ СЕ ДАЛИ САКАШ ДА ГО ОСТАВИС ИЛИ ДА БИДЕС СО НЕГО....зошто ти во целавА оваа приказна наогаш оправдување за неговите постапки...(со други зборови ЗАСЛЕПЕНА СИ). Ситуираноста како стасусен симбол за мене е најмалку битна, ама докулку е навистина така како што кажуваш....ти бре девојче можеш да го имаш живот каков што сакаш и без да се секираш за ништо ..... а ти се затвараш сама во себе и седиш 16 саати во стан со тој ОЖЕНЕТИОТ!!!......Не ми е јасно за 10 години ниеднаш не си се прошетала со него за рака надвор на улица.....кај пријатели дома...некаде на вечера.....некаде на пијачка.....незнам само во што ја гледаш иднината со ваков човек.....
    Мислам дека треба здраво да седнеш и да ја чукнеш главата зошто е срамота 28 годишна девојка да размислува на ваков начин.....КАКО И ДА Е тоа е твој живот и ти сама одлучувас дали ке си го направиш бајка или пекол....јас не те ОСУДУВАМ ама би сакала малце да ти дојде памет....ПОЗДРАВ
     
  15. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Значи не дека седам дома , јас сум слободна јас излегувам се шетам , со него сум била и во кафана и во кафич , и на собиранки и на одмор значи не е тоа,дека седам дома во 4 зида. Поената е дека многу ми е тешко да го направам тој чекор , премногу сум врзана и премногу ми значи,се пред се навика, па куче да е да ти умре , ке жалиш. Јас не дојодв на форумот да ме жали или оправдување да барам сакав да споделам со надеж дека имало вакви случаи кои позитивно излегле за женската страна. Далеку од тоа дека не знам , не сум свесна што сум направила , а само најдов на коментари на сожалување и другите коментари од типот на омажените со сопруг дома кој веднаш ме нападнаа како да нивниот сум им го зела, и дека само жените се криви а сопругот не е, мислам дека не е во ред
     
  16. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Сум била во врска во која не бев среќна, врска која не знам дали и можам да ја наречам така, ништо слично на твоево но сакав до бескрај а тоа што го добивав ми беше доволно само за солзи. И бев многу помлада од тебе кога решив да се тргнам од него во моменти на најголема заљубеност и успеав. Тешко беше но тоа што го имам сега неможе да се спореди и само кога ќе ми текне дека за тој другиот човек бев спремна на се, бев спремна да си го жртвувам животот за трошка љубов од него, ако беше љубов. И ме бараше тој и не ми дозволуваше да се тргнам од него и најтешко е кога си одиш против срцето но не се каам. А можев да бидам и ден денес со него и уште ќе патев за него и немаше да знам што е тоа да сакаш и да те сакаат и се што набројав во претходниот пост.
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ПОДОБРО ПЕКОЛЕН КРАЈ; ОТКОЛКУ ПЕКОЛ БЕЗ КРАЈ
     
    На tessie, Hova, Lady-PinkHeart и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lollipop

    Lollipop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Епа бидејки сакаш искуство еве ке ти кажам...моја најдобра другарка беше исто во врска како тебе само што нејзината траеше 3 години и навреме се освести.......во прво време ми го кажуваше истово што и ти (или како што јас би го нарекла ЗАСЛЕПЕНО ОДНЕСУВАЊЕ)......и знаеш како се заврши се.....он си го праеше мерако и дома со жена му и со нејзе......во исто време и вртеше филмови како он дома со жена му не е интимен и слично....и се колнеше на вечна љубов и дека се створени еден за друг и да му даде малце време и разбирање додека не расчисти со жената....и на крајот ЗА СРЕКА на другарка ми и дојде паметот и засекогаш расчисти со него.....Периодот на преболување траеше доста долго....дури и сега на моменти знае да го спомене....но во исто време ПРЕМНОГУ СЕ КАЕ ЗА СЕТО ИЗГУБЕНО ВРЕМЕ.....ПОСЛЕ ОВАА ПРИКАЗНА ТИ ОДЛУЦУВАЈ СИ САМАТА....
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    Женски девојкава нема намера да прекине со типов и јас мислам да не и даваме совети од типот да го остави (зашто нема) и само ќе се фрустрираме. Како на зид да му збориш. Девојкава си кажа, нема секс со него и бара начин како пак да го врати во кревет. а она што решила да се деградира да биде втора и слично нека и е на чест, ама ние овде памет нема да и смениме.
     
    На srcekrsacka, tessie и enca.69 им се допаѓа ова.
  20. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Де бре Нена па ти како се однесуваш према девојкава и таков тврд став , па дај малку смири страсти . Жената има проблем и не верувам дека е тука за да ја сожалуваме или правдаме или обратно. Да се разбереме многу добро можам да ја сватам, сум гледала многу примери од овој тип , и девојките се во навистина лоша ситуација и најчесто се многу добро изманипулирани од тие искусните препредените мажи. Девојкава во случајов е жртва.
    Не се сложувам со комантарите кои ги прочитав погоре дека е ваква или онаква личност, или да ја напагаме дека е со женет. Се случило и ке се случува уште многу на многу девојки. И обично на тие години кога најмногу се манипулираат. Таа е во агонија секој ден. И нејзиното оставање на тој човеко кој и е се во животот ке и биде многу болно, сите сме ние многу паметни од страна да кажеме остави го и толку. Сите се генерали после војната нели?
    Девојко ќе ти биде многу тешко спреми се за тоа и биди јака да превземеш чекор кој ке те одведе на правиот пат. Ќе ти биде многу тешко да знаеш да не се лажеме. Тој тебе бил се 10 години и младоста со него си ја поминала, и ќе бидеш изгубена после тој крај. Но после секој дожд доага сонце имај верба.
    Биди јака , не те осудувам само те охрабрувам да издржиш
     
    На srcekrsacka и Alanna им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.