1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Благодарам на подршката. Се надевам дека ке останам на овој форум и ке продолжиме и понатаму да се дружиме коментирајќи на полесни теми. На сите што најдовте за сходно да пишете мислење ви благодарам
     
  2. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Јас само сакам да ти честитам на храброста да го кажеш ова што ретко кој би го кажал, а само да знаеш колку биле во твојата ситуација.
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Драга љубовницо!!!
    Искрено ми се гади од такви како тебе и слични на тебе. И немојте ве молам да наоѓате разбирање, го сакала и слично. Зарем таа жена му дома не го сака, плус има и дете со него. И кажува дека не ја интересира жена му, она си го има проблемот. 5 години, си се запрашала ли како и е нејзе понекогаш. Додека ти се забавуваш со твојот КАВАЛЕР можеби детето му е болно, настинато, има приредба, го удриле во градинка или на училиште, а неговиот татко не е покрај него. Битно е со тебе и покрај тебе. Само да знаеш дека не си тинеџерка со 28 години. И не можеш да леташ и да правиш авантури. Таа твоја авантура на некого му го уништува светот, животот, а најстрашно е што патат невини деца. Ние децата ги бираме, свесно ги создаваме, но тие не не бираат нас за родители. И зарем не посакуваш да имаш семејство, маж кој ќе те сака, детенце? Или сакаш да бидеш љубовница цел живот. БРАВО. Многу убав пат си избрала. Само ќе дојде денот кога ќе те стигнат солзите на таа жена, на тоа најневино дете. И тебе а најмногу него.
     
    На vercence, ohoho, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Леле бе луге што ви е на вас и зашто вакви коментари. Уште да ја проколнеш. И повик да не ја бранат или оправдуваат. Ти се молам каков е овој став? А тоа зашто тој маж не го мисли ? Дека има жена и обврски и деца дома? Што е таа крива ? Како можеш такво нешто да кажеш? Убаво си кажа таа горе дека не ја интересира жената што ја оправдувам 100% тоа се негови обврски, таа е слободна жена.
    Уште не можам да поверувам што се изнакажа
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Да ви цутеше се, колку толку ќе разберев, многу си постара од мене амадај те молам, човекот има деца. Разбирам и љубов и романтики, јас сум хоуплес романик, значи ако сакаш да се врати страста испланирај некоја романтична вечера. НЕ е дека сега те судам, кога се работи за љубов, ама јас искрено не би можеча да бидам со некој цела вечер, да знам дека децата му спијат дома сами, со една жена. Не дај боже да се случи нешто, да не можел да ги заштити, цел живот ќе се колнам. Со среќа!
     
  6. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    А Која позитива ја посакуваш? Надеж за што имаш? Дека ќе ги остави сите и ќе биде само со тебе? А велиш не сакаш да ја остави сопругата но посакуваш тоа да се случи нели. Може тоа е и најдоброто во целата ситуација ама за неа, барем таа ќе се отараси од таков глупак ама не и за тебе тој пак ќе си најде друга.
     
  7. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Не јас не сакам да ја остави ниту посакувам потајно, сакам само најбезболно да си го решам проблемот ако е некако можно тоа. Не знам зашто сите ме нападнавте како само јас да сум крива, и плус ме прашувате мене за неговата жена , како не ми било жал и слично , што не е тема на муабетот. И после ке се прашате зашто овие теми не се коментираат , епа ради ова , зашто сите мене ме нападнавте , како јас да сум најголемо зло , и девојките со овие проблеми ги направивте лесни женски како погоре во некој од коментарите , а и опшеството овие работи ги ставаат под тепих , како да не се случуваат , а се секојдневни верувајте.
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас не можам да сфатам каква е таа жена му што трпи таков маж?! 16 саати во денот со тебе? Што ја лаже неа? И да златна, крива си во ситуацијава и не барај разбирање. Подеднакво си крива колку и тој, колку и жена му.

    Прости ли сте, не сфаќате дека само децата патат? Тој е кретен, жена му е гуска, а ти си растурикуќа, без разлика како ти гледаш на работите.
     
    На ohoho, georgieva, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Тешки квалификации но секој има право на свое мислење. Јас не ја окривувам жената само и посакувам колку што може побезболен крај. Мислам дека не сте фер , вака што зборувате кој што е и мислам дека не напишала типкава овде својот проблем , за да некој и каже дека е расипи куќа и лесна женска , имајте малку обзир.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    А за што напишала, да ја потапшаме по рамо и да и кажеме дека е у право? Немаш ти осетено на своја кожа како е да си дете во ваква ситуација, не растурикуќа, нема еден пофален збор да кажеш за неа.
     
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Е СЕГА ЌЕ ВИ ГО КАЖАМ СЛЕДНОВО: ЈАС СУМ САМА СО МОЕТО МАЛО БЕБЕ. МАЖОТ МИ МЕ НАПУШТИ БАШ ПОРАДИ ТАКВА ЉУБОВНИЦА. И НЕ СЕ СОЖАЛУВАМ, ИСКРЕНО МНОГУ Е ПОДОБРО ВАКА, ШТО СУМ СВАТИЛА СО КАКОВ ГАД СУМ ЖИВЕЕЛА. И ДРУГО - ЈАС БЕВ СО МАЛОТО ВО БОЛНИЦА 2 НЕДЕЛИ, А ТОЈ СО ЉУБОВНИЦАТА ВО НАШИОТ ДОМ, ШТО СУМ ГО СОЗДАВАЛА, СУМ РАБОТЕЛА ЗА СЕКОЈА СИТНИЦА ВО НЕГО. И ДО ДЕН ДЕНЕС, НИТУ ПЛАКА АЛИМЕНТАЦИЈА, НИТУ ГО ВИДЕЛ НИШТО. А БИТНО ЉУБОВНИЦАТА, ТАКВА НЕКОЈА СЛИЧНА НА ТЕБЕ ШТО НЕ И Е НИ НА КРАЈ ПАМЕТ ЗА СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА СЕ СЕКИРА ЗОШТО НЕ ВОДЕЛ ЉУБОВ СО НЕЈЗЕ. ПОМИНИ ГО ТОА ШТО ЈАС ГО ПОМИНАВ СО МОЕТО ЗЛАТНО ДЕТЕ, И ЌЕ ВИДИШ ДЕКА СЕКСОТ Е НАЈСПОРЕДНАТА РАБОТА ВО ВРСКА СО ОВА.
     
    На srcekrsacka, ohoho, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Види вака имам осетено , и тоа у фамилија на мојата сестра поточно , т.е моите внуци го имаат најдобро осетено , но мислам дека малку избрзуваме со коментарите и квалификациите што ги даваме, не ги знаеме човечките судбини и не треба така лесно да судиме и да лепиме тешки квалификации. Девојкава си ја кажа маката. Пола од членовите ја нападнаа и ја направија ненормална, лесна женска, расипикуќа и се што можеше да им падне на памет. А дали е тоа така? Дали таа напишала овде за да некој ја оправда или пак напишала за да побара помош?
    Мене само тоа ми пречи во коментариве
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ах бре жени, не дојде тука девојкава некој маните да и ги посочи, доволно е свесна сама дали згрешила, и ако да - кои би биле последиците. Дојде маките да си ги каже.
    Сите некогаш и за нешто сме згрешиле, а не сме биле во состојба, т.е. храброст не сме имале да признаеме. Се најдовме овде светици да изиграваме и да осудуваме некого. |( Не е наша работа тоа, доволно е ако греши некој, самата психа да го казни, ние не сме соодветни особи за тоа.
    Девојката си кажа што ја мачи, а не рече дека бара некој памет да и соли. Ниедна од нас не е адекватна за тоа.

    И уште ова :!: На сопругата, нема зошто девојкава да и биде крива. Таа е во заедница со дотичниот господин, па ТОЈ неа и згрешил, не девојкава ни чуена ни видена. Очигледно, не се мачела да им го прекине бракот, ниту таа барала да бидат заедно. Тоа му било во крв.
     
    На srcekrsacka, sonce777 и vodnicka1 им се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Жени, девојки, смирете си ги страстите.
    Ја сфаќам и бабадара, ја сфаќам и водничка1, ги сфаќам сите. Но ако секој секого почне да навредува, каде е крајот ?
    Ако ве исфрустрирал некој од овде многу, ако не можете да и помогнете, не и одмагајте, доволно сама си одмогнала во животот.
     
    На srcekrsacka и vodnicka1 им се допаѓа ова.
  15. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Епа ете гад. И арно што си се отарасила. Но овде мене ме осудуваат , ане ги осудуваат неодговорните татковци , за своето дете , па дури и дома ја носел па дури и да имал љубовница ако е прав маж треба да си ги знае обврските и приоритетите што очигледно кај овој човек не биле доблест. Јас не сум била во таква ситација ,како што реков тој доага кај мене, второ децата му се многу поголеми тинејџери се. И најбитно што цело време се обидувам да побарам на овој форум е помош.
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како прво самиот твој ник ЉУБОВНИЦА кажува дека си горда на твојот статус. Велиш цитирам “Јас не дојодв на форумот да ме жали или оправдување да барам сакав да споделам со надеж дека имало вакви случаи кои позитивно излегле за женската страна“ незнам не ми е јасно сега очекуваш да се јави некоја и да ти рече абе срцка уживај тој те сака тебе ќе ја остави жената, а детето ма кој го е гајле за него па тоа и без тато може да порасне?? Тој е крив да точно ама ти си многу покрива ти и таквите како тебе расипувачи на домови. Од толку слободно мажи најде маж со жена и дете? Еј остави го и барај си ја среќата. Тој да те сака и да сака да ја остави жена си знај дека до сега 500 пати тоа ќе го направил. Ти си само пролазна авантура.
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Можеби најголемиот проблем тука е што сите изневеруваат, ако не повеќе, барем 80% од народов го изневерува партнерот, а никој за тоа не кажува јавно, туку ја сфатил ситуацијата како грешка и кажува што не чини. Дури и осудува.
    Исто така, ситуациите при двојниот живот, не се еднакви, туку слични, па ги поистоветуваат со ниските побуди за водење на таков живот. Па уште нарекуваат и не знам како. Ма дај. Свестете се, не глумете, кога сигурно сте направиле нешто од што се срамете. Или ако не сте паднале во искушение, барем сте биле на работ.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    помош за што??? :^)
    ти кажаа остави го!
    само не ми е јасно.....Kако успеа да бидеш со него 10 години???
    аман, женет е :!:
    со 2 деца!
    и богами не дека си само ти крива, ама ти Hајкрива
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ==Типот е склон на неверство , за да денеска дознаам дека повторно има контакт со неа. Ова го кажувам не за да ми помогнете да го решам тој проблем

    Ти ќе бидеш пак изневерена.

    ==Во последно време можеби времето си го направило своето но едноставно немам потреба да бидам интимна со него , а гледам и тој. Има периоди по 2 неделли да нема ништо. Не знам дали е тоа нормално ради годините што све ги поминале заедно , или пак нешто друго се случува.

    Е се случува нешто а ти добро знаеш што се случува.

    == И пак ке речам не ме осудувајте ,
    Ти сама си се осудила а никој нема такво право да тебе те осудува.

    ==сакам да си помогнам на себе си и имам храброст да кажам дека сум во врска со таков човек ,

    Ти треба да сватиш дека можеш само швалерка да му бидеш на тој човек а никогаш жена.

    ==Поздрав се надевам на интересни коментари[/quote]

    Ееее мислам дека овој ти е интересен коментар
     
  20. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Не Мерлин овде сите се светици , и како да не слушнале ова нешто дека постои во опшеството и тоа ти рече 80 % ја ќе речам 90 %.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.