1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Јас никаде не побарав некој да ме жали. И не не е глупава таа жена воопшто. А зашто не сум прекинала кога сум дознала било касно драга моја. Како што сега правам напори да не биде прекасно.
    А коментарите можам да ти ги разберам бидејки можам да заклучам дека си во брак па оваа тема е многу повеке болна за тебе отколку за оние кои не се во брак и затоа те разбирам.
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Епа ете, тој не мислел дали повредува некого, и она како слеп за стап истото го прави. Ако скокне он од мост и она ли ќе го направи истото?
    А ако не знаела за неговото семејство, а подоцна дознала, според некои непишани правила, нели би требала да ја прекине врската, прво зошто била максимално изиграна и излажана, второ зошто тој има жена и деца побогу!. Тука нема љубов и не знам ти какви романтики, се работи за нечиви животи, кои во голем дел зависат од нејзините одлуки. Но, се ова започнало на 18 години, па девојкава си останала затупена зошто никогаш ништо не видела освен женет човек, немала некоја друга поозбилна врска, затоа неможе да сфати некои работи сега. Сепак викаат човек учи додека е жив, настрана од моето искуство со вакви врски, и посакувам на Љубовницата навремено да се освести.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Љубовнице, грешиш, не сум во брак.
    И да, сум имала понуди од женети.
    Ми се гаделе од самата помисла!!!!!
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Баш тие непишани правила се викаат МОРАЛ
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    А не ако подржувам некој став не занчи дека сум во иста каша , но имам разбирање и можам да замислам која храброст и требало на цурава да го напише ова знаејки дека сите ке ја плукаат со извинение. Епа јас не ја плукам и симнувам капа за искреноста прво , и храброста да каже јавно за маката , и да не се лажеме како што рековме погоре ова е многу честа појава ама некако никој не сака да зборува за тоа, или пак да се превземе нешто колу овие појави. И не не ја окривувам девојката , ке коментирам само ако можам некако да и помогнам со совет или слично , не за да трошам негативна енергија на неа,како што направија многумина од членовите незнаејки ја вистинската состојба на девојчево.
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не реков дека се гордее, но поминала 10 години со тој човек. 10 години да потрошиш на некој не е мала работа, наместо да се посветела на СВОЈОТ љубовен живот, таа се посветила на неговиот. Како што прочитав на професионален план супер стоела, а на приватен нула. Наместо досега да си имала некој само свој таа потрошила време и нерви на некој кој веќе си има фамилија, а таа не размислувала за со оформи своја фамилија. Затоа реков дека и е приоритет. Можеби и било, но сега се освестила.

    Јас ќе ја советувам побрзо да си најде некој друг, да го батали овој, ништо не правиш ако мислиш цело време дека 10 години си потрошила на него. Контролирај ги твоите чувства и многу побрзо ќе го заборавиш, размислувај дека ти е забранет, дека не води никаде тоа со него кога ете грешката е веќе направена. Незнам што правиш, навистина, зарем толку својот живот го сметаш за безвреден за да се впушташ во такви работи и тоа со човрк кој е склон на неверство? Немој, те молам сама себе се деградираш! Размисли убаво што губиш а што добиваш ако престанеш да бидеш со него, многу работи ќе ти се расјаснат. Сеуште имаш време да најдеш некој во кој ќе се заљубиш, со кој ќе си оформиш семејство.

    Поздрав.
     
    На vodnicka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Е значи ми се повраќа од луѓе без мозок :puke: За жалење се бре или за што ??? Невини души страдаат заради некој што нема ум !! Ах бре :@ Кој ме тераше да ја отворам темава :x
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Да напишеш исповед за твојот 10 годишен љубовен живот на анонимен форум па и не би го нарекла храброст со оглед на тоа што сигурно сите околку неа знаат за ова. Храброс ќе е доколку најправин расчисти самата со себе, а потоа и со тој човек и како ништо да не е било си започне нов живот си оформи свое семејство. Заедно со грешките од минатото, со дамката која ќе ја следи цел живот да продолжи да чекори кон иднината.
     
    На georgieva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Во темата Развод сите ја напаѓавме Загрижена зашто не го остава мажот и никој не ги спомена љубовниците, тука се појави љубовница и никој не ја осудува жена му(што има иста судбина како Загрижена).
    Е не иде.Мене ако ме прашувате, таа жена со дете дома не е ништо поразлична од љубовницава.И двете немаат иднина со него, а и двете го трпат, само што Љубовница на малку поелегантен начин зашто не зависи финансиски од него, плус кога би се разделиле би немало којзнае какви компликации, во смисла на дете, судови и слично.
    И таа жена дома, што веројатно не го остава заради детето и слични други изговори, сама си е крива што ова ја снашло.Маж и го нема по цели денови дома, ама она е сепак задоволна нели, детето чат-пат го гледа татко му.
    Љубовницава за 10 години поминати, се секира зашто не спиеле, а не зашто си ја троши младоста.И да, веројатно немате често секс, зашто има на друго место, со друга, можеби 18-годишна некоја, помлада од вас двете.
    Се на се, додека има овци, ќе има и волна ;)
     
    На srcekrsacka, Shizika, slobodka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Најмогу ми е криво што жената и љубовницата си вадат очи место двете да се здружат и да го претепаат изневерувачот.

    Јас сфаќам грешка, си се оженил/омажил со погрешна личност, ама имај муда-признај и разведи се, па после прави што сакаш а не вака педерски да изневеруваш и да повредуваш личности (ова и за маж и за жена, сеедно).

    И Љубовница, не ги спомна твоите родители, како тие реагираат на целава ситуација, зарем не се грижат за тебе :wasntme: ?

    А Нати мајка ти свесно дозволува да биде манипулирана, штом таа ги обездедува финансиите не треба да трпи таква тортура :| , ама вие си знаете :wasntme:
     
    На srcekrsacka, tessie, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене само едно ме интересира,каква личност си ти кога можеш да сакаш таков ГАД????? Свесна си дека таков човек не вреди ништо и ти пак упорно 10 години го сакаш????? неможам да поверувам на вакви работи,па немаш веќе 18 год,не си мала бре жено,имаш ти памет,се цениш ли самата? дали ти би сакала таков недораснат,40-годишен тинејџер за маж во животот?? бог да чува,па сами си правите проблеми и што е уште пожално ама ич паметот не ви иде!!!!
     
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас на планетава Земја, не сум ама никаков апсолутен фактор да кажувам што чини, а што не чини во животот. Јас не сум ниаков судија, немам магично чеканче од кое би се донесувала одлука за ова ти што го правиш. Но има една друга, поголема од мене, или друг, како милуваш речи го, тоа е карма, Бог, судбина... And karma is a BITCH! Така да знаеш. Ти нас не прашуваш нешто, дозволи јас прво тебе да те прашам...

    Замисли ја следнава хипотеза, сте заедно и имате дете, независно дали е машко или девојче... По 25 години тоа дете влегува во брак и има деца... Како би се чувствувала ти драга, доколку партнерот/партнерката го изневерува твоето дете на секој чекор со друг/а, а ти имаш дете и внук дома кои го чекаат... Како ќе се почувствуваш? Ќе речеш многу ми е гајле за детето мое, тоа си е негов проблем? Не, драга ќе те спржи толку јако тоа што ни изгореници од највисок степен нема да можат да ја доловат споредбата...

    Не ми е јасно што сакаш од нас? Да те тапнеме по рамото и да ти речиме there, there? Не те тапкам да знаеш и не те поддржувам. Ниту ти, ниту таквите како тебе, кои ајде да речеме не ги почитуваат сопругите, но не ги почитуваат ни децата. И не ми е јасно што очекуваш? Моногамен да биде со тебе? Тоа имаше една песна "Во светот на бајките" се викаше. И не ми е јасно што садисфакција имаш?

    Не, не е убаво тоа што го правиш, не можам да се доначудам како може некој да поддржува неверство, како може некој позитивно да кимне со главата за нешто кое е психички убиец на многу личности?! Не можам и готово. Како може некој да ти рече "те сфаќам"? Како може некој да сфаќа и да поддржува неверство, а да осудува некој што тоа го смета за најгрозен чин? Ќе си останам со прашањава изгледа...

    И уште ова да ти кажам, тој има 40 години, брак кој нема љубов, но има пари и корист од него, и додека жената го пере, пегла и му готви тој не мрднува од таму. Ни го знам ни го познавам, но ваквите знам да ги намирисам на километар, толку се провидни и секогаш постапуваат исто. Не, не останува тој без благодетите кои му ги прави жена му. Те вози 10 години, уште 20 ќе те вози, затоа што му е погодено. Секс кога што сака, без да му е барано нешто за возврат. И уште еднаш ќе ти кажам нешто...

    What goes around...comes around! И не, не е само некоја глупава изрека...
     
    На milky-candy и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Несакам да осудувам иако ова можеби ќе изгледа така, но не ми е таква намерата.
    Љубовнице 10 години од животот си ги изгубила и нема да можеш никако да си ги надокнадиш, и малку сум скептична дека сега на оваа возраст би имала сили за одново да бараш нов дечко, да се заљубуваш, да излегуваш, да си во потрага по човек со кој би сака и можела да имаш семејство, а и не сум ни сигурна дали воопшто го сакаш тоа или сакаш вечно да си му љубовница на тој човек.
    Штом за овие 10 години не си се освестила и не си собрала сили да го испратиш по ѓаволите сега па уште потешко, извини ама малку касно ти текнало. Ах 28 не се многу, но 10 години се премногу долго време кое си била затупавена со дотичниот за сега да се соземеш и да собереш сила и неможам ни да замислам колку тешко ти паѓа тоа, па дури и на форум бараш совет како можеш да поминеш преку тоа што е можно по безболно. Во предост си во тоа што со твоите години се надевам си доволно здрела за да сфатиш дека ако го оставиш ќе ти биде многу подобро, па девојко имаш 28 год не си тинејџер да плачеш по некого да си ја кубеш косата и да си сечеш вени...
    Остави го без збор замини некаде каде што ќе бидеш сама и убаво ќе си размислиш и ќе собереш сила.
     
  14. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Срцки ама девојкава не бара совет за дали да го остави или не? Барала совет зошто немал односи со нејзе во последно време? Читајте Ве молам од почеток?
     
    На unbeliavable му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Jaс ја свакам ако прочитавте во погорните текстови ке ви биде јасно , а пак ке речам прочитајте пред да пишете , нон стоп да не го пишуваме истото, и жената бара помош начин како најлесно да го преброди тоа зашто сватила во кои ***** западнала. И не може да се осудува така непромислено и од ракав. А споредбата дали некого ке пржи или не со детето и внуката , тоа е нормално , дека секоја љубов која се разделува боли, и таа пати и жената друга пати. Само тој си го прчи на крајот.
     
    На unbeliavable му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Помош не можеш да бараш од некој како нас,што не го оправдува тоа.Барај од некој во иста ситуација со тебе.

    Само да ти кажам...Кога еден ден ќе остариш,и ќе ги нема твоите пеперутки,туку заболени бубрези од старост, нема дечко ти да дојде да те лечи,да те носи да мочкаш.Туку маж ти ќе биде цел живот со тебе,и децата.Затоа не знам колку јака совест имаш,чим не ти е ни малку гајле за тоа што би се случило,и како би било,кога би дознале твоите деца,како би се чувствувале...

    Немам зборови навистина.Некогаш луѓето се многу себични...
     
  17. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Па бара она помош од некоја која била или пак која познава некој со таков проблем. И читајте бе луге не сакам да бидам адвокат но навистина денеска цел ден се нервирам како некој може одма да дава такви негативни квалификации за некого ,стварно не можам да се изначудам . А ако не па сите да ја исплукаме или да ја каменуваме девојкава и да ја избркаме од форумов, како не и е срам вака што праела и што бара помош тука јавно ти се молам.
    Ма што ви е луге
     
    На lesi75 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Извини,не сакам да се препукувам,но ако е ова за тебе нормално,за другите овде не е.И може да дава,затоа што е така,не е дете тинејџер за така да се однесува.Ако си во иста ситуација,сфаќам зошто ја браниш,ама повеќето тука се поразумни и не прават вакви фатални грешки во животот.И форум е така?Секој може да каже што мисли,а не да прави лице ;)
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Пак ќе речам би требало да се тргнеш од него бидејќи нема прогрес ни развој овде и треба да сакаш да си оформиш семејство со некој на место.
    Типов е типичен егоцентрик кој трча по секоја без посебни критериуми како што сама рече.Така да јас сметам дека и сопругата која ја има не верувам дека не знаела со каков човек си има работа или не разбрала во меѓувреме во текот на нејзиниот брак.Никој не мора никого да трпи,ако таа свесно се одлучила на оваа варијанта,не е ни таа личност која треба да се созалува.А поред мене и нема што ти или било кој да мисли на неа од проста причина што многу изневерени девојки и сопруги од своите партнери баш во овој момент некаде има шанси да флертуваат со вашите сопрузи и дечковци барајќи утеха во туѓи прегратки.Колку и да звучи сурово има и вистина,бидејќи вистината најчесто и е сурова.А факт е дека секој ќе ја плати цената за своите постапки порано или подоцна.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Vodnicka1 мислам дека ти си го изнесе своето мислење!!! Немораш сите да ги критикуваш секој си го кажува сопственото мислење. Секој си има право на свое мислење како ти така и другите. Почитувај го тугото мислење !!! Никој не рече дека љубовницата мора да ги прифати нашите мислења и совети
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.