1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    А што мислиш што ме натера да пишам овде и барем на некој начин и покрај негативните одговори и напаѓања ги искористам да смогнам сили да ставам крај на нешто што ме измачува со години. Зарем мислите дека јас не сакам да бидам како и сите други и на 28 години да не бидам оптоварена со вакви проблеми од кој секој ден го губам здравјето.? Зарем мислите дека се фалам и уживам во овој мометален статус кој го имам , како што на неколку наврати ми замерија зашто сум ја нарекла темата ваква и зашто ми е никот љубовница? Или можеби треба да се пишам со име со презиме и да ме осидите уште повеќе јавно , па овде никаде не пришува дека тоа треба да го направам.
    Јас што сакам ?
    Јас сакам да имам нормален живот како и сите мои врсници , фамилија а најбитно пород.
    А дали бракот ке ми биде успешен или и дали ке ме вара идниот маж тоа е веке друга тема која зависи од 1 милион нешта , па и да е така јас сум таа што си го избрала и јас сум таа што ке одлучи дали идниот брак ке продолжи или не, барем денес разводот и не така баук тема.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Eпа жено остави го!
    кога ќе дојде кратко и јасно ќе му кажеш

    не сакам веќе да бидам со тебе, т.е со женет, додека сум уште млада, се решив да си го средам животот!
    Aман, не е толку тешко, потешко е тоа што 10 години си ги профучкала за некое ѓубре!
    само тоа ке ти кажам!
    и сама викаш нема секс веќе!
    шта че ти некој ко него
    женет-нема секс-не заинтересиран за родените деца!.... |(
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  3. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Fearless благодарам на исцрпниот одговор, и на желбата да горам во пеколот , нема да те коментирам.
     
    На Offspring и Fearless им се допаѓа ова.
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^ A ти да не мислиш дека те чека место во рајот ???
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Не реков дека дека ме чека рај никаде , свесна сим колку сум грешела , ама ако има некој безгрешен нека пише, не мора на оваа тема за било која.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Љубовница, а како реагираат твоите на твојот начин на живот?? На 18 години да им кажев на моите дека одам со постар и женет ќе ме обесеа на плоштад.
     
    На srcekrsacka, tessie и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Не би сакала да коментирам тој дел болен ми е . Зашто живеам сама?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Ок ивини, и јас жиевам сама, ама зашто сакав така.
     
  9. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Очигледно дека овде не треба да бараш мислење.Овде те осудуваат тебе како шалерка,на друго место ја осудуваат жената чиј маж е швалар.
    Имам впечаток дека овде седат МОРАЛНИ и едвај чекаат некој да пише проблем па да го осудуваат.
    Овде се бараше мислење а не осуда.Ама тоа е женскиот свет,и затоа мажите така ни прават.
    Море и малце ни е!
     
    На Hova, lesi75, Marilyn-Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Ruzmarinka жената чиј маж е швалер, никој не ја осудува туку напротив сакаме со советите и коментарите да и дадеме совет и да и ги отвориме очите колку греши и какви последици ќе има од нејзиното однесување и несамодоверба.

    А за ljubovnica да ја осудувам како идна сопруга, се осеќам понижена како жена од нејзиното однесување затоа што сметам дека секоја жена заслужува да биде една и единствена во животот на еден маж, а не сама и своеволно при здрав памет да се деградира и да биде онаа втората, третата која никогаш нема да биде тоа што го заслужила.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^ Па дали ти сметаш дека тоа што Љубовница го прави е морално ? Да не ја осудуваме ? Што треба да ракоплескаме, да викаме браво ?!
    И да морални сме и имаме достоинство за разлика од некои.
    Таа самата си одговара за своите постапки, сега е заслепена не ги гледа работите јасно, но по некое време може и ќе и дојде паметот а може и ќе продолжи да биде замена цел живот..
    Позз
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Љубовница додека сеуште можеш да се спасиш направи го тоа, зошто времето лета ако почекаш уште малку и предоцна ќе биде. Не се залажувај и не си го губи времето. Не сум била во твојата ситуација и не дај боже да ја почуствувам, ниту јас, ниту други. Но не те осудувам, лесно е вака од страна да се зборува. Знам една личност која беше во твојата ситуација, знам низ каков пекол поминуваше, животот си го проколна самата, не и требаше друга казна и само едно велеше се од своја глава. Можеби пред 10 години не си била доволно созрена, можеби на сето тоа си гледала како на авантура за една вечер но еве испаднало друго. Никогаш незнеме што не очекува во животот, но има некои работи за кои може сами да одлучуваме. Затоа оди шетај, најди си дечко, уживај со него а со овој што е можно побрзо расчисти со него. А за другото се ќе си дојде само по само.
     
    На srcekrsacka и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Целта на муабетов беше дека ние чекаме овде жртва за напад?
    Не.
    Девојката го направила веќе своето и наместо ние безгрешните да и кажуваме колкава ороспија е, треба мудро да си молчиме и да и помогнеме зашто тоа и го бара. Ние можеме да им посочиме на другите колкава грешка би направиле ако се впуштат во таква врска, а со тоа што е веќе направено не ни доликува тука мајки да изиграваме. Не е наша работа едноставно. Воздржете се од навреди, епитети и солење памет.
     
    На srcekrsacka, blond и Ljubovnica им се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Незнам зошто ама целава оваа приказна ми е како од ефтина Шпанска серија |( Одат 10 години (дај ти се молам од 18 години) , никој незнае (или па знае ама за тоа не добивме одговор) ???? Како прво 10 години е многу голем период неможе да не се дозне абе луѓе ова е Македонија па трачарењето е главна тема. Тој доаѓа кај тебе во твојот стан па соседите како што се лапачи одма ќе пренесат на твоите . Реално гледано на 18 па и на 19 или 20 години родителите да разберат дека ќеркаи се “дружи“ со некој фамилијарен чичко ќе ја скршат од ќотек и од дома нема да излезе. Приказната да се однесуваше на тоа заедно сме година или две ајде ќе си речев има логика ама вака 10 :tmi: па и не ми се верува. Немате секс па зошто е со тебе???? Многу убаво кафе правиш???? Ова е мое мислње се надевам дека грешам :)
     
    На MadHatter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Токму така, истото и јас го реков, како може 10 год. некому да бидеш љубовница и никој да не знае, што чудо ќе беше вашата љубов, како успеавте 10 год. да се криете...а неговата жена ништо да не знае, или знае па си ќути, што жени бевте и двете, или да прашам-што маж бре беше тој, златен да не е...што е толку посебен, зошто толку го сакаш,...не сакаш да му го растуриш бракот, не сакаш да се венчате, велиш поради него живееш сама, колку што разбрав отуѓена си од семејството и родителите...а знаеш ли што сакаш од него...зошто ти е токму тој потребен, нема ли никој друг што би можел да го замени?
    Млада си, 28 год. а си заслепена од него како тинејџерка, разбирам да живееш во лага некој месец, ајде и година да речеме, ама 10 год....па за тоа време сигурно си можела да најдеш некој друг...да решам нормален, овој твојов или не е со сите или нашол овца па ја стриже (извини за зборот-општо кажувам, не се однесува конкретно на тебе). Колку што разбрав самостојна си, не зависиш од него затоа ти велам-Девојко избркај го од твојот живот..не вреди и понатаму да си ја упропастуваш младоста, доволно те зацрнил овие 10 год....
     
    На srcekrsacka и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    Жената знае !!!
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Врска со женет. На западу а богами и на форуму - ништа ново.
    Мене ме интересира - која ти е поентава со темата? Сакаш совет? За што? За тоа дека не спиеш веќе толку често ти како љубовница со твојот - како да го наречам? Швалер ниту љубовник не е, партнер исто така не, маж ниту дечко исто така не. Не знам искрено како да го наречам човеков со кој си некако врзана 10 години :|

    Не се секирај, нитуедна од нас тука нема најмало право да те осудува. Кои сме ние да ти судиме?

    Но мој поглед на твојава врска - хм, збунувачки. 10 години си со еден човек со кој имаш тајна врска. Ок, адреналин, интересно е, интензивно е, ама 10 години? Не ли ти е криво што се си пропуштила од оној нормален тек на љубовниот живот на една девојка? Не ли ти е криво што поминало толку многу време, и додека сите твои другарки се мувале, менувале дечковци, или пак биле во нормална врска со еден дечко, се држеле за раце, се бркале низ парк, излегувале со друштвото, оделе со заедничките пријатели на одмор ти си имала што? Кафе? Секс? Извини, можеби ти се чини дека премногу прашувам но ти не си ми јасна. А и искрено се ставив во твоја кожа и жал ми падна бе! Најсериозно.

    Велиш склон бил кон неверство. Ова мислиш демек те изневерува и тебе? Значи double power - не само жената туку и љубовницата? Алал да му е!
    Велиш не знае да вреднува одредени датуми на фамилијата.

    Едноставно ти тука наведе не баш убави негови особини. Море ти наведе особини кои нитуедна нормална девојка која се цени себеси не ги сака кај својот партнер. Ако не ги памти датумите во фамилијата, зошто мислиш дека со тебе би се однесувал поинаку. Веројатно и не се однесува поинаку. Најверојатно и твојот роденден го испушта, не знам веќе што да си мислам.
    Секој си ја креира сопствената среќа. Ако твојата е да имаш тајна врска сега веќе дури ни со секс - чат пат нели, тогаш молам. Ако тоа те прави среќна - молам.
    Да се повторам - на минута се замислив во твојата ситуација, како би ми било на твое место и да ти кажам жал ми падна, па и криво што се би пропуштила.
    Мој совет, додека си сеуште млада, оди кај него нека ти ги врати пеперутките, и почни одзнова. Троши ги на момци кои вредат, а сигурно ги има. Ако воопшто имаш трошка самодоверба и малку си реална ќе сфатиш и ќе посакаш живот, а не бесконечни мижитатари во кои ти секогаш губиш. За едни пеперутки, не вреди да се губи толку време и да се коцкаш со својата судбина и среќа. А ако добро разбрав - ти веќе и онака одамна си ги изгубила пеперутките со овој човек.
    Оди и врати си ги назад! ;)
     
    На LivingGlam и milky-candy им се допаѓа ова.
  18. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    За сите оние кои што директно ме прашаа ке им кажам , никаде не реков дека никој не знае и дека е крајно тајна врската , да има луге и тоа многу кои го знаат ова , и тоа што живеам сама е доволен показател дека дома ми било пекол и страшно и затоа живеам сама. И жената и таа не глупа и таа знае сигурно.
    И за оние кои прашиаа дали сум имала дечко , да во мегувреме сум имала неколку врски 2-3 нормални слободни дечковци но некако не ми одело и во секој од нив го барав овој и беше неуспешно.
    Сакам само да ме разберете дека имам проблем да го оставам ,тоа ми е
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Љубовнеце нема потреба да се лутиш за коментариве и за нашиве мислења. Барем сега знаеш луѓето околу тебе што мислат за тебе и за твојата а повеќето несмеат да ти го кажат во лице. Ти посакувам серќа
     
    На Ljubovnica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Затоа и те прашав што сакаш, ако навистина го сакаш тоа ќе успееш, нема да е ти лесно, но барем ќе имаш помирен живот без тахикардии и нервози за некој што незаслужува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.