1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска сум со некој што не го сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bitter-Sweet, 15 април 2013.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Девојки, помош... Значи самата си се ставив во каша... Прифатив да бидам со дечко кој претходно ни сама не знам колку пати го одбив но тој не се откажуваше. Не можев да го откачам и си реков ајде, што има врска, ќе пробаме... Сето тоа беше тајно, но еве сега почнавме да се разоткриваме и сите ми викаат да го оставам, и во право се бидејќи не сме иста вера... Му кажав дека треба да прекинеме, но тој вели дека без мене нема за што да живее и ќе си направи некоја глупост, ќе се убие... Знам дека е сериозен, и претходно тоа ми го има кажано, а штом нешто ќе му влезе во глава тоа и го прави. И што да правам сега? Да бидам себична и да го оставам нека прави што сака, иако цел живот ќе го носам на душа? Не ми е сеедно, бидејќи пред ова бевме пријатели, заедно одевме во школо... Сепак ми значи. Совет?
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    И сега што?

    пробај да му објасниш со убаво.а сигурно нема до брак да ја терате,нели?тој е вљубен ,но ти не си.друго е што не сте иста вера.ако го сакаше,ќе се бореше за него.
    биди искрена со него,ќе сфати.нема да посегне по животот верувај ми.ти биди колку што може поуверлива дека сакаш да раскинете.
    поздрав и со среќа :*
     
  3. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    И сега што?

    девојче ако се убивал ќе се убиел до сега 100 пати - нели си го одбивала ;) на кој не му е мил животот нека се убива ама тоа е само на збор :!: ако не сакаш да си со него - немој... нема да се убие не се секирај
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    И сега што?

    Девојче откачи го и ич не се замарај он нема да се убие , така само вели за да те придобие да останеш со него.

    Подобро откачи го и решен проблем, подобро ке биде и за тебе а и за твоите дома , за твоите родители да не се нервираат дека си во врска со некој кој има друга вера
     
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    И сега што?

    Се случува да влезеш во врска од погрешни причини, но ако навистина не сакаш да си со него објасни му најубаво дека ке останете и пријатели ако сака, но дека вашата врска нема иднина. Застани позади својата одлука и верувај нема да се убие тоа го зборува само колку да не го оставиш, а многу е погрешно да си со некој од сожалување.
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    И сега што?

    Сум била во слична ситуација откако прекинавме постојано се јавуваше и велеше ќе се убијам, ќе се отрујам, обесам бла бла бла... |( на почетоткот и јас бев ислашена не сакав да го носам на душа, ама подоцна сватив дека тоа се празни зборови, кога се видовме последниот пат му реков
    - готово е што сакаш прави, не ми е гајле :^)
    После тоа повторно инсистираше ама јас бев цврсто решена дека нема да се вратам назад, го сменив и борјот, кога ќе го сретнев на улица се оддалечував... едноставно не сакав никаков контакт со него... Подоцна од инает се фати со моја школска доаѓаше на одморите, се лигавеа таму, ме правеа демек љубоморна, али јас не го регистрирав сето тоа...
    Дечкото заврши факултет и сега колку што имам слушнато живее и работи во Ск...

    Така да не му верувај, не се убива така лесно а и не е тоа решение, ако е така секој има по некоја невозвратена љубов и сега што треба ли да се убиваме :shake: .
     
    На hermosa и Lana del Rey им се допаѓа ова.
  7. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Сум била во таква ситуација која дечкото ми велел ќе се убие , не знам што , сакаше да се беси со каиш од авто , ама ништо од тоа... ете го жив и здрав ден денес...тоа се само празни зборови , ако не го сакаш нема потреба да бидеш во врска или било што....
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Здраво,
    Моментално сум баш во ваква ситуација,во врска сум 1 месец со некој што не го сакам..
    Пред скоро 3 год се гледавме и прекинавме(тинејџерски год :D ,и сеа пак пробуваме..инаку во меѓувреме не комунициравме.Дечкото ми е драг,мил итн..ама тие моменти на заљубеност,т.е сакање ги нема..
    Дали мислите дека со текот на времето може да се засака некој,нели љубовта прераснува во навика :lol:
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Србите имаат една "Ne j*** lep, vec uporan." :D Шала на страна, го имам забележано тоа. Додека жените кои се упорни може да направат мажите уште толку да го изгубат интересот за нив. Со исклучоци...

    Вака да ризикуваш во нашава средина (со размислувања и атмосфера веќе знаеш каква), ем да не го сакаш типот е ... навистина непромислено. Немам против врски со луѓе од друга вера, но ова е „без беља-беља“ да си направиш.

    Тоа се вика емотивна уцена. Сум го слушала милион пати и верувала или не, имав и една другарка која продолжуваше со таква врска иако без љубов затоа што и` викал дека ќе се убие на секој муабет за раскинување. После, откако си го доби тоа што го бараше, кога нема сега каде да бега, и` вика „Добро, зарем ти стварно веруваше во тие зборови? Јас па мислев ги користеше како изговор да не раскинеме“ и и` се испукал од смеење. Сега и да сака, не може да оди назад. Врската отиде по пат за кој никогаш не се очекуваше дека ќе оди.

    Нема зошто да мислиш дека си себична. Твој е животот или негов? Кој управува со него? Тој е себичниот што користи вакви ниски фрази да те задржи. Излези од тој пекол затоа што и да направи такво нешто, ќе ти се докаже дека ти си била во врска со ментално болен човек. Штом можел да крене рака на себе, може да крене и на тебе. Тоа значи дека си баш во каша ситуација која не би требало да ја потцениш.

    Мада мислам дека е емотивна уцена, сум го видела тоа.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Види вака и сама каживаш дека до сега многу пати си го одбивала.Ако сакал да се убие или да си направи нешто до са ќе го направил тоа се само празни зборови,Што вака до брак ли ќе терате?
    Едно че ти кажам само да не ме сватиш погрешно, прво гледај на тебе да ти ее убаво немој да ме свтаиш погрешно не ти велам да си себична него ќе го седнеш и убаво ке му кажеш
    Дека не го сакаш но не директно туку ќе поченш дека мошеби во животот ке засака некој повеќе и дека уште е млад и сл. и некаде на сред ќе му кажеш дека не го сакаш.
    Не можете така да терате цел живот.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ау, гледам повторно се намножуваат ваквите манипулатори, м? :makeup:

    Како и да е, според мене не ти преостанува ништо друго освен фино лепо да му речеш дека овде ставаш крај на неговите уцени. Ако се пренемага, заврти се, отиди си, без ич око да не ти трепне, и речи му дека понатамошните постапки се на негова лична одговорност. Иако, сепак и твоја грешка е што не си останала доследна и истрајна. Да стоеше цврсто зад својата првенствена одлука до ова немаше ни да дојде. But what's done is done. :)

    Посебен круг во пеколот за ваквите уценувачи! :punch:
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Љубовта и хемијата се во тесна врска.
    Ако не чувствуваш хемија, можеш само да се лажеш и убедуваш дека љубовта расне, а уствари воопшто да не е така.
     
    На hermosa и crazylady им се допаѓа ова.
  13. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Да го оставиш , се разбира дека нема да се убие за тебе те лаже и зашто воопшто си во врска со некој што не го сакаш? Сама против себе одиш !
     
  14. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Ako ne go sakas ne si go gubi vremeto
     
  15. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Дечко ти е социопат или фејкер, те дрибла на емотивна карта и на тој начин те разоружува да не му раскинеш, но мораш да го направиш тоа! Кутро мамино синче ќе се убиело оно ако му раскинеш. |(

    Прво сте различна вера што е голем проблем, таква љубов не е за ова понебје. Освен ако немате планови да живеете во странство (нешто во што се сомневам :D), немаш причина да бидеш со него заради главната причина: не го сакаш!
    Нема да си себична ако го оставиш. Ако не го оставиш ќе се мачиш себеси, он ќе мисли дека го сакаш, а тебе секој ден ќе ти станува се потешко да му раскинеш. Раскини му и ќе видиш дека нема да се убие, џабе блефира и се занесува. Па и да се убие крај краева, нема ти да си виновна, а биди 100% сигурна нема ништо да направи ако му раскинеш, ќе е тажен и ќе му помине.

    Не се живее живот со вечно угодување на другите. Поважна е сопствената среќа! Направи ја вистинската работа, слушај го :l:. Прекини да бидеш жртва на емоционална уцена!

    Другпат кога некој ќе е толку упорен, а ти не го сакаш никогаш не му давај шанса после гледаш ли колку тешко ти е да се откачиш од таквите?! Не значи не. Треба да го сфатат некои тоа!
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Значи луѓе, гледам има некои што уште одговараат на ова, ова е од времето кога другарка ми го користеше акаунтов, пред две години, решено е, нема потреба да се мачите да давате совети. Темава како отворена може да послужи само во неа да се пишуваат проблеми со иста тематика или да се заклучи.
     
  17. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.362
    А тој жив е?
    :D
     
    На eloves, danichap, Lana del Rey и 4 други им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Сите така викаат ама нема ништо да направи, може да поплачи само и ќе му помине. Најтешко е да се скараш некому ако претходно ти бил пријател. Јас мислам пополека да почнеш да го избегнуваш и сам ќе си сфати :)
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    И мене колку такви ми кажувале ќе се самоубијам и на крај пак остануваат живи. Ти може си го разгалила и затоа ти плаче и не се трга од тебе. Јави му се, кажи готово раскинуваме и крај, спушти слушалка и ајт со здравје. Мора построго малце.
     
    На Juccy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lana del Rey

    Lana del Rey Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    A shto dokolku sme veke vo brak no posle 1 god iscezne ljubovnata magija? :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.