Одговорот го имаш во самиот твој наслов-не го сакаш! А дека ќе се убие тешко, тоа е само покушај да те задржи покрај него!
А што се замарате, сакаш или нејќеш? Што на 20 годишна возраст да не ти дошло време за мажење? Забављај се, со луѓе кои ти се свиѓаат, за сакање ич не ти ни треба на млади години. И дај прекинете со тоа верите ваши дебилни. Имам еден куп другарки кои се муслиманки и најнормално си функционираат во општеството, си имаат дечковци христијани-муслимани, сеедно.
Хммммм и јас сум во ваква ситуација ... Но не во врска туку излегувам со некој што не го сакам.... Но тој се приврза спрема мене ... Сериозни муабети ми прави за во иднина ..... Тој е срце , но јас не го сакам ... Помина време но не го сакам, излегувам со него да го заборавам бившиот.... Се чувствувам грозно. ....
Не мора секогаш да излегуваш со него најдиси некој со кој сакаш да излегуваш и полека полека отргнувај се од овој што велиш дека се чуствуваш грозно. Зошто можеш да се навикнеш на него и да не се чуствуваш грозно, полека полека отргнувај се од него и тој ако е доволно паметен и ако му работи принтерот ќе свати дека повеќе не му е местото до тебе. Зошто како што прочитав подолу тој планира сериозни работи со тебе, немој потоа да е прекасно за некои работи. Таквите луѓе како него дали станува збор за машко или женско се како пиавици еднаш ти се залепи и после нема отргнуванње од нив. Без разлика дали е срце или што и уште не ќе си навлечеш проблеми после и да сакаш со друг нема да можиш од овај сега што ти е како товар.
Сериозни муабети ти прави пошто му даваш надеж со тоа што не го одбиваш за да излегуваш со него Ако не ти се допаѓа и не сакаш ништо со него, што е целта да си губиш време и твое и негово? Се приврзал кон тебе пошто ти си дозволила, без навреда ама кукавички е да ''зезаш'' некој што е фин наспрема тебе само за да заборавиш некој поранешен, сигурно и ти не би сакала некој да излегува со тебе со цел да ја заборави поранешната, така да, не прави нешто што не сакаш тебе да ти го прават, речи му сакам одмор малце, дека не чуствуваш дека ти фали некој и толку, игнорирај го, ќе сфати, следен пат не прави нешто со сила, не е убаво од твоја страна па и за него
Сум била во таква ситуација но ставив крај. Тој и покрај тоа не се откажуваше но јас се повлеков. Знаев дека не води никаде работата.
Погрешно разбра другар Вики подолг период закрепнував од бившиот.... Имав повеке понуди за дејт од мушкарци ...Мене ми требаше некој за утеха... Овој го одбрав бидејки беше многу забавен и најупорен , и не мислев дека дотука ке дојде работава ... Детево е супер , се чувствувам како да сум го за**ала ... Многу глупа ситуација
Таквите како него се пијавици затоа што сакаат да имаТ женска за сериозно? Баш напротив. Девојката му дала надеж и тој нормално се опуштил, не ја убедувал во нешто. Е ако ја убедувал тогаш би бил пијавица.
@Justicija За да го преболиш поранешниот си требала да излегуваш со другарки да се дружиш, не би размислувала толку по него, а не да искачаш со некој што очигледно мисли дека сакаш и ти нешто со него дека нели си прифатила да излезеш, жал не жал ќе мораш, подобро така да му речеш одколку уште повеќе да го влечеш човекот и да му губиш време, така па повеќе жал би ти било, верувај, не гледам што е проб не ти се допаѓа, не излегувај и чао пријатно , па на крај краева подобро да го одбиеш ти одколку тој тебе еве и да тераш вака, до кога? А и никој и ништо не е сигурно, може тој утре ќе ти рече дека не сака да излегува со тебе, и мислиш на него жал ќе му биде? хаха така да не си создавај дополнителни проб. кога ќе го најдеш оној што навистина ќе го засакаш, терај, вака напразно се замараш.
Тој не ме фати во гуша да бидам со него ... Тој беше најупорен од додворувачите (така да ги наречам) и си прифатив дејт , само што тој ја свати сериозно "играта" Тој е премногу добар ... Тоа како пијавица си до негде во право , бидејки и да прекинам со него тој повторно ке ме бара ... Размислувам на оваа опција ... Поблаго од оваа опција не гледам ... Ок шефе
Ne si igrajte k** t**** so custvata na drugiot , cenete go toa sto nekoj ve saka , moze da se sluci da zgazite na pogresna daska pa da vi se vrati bumerang.
@Justicija И јас имав една таква приателка од Тиквешијата и се дружевме подолг временски период и појдов таму и со моторот заминавме да наполни нафта за тракторот. Одиме кон бензиска и ми вика вечер да се видиме насамо да те честам роденден ми е (вистина и беше роденден) и вечерта се видовме (мене јасно ми беше кај води работата) и одиме надвор од селото и покрај река правиме муабет ова она и таа почна да навалува ами вака ами онака и и давам негативни одговори и таа се доближи и ме бакна и јас си продолжив, и кога си одевме кон дома и велам јас по 10 дена си одам за ПП со ова толку, бидна што бидна се забавувавме (не ми беше девојката на мерак но и дадов шанса). Си заминав ПП и таа дознала мој број од мобилем па ми се јавуваше, јас почнав да не и кревам, после дозна број од фиксен телефон одвај ја отргнав. Затоа ти го кажав ова погоре.