Пријателе мојата приказна е од тужна потужна , ова требаше само да ми биде релаксација , тој ја знаеше целата ситуација со бившиот , а не за месец и пол да ми прави сериозни муабети.... Маја , тој знаеше како што кажав погоре за мојата ситуација , му го ставив тоа знаење дека сеуште не сум преболила .
Веќе ти кажаа погоре, кажи му само дека сакаш да бидете само другари и тоа е тоа. Зошто ако не му го кажеш ова само ти ќе се чувствуваш полошо а и болката кај него ќе биде поголема. Дур не е предоцна.
И јас се имам најдено во ситуација да излегувам со машко ради друштво и релаксација и полесно преболување. Ја знаеше ситуацијата каква ми е и дека го гледам само како другар. Се додека не ми кажа дека, цитирам, не му треба ништо друго освен јас и само на мене мисли. Ама рече дека е свесен за се и ќе си ги потисне чувствата. Му предложив да се оддалечме, не сака. Подобро му било кога бил во моја близина. Е сега, од мој аспект одлично ми е што имам некој што ме сака. Од друга страна, лошо ми е зашто е топ личност а не можам да му возвратам јер женско не е женско ако не пати по кретен. Јбг, живот..
Извини вака ама ти сакаш да се е*еш а да не ти влегува. Ејј замисли го идиотот ти си сакала малку да се исексаш и да си најдеш фластер за повреденото его, а тој молим те развил чувства и ти прави сериозни моабети ццц. За само месец и половина ејјј ?!?! Види вака немам ништо против тебе ама ова што си го направила е многу грозно. Да, си му кажала дека не си го преболела бившиот ама аман луѓе сме со чувства. Зарем стварно мислеше дека нема шанса кај него да се развијат чувства ? Навистина ? Не се сети за тоа ? Сега ќе се браниш со тоа дека си му кажала дека сеуште не си преболела. Пу пу не се важи е работата... Сега ќе се сносиш со последиците од твоите постапки. И што к*р барате со други луѓе кога не сте го преболеле бившиот?? Од такви луѓе и такви постапки ми се гади.
Оној што не го доживеал нештото не може да разбере .... Пишував за пеколот кој го доживеав , исто и овде пишував за дали да излезам со друг и барав совет овде на фемина форум.... Животот продолжува. напред ... Не велам овој или оној е крив , но јас не сум крива за ништо ... Јас спрема сите ги отворив картите , ништо не излажав .... Но лошо ми е за ова ... Не се чувствувам срекно.
Ама тоа момче не е виновно за тоа што ти си го доживеала... Мислам дека те читав дека патиш по бившиот и многу го мразиш. Не биди истата како твојот бивши! Не повредувај невини луѓе! Сега си огорчена и сакаш да покажеш дека к*р не те боли за ништо и ги мразиш мажите, ама многу си повредена и се лекуваш на погрешниот начин И немој да пишеш дека не си крива за ништо.. прифати дека имаш вина во оваа случка, биди искрена со дечкото, извини му се и пробај на друг начин да го преболиш бившиот. Не секогаш клин со клин се вади.
@Justicija Ако не си го преболела бившиот зошто тогаш си почнала врска со друг? Kaко тоа си со него а му признаваш дека имаш чувства за бившиот? И што очекуваш сега да те чека овој да ти поминат тебе чувствата за бившиот па тек онда тој да продолжи со тебе ? Пресечи уште на почеток ако не си спремна за нешто повеќе со него или покажи му до кај може да оди,а не сега откако му се развиле чувства и пу пу не сум јас крива. Не си играј со нечии чувства. Одлучи се што сакаш
Ова е стварно болна тема за мене 1. Приказната за бившиот ја знаеше од почетокот , уште пред да излезиме ... 2.Дечкото знаеше све за мене , ме бодреше , ми велеше да почнам да излегувам што почесто 3.позитивно ме мотивираше да излезам со него , беше многу упорен 4. Нему вопшто не му сметаше што сеуште не сум го преболила бившиот па затоа ме повикуваше на дејт Мислам ете очекувал дека со него ке го забораваам бившиот ... Детево си е супер , немам ниту една замерка ...
Е де де. И се забављало на девојчето, и излегла на дејт. Му кажала дека не е за сериозно, али овој се зацапал. Шо, да седи дома додека не го заборави бившиот? У манастир нека иде тогаш. @Justicija Чим гледаш дека дечково сака за сериозно, остави го и не му давај лажна надеж. Најди си друг за лабаво, ги има со лопата да ги ринеш. И на бившиот ќе заборавиш, има време, не се замарај...
Дишај бе девојко никој не те утепа И се забављало на девојчето Гош, ама ова да го напишеше некое машко одма топови ќе пукаа. Безчуствителен гад како можел така... Ајде ајде двојни стандарди.
Имав во минатото ваква ситуација . Детето ми беше другар . Секогаш се му кажував . Од љубовни проблеми до училишни проблеми .. И никогаш не го гледав поинаку . Кога ја раскинав едногодишната врска , детево беше првиот на кој му се искажав , плачев пред него како пред брат , за после 2 дена да ми признае дека ме свиѓа од првиот пат кога ме видел но освен како другар не можел поинаку да ми се доближи бидејќи имав дечко . Јас , од почетокот му кажав , дека го гледам како другар , но инсистираше . Не излегов со него се додека не го заборавив бившиот дечко . Но сепак , и тоа не беше доволно за да го засакам . Кога нешто не оди , џабе е и со багер да го влечеш , не оди . А тој , чекаше . Ме чекаше до последен ден . Идевме 2 недели , и потоа му раскинав . Не сакав да му го трошам времето , а богами ни моето . Предложив да останеме другари како некогаш , но веројатно разделбата го повреди толку многу што не сакаше очи да ми види веќе . Се сретнавме пред некој месец после 5 години од последното видување , случајно сосем , онака низ чаршија . Се поздравивме , но нашето пријателство го нема одамна .
Со другар/ка никогаш не се започнува врска. Таа врска не води на долги стази. Во минатото имав предлог од другар за вакво нешто но не се случи поради одреден сплет на околности, иако тој ме засака. После шест години да се сретнеме сега најверојатно јас би била таа која би му предложила врска, а би била корпирана едно 90%.
Јустиција си е на чисто, дечкото ми делува нападно. Ако ја знаел цела ситуација и нејзините чувства кон бившиот, што мајка ја убедува за врска и зборува за сериозност? Самобендисаност дека тој е тој посебниот што ќе ја натера да го преболи бившиот? Му се изјаловиле плановите, ништо страшно, ќе му помине. Ум за другпат дека со сила убавина не бидува.
Да не ја знаеше приказната за бившиот , ке ја признаев вината , но ..... Мислам дека намерно сето тоа го правеше .
toj e podlec! ja korusti tvojata naivmost,i dobrodusnost , so cel da ostane sto podolgo so tebe znaejki deka nemas nikakvi custva za nego. mnogu mizeren poteg od negova strana . takvite kako nego i treba da se ubijat pod xitno !samo ovoj nema ti garantiram zatoa sto toj e vo soztojba da im nasteti na site okolu nego samo nemu da mu e ubavo .
Пред неколку месеци еден познаник,воедно човек во кој другарка ми се вљуби,влезе во врска со друга чисто од инает кон другарка ми,иако оваа девојка му ич не ја сака.И сеа го глеам тера,се труди да изглеа нормален и да делува дека ја сака женска му,ама штом се појави другарка ми тој се губи.Многу голема грешка направи кон неа,ме интересира што ќе се случи понатаму а врски без љубов воглавно од инает денес има на секој чекор,се надевам дека ќе се случи нешто што поскоро да ја увиди он грешката лично за него,а за другарка ми не знам баш дали би била со него