Да се надеваме дека ќе страда он.Нити другарка ми е виновна,каква девојка пропушти во потполна смисла на зборот и физички и карактерно во ова време а не барам вина ни во девојката што ја “влече” и таа кутрата е во некоја илузија на простор коа ќе сфати ќе и биде доцна.Тој е тој што треба да ја почувствуа болката,не го разбирам како можеше да си дозволи толку фатална грешка.Времето е лек за се,се се враќа,се се плаќа.
срц бегај побрзо..немој да одиш со некој што не го сакаш немој да си лепиш етикета и да си го зацрниш животот за секогаш.раскини сега дури нее касно.слушајго срцето и биди храбра.зарем несакаш да си среќна со некој што го сакаш?кажи што си направила. неубо јас се почуствуваф искрено.
Врска без љубов не издржува. Ќе потрар колку може.. Ќе се мачат и двајцата и ќе дојде крајот.. Само да не биде тоа предоцна , да не се пропуштат многу работи..
Јас мислам дека направив голема грешка. Излегувам со дечко година и 3 месеци. Предобар е, многу паметен, многу внимание ми посветува, многу ме сака и ми зборува за сериозни работи во иднина. Буквално е дечко каков што секогаш сум сакала да имам. Но, мислам дека не го сакам... Ме запозна со неговите и тој со моите се запозна, изгледаме како сериозен пар ама јас постојано барам причина да му раскинам а причина нема... Муабетот ни оди многу, слични карактери сме, имаме исти интереси, симпатичен е и крупен дечко, сексот ни е супер, одлично заработува, многу образован, не може маана да му се најде... Не знам што да правам, дали да останам со него или не? Дали уште да се трудам да го засакам и како?
Ако не оди, не оди. Најдобро е отворено да му кажеш дека немаш веќе чувства кон него. Ако продолжиш вака и мислиш дека ќе го засакаш само ќе се измачуваш.
Уште ли трае ,,трендов" со носење дечковци и девојки дома за упознавање со родителите? Ама ајде небитно тоа. Раскини му. Не ти треба причина. Сакаш да бидеш слободна и тоа е тоа. Не комплицирајте без потреба.
Кој тренд, жити се? Што има лошо во тоа? Славевме родендени, имендени, магистратура... Да не си отидевме еден кај друг, така? Или да вртам глава пред мајка му и татко му ко невоспитана? Од кај знаеш дека на улица не сум ги сретнала и така сме се упознале? Може требаше со дечко ми да бегаме на друга страна... Не коментирајте без врска...
Ништо лошо не ти кажа не скокај одма. Ти го наведе запознавањето со родителите како една од причините за да не му раскинеш. Најдобро е да седнеш и да му објасниш, греота е да си го губите времето а ти не го сакаш.
Го наведов за да ви ја доловам ситуацијата подобро. До некаде си во право и дека го гледам тоа како причина да не прекинам бидејќи многу ги почитувам неговите и имам грижа на совест, како да правам нешто лошо... Никогаш не сум помислила на друг, не флертувам со други, не ни излегувам многу за да барам некој посоодветен... Не знам зошто е вака. Некогаш мислам да не сум презаситена бидејќи он форсира гледање секој ден и ако го одбијам он доаѓа пред зграда и ми вика да излезам барем на 5 минути... Затоа се мислам дали да прекинам одма или можеби само ми треба малку простор за да осетам некогаш дека ми фали и дека го сакам...
Дали од почетокот си немала чувства за него, или ги имаше, па ги изгуби? Ако е така, од кај знаеш дека нема пак да ти се случи истото и со следниот? Дали ти е сеедно ако го замислиш како се гушка со друга? Ако си имала чувства кон него, па ги снемало без некоја посебна причина, ти предлагам да зборнеш со психолог. Можеби споредбите со другите врски на фб, инста, филмови, во живо, потсвесно ти наметнале нереални очекувања од врската. Стандардно нереално очркување е дека нонстоп треба да.биде возбудливо како првите месеци, да нема монотонија, да нема конфликти, тешки моменти итн. Исто така чувствата може брзо да ги снема ако загледуваш други машки и си замислуваш како би било кад би било со него. Така може да настане емотивно реконектирање и емотивна конфузија.
Па што знам што да те советувам, не сакам да те наведам на нешто. Ти си знаеш најубаво, ако сметаш дека нема шанса никогаш да не го засакаш пак ондак раскини му. Можеби е и само период, којзнае...
Па ти бе девојче не знаеш дали го сакаш дечково, а веќе си му била дома на магистратура, именден и роденден. Или само е битно да се фати дечко за да се исполнат општествените критериуми бидејки така треба и ,,мора", па не е битно ако не ти се свиѓа, после ќе поставувате прашања по форум па уште ќе се лутите што ви е реалноста кажана за ваше добро.
Убаво ти кажува Одор. Поглупо нешто од запознавање со цела фамилија од дечко кој не го ни сакаш, нема. Додуша глупо би било дури и ако го сакаш одма да се запознаваш со роднините. Никогаш нема да ми стане јасна таа желба веднаш да ги знаеш сите негови блиски. Гледај него запознај го поубаво, наместо да се трудиш околу нив.
@Nigredo Odor Ало! Не ми ставај зборови во уста. Постои разлика меѓу свиѓање и заљубеност. Ми се свиѓа, не би искочила ни прв пат да не ми се свиѓал. Дури и го сакам како личност но не знам дали сум заљубена, дали го сакам како дечко. И не биди буквалист, хипотетички примери беа тоа, каде би можеле да се сретнеме... Родендени си славевме на дејт само ние двајца, магистратура исто. Два пати се имам сретнато со луѓето. @Purplelilac Прво, не сум ги запознала веднаш. ЗАЕДНО СМЕ СКОРО ГОДИНА ИПОЛ! Второ, не сум имала желба, јас одбегнував, тој инсистираше. Неизбежно беше да се сретнеме во две ситуации. И тоа е тоа, два пати сум ги видела, не сум се венчала за нив. Не напаѓате одма, после 3 реченици судите.... Срамота... И немојте да ми се понашате ако мислите дека некого влечам за нос. Не му набивам рогови јас... Верна сум му и дур сме заедно така ќе биде... Барам совет и размислувам гласно. Ако имате да дадете, во ред, ако не, ќе даде некој друг. Толку.
Премногу си арогантна за да заслужиш совет. Поздрав и убаво помини си на свадбите, крштевките, имендените.