1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во врска сум со некој што не го сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bitter-Sweet, 15 април 2013.

  1. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Машки
    Понекогаш сакате да Ве третираат лошо и игнорираат на некој начин.

    Си мислите дека машките се на дугме (и можеби се некои) кога и да притиснеш тој одма да се промени во добриот тип што ти ги пружа сите атрибути т.е внимание, време, љубов, па по некое време повторно да се смени...


    Понекогаш не го разбирам светот на женските, што всушност барате од машките, можеби романтизирате до оној степен за да има пеперутки во стомакот?
     
    На Emy867, bicycle, LadyLollypop и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Leat

    Запознавање родители поради семејни веселби од било каков карактер е традиционален обичај. Доколку не сте во сериозна врска, а притоа сте возрасни луѓе кои знаат да се грижат за себе воопшто нема потреба од сето ова. Година ипол не е долго време. Како и да е, тоа воопшто не е тема на разговор.

    Тема на разговор е зошто се чувствуваш вака во врска со него, ако наводно е толку ,,совршен" и навидум нема причина за прекин. Одговорот можеш единствено самата да си го дадеш. Можеби е монотонија, можеби е младост и потрага по нешто ново и неискусено. Постојат безброј варијанти.
     
    На LadyLollypop и Leat им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Ова рано запознавање со родители, роднини, пријатели е една од причините за пукање на врските. Си ставаш голем притисок на грб уште од почеток и ретко кој издржал. Затоа треба лаганица да си оди, све шо е избрзано лошо завршува на крај.
     
    На Ana.brojka, honey.11, LadyLollypop и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos @KateKane

    Евангелос, фала ти на советите и потпрашањата, ми помогна доста, ме насочи каде да ги барам причините за ситуацијава.

    На почеток многу емотивно се врзав за него, кога нешто малку ќе се спречкавме бев многу тажна и плачев. И сега, да го видам со друга сигурна сум дека многу тешко ќе поднесам, не би можела да го замислам...
    Пак мислам да не е поради тоа што многу често се гледаме и сме во многу мирна фаза па јас премногу размислувам и сама си правам вакви филмови а искрено, малку и се плашам од врзување во облик на брак, што тој го споменува. Не сега ама вели за 3-4 години... Можеби и тоа придонесува да размислувам вака...
    Дали мислите дека ако малку го успориме темпото ќе биде подобро? И како да му објаснам дека ми е потребно тоа?

    @Stark Истово го размислувам, јас сум многу искрена пред себе...
    Молев за ваков дечко, сега изгледа од што е предобар мене ми е монотоно и досадно. Дури и не ми се верува...
     
    Последна измена: 4 јануари 2020
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Барам совет во однос на темава а не да ми кажуваат дали ми е рано или касно за запознавање со родители и дали сум традиционална или современа.
    Кој сфати-сфати. Нема да дискутирам за ова понатака.
    Фала многу. Пријатно.
     
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Машки
    Какво ниво на комуникација имате?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.177
    Допаѓања:
    57.636
    Пол:
    Женски
    Види, ниедна врска не е совршена и во секоја има флуктуации, тоа е најнормално. Прогресијата на врската сама си наметнува поинакво темпо кое е често многу различно од темпото кое било на почетокот. Не знам зошто имаш фобија од брак, дали од искуство на некој твој близок, дали самата во тебе не чувствуваш потреба од истото, меѓутоа ако е нешто кое што го чувствуваш најдобро е да расчстиш прво со себеси а потоа и со него за вашите цели во животот. Не е страшно да не го сакаш тоа, меѓутоа ако тој инсинуира за нешто а ти не сакаш мислам дека фер и коректно е да седнете и да зборите за тоа.

    Прво расчисти си дали воопшто не сакаш брак или не сакаш брак сега. И во двата случаи тоа треба да му го дадеш до знаење. Второ секоја твоја емоција е легитимна и ако си човек кој не е од оној тип да мора да е со некој цело време исто мораш да му кажеш. Мислам дека основен столб во секоја врска е комуникацијата, а ако нешто ти смета и го трупаш под тепих порано или подоцна ќе искочи.

    Дај си малку време на себеси и расчисти си прво со тебе. Дали воопшто го сакаш или не. Дали ти фали кога нема да се видите некое време или осеќаш олеснување. Дали подобро ти е кога денот го поминуваш сама или ќе посакаш барем и на кратко да се видите. Овие одговори не можеме да ти ги дадеме ние - мораш сама да си ги дадеш.

    Едно знам од минати врски дека во истите идат секакви периоди, розови, сиви и самите партнери знаат дали можат и дали вреди да се борат заедно да ги поминат тие грдите или најдобро е секој по свој пат да си тргне.

    Вака да тераш не би ти препорачала - штом си дошла тука значи дека те мачи нешто, а ако го потиснуваш ќе искочи порано или подоцна. Дај си време и расчисти си со себеси што сакаш, дали навистина го сакаш и дали раскинувањето би ти донело олеснување или само некој сив период ти е. Не избрзувај за ништо и слушај си се самата себеси што ти сакаш. Што и да направиш - крајниот резултат треба да е тебе да ти е убаво.

    Good luck.
     
    На Scorpiongirl12, bicycle, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Комуницираме одлично. Премногу слични карактери сме. Уште од прв ден зборуваме искрено и отворено буквално за се.
    Тој ме познава толку добро што и кога молчам он точно знае што ми е, ги кажува зборовите што јас ги мислам...
    Многу често знае да каже дека сме сродни души... Со тие зборови го опишува тој нашиот однос.
    Најискрено, како што ти пишав и погоре, ни самата не можат да се сфатам. Не сакам да направам грешка зашто тешко би го вратила, многу сериозен дечко е, стварно човек на место.
     
    На bicycle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Машки

    Зборувај отворено и директно да те разбере што сакаш и како се чувствуваш. Ако стварно те сака и почитува, љубовта не заробува, љубовта е слобода, ама се надевам се почитувате и цените меѓусебе и не злоупотребувате.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Да, ама и тоа дополнително те врзува за него.
    Можда да не беа тие запознавањата полесно ќе раскинеше. А вака те кочи.
    Од една страна, делува ко ок дечко.
    Од друга, не си среќна.
    Јас би раскинала. Уствари еднаш раскинав нешто слично вакво, и пак би.
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Јас не би му раскинала да сум на твое место :)
     
    На buba4e89, Leat и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    33.995
    Тоа адет е, не тренд.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.573
    Допаѓања:
    155.656
    Пол:
    Женски
    @Leat рече дека форсира гледање секој ден. Дали му имаш кажано дека ти смета, и ако да, дали ти смета дека не го почитува тоа?

    Јас па мислам дека проблемот е вака поедноставен, некогаш од ситници "пука тиквата", не од големи работи. :D
     
    На Leat и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Што се вознемиривте толку околу запознавање со родителите? Да е врска од 2 месеци па да речете ајде... Ама врска од година и пол која уште трае е баш добар тајминг.
    Добро е да се знае со кого искача, кај оди, кај кого оди оти денес се е можно.
    Ако вие не ги викате на запознавање е ваш избор, не мора да се дувате околу неа сега.
     
    На dayla, Scorpiongirl12, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Нема да се убие.
    Карактерот му е таков сака све да добие што сака
    Сега целта му е нему да му досади и тој да те остави.
    Сум видела вакви ситуации еден куп.
    Некои луѓе не прифаќаат ако не им е по ќеф нешто.
    Сакаат све да се одвива по нивни желби.
    Не се способни да сакаат вистински никој сем себе.

    Дај да го видам некоја што ја нејќе да му каже оти ќе се убие ако не биде со неа. Ќе ѝ рече крши глава ма, барај стручна помош.

    Многу вакви изјави сум чула од денес здрави, прави, некои па и многудетни машки, па и женски персони. Тешко им на фамилиите.
     
    На BlackNight, gjoker4e и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се прашувам дали сите ги гледаат потенцијални зетовци и снаи кога им ги претставуваат. :D

    Помнам еднаш јас кога имав осумнаесет тогашниот дечко со друштво нѐ викна дома, мислев неговите
    излезени..кога оно цела Жикина династија ми се нареди на врата за поздрав. Едно незгодно у пичку матер,
    за неполни четири дена после тоа раскинавме.
     
    На candy.cane и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    33.995
    Ја кај мојот дома идев само кога мајка му не беше дома, оти она на вечери официјални ме чекаше, али млади бевме, не знаев шо сакам па до толку да ја правиме голема. А он па кај мене киснеше оти живеев во оделен дел од куќата, а татко ми и чичко ми многу поштуваат приватност и не се замараат. Само на врата добар ден, и толку.

    А да, и еднаш чичко ми дојде резултати на спортска да види, па поседоа 15 минути, али мојов баш и не се потресуваше.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Девојче ако не ја бива кажи му отворено. Не барај причини. Имаш доволна причина.
     
    На Leat, Bitter-Sweet и eli25 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.118
    Допаѓања:
    43.658
    Пол:
    Женски
    @Leat мене ми личи дека уште си со него бидејќи добиваш пажња, разбирање и имаш некој сличен на себе поред себе што е реткост денес.
    И мислам дека неќеш да признаеш дека ради тоа ти е страв да му раскинеш пошто ќе изгубиш таква личност поред себе.
    Али твоево е многу себично и не те поддржувам уопште пошто ти глеаш се да добиваш, а он?Кај е љубовта од твоја страна?
    Мојата најкратка и најслатка врска заврши ради ова.
    Со детето ептен се согласувавме, голем џамбас бев тогаш а он беше бубалче и ме прифати каква што сум.Уште пред да се фативме почнавме со убави муабети со отварање со разбирање и за многу краток период (2 нед. До 3) го засакав.
    А ја на него му бев прва (за лапање да.) за после 9 дена топ врска ако може врска да се нарече, да ми се јави и да ми каже ,,извини не е до тебе гледам дека ти значам и дека имаш емоции спрема мене и мислам дека е пофер сега да ти кажам него да одлагам.Мене ова ми е се убрзано, ново и не чувствувам ништо према тебе.Мислам дека е подобро да останеме другари”
    Толку фер ми го кажа ова, буквално не бев ни љута ни гневна ни тажна.Да чекаше повеќе време да пројде и уште толку да се ,,зацапав” у него па да ми кажеше, ќе го убиев бидејќи не е фер.
    Денес после 3години сме супер другари и фунцкионораме топ.
    Така шо собери муда кажи му вака и вака стојат работите и види шо ќе ти каже.
    Може во другарски однос па уште боље ќе функционирате.
     
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Кажи му го ова.
    Вака, како овде.
    Кратко, концизно и конечно.
    Кажи му дека не е за дебатирање, туку едноставно е така, и ти треба простор.
    Ако те сака, ќе ти даде време да 'дишеш'.
     
    На hermosa, Milobebence, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.