Вреди ли да се жртвува сопствената среќа заради семејството?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ana.Andrea, 3 октомври 2010.

  1. Ana.Andrea

    Ana.Andrea Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Девојки накратко да ви го раскажам мојот проблем.. И ве молам ми треба совет а не осудување..
    Во брак сум скоро три години имам 2годишна керка, но овој брак не е ни приближно од она што би требало да биде.. Живееме со родителите на мојот сопруг и братот негов... Секој во се се меша сите се најпаметни тој е на нивна страна никогаш ме нема одбрането иако знае дека јас сум во право.. и секогаш јас излегувам лошата... Веке ми е убиена лјубовта спрема него се чувствувам како да сум жив мртовец немам војла за ништо.. Едноставно ми ја убија секоја надеж за подобро утре и за живот... Стапив воконтакт со еден другар кој многу ме сакаше и сеуште ме сака и така дружејчи се ми се јавија чувства спрема него.. едноставно ме поврати во живот,станав повесела,почнав да ја повракам вербата во животот.. Но има еден проблем.. Тој сака да биде со мене и може да ми понуди добар живот и од емоционална и од материјална страна, но неја прифаќа керкичката.. И сега што да правам.. Таа е дел од мене, несакам да ја напуштам, а од друга страна неможам да го живеам повеке овој пекол.. Сакам еднаш и јас да се осетам срекна да се насмевнам со полно срце, да се почувствувам сакано.. а сето тоа ке го добијам само ако ја оставам керката.. Како да постапам вемолам за совет бидејќи немам никој на кого можам да се обратам и мислам дека неможам веке да издржам вака.. ;( ;(
     
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Се оставало ли дете за еден маж?????? Алоооооооооооо??? Тој другар твој во наводници, демек те сака а? Прашај се колку те сака, кога не ти ја сака ќеркичката!
    Гледај си го детето алооо, сопствена среќа нели ти е ќеркичката??? Мафни тоа мажите, ги има на куп....ама да скршиш мало срце тоа е најголема казна!.....Затоа немој да правиш грешка и да си го оставиш детето!
     
    На psihologL и happygirl им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Оф леле ... прво ако си ств возрасна и мажена зашто ти пишува дека имаш 13 год ?

    Друго ... ако веќе си стапила во брак и си видела дека таквиот живот не иде си требала да си зборуваш со сопругот отворено и да му кажеш како се чувствуваш .... да пробате да живеете на друго место сами ... и да ги решите проблемите .


    Трето стварно мислам дека не е убаво да ја оставиш керката за ти да имаш поубав живот .... си ја родила и родител си и треба да се грижиш за неа а тој другиот ако те сака вистински и ако е материјално стабилен нема зашто да не ја прифаќа .
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Не ти е доволна радоста на ќеркичката па мораш да ја оставаш за маж еден ? Не се лажи дека те сака , ако те сака тебе ќе ја сака и ќерка ти . Ќе ја сака како негова да е . Ако ти е пекол сега па остави го сопругот , нема да си ни прва ни последна самохрана мајка . Ама ќерката за некој што не те сака како што ти вика ?!?! :^)
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ana.Andrea

    Ana.Andrea Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Незнам зошто пишува дека сум 13год.. Кај да ги исправам тоа?
    Сум разговарала 100000пати и исходот е ист ако не ти одговара оди си.... А каде да си одам? Имам брат кој е женет и живее со моите.. Уште јас фалам таму па да го упропастам и неговиот брак.. За да живеам под кирија немам никакви услови платата ми е 10000 што попрво со неа? А за тоа дека треба да ја прифати керками ако стварно ме сака се сложувам, но неможам јас да му ја наметнам.... Имаме многу пати разговарано на таа тема и само ми вели дај ми време да прифатам.. тој не ја ни познава ја има само еднаш видено...
     
  6. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    smetam deka najpametna odluka ti e da si go sredis brakot. ako ja ostavis kerkicata od pricinite koi gi navede-nikogas nema da ti prosti...a od druga strana ostavajki ja-neznam dali ke ja dobies srekata i zivotot koj mislsi deka ke go dobies.... :swear:
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Ако те сака вистински зарем ќе те тера да се одречеш од сопствената крв?? Каква среќа бре душо?? Нема да помине ни ден да не те јаде совеста и да не ти фали тоа мало суштество. Никој ама баш никој шо те сака нема да те осуди на таков живот? И мојот вереник има дете од претходен брак. Никогаш ни во најлуд сон не сум помислила да барам да се откаже од детето?? Го сакам премногу за да го натерам на такво нешто... Детето е дел од него, каква е таа љубов ако барам да се откаже од негов дел?! Не те осудувам за тоа што сакаш да си среќна, па сите сакаме тоа, но вака НЕМА да бидеш среќна. Не прави си го тоа ни себе ни на детенцето.Тоа е мое мислење, а ти си доволно зрела да размислиш дали навистина овој човек ја заслужува твојата љубов??
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Години во контолен панел се менуваат.

    епа тогаш кажи му на мажот ти дека ке си одиш и дека керката ке си ја земеш .... за под кирија сигурно твоите родители би ти помогнале а и да живееш со нив не гледам како на брат ти би му го расипала бракот ... па и ти си член на тоа семејство ... ете и тој ако те сака запознај го со керката ама никако да бидеш со него додека не ја прифати како своја ... детето е нешто свето некој се моли да има дете а не може ... и ние сме две деца па само мама работи и зема 14 000 па преживуваме ... немој самата да се сожалуваш и да бараш оправданија ... ако се сака се се може.
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    ,,Другар ти,, те сака, а не ја сака и прифаќа ќерка ти и му треба време да ја прифати??? Леле мори мајко!!! невидена глупост, да знаеш. Нештата ги гледаме и ги сакаме онакви какви што се, значи или ги сакаме или не ги сакаме! Дечкото знае дека имаш ќерка и САКАЊЕ значи те сака со се што е твое, значи СО СЕ НЕА!!! .....а ќе се навикне ба неа на Св. Никад!...
    Во овој случај извини ама МОРАМ да ти кажам типот сака само нешто од тебе, но не и тебе. Сака да ти ја искористи слабоста од дадената ,,неизлезна,, ситуација.
    А, иако можеби ќе се навредиш, морам да те прашам - дали си ти нормална што воопшто го правуваш ова? Да го оставам син ми за некој си к... таму АЛООООООО!!! Па мајка си и` или што си и`?!?!?! Тоа татковците ги оставаат швалерките заради децата, ама мајка да помисли вакво нешто не знам.... НЕ ја упропастувај малата, не биди кретенка жити се.... ЗНАЧИ да се жртвува бракот ако не бил о.к. сфаќам, АМА да си го оставам детето за што и да е и кој и да е НИКАКО!!! БИ ЗАКЛАЛА НЕКОГО... :fubar:
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    На темава сме речиси едногласни! Детето не си го оставај! Што ако и со тој ,,другар,, не функционирате добро? Што ако после 3 месеци сватиш дека не ти е убаво со него? Што ако и тој те запостави? Тогаш пак назад,и ќе си ја бараш ќеркичката???????? Каде ти е сигурноста дека вреди да се остави детето за да се биде со маж кој не те прифаќа комплетно? Ништо не е доволно вредно за да си ја оставиш сопствената ќерка,твоја крв, мало и невино суштество кое не е должно да ги трпи гревовите на своите родители!
    Јас не би ни размислувала на таа тема, дефинитивно не би оставила дете за да јас си ја најдам среќата! Ако те прифати во целост (тебе и детето) тогаш... подразмисли... можеби вреди да ризикуваш... но се додека не те прифати со детето не преземај такви крупни чекори кои нема да те усреќат!
    Да сум јас на твое место, најверојатно би презела СЕ за да си го средам бракот! Верувам дека 100 пати си разговарала со твојот маж за вашите проблеми, но сега веќе барај нешто конкретно, пример барај да се преселите па ако треба и под кирија да живеете! Нема да ви биде лесно, но барем само ќе си ги стварате проблемите и сами ќе си ги решавате, нема никој да ви се меша, и уште повеќе ќе се зближите кога ќе треба самостојно да донесувате решени и самостојно да си ја гледате ќерката која ви е највредното во животото! Верувам дека и чувствата повторно ќе се вратат! Решение според мене е да бараш побрзо да заживеете самостојно... се друго само по себе ќе се среди! Со среќичка :*
     
    На tessie и didija им се допаѓа ова.
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Оф леле што се има по светов.Засрамисе!
    Не смееш ни да поставиш вакво прашање.Себична си.
    Поважна ти е твојата среќа одколку на детето.
    -Мајка ми се прави за јас да бидам среќна и кога ме гледа дека сум и таа е среќна поради тоа.
    Не си добар родител.Па уште си фатила швалер..и после сакаш да те почитува свекрвата? А ти ја почитуваш?
    Тешко на децата со вакви родители кои се со ум на некои недораснати тинејџерки! :!:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Да му речеш на мажот ти да се преселите од таа куќа, помалку пари ке имате, ама барем мирно ке ви е. И да го ставиш малку прстот на глава, и да се прочиташ што зборуваш. Така дете се остава? Требало да мислиш пред да се мажиш, и пред да раѓаш. Мислиш нашите дома немале проблеми? Сите имаат проблеми, така недораснато ако размислувале, кај ке ни беше крајот. И глеј таму да ти е здрава, жива и срекна керкичката, оти ако е поинаку(не дај Боже) дури тогаш ке видиш што значи жртвување на срека. Собери се, и засрами се!
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    лично за тебе, ако мислиш дека ќе ти биде и тебе и на ќеркичката подобро без твојот сопруг подобро отргнете се од него. секако ти не можеш да му ги укинеш правата врз детото. само ќе му ја претставиш реалната слика што тебе те маче, ќе му кажеш отворено....
    е сега за другарот :^) ако те сака, ќе ја прифати и твојата ќерка, тоа е факт. не знам што би била причината да те сака како што викаш, а да не ја прифаќа ќеркичката :worried:
    затоа не те советувам да заминеш со него, а да го оставиш своето сопствено дете. затоа што во моментов тоа е приоритет во твојот живот.
    затоа еднинствен мој совет е најпрво да разговараш со сопругот отворено... може ќе ви се реши проблемот. до сега имате ли разговарано на таа тема? а и никогаш не гледај да го завршиш проблемот од прва, гледај прво да го решиш. е ако дури тогаш нема некои посебни резултати, тојаш тргни се од него, ама не заминувај со другар ти, сепак тука ти е и детето.
    а што треба да се случе, ќе се случи ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Сметам дека не мора одма напади и осуди за тоа каква жена и мајка е. Аман бре луѓе, секојдневно има вакви случаеви кога мајките ги оставаат децата, кога татковците си ги напуштаат жените и децата..како нешто ново да е.
    Секако дека не оправдувам да заминеш со пријателот, и да ја оставиш ќеркичката и мажот... Тоа не е начин да ја пронајдеш твојата среќа. Па и да го направиш тоа, ќе видиш дека ќе ти фали детето. Не е мала работа да го оставиш само тоа суштество што зависи само од тебе.
    Ја разбирам твојата потреба да бидеш среќна. Сите жени доживуваат кризи во бракот, нема идеално семејство. Доколку сметаш дека веќе твојата среќа е надвор од семејството и дека неможеш да го поправиш бракот, попрво напушти го сопругот и земи си го девојчето.
    Не дозволувај тоа девојче да има полу упропастена иднина заради нешто вакво. Не ни размислувај за ова.

    И уште нешто. “пријателот„ изгледа дека не му е јасно како стојат работите. Ако тој го гледа девојчето како товар, тогаш подобро и воопшто да не почнуваш никаква врска со него. Ќерката е дел од тебе, а ако не ја сака неа, значи не те сака тебе во целост.
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Ееее...само погледнете ги постарите генерации.Не дека во тие бракови цветале рози ама на секој начин се труделе да го зачуваат семејството.Постоеле разводи ама како денес што се случува на секој трети брак развод тоа не.Денес бе за безвезна ситница, зашто не му била испеглана кошулата, зашто неа ја интересира само детето или зашто тој нема време да и подари нешто или не е по нејзино одма оставање и разводи.А бе ние младиве сме веќе преаздисани,збеснати! :devil: И не друго, не мислиме на децата како што мислеле нашите родители и мислат се уште,а некој не го почитува тоа.Денес сите стануваат индивидуалци,себични, секој сака да влече на своја страна, секој сака да е доминантен нема трпение, нема толеранција и нормално после се губи така и љубовта.Ќе ти кажам пример од моја најблиска другарка...Неа денешниот сопруг ја прифати со се дете (вонбрачно).И рекол- Јас те сакам тебе и те прифаќам со синчето.Го сакам и прифаќам како да е мое.И навистина е така(сега имаат уште две нивни).Толку...ти размисли што ќе направиш.
     
    На maca99 и Scarlet88 им се допаѓа ова.
  16. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Има толку многу жени во светот што неможат со години да имаат дете, а ти ја имаш таа среќа и благослов да имаш ќеркичка. Со самото тоа ти треба да бидеш среќна жена. Ако неможеш да ја пронајдеш среќата во мажот тогаш пронајди ја во своето дете. Ти си го донела на овој свет и твоја е обврската да го излгедаш, да му пружиш љубов. Немој да дозволуваш другарот неговата себичност да ти ја префрли тебе. Во животот ќе имаш уште многу проблеми и ако ти така бегаш при секој проблем кај ќе ти биде крајот? Треба да се соочуваш со нив, ако си зборела со мажот 100 пати збори уште 100, тргни се од таа куќа почнете самостоен живот, па макар и да имате помалку за јадење и за облекување, изглади ги односите, посвети се на ќеркичката и заборави го другарот, затоа што спасот на твојот проблем не е кај него. Тргни ја на страна занесеноста јас сум убедена дека ако заминеш со другиот и ја оставиш ќерќата ќе бидеш најНЕсреќната жена на светот, затоа што љубовта од децата со ништо не може да се замени ни со пари да се купи и нема ништо поубаво и посреќно во животот да ги гледаш своите деца среќни, насмеани и весели...НИШТО!!! Можеби сега сето ова не ти изгледа вака но некогаш во животот ќе сфатиш и ако ја направиш таа грешка ќе си ја лупаш главата од зид ама нема да има назад. Сите тука те советуваа исто, некој на погруб некој на посмирен начин но поентата е иста дека ДЕТЕТО Е НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА ВО ЖИВОТОТ доколку го напуштиш барајќи ја сопствената среќа на друго место само ќе се изгубиш и никогаш нема да ја најдеш.
    Позз и пиши што размислуваш и што си одлучила а ние сме тука со наше мислење и совети да ти помогнеме :hai:
     
  17. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Зарем за еден маж ке си ја оставуш ќерикичката? :^) .. Ако тој те сака вистински ке ја прифати.
    Зарем не ти е довлона среката што ти ја дава таа ? ..
     
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Велиш дека ситуацијата во која се наоѓаш ти е лоша и си несреќна, што мислиш дека ако се разведеш ќе бидеш среќна?
    Ајде настрана финансиските проблеми кои ќе настанат (а се и те каков проблем), како прво ќерка ти нема да биде среќна знаејќи дека родителите не се и' заедно, сето тоа влечење де кај едниот де кај другиот родител, друго и да се решиш за друг човек, мислиш така лесно ќе го прифати, па со тоа можеш да си создадеш нов проблем да те замрази и тебе! Иииии... после сето ова, кога ќерка ти ќе биде несреќна ти МОЖЕШ ЛИ ДА БИДЕШ СРЕЌНА :fubar:

    На најмал проблем не размислувајте веднаш за развод, размислете како да го решите, кој нема проблеми? Ако така се оставаме сите кај ќе ни биде крајот?
     
  19. Ana.Andrea

    Ana.Andrea Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Како прво немам швалер бидејчи со човеков се немам ни во образ бакнато, а не па нешто друго.. И да ми беше срце поважна мојата лична срека немаше да седам уште таму туку ке бев одамна замината.. Јас секој ден се надевам дека ке се среди ситуацијата, дека ке му текне на маж ми кој треба да му е побитен мајка му или сопругата со детенцето.. Уште се надевам да си го спасам бракот.. Ова спага во последна алтернатива и тоа само ако керкичката ја прифати и засака другаров мој... Побарав од вас мислење зашто сакав некој во очи да ми каже тоа што потсвеста постојано ми говори...дека не вреди да ја оставам неа заради моја лична срека.. и ви благодарам на сите за искреноста... Само да знаете дека сум свесна дека керка ми не е ништо крива и никогаш нема да дозволам да ја уништам нејзината срека заради мене.. никогаш.. поздрав девојки
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Вреди ли да се жртвува сопствената срека заради семејството

    Незнам само како можеш да помислиш да си ја оставиш керката. И јас сум самохрана мајка и кога се сретнав со мојот дечко ( првата моја љубов) после 16 год и свативме дека се сакаме и дека сакаме да живееме заедно, керка ми дојде со нас. Не се поставуваше прашање дали она ќе дојде со мене или не. Стварно неможам да разберам како воопшто и ти поставил таков ултиматум. Тоа ми покажува само дека не те сака толку многу за да го прифати и твоето дете. Овој твој другар ми личи на типичен балканец :( , што ќе кажат комшиите. Земав жена со дете :( . Ма дај те молам...... :(
     
    На blond и UbavkaBube им се допаѓа ова.