1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да се жртвува сопствената среќа заради семејството?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ana.Andrea, 3 октомври 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ако не можеш да опстанеш во брак со тој човек, ако поминало доволно време за да сфатиш дека не сте способни заеднички да одржувате семејство,ако си ги направила сите напори за да се решат проблемите во бракот тогаш нависитна единственото решение е да се разделите! Но пред тој чекор да го направиш најпрвин разговарај со твоите родители, добиј ја нивната подршка, размисли за тоа да работиш нешто со цел да можеш да заработуваш доволно финансии кои ќе ги задоволат потребите не вашето дете!
    Од каде излезе сега тоа дека нема да ти ја даде ќерката? Не може тоа да биде, постојат судови и социјални работници кога после развод детето најчесто останува со мајката, всушност скоро секогаш детето останува со мајката а таткото добива право да го гледа дететето мислам 2 викенди во текот на еден месец и таткото треба да плака алиментација! Мислам дека правото над детето се губи доколку не исполнуваш услови за да го одгледуваш тоа дете, ако немаш место на живеење, ако имаш психички болести и зависности кои би го спречиле нормалното одгледување на детето...сепак не сум доволно информирана па најдоборо би било да те советува некој кој знае повеќе или адвокат ако навистина си решила да се разведеш!
    Пред да донесеш одлука размисли убаво дали постои барем уште една шанса да најдете решение и заедички да си ја гледате ќерката,ако не постои начин нормално да комуницирате и да имате семејство какво што сакте тогаш разводот ти е следниот чекор што треба да го направиш! Млада си,најверојатно и сопругот твој, заслужувате среќа...но барај ја среќата не само за тебе туку и за ќерката бидејќи вие двете сте едно! Не може никој подобро да ја чува и штити во животот од тебе! Поздрав и се најдобро!
     
  2. Pandelka.o.O

    Pandelka.o.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Добро луѓе,што е работата со сите? Жената има проблем,и замоли за совет,а не за осудување... Секој може да згреши,свесно или несвесно... Од што се налутив,не ни сакав да ги прочитам повеќето постови...Вие да се засрамите... Таа побара совет од нас,а ние треба да му го дадеме,да спречиме да се случи по лошо,оти таа е избезумена и незнае што да прави...

    Ana.Andrea , мое мислење. Родителите твои,колку и да го неќат твојот маж,што и да одлучиш во врска со него,секогаш тие ќе те подржват и заштитуваат. Оти се твој родители,а ти нејзино чедо. Ова проверено е,од лично искуство.
    Тој пријателот што велиш,ако те сака,ќе те сака и прифати таква каква што си,макар и со дете...Можеш да пробаш,да му дадеш шанса, да го запознаеш со ќеркичката,па ако се навикни на неа,можи и да ја прифати.Никогаш ништо не се знај...А ако не,тогаш збогувај се со него.
    Мажот ти,ако сеуште е на страната на неговите,а ти си секогаш крива за `се,тогаш или ќе се преселите од таму и ќе си одите во некое станче,макар и под кирија да е,или слободно разведи се..Не е крај на свет,посекако никој не видел аир од маж.
    Исто така,ако немаш разговарано со твоите родители и брат ти,напрај го тоа слободно.Кажи им како се чувствуваш кога си во тоа семејство,дека не ти е добро и си истортурирана... Ако и тие во тој момент не те сфатат (а потаму верувај ме,ќе разберат) тогаш самата си на себе оставена и продолжи сама,со керќичката...
    Секој може сам да почне од ново. Никогаш не е касно за еден добар почеток. :)

    Поздрав.. :call: ;)
     
    На ana-banana, gwen, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Оф леелелеее...Нема да ти давам отчет за моето мислење,тоа е мој став на проблемот што госпѓата го навела,ако не го почитуваш тоа е твое право.Драга моја девојко ,проблемите не се решаваат со тоа што ќе лупнеш врата и ќе избегаш од нив притоа оставајќи невини жртви,проблемите се решаваат со ладна глава и со избирање на решение кое ќе биде добро за двете страни.Мерушка си можела и да размислиш малку за тоа што сум го напишала пред да се истрчаш да коментираш нешто.Кој е тој што ја сака неа нели најмногу ама детето не и го сака? И сеа бргу бргу да се остави детето да биде со него...ама ајде ви се молам
     
  4. Jassumjas

    Jassumjas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Мое мислење е дека треба прво најсериозно да разговараш со маж ти и тој да одлучи дали еднаш ќе стане маж во неговиот живот или мамин син цел живот. Начин има, ако треба и во мал стан под кирија, ама само вие тројцата на страна. А дете оставање заради друг маж - НИКАКО!!! Твоето чедо е тоа што ќе те почитува цел живот, а другар ти може да се предомисли во секој момент!

    се надевам дека ќе ти се среди ситуацијава наскоро!
     
  5. Eli-sweety

    Eli-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Јас не би осудувала и само ке дадам мое мислење, (не сум читала ниту еден комантар досегашен)

    Драга Ана.Андреа како може тој човек да те сака тебе а да не го сака твоето дете, доколку те вистински сака би ја прифатил и неа заедно со тебе. Не очекувај тој да се однесува нешто подобро од твојот сопруг со текот на времето. Еден совет, ако имаш можности, почни да размислуваш за живот со твојата керка. На крајот на краиштата и не ти се потребни мажи кои не те разбираат. Тие се овде во некој момент но детето е тоа кое ке остане со тебе уште долго. Ти посакувам се најдобро. Поздрав и не губи надеж може да се појави некој што ке те сака вистински, и тебе и твојата керкичка :*


    И уште нешто .... братучедка ми не го зема детето ко имасе санса како тебе, нешто слична ситуација сега кога има син и 10 год и таа си замина тој е под негово влијание и не сака да оди кај неа и нон стоп и прави проблеми. Учи на грешките на др позз
     
  6. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Леле сонце убаво и јас го имам истиот проблем ;( само сто јас немам никој ни за помош,ни другар а децата не би ги оставила никад!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :!:
     
  7. Ana.Andrea

    Ana.Andrea Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Фала ви на сите девојки.. Јас решив дека ке барам развод,Кажав дома и моите ме подржаа, на маж ми пробав да му укажам дека со неговата посесивност и неозбилност ни се руши бракот и дека нема да можам уште долго да издржам, ни психички,а ни физички.. Тој тогаш инстинктивно ја зема керка ми кај него и ми рече ако сакаш оди си ама сама, таа останува тука. И јас не заминав заради нејзе. Другар ми почнав да го дистанцирам, (сега за сега решив дека не ми треба никаков маж). Сега сме во некоја ситуација на извинување од негова страна, ама гледам само на зборови е, делата пак се исти, и си ветив дека ке дадам уште една (веке 100та) шанса на овој брак. Ако не видам некоја промена до нова година,А како што оде тешко и дека ке видам, најверојатно ке има развод. (И искрено едвај го чекам).
    И не реков дека бев неколку дена кај мајка ми и за тие дена мислам дека се преродив,едноставно од срце се насмеав после многу време. :$
     
    На Eli-sweety му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.328
    Пол:
    Женски
    Јас прашањето од насловот би го поставила малку поинаку:
    Вреди ли да се жртвува ќерката заради сопствената среќа?

    Ако се разведуваш, не може мажот ти да одлучи дека девојчето ќе остане кај него, тоа се решава на суд.
     
    На tessie и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  9. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    баш ме натера да го отворам законот за семејство и еве нешто скратено


    бракот може да се разведе на барање на еден од брачните другари ако брачните односи станале до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив
    при бракоразводен спор во кој се решава за чување, издржување... на децата судот ќе го повика центарот за социјална работа кој ќе ги брани интересите на детето и дава предлог за чување, воспитување... на децата и да превзема други процесни дејствија бо интерес на децата..
    во текот на постапката за бракоразводните спорови судот може да определи привремени мерки заради давање на издршка на заедничките деца и за нивно доверување на чување и воспитание. Може да ги определи по слижбена должност, на предлог на социјално и по предлог на една од странките
    привремените мерки траат до правосилно завршување на постапката, но може да се менуваат.

    во поглед на доверувањето на децата на чување итн судот не е врзан за барањата на странките и доколку родителите спогодбено не се договорат центарот за социјални работи може да даде предлог до судот кој одлучува..


    е сега ако ти си ороспија ( со извинување) тешко дека би го добила детето, или ако мажот ти е пијаничиште нема шанси да се докопа до него..
    детето првенствено се гледа да остане покрај мајката освен ако нема некои пречки за тоа ( мајката да се дрогира, да се пијанчи, да се курва, да живее на улица и сл)
    што по мое значи дека ако си пристојна цура ( без швалер на видик) нема шанси да ти го земе детенцето али ипак мораш да се консултираш со адвокат и да му ја објасниш целата ситуација до танчина заш ако тој се враќал дома пијан пример имаш силен адут или ако маж ти знае за дотичниот другар тогаш си во голем минус и имаш реални шанси да го изгубиш детето ако тоа излезе на видело (барем според мене), али адвокат си е адвокат.
     
  10. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека ако имаш нормални услови за живот сама, ако немаш некоја психичка болест, шансите да ти го земе детето се сведени на 0,1% без разлика дали имаш или немаш љубовник. Мислам од претходните постови имаш кажано дека немаш ништо со тој другиот, па гледај така да остане додека не добиеш развод.(ако се разведуваш).
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојко разведисе и почни нов живот не си среќна тоа се чуствува од твоето изјаснување кон овај брак имаш и потенцирано дека сакаш да се разведеш можеби вреди за твојата ќерка да се обидеш но каде си ти овде каде е твојата среќа?сепак твоја одлука за понатаму ;)
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас мислам дека ако некој те сака навистина, нема зошто да не ја прифаќа твојата ќерќичка. Ако навистина не ти оди во бракот би било добро да се разведеш, но не заради новиот пријател, туку заради самата себе да не трпиш така цел живот. Во секој случај за ќерќичката треба да се избориш, и поарно сама со неа, отколку со партнер а без неа. Јас мислам дека не вреди детенце да се остави заради партнер нов.
     
    На ana-banana и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Јас мислам дека најубаво би било да се разведеш и заедно со ќерќичката да си идете кај твоите родители или пак во стан под кирија,не ти е потребен човек кој не го признава твоето дете, а доколку решиш да ја оставиш и да заминеш :!: размисли дали сопругот би можел да ја воспита правилно,нормално ти си таа која што треба да одлучува но сепак мој совет е да си ја задржиш ќерката за после да не биде касно...
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не е осудување, ама секогаш поради една обична илузија од младоста, поради барање на нешто непостоечко и невозможно се прават вакви грешки и се влегува во брак неспремен мислејќи дека тој е вистинскиот! Затоа велам секогаш девојки свестете се, не живеете само сега, живеете цел живот, што ќе ви е некој кој ве малтретира и понижува, некој женскар? Бидете свесни дека ако останете со таков во иднина нема да сте само ти и тој, туку ќе има и деца, кои недолжно ќе проживуваат пекол слушајќи ги караниците на родителите, нервозите затоа што татко им е женскар и оди по други. Сакате ли вашите деца да живеат така тензично??? Тие во иднина ќе ви бидат поважни од самите себе. Размислувајте оти целиот живот ќе си го зацрните. Не е само го сакам работава, се врзувате долгогодишно, со љубоморни, со напети, насилни, мрзливи и агресивни мажи, верувајте дека во брак ќе биде полошо! Како ли ќе растат децата ваши?! Би си ги осудиле сопствените деца да живеат таков живот, само затоа што кога сте имале по 20 години сте го сакале некој фраер кој ви набивал рогови, ве тепал, малтретирал физички психички? Мислите дека едно дете сака да живее таков живот?! Размислете пред да направите сериозен чекор, грешките отпосле се согледуваат!
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Си помислила да ја оставиш ќерката заради маж? Извини ама морам да те прашам што подразбираш под поимот МАЈКА? Само да го родиш детето, а потоа затоа што не ти одело во бракот да го оставиш и да си заминеш со друг маж. Па што ќе прави тоа девојче, зарем таткото ќе може да ја потполни празнината што ти ќе ја оставиш, зарем некоја друга жена ќе може да ја замени твојата улога, ќе може ли да и даде љубов, разбирање, совет??? Многу ќе згрешиш ако ја оставиш ќеркичката, да се биде мајка значи да се жртвуваш за детето. Тој маж ако не ја сака твојата ќерка не те сака ниту тебе. Пред да се омажиш за твојов сегашен маж се ти било подмачкано, а потоа се сменило, така е можеби и сега овој другаров ти се прави лизни - мазни, ама кога ќе заминеш со него можеби работите пак ќе се испревртат. Ако не можеш да издржиш со твојот сопруг разведи се, но ќерќичката не си ја оставај.
     
  16. psihologL

    psihologL Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas mislam deka ova sto go procitav bi ja trognala sekoja majka.Nikoj nemoze da te osudi ti veke samata se osuduvas.Ne se ostava sopstveno dete za bilo sto vo zivotot,a najmalku za eden maz!
     
  17. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    и мислам дека ова веке го дискутиравме,а ти реши
    што сакаш детето или ,,љубовта,,
     
  18. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    :?: uff во колку лоша состојба си :* познавам сличен пример и на мајката без ќерката , која исто не и ја прифатија ич не и е лесно иако се друго има :(

    јас би ти рекла направи се што можеш да успее овој брак! Дај Боже да успее! па кажи ни како се одвиваат работите!
     
  19. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Не дека те осудувам, но ти грешка си направила од самиот почеток. Знам дека некои работи не можат да се игнорираат, бидејќи ете, така испаднало, или се немале услови, но денес не се живее во голема заедница, бидејќи знаеме колку несакани последици носи таквиот живот. Не е место тука да разговарам за тоа, но би ти рекла само ако имате услови со маж ти единствено што може да ви го спаси бракот и да ви ги врати топлите меѓусебни односи е да се одвоите и сами да започнете да живеете-ти, тој и вашата ќерка. Ако веќе ни за тоа немате услови, иако можеби и тој не е виновен (не ви ја знам ситуацијата) најдобро е да се тргнеш од тамошниот пекол и привремено да се вратиш кај твоите со твојата ќерка.
    Што се однесува до твојот пријател, каков човек е тој да те сака, а да не ја прифаќа твојата ќерка? Ако заживееш со него, не помислуваш на твојата ќерка? Или ќе ја оставиш да расте без мајка?
    Најдобро би ти било малку да се осамостоиш и да не трчаш веднаш во неговите прегратки, бидејќи тој не е единствен пат до твојата среќа!
     
  20. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    ти не си нормална ако го оставиш сопственото дете заради некој маж што вели дека те " сака'' ако тој те сака вистински ке го прифати и детето.НЕ СИ ГО УНИШТУВАЈ БРАКОТ КЕ СЕ КАЕШ!!!!!
    СРЕЌНО!