Вреди ли да се жртвува сопствената среќа заради семејството?

Discussion in 'Љубовни проблеми' started by Ana.Andrea, Oct 3, 2010.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Female
    Па вака прочитав неколку постови и гледам дека повеќето те осудуваат, а очигледно е дека ти си очајна и бараш излез по секоја цена... Но сепак јас би ти дала совет од моја гледна точка:
    *Обиди се пак со разговор со мажот и ако од сето тоа нема ништо позитивно, барај развод - децата во најчест случај ги добиваат мајките, НО во никој случај не си ја оставај ќеркичката - тоа никако.. тоа ќе те боли цел живот ако го сториш, се надевам дека кога ќе размислиш со ладна глава ќе сфатиш дека таа ти е најважна во животот. Штом имаш поддршка од твоите родители не размислувај оди си не треба цел живот да го поминеш во бол и страдање.
    А за другарот хмммммм добро размисли или има лош карактер што не ја прифаќа ќеркичката и сака да те искористи или разговарај со него која е причината за неговото неприфаќање. Можеби и тој има проблеми дома со родителите (пример премногу се строги па не би дозволиле такво нешто или др.)
    Сеедно ако вистински те сака со тек на времето ќе ја прифати твојата ќерка и ќе прогледа преку сите проблеми.
    Дај си самата време разведи се ако веќе мора, оди кај твоите родители и после прави што ќе правиш.
    ДЕТЕТО НЕ ГО ОСТАВАЈ
    поздрав па пиши како си
    П.С. може нема да ти помогнам, може и ти било понудено ова решение ама ти посакувам среќа
     
  2. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Joined:
    Mar 26, 2010
    Messages:
    418
    Likes Received:
    122
    Gender:
    Female
    Жал ми навистина за тебе уште од моментот кога прочитав ни што се не поминуваш. Те жалам од проста причина што и една девојка што добро ја познавам го живее истиот пекол како и тебе но за разлика од тебе нема дете. Навистина не е лесен таков живот кога друг ти ја крои судбината и се меша во твоите одлуки. Но тоа е што е најмногу материјалните средства не дозволуваат да одиш подалеку. Целиот проблем е во тоа што имаш недораснат сопруг кој паѓа под влијание на други. Секој си има свое место во животот. Жената е си е жена а мајката си е мајка неможеш исто да ги третираш. Разговорот не помага кога нема добра војла и разбирање од двете страни, секогаш во тие ситуации следи земи или остави. Значи ти не си битна во неговот живот ни пак вашата керќичка зошто пак ти да одиш жртва цело време. Детето нема да биде ни прво ни последно што ќе живее без еден родител. Но тоа не значи и дека ти требаше да ја оставиш заради друг маж. Се во свое време, ако бракот не ти оди не е тоа единствено решение но тоа е разултат на слабост од твоја страна и нема потреба да бидеш осудувана. Пиши што ќе направиш.
     
    peperutkaa and ana-banana like this.