Врска со грк,една летна авантура прераснува во љубов голема, обострано..проблем, а воедно и крај или можност за долга љубов!??
Ако те почитува како Македонка, ако се развие во вистинска љубов, ако има добро и благородно срце, тогаш од каде сака нека е ....грабни го!
Ако има љубов зошто да има проблеми? Со љубов се наоѓа заеднички јазик со кој се пребродуваат сите предизвици, особено овој кој... искрено не го ни сметам за врска која би можела да се соочи со големи проблеми. Сличен менталитет, слични обичаи, иста вера (иако ни различната вера не треба да биде повод за раздор, туку напротив за зближување и учење едни од други, но окружувањето се`уште не ни` е нешто посебно спремно за такви врски) ...Ако и на двајцата не ви е гајле за политики, не треба ни на тие околу вас да им е. Познавам многу жени во среќни бракови со Грци so, why not... Друго ме става на мисла. Дали сте вие подготвени и дали добро се познавате за сериозна врска. Ако одговорот на ова е ДА, другите работи кои немаат врска со вас двајцата се најмал проблем.
Господее да сватам да прашувате со албанец ради реигија традиционално семјство и сл,ама да прашувате ради националност стварно бог да чува мислам Ааа да прашам да му раскинам не дечкоми си извадил двојно државјанство му се фаќа работава ... Кога бираш некого го бираш според тоа што е тој како поединец ама не според државјанство
Терај си со него и не се откажувај.Што е битно што е...битно е дека се сакате. Јас најмногу ја сакам оваа комбинација на Грк и Македонка. Ни далечина ни националност,ништо не може да ви ја попречи среќата освен вие самите. Биди си среќна и за скоро време очекуваме да ни се пофалиш со убава вест.
Љубовта нема граници, и не треба да се меша љубов со политика. И јас си допишувам со еден грк, многу симпатичен... правевме мубет за политика и тој е на наша страна.
Луѓе бе дај не лупајте, примитивно звучи од страна Каква врска има љубовта со нашето прашање за името со Грците? И од каде таа генерализација дека тие сите се исти,не не саакаат, не шармираат и сл? Не би да навлагам во тие муабети врзани со политика, има соодветни теми, туку сакам да кажам дека како што Албанци имам пријатели имам и Грци. Се дружиме со години. И бидејќи сме пријатели, мн пати сме ја начнале темата за името, за живеачката, заработувачката, нивната криза, буквално реално и слободно си збориме и двете страни, со почит се ислушуваме, сложуваме за нешто. Со еден збор се дружиме, преубави заеднички моменти сме терале, одмори и празници, и тука и во Грција. Сум имала и "удварачи" Грци и не гледам ништо ненормално во тоа. Имам пријатлка која оди со Грк, повозрасни се и се пред брак, па ништо не им фали. Само затуцани,fake патриоти и националисти ќе зборат муабети да те прифати ко Македонка, да ти ја сака државата и сл. Да не треба да го реши и прашањето со името па да биде достоен да ми биде дечко?
Нема врска политиката со љубовта. Јас летово се запознав со еден грк кога бев на одмор и до ден денес сум пријател се нај нормално ни политика не не' занима ни ништо Обичен муабет си правиме како сме, што сме, што понатаму... Едноставно пријателство.
Ако те признае под твоето име и презиме, мислам дека треба да ја прифатиш оваа врска со Грков. И имаш среќа што сака жени, што не е пе*ер. И на лето ќе си одмарате Лефкада, Крф....уф уф мераци...
А што е битно дали е Грк, Србин, Бугарин, Американец... Битно е да се сакате и почитувате меѓусебно... Не мешајте ја политиката каде што не и е местото!
Јас пред да се омажам имав дечко од Атина..Грк...Мој совет продолжи и не се замарај со глупости...Грците се добри мажи...Еве форумџикиве што се мажени ќе потврдат дека е така...Убав период од животот ми е тој ...Далечината си го направи своето, а и мене ми беше страв да оставам се и заминам таму...Фала богу не се каам, ......Дали те признава или непризнава како македонка..хм...смешно...Нашиве не не признаваат како луѓе , па не некој друг од надвор..Само напред и уживај