Пак ќе повторам, ама ова ќе биде последна опомена.. Коментирајте слободно на темата, ако ви се коментира за прогонот на македонците од Егејска Македонија одете во соодветниот подфорум за тоа. Тука дискутираме исклучиво за љубов, брак, врска итн.. Навреди и офтопици надвор од темата, нема да бидат толерирани. Ќе ве замолам за коректно однесување, да не бидеме принудени да искористиме еден од помалку популарните методи на санкционирање
Егејче сум хаха. Шала на страна, инаку да сум. Имав девојка со која го минував времето од Порто Рафти, Грција. Немаше лоша душа. Само ги знаеш нив, имаат море, потопло време. Се, но и не баш конзервативни како нас. Се беше океј, само девојката ми расправаше како имала секс со 3 души од еднаш, не ми сметаше, но ми беше малку језиво као... цело време се плашев да не фатам некоја болест. Таа доваѓаше во Македонија и немавме никакви национални конфликти. Девојката беше заљубена многу, но јас не. Малку не фер испаднав спрема неа што последниот пат и ветив дека ќе отидам јас, но ја блокирав на фб бидејќи сметав дека животот ми носи нешто друго и дека треба да продолжи во друг правец. Гледам дека има дечко сега и баш ми е мило. Нејзе и посакувам се најдобро, на другите македонките, не баш!
Јака беше, откачена. Трансови, метали. Башка страствена, убава. Тоа како одбира да си го креира својот живот и што прави е нејзина работа. Мене единствено нешто што ми сметаше е стравот за здравјето, а односи со кондоми и такви пластики не сакам па... поминаа 3-4 години уште немам ништо добро е.
Хахаха.... потребни се такви личности во сечиј живот. па барем да ти разубаваат еден период од животот. Луѓе што знаат како да живеат, свака им част
Ете ти велам сега си има нов дечко. Нему нема ништо да му каже, ќе си ја ожени, ќе и направи дете и ќе си живеат среќно во грчка. Што било поминало „ни лук јал, ни на лук миришал“ Еве замисли ова може да се потенцијално тие двајца
Погрди жени од тоа Гркињи нема. Работев подолг период во Грција. Можност да видиш некоја солидна и згодна е еквивалент да добиеш на лотарија. И добар процент се дебели и запуштени. А реално многу се трипаат дека се некоја класа риби.
Некои од македонките трипаат дека се класа риби, ама не се ниту крастави жаби..па никому ништо Темава не е поставена за да навредувате една нација, дали е грда или глупава. Тука се дискутира за врска со грк, а не за вашата неможност да ви фати око некоја девојка од таму..
Јас никаде не реков дека Грците се глупави, туку дека Гркињи се грди и тоа многу. Претежно дебели и запуштени. Секој ден ги гледав, затоа што работев со нив. Во мода е да се носат јога хеланките на еирмакс патики, ама некако слабо им оди, затоа што немаат убава градба на тело. Се наоѓа и по некое добро парче, али ретки се.
И повторно сте замолени да дискутирате за ВРСКА СО ГРК а не за тоа КАКВИ се грците. Секој следен коментар ќе биде поинаку третиран...
Бившата на брат ѝ (или братучед ѝ беше не се сеќавам) на една другарка одеше со богат грк пред некоја година. Во почетокот немаше проблем, но кога ја запозна со неговите тие почнаа да се мешаат и да договараат со роднините таа да си го сменела името (Македонка се викаше инаку) во Вардаринка или нешто така, демек ако сакала да стане член на нивната богата фамилија. Отпрвин изиграваше навредена, им ја облепи куќата со нејзини постери (има ли потреба да кажувам дека беше гола на постерите?!) на кои пишуваше „Никој нема право да преговара за моето име„ ама на крај кучката си го смени името во Северина и ене ја сеа на јахта кај Закинтос. На другарка ми не ѝ се веруваше, вели поарно што му раскинала на брат ѝ... тој после си фати една од Кипар, ама поубава и попаметна. Сакам да речам љубов си е љубов, не е битно од кај се луѓето ако има разбирање од двете страни и нема условување и уценување, и ако не дозволуваат да се мешаат други, океј си е.
? Немам минат профил и знам многу Гркинки. Што приватно што и од видување. Сум работел на Лефкада и Тасос (Skala Marion) преку летниот период. Мене не ми се убави. Вкусови се во прашање.
Не се грди секаде има убави и неубави,не навредувај, сум била во Грција и топ се девојките дотерани како и секаде,и тука во Мк е исто.
Многу се ниски за мој вкус. Може јас на такви сум налетала, а инаку би сакала да бидам во врска со грк зошто да не.